|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Места/градови/ цркви како помош за забременување
12.11.2013 15:08:46   
Melanija RR
Секојдневно сме сведоци на приказни како жените кои неможат да забременат посетиле на некое место/град/црква/манастир низ Македонија и забремениле и добиче живи и здрави деца.

Во оваа тема може да ги опфатиме сите места за кои веќе не постои тема на Подфорумот Забременување
==========================================
За почеток дел од денешен натпис во дневниот печат

Чудото во скопско Бањани

На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот "Света Богородица". Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни.

До таму се стигнува поминувајќи низ селата Бањани и Горњани, а потоа се продолжува кон рудникот Бањани". Уште стотина метри погоре, ќе дојдете до знакот на кој пишува дека до манастирот има уште триста метри.
Приказната за трудното дрво се случила пред две години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница. На дедо Милош и на неговите пријатели не им се верувало во тоа што го гледаат, а дедо Милош вели дека никогаш порано не го забележал тоа дрво, ниту пак неговиот израсток.

Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото.

Извор:Курир
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
13.11.2013 9:14:08   
LoveableMe RR
melanija, ubavo ja odbra temata nie cesto odime tamu na prosetka, go znaeme dedo milos, ama ne znaevme za drvoto. da sme znaele I prasale, ke ni kazel. posledno koga bevme, mi dade mene da ja otvoram crkvata. toj e tamu od detprozborel vo manastirot a ne mozel da zboruva I tamu ostanal da sluzi.

drigi crkvi ko znam na parovi I'm pomognale se sv.naum ohrid, sv.merkurij bitolsko, sv.bogorodica slivnica prespa, sv.nikita skopska crna gpra, sv. petka patot nakaj shtip. pozz

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
13.11.2013 10:32:30   
Палешка РР
Мајка ми ми ја раскажувала приказната за моето зачнување и поврзана е токму со манастир.
Можеби така се погодило да забремени додека е таму, но таа сака да верува во Божјата сила.

Моите родители две години се обидувале да зачнат. Тогаш немало толку комплетни испитувања за причините и успешни лекувања, па луѓето многу често оделе на места за кои се вели дека се вдахновени. Така мајка ми и татко ми (кој беше атеист цел живот) отишле на манастирот во село Зрзе (во близина на Прилеп) и добиле од чесните сестри благослов да водат љубов во конаците. Исто така, наутро ја отклучувале црквата и катинарот го ставале до вечерта да стои во вода, а потоа вечерта водата ја пиеле па заклучувале со катинарот. Наутро и навечер ја удирале заеднички камбаната. Исто така пиеле млеко од козите кои се одгледувале во манастирот.
Татко ми случајно копајќи си на некоја височинка околу манастирот, нашол огромен крст закопан во земјата. Има и слика со крстот.

И така, мајка ми дали случајно, или незнам како, забременила со мене во тој период од 10 дена додека биле таму.
Многу сакам да ја слушам оваа приказна, бидејќи многу ми е убава и често ја гњавам мајка ми да ми ја раскажува user posted image

Ете и јас сум дошла на свет, можеби со Божја помош user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 13.11.2013 10:34:06 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
13.11.2013 10:55:21   
Hopeful RR
Палешка РР, колку убава приказна! Многу инспиративна и охрабрувачка тема, супер што се отвори user posted image Никогаш не се знае од каде може да дојде помош, треба да бидеме отворени за се, затоа што чуда стварно се случуваат user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
14.11.2013 13:38:02   
LoveableMe RR
eve da dokazam, tabletov me zafrkava, pa pisuvam vo prodolzenijauser posted image .

se zapoznav na eden seminar vo ohrid so koleska od hrvatska, mi kaza deka sekogas odi vo sv.naum bidejki ima posebno znacenje za nea, imeno ne mozela da ostane bremena za vtoro 7 godini I otisla da se moli so denovi na grobot na sv.naum I ostanala naskoro bremena. Mi kaza ottogas sekogas doagjam vo Sv. naum

storija br.2 na majka mi prijatelka snaata dolgo ne mozea da imaat deca. otisle vo sv. merkurij bitolsko, pozadi manastirot ima kamen, se sedi na kamenot I ima izvor od koj se pie voda. sledniot mesec snaata ostana bremena.

storija br.3. prijateli 3 god se vo brak, kaj nea. imase problem so proodnost na kanalite, se spremaa da otpocnat poseriozni proceduri, vo megjuvreme otidoa vo sv. petka stipsko, se chita zitie na mlada mesecina, se dava zavet sto ke dadete ako se rodi zensko, a sto masko. na sledniot test bese bremena.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 14.11.2013 13:46:32 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
4.12.2013 9:02:47   
SandraRo
na koe mesto se naoga tocno sv. merkurij vo bitola.....a i kade tocno e sv.petka? dosta interesni a so sigurnost i vistiniti cuda...nema nisto pogolemo od gospodovata mok

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
4.12.2013 12:53:01   
LoveableMe RR
Св. Меркуриј: се оди по патот за грчка граница, потоа се оди кон село Бистрица, па на патот натака се врти накај село Барешани и по патот нагоре жителите ќе ти кажат каде е манастирот.

Св. Петка, Штипско: се оди од Скопје спрема Штип и на влезот за Штип се свртува за пат кој води до местото, жителите знаат и ќе ве упатат натака.

Позз

(Одговор на членот SandraRo)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
11.12.2013 10:23:57   
LoveableMe RR
Оваа сабота што помина беше празникот на Св. Меркуриј. Која е поблиску, може да отиде да си земе вода од манастирот. Исто така, слават и кога е празникот Св. Пантелејмон (зимски и летен) затоа што манастирот е отворен првпат на тој ден. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
2.1.2014 12:27:11   
linak
И јас познавам примери на парови кои подолго се обидувале да добијат бебе,и токму одењето на некое од вакви места им донело успех и добиле принова. Мислам дека има некоја таква Божја сила во тие работи,човек кога има мака секаде ќе побара надеж.Сум чула за неколку такви места околу мојот град каде одат парови со овај проблем и наскоро остануваат бремени жените и си раѓаат здраво бебенце,не е лошо човек да се заврти малку и од таа духовна страна малку да добие надеж и психичко опуштање.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
18.9.2014 9:06:31   
LoveableMe RR
Ај малце да ве активирам женски, каде беа чудотворни икони на Богородица, во Кичевско? Св. Јован Бигорски или Св. Богородица пречиста или Св. Ѓорѓи во Рајчица?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот linak)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
18.9.2014 9:39:43   
nataly86
Ако мислиш на иконата каде три пати се протнуваш под икона заедно со едно плетено околу половината таа се наога во манастор пред Кичево кога доаѓаш од Демих Хисар( јас ти кажувам како што ми е мене патот од СК нормално обтано) има табла каде се врти мислам дека беше Богородица Пречиста манастирот..прекрасен манастир..Јас кога бев имаше еден човек и тој ми кажа што и како да правам...

А за во Бигорски сум слушнала дека има луѓе што одат и мислам си ветуваат дарови на иконата ако им се исполни желбата...Кога бев последно имаше една икона и на неа имаше мн злато, прстени белегзии и сл.претпоставувам дека е таа..ако не е точно нека ме исправи некој

ВО Рајчица знам дека е раката која имала чудесна моќ на исцелување....

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
18.9.2014 9:49:00   
LoveableMe RR
nataly86, ти беше во таа Богородица Пречиста во Кичево, нели? Таму исто иконата е чудотворна? Што треба да се носи? Подготовки треба ли? Фала ти, ептен си другарче од помош!user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
18.9.2014 10:48:38   
nataly86
Никакви подготовки..јас случајно поминував и ајде реков да поминме....ништо не носев..таму ми објасна човекот како што да правам..сега кога ке се сетам јас бев септеври таму декември ми беше ИВФ можеби има нештоuser posted image

Инаку нема проблем тука сме за сеuser posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
20.9.2014 22:00:53   
Melanija RR
Потикната од постот на LoveableMe RR и во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица (21 септември) неколку извадоци за икони од Богородица.Една молитва многу значи user posted image
==================
Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Така на пр. како што запишал Миленко С. Филиповиќ жените од Дебарски Дримкол што немале деца оделе во манастирот во Калишта на Охридското Езеро за да ја занишаат со прст сребрената лелејка (минијатурна лулка) што стоела пред иконата на Богородица.
===============
Цепенков во своите записи пишува уште и за други чудотворни икони со ликот на Пресвета Богородица како што биле таа во Велес потоа во селото Магарево (Битолско), за чудотворна икона во кичевскиот манастир Света Пречиста итн

Извор:мн.мк
===================
Во црквата "Света Петка" се наоѓа една чудотворна икона. Таа се чува во ол­та­рот на храмот. Приказната како чудотворната икона со исцелителна моќ се нашла во црквата е особено интересна,
Мојата лична потрага по вистината, во петокот ме однесе во храмот на Св. Петка во населбата Кисела Вода, каде што, за време на Великите пости, во петоците, се чита Акатист, односно пофално слово кон Пресвета Богородица.
Но, на оваа божествена служба нешто необично ми остави длабок впечаток. Имено, додека траеа читањата и пеењата на пофалните песни кон Бога и Богородица еден од свештениците изнесе икона од олтарот на Црквата на која верниците со почит и се поклонија за, по завршувањето на богослужбата, секој од нив да може и лично да го направи тоа - да и се поклони и да ја целива иконата на Пресвета Богородица.

Извор:премин портал
================
Многу наши манастири и цркви го носат името Мала Богородиица. Меѓу попознатие ке ги наведам:
Обновениот Храм заштитник на Скопје
Манастирот Света Елеуса во Вељуса
Манастирот Матејче
Манастирот во Кичево
Манастирот „Мала Богородица“ кај Македонски Брод

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
21.9.2014 15:51:24   
SOLE
I jas sum slusnala za manastirot vo Kalista-Strusko za cudotvornata ikona na Presveta Bogorodica kadesto odele I se molele za rozba, a eve bas predmalku slusnav I na vestite na kanal 5 prikazaa snimki od tamu I kazaa deka imalo mnogu narod I kazuvaa za ikonata deka bila mnogu stara pronajdena vo pesterata I mnogupati vo minatoto bila frlana vo ezeroto za da ja unistat no sekogas izlavala na povrsinata na ezeroto pred manastirot, ubavo e da se poseti no sto da pravime nemozeme site da ideme daleku e... jas sabajle si bev na crkva I si se pomoliv pa belkim ni gi slusne Majka Bogorodica molitvite I da ni gi ispolni zelbite da staneme majki I nie sto tolku mnogu posakuvame...

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
26.1.2015 13:58:53   
LoveableMe RR
Вчера со мм бевме во манастирскиот комплекс св. Тројца, во светиниколско, ни го препорачаа оделе парови за неплодност, оставивме маици и наредна недела по литургија треба да ги земеме.

Инаку местото е прекрасно, има некоја убавина и кога е топло може излет да се направи таму, има убаво уреден манастирски двор огромен.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
6.3.2015 13:24:34   
SOLE

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

storija br.3. prijateli 3 god se vo brak, kaj nea. imase problem so proodnost na kanalite, se spremaa da otpocnat poseriozni proceduri, vo megjuvreme otidoa vo sv. petka stipsko, se chita zitie na mlada mesecina, se dava zavet sto ke dadete ako se rodi zensko, a sto masko. na sledniot test bese bremena.


Nie bevme sega vo sreda vo toj manastir na sveta Petka vo blizina na Stip, ni go preporacaa edni prijateli i ni kazaa deka tamu mnogu luge odele za deca i mnogu ni se dopadna. Gi napravivme site adeti tamu kako sto treba, si ima eden covek se vika Gjorgi i toj kazuva se po red sto treba da se pravi, prvo vo manastirceto bevme si zapalivme sveki postojavme tamu pa so covekot otidovme kaj svetata voda, tamu si ima molitvi sto se kazuvat i se dava zavet dokolku sveta Perka ni dari dete nie da darime jagne, od vodata ni dade i za doma devet dena navecer da pieme a nasabajle da se mieme, isto taka ima i mironosno drvo(epten staro i golemo) okolu koesto tripati se vrtevme i pak zborevme toa sto toj ni kaza, I toa e toa, no da vidite kolku ubavo se cuvstvuvam od tamu nekako smireno, neopislivo e mestoto tamu, ednostavno mirno sto navistina uspokojuva....

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
6.3.2015 13:34:12   
scared RR
SOlE а каде поточно се наоѓа манастирот? Има одредени денови и време кога се оди?

Мене ми кажаа и за манастирот кај Волково, Мала Богородица мислам беше, се носело бела маица имало таму каде да се остави и да се каже молитва, од водичката да се земе, замие, и женава што ми кажа останала бремена баш тој месец кога била во манастирот а пред тоа сите инсеминации неуспешни и биле.

< Поракaта ја уредил scared -- 6.3.2015 13:36:53 >

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
6.3.2015 14:30:01   
Melanija RR
Кога ја видов темава се сетив на негде некогаш прочитано за црквиче во карпа на Матка.Или така некако. Како некој знае повее нека пише.Била мала само се застанувало.Веројатно не е буквално црква но имало нешто.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
6.3.2015 15:53:42   
SOLE
Scared manastirot sveta Petka se naoga vo opstina Karbinci (Stipsko) znaci od seloto Karbinci ima okolu 10 km nagore nakaj planinata Plackovica, patot e ubav (asvalt) so kola si se odi do manastirot I lesno se naoga nie samo na edno mesto vo Karbinci prasavme I lesno go najdovme, inaku se odi samo vo sreda, petok I nedela, znaci samo tie 3 dena. Jas imam broj od covekot sto e tamu koj saka ke mu go pisam vo pp.
Melanija jas ne sum slusnala za toa crkvice tamu. Pozdrav

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
6.3.2015 16:04:01   
gina
jas sum bila vo manastirot vo Kalista -Struga posveten na Bogorodica nekolku pati ama ednas bev na praznikot bogorodica ama mislam vo septrmvri ako ne se lazam ne se sekavam nosev pogaca,pcenica i lokum i vino i tami mi gi ispea pop so molitva za deca i pcenicata treba da e izedes tamu a lebot go delis na narodot i si ostavas pola za doma da si izedes i vinoto da go ispies doma a lokumot se ostavase tamu za narodot da si zema
go imam poseteno i Bigorski
a vo Kicevo sveta Bogorodica Precista najubavo e vo septemri vecerta nasproti praznikot na Bogorodica da se protnes pod ikonata tri pati a moze i ednas zatoa sto e golema guzva mnogu narod ceka da se presupi
imam poseteno mnogu crkvi i manastiri
a imam pojdeno i vo ohrid sveta Petka se odi na leto ima praznik ima mnogi narod i preubavo mesto i ima kolicka za bliznacinja ja podarila nekoja zena koja nemala deca mnogu godini i otkako go posetila manastirot bila bremena so blizni ama ne mi teknuva naselbata kako se vikase nakaj patot za resen

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
6.3.2015 16:07:38   
Gardenia
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Во црквата "Света Петка" се наоѓа една чудотворна икона. Таа се чува во ол­та­рот на храмот. Приказната како чудотворната икона со исцелителна моќ се нашла во црквата е особено интересна,
Мојата лична потрага по вистината, во петокот ме однесе во храмот на Св. Петка во населбата Кисела Вода, каде што, за време на Великите пости, во петоците, се чита Акатист, односно пофално слово кон Пресвета Богородица.
Но, на оваа божествена служба нешто необично ми остави длабок впечаток. Имено, додека траеа читањата и пеењата на пофалните песни кон Бога и Богородица еден од свештениците изнесе икона од олтарот на Црквата на која верниците со почит и се поклонија за, по завршувањето на богослужбата, секој од нив да може и лично да го направи тоа - да и се поклони и да ја целива иконата на Пресвета Богородица.
Извор:премин портал
================


Еве јас сум сведок за ова,незнам дали беше до тоа или така требало да биде,ама јас лани овој период отидов на Акатист во Црквата Св.Петка ме викна една колешка они оди секоја година и јас сакав да отидам онака за здравје,тоа се вика и Петтолебие бидејќи се носат пет лепчиња ти даваат бројче и го пишуваат на лепчето,а останатите четири одат за сиромасите.Многу е убаво се пеат песни за Пресвета Богородица и се молиш и таа чудотворната икона ја изнесуваат само сега во петоците пред Велигден и можеш да си се помолиш на иконата,оти инаку никако не ја вадат од олтарот.На крај кога ќе заврши акатистот си го земаш лепчето со твоето бројче,пропеано од свештениците.И тогаш си посакав едно бебенце и верувале или не јас уште истата недела сум зачнала и еве сега планирам пак да отидам некој петок,ако има кој да ми ја чува бебушкаuser posted image


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.3.2015 16:10:12 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
6.3.2015 20:44:12   
scared RR
Gardenie фала што го сподели ова со нас дефинитивно ќе појдам, а кажи ми лепчињата треба да бидат домашно месени или може и купени? Друго не се носи така? И да те прашам кое време треба да се биде таму, кога почнува читањето?

< Поракaта ја уредил scared -- 6.3.2015 20:48:15 >

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
7.3.2015 16:52:39   
SOLE
јас колку што знам за вакви работи а исто така и за панаѓија лепчето треба да биде дома месено при што додека се меси се кажува господовата молитва (оче наш).

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Места/градови/ цркви како помош за забрем...
8.3.2015 22:23:12   
scared RR
Фала Соле и јас мислев така, испадна мајка ми да има школска другарка што работи во црквава па ќе се јави да ја праша за се подетално и здравје боже овој петок сакам да отидам user posted image

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?