|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Крајници кај децата
23.3.2009 11:16:31   
Еца
Еве ме интересира дали некој имал вакви проблеми со крајници кај своите деца? Колку често се разболуваат од нив и дали сте за постапката вадење на крајници? 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Крајници кај децата
23.3.2009 11:23:19   
Aleksandra
Bravo Elena za ovaa tema. Jas si imam mnogu problem so pomaloto dete vo vrska so krajnicite samo faka angini i se lecime so inekcii, kutroto gaze celo mu e izdupceno i samo so inekciite gi oporavuvame krajnicite. Dali nekoja od koleskite na ringeraja imala problem so krajnici i bile da gi vadat??? Mi treba pomosuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Крајници кај децата
23.3.2009 15:39:58   
mis.
Dokolku ima problem od krajnicite i dokolku doktorot odluci da gi vadi e ok vo sprotivno tie gi stitat nasite beli drobovi od nastinka.Mene na 4 god mi se izvadeni krajnicite od pricina sto ne sum bila vo sostojba da disam od niv.Od togas ne me faka grlo tuku se odi na pluka.Posle vadenjeto sum bila mnogu bolezliva od bronhit, bronhopneuvmonija.

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Крајници кај децата
4.1.2010 0:20:19   
ripce
Ангина или акутен тонсилофарингитис е акутно воспаление на слузницата на грлото и тонзилите (крајниците). Главен симптом на ангината е болка во грлото, посебно при голтање, иако има многу ретко и ангини без болка. Кај доенчиња и мали деца што не знаат да ја објаснат и да ја локализираат болката, прв симптом може да биде одбивањето храна. Најчести причинители на ангина се голем број т.н. респираторни вируси, а ангината може да е предизвикана и од бактерии. Бактериите стрептококи, кои не се најчести предизвикувачи, посебно од групата бета-хемолитични (пиогени стрептококи), предизвикуваат т.н. стрептококна ангина.

Срептококната ангина се карактеризира со воспаление на грлото што е проследено со висока температура и главоболка, но и со јака болка во грлото, посебно при голтање.

Тој тип ангина е многу чест и е насекаде распространета болест. Се појавува во текот на цела година, но почеста е во по студените месеци (во зима и рано напролет). Болеста се појавува поединечно, но и во мали епидемии. Почесто боледуваат децата, посебно од школска возраст. Се пренесува преку воздух, но може и со директен контакт со болен или со бацилоносител.

Инкубацијата на болеста е многу кратка - 1 до 3 дена. Стрептококната ангина почнува многу нагло со висока температура, главоболка, болка во грлото и папсаност. Понекогаш е проследена со болки во стомакот и со повраќање. Многу карактеристично за стрептококната ангина е зголемување на лимфните жлезди на вратот, кои на допир се болни. Битно е да се знае дека стрептококната ангина не е проследена со респираторни знаци (кивање, кашлање, засипнатост, секреција од нос). Ако има појава на овие симптоми тогаш оди во прилог дека се работи за вирусна инфекција, за која не е потребна антибиотска терапија. При вирусните ангини општите симптоми на болеста се поблаги, температурата е пониска, болката во грлото послаба.

Со стрептококната ангина се поврзани голем број компликации. Порано тие биле доста почести, но денес, со правилно лекување (примена на антибиотици), се јавуваат многу ретко. Стрептококот од грлото може да се прошири на соседните органи и да даде воспаление на увото, на синусите, може да навлезе во крвта и да настане бактериемија и сепса. Посебно место заземаат т.н. пострептококни компликации, ревматска треска и гломерулонефритис., кои се јавуваат неколку недели по стрептококната ангина. Гломерулонефритисот е асептичко воспаление на бубрезите, кое оди со покачување на крвниот притисок и не ретко со трајно оштетување на бубрезите. Ревматската треска е пострептоконо заболување што ги напаѓа зглобовите и срцевиот мускул и често остава трајни последици. За ревматската треска се вели дека "ги лизнува зглобовите, а го нагризува срцето"

Поради сето тоа, многу е битна навремена дијагноза и правилна терапија на стрептококната ангина. Лек на избор е пеницилин (исклучок се преосетливите на пеницилин, за нив се дава соодветна замена). Со примена на антибиотиците се скратува времето на траење на болеста. Лекувањето трае 10 дена, иако симптомите исчезнуваат за 2-3 дена.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Крајници кај децата
4.1.2010 0:31:30   
Еца
Еве ме интересира дали некој практикувал кога детето има гнојна ангина да му ги растрла крајниците со нешто. Јас се сеќавам како дете имав многу проблеми со крајници, а ми ги трлаа со сода бикарбона, ако не се лажам. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Крајници кај децата
4.1.2010 0:34:28   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Еве ме интересира дали некој практикувал кога детето има гнојна ангина да му ги растрла крајниците со нешто. Јас се сеќавам како дете имав многу проблеми со крајници, а ми ги трлаа со сода бикарбона, ако не се лажам. 


Ние учевме по фармацевтска хемија дека амониум хлорид (нишадор) се употребувал како народен лек за премачкување на воспалени крајници, најверојатно на тоа мислиш Еца.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Крајници кај децата
4.1.2010 0:38:27   
Еца
Е да си ми живо и здраво рипче, баш на тоа мислев ама одамна беше и сум излапавеалаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Крајници кај децата
4.1.2010 1:24:58   
STRUMFETA
Auuuuuuuu,vo pravo bila sveki moja.Mi go kazuvase ova,megutoa od drugo mesto nitu sum procitala nitu cula.Pa mislev i ova e edna od "nejzinata" medicina.user posted image user posted image user posted image user posted image No i ona mi velese deka stavale i mnogu pomaga.

user posted image Pa kade Ripce nie bez tebe

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Крајници кај децата
4.1.2010 1:26:54   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: STRUMFETA

Auuuuuuuu,vo pravo bila sveki moja.Mi go kazuvase ova,megutoa od drugo mesto nitu sum procitala nitu cula.Pa mislev i ova e edna od "nejzinata" medicina.user posted image user posted image user posted image user posted image No i ona mi velese deka stavale i mnogu pomaga.

user posted image Pa kade Ripce nie bez tebe


ајде де, демек Америка сум ја открила user posted image

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Крајници кај децата
4.1.2010 1:35:09   
STRUMFETA
Paaaaaaaaa,mislam i ne bila voopsto pokriena pa ti da ja otkries,kaj tolkavo Amerikisteuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ,ama resi edna dilema.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Крајници кај децата
2.3.2010 15:03:45   
Anabanana
Na sin mi mu najdoa deka ima tret krajnik, koj ako ne se smiri sega na 2ipol godini moze mnogu brzo da porasne i da mu smeta vo disenjeto. Obicno koga e bolen postojano povraka i nisto ne jade a noke krcese mnogu, pa nekako malce go smirivme seto toa so kapki za nos beconaze i sirup zirtec. Duri i mi bese strav sto ne go slusav noke kako dise, pa morav da mu go slusnam srceto kako mu cuka. Kako i da e, sega sme podobri, fala mu na gospod 

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Крајници кај децата
2.3.2010 15:09:36   
Olga
Nemoj da se grizis Anabanana, kerkata isto imase tret krajnik i 4 godini bese bolna, edvaj disese ,a zborenjeto uzas, zborese kako zaripnata i taka dodeka ne se resivme eden den. Taa intervencija trae pola cas i te pustaat odma (istoto pladne). Otogas e ko nova :)))

(Одговор на членот Anabanana)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Крајници кај децата
2.3.2010 15:14:01   
Anabanana
Ne, jas ne se plasam od operacija ( i jas imav krajnici mi gi izvadija koga imav 7 godini) no sakam da kazam deka sepak ima nesto sto moze da gi smiri da ne potekuvaat mnogu i da im precat vo disenjeto. Sekako zaboraviv da kazam deka cigarite na takvi deca MNOGU im precat!!! i strogo se zabranuva pusenje vo nivno prisustvo. Sepak e seuste mal ( ima 2ipol godini) za takva intervencija, a najverojatno ke treba ponatamu da se izvadat.

(Одговор на членот Olga)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Крајници кај децата
29.9.2010 17:29:25   
FILKAR 93
ZDRAVO NA SITE

Imame 3godisna kerka ima problemi so tretiot krajnik i doktorite ni predlagaat da se izvadat krajnicite .
Dali imate iskustvo so ovaa rabota i dali e pametno da se izvadat
pozdrav do site

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Крајници кај децата
27.10.2010 0:34:24   
Џесика
еве, конечно ја најдов темата...денеска на контролата во Козле, во разговор со педијатарот, и спомнав дека пола година наназад на Борјан му е затнато носето и додека спие има проблем со дишењето преку нос. Таа веднаш посомнева на трет крајник, ама не дојдовме до решение како да го третираме... знае ли некој каде се испитува тоа, како се средува...а не сакам крајници да му вадам, ама тоа третото како може да се реши?

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот FILKAR 93)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Крајници кај децата
27.10.2010 0:37:58   
Viktori
син ми имаше трет крајник, тој не се храни, се суши и со време се намалува и не смета на ништо. Јас не му го извадив на син ми, мада навечер го слушав преку ѕидови како крчи.
Имаше еден доктор Тасиќ мислам дека беше на детска клиника, он кажа уште кога го виде дека има трет крајник, а кога му правеа бронхоскопија дефинитивно се потврди.  

< Поракaта ја уредил виктори -- 27.10.2010 0:42:40 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Крајници кај децата
27.10.2010 0:41:09   
Maca25
И нина многу ми крчи, еве сега ја слушам од соба, а носето не и е затнато. Се чудев пред некој ден од што? Никогаш немаше да ми текне на крајници.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Крајници кај децата
27.10.2010 0:49:30   
Џесика
абе овој не крчи, ама се буди со плачење и дише низ уста.. на перница кога ќе го ставам нема проблем... ако биде 'рчач ко татко му, ќе се иселам во трета соба user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Крајници кај децата
28.10.2010 0:48:34   
bliznaci29

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

И нина многу ми крчи, еве сега ја слушам од соба, а носето не и е затнато. Се чудев пред некој ден од што? Никогаш немаше да ми текне на крајници.

isto i mojata kerkicka krci krajnicite i se ko orevi, mi rekoa da gi vadime ama jas mislam podobro ne,mene mi gi imaat izvadeno na 3god site i koga ke nastinam plukata mi znae...user posted image podobro ako mozete so vitamini i propolis sekoj den pozelno

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Крајници кај децата
11.11.2010 23:42:26   
suzeto
i sin mi ima tret krajnik...porano ne se slusase stom spie no sega samo so otvorena ustaspie i grci,nastinat e cesto od bebe mozda go ima od bebe ne znam,ni rece dr.kako da ima tret krajnik uste pred 2 god.i ni dade nekoja terapija ne se sekavam sto bese i rece deka moze da se povlece,i nisto poveke toa bese sve,pa sega ne znam sto da pravam toj pregled za tret krajnik bil nezgoden neznam dali ce moze da vidat sin mi e mnogu temperamenten ne veruvam deka ce uspeeme .... sega momentalno e nastinat da ozdravi i ke vidime sto ke pravime neznam dali operacija samo na tret ili site ili da cekame mozebi ce se povleci sto mislite vie?fala vi

(Одговор на членот bliznaci29)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Крајници кај децата
22.12.2010 19:31:56   
klarisito
user posted image ova so NISADOROT nie licno go imame koristeno i e dosta efikasno, edna zena raboti so toa, duva so cevka direktno na krajnicite, i eve eden mesec malata e dobra. a prethodno ne prestanuvase da kasla, caevi, sirupi, propolisi, nisto ne pomagase. ama ova e dosta dobro i ke si go zemete kinder imun i ke vidite rezultati. se nadevam pomognav

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Крајници кај децата
24.12.2010 22:26:01   
suzeto
kade se naoga taa zena i kako duva user posted image so kakva cevka,neznam vo usta da ti duva pa toa e vazduh ke te zadusiuser posted image neznam mozda lupam gluposti,ajde objasni malku poveke

(Одговор на членот klarisito)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Крајници кај децата
24.12.2010 22:34:30   
Viktori
третиот крајник не се храни, така да самиот од себе се суши и се намалува. Ако успеете да поминете само со крчењето, супер!
Јас на син ми ако имаше бронхоскопија, сепак решивме да не ги вадиме крајниците. Па не ги имаме за џабе, за така лесно да ги вадиме...
Мое мислење user posted image

< Поракaта ја уредил виктори -- 24.12.2010 22:35:20 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Крајници кај децата
20.5.2011 14:36:55   
anedespo
Еве да ја освежам темава а и мала информација за оние чии деца имаат проблем со крајниците.
Ние конеќно пред 3 недели се решивме и му ги извадивме сите 3 крајника на син ми (6 години). Тој имаше пречести гнојни ангини од неговата 2 година. Ангините беа престрашни затоа што не му помагаше ништо освен Панцеф сируп или Лендацин венозно инекции. Му ги водеа како септични . И иако докторите не убедуваа да ги извадиме што побрзо затоа што детето нема никаква корист од нив, туку само му прават штета, ние не се решававме и пробувавме 300 бабини лекови. Тоа со нишадорот испробаво кај него (не делува затоа што има хипереластична кожа-од мене наследено, мене не можеш ни бубулица да ми истиснеш, а камоли крајник да пукне за да истече гнојот.) Го лекуваа и со антибиотик рифампицин (за туберколоза е ). Пробавме со изолација и како што пишував и по другите форуми, открив дека се заразува од децата на брат ми , чија што хигиена им е на нула (како и на родителите исто). Не мијат раце , или ако ги искарам само ги ставаат под чешма без користење на сапун (исти се и возрасните).
И сега се решивме, но бидејќи син ми имаше некои компликации и болести кои се појавија после неговите ужасни гнојни ангини (мегалобластна анемија, косопаст, хенох шолејн пурпура), анестезиологот не се решавање да го оперира, па ни бараше мислења од хематолог, кардиолог и имунолог дека е безбедно да го оперираат).
Ние ги обезбедивме и пак назад на клиника, му направија хемостаза на трансфузиологија(коагулациони фактори) и бидејќи беше уредна , ни рекоа да дојдеме наредниот ден , не покасно од 19 часот.
Не примија , преспавме таму и наредниот ден беше прв за операција. Не викнаа во операционата сала. Таму го соблекоа до пола, го ставија на инфузија, го легнаа на кревет и му ставија анестезија венозно. Тој заспа, а јас си заминав надвор да го чекам. За 40 минути излезе. Плачеше силно со длабок ужасен глас, полусвесен, викаше дека го боли грлото. Го натерав да заспие за да ги преспие првите 2 саати кога е најболно. Потоа го тераше сестрата да плукне за да види дали уште крвари. И кога беше добро му даде парацетамол. Тој имаше температура 4 дена додека бевме таму која се движеше од 37-38, се смета за нормална реакција. Од парацетамолот му се смирија болките и почна да пие чај од кантарион што си го носите од дома(без шеќер). Уште првиот ден се исправи на нозе и почна да шета и да се фали како му поминало.
Наредните 2 дена болката е најголема. А мораше да пие по 2 литра чај на ден што нормално од болка го одбиваше, па со триста маки му давав голтка по голтка на 5 минути. Веќе му дозволија да јаде и течна ладна храна(пудинзи, пире и супи).
Четвртиот ден не не пуштија да си одиме зашто уште имаше температура, па не пуштија наредниот. До контролата многу внимававме, никако бањање над градите, јадење само на кашеста и ладна храна(сум пасирала исто како на мало бебе). На контролата беше се во ред, меѓутоа него и го шиеле башка (покрај термичкото лепење), па има сеуште конци.  Сеуште внимаваме , не оди во градинка за да не го повредат децата, ама кај и да е конците треба веќе да паѓаат.
Првата недела до контролата, помалото дете го пратив кај свекрва ми да ја чува, за да не го повреди, удри, а и да го нервира а тој да плаче ( а несмее да го дразни грлото).
Ете поминавме од редот. Мислам дека се напишав. А имаше и деца што оперираа само трет крајник и ги пуштаа наредниот ден (заради дишење). Оваа операција иако е со целосна анестезија ништо не се сече, туку крајникот го стругаат само.
Сите деца беа на возраст од 6-7 години. Најверојатно таа возраст е најдобра затоа што разбираат и соработуваат.


(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Крајници кај децата
20.5.2011 22:39:52   
riba79
lele i nie vo ponedelnik treba da zakaeme ke gi vadime site tri krajnici na kerka mi(6g).i ke ja operira gugusevski..kazi mi kakvi se uslovite tamu na klinika?dali nesto plativte ili ne?da ti kazam i mene mi e strav od celata operacija ama mora?dali moze i laserski da gi otstranat ili ne?pozdrav

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?