|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 12:27:54   
vezilka RR
Од неодамна и кај нас може да се повика матичарот да го изврши венчавањето надвор од просториите на Управата за водење на матичните книги, односно може да си го викнете во ресторантот, дома, во дворче, во парк или каде сакате. Постои правилник кој ги уредува условите под кои оваможе да се случи и нормално цената. Во врска со цената Правилникот вели следново: „Висината на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории на Управата се одредува врз основа на просечната годишна бруто плата согласно податоците на
Државниот завод за статистика за висината на просечната бруто плата на годишно ниво во Република Македонија, од претходната година, оддалеченоста на местото за склучување на бракот од службените простории на Управата и времето на склучување на брак.“ Од она што имам слушнато и прочитано тоа би му дошло некаде од 3000-6000 денари во зависност од овие параметри.

Што мислите вие за оваа можност? Дали би се одлучиле за такво нешто?

Мене многу ми се допаѓа и да постоеше ваква можност во „мое“ време сигурно така ќе направевме. user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 12:35:09   
temjana
ние така направивме матичарот ни дојде во Лира дирек и немаше никакви тензии, нервози, туку со пијачка во рака си потпишавме фино лепоuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 13:07:12   
penelopa
Конечноuser posted image user posted image ја поздравувам оваа иницијатива и сметам дека многу ќе им се олесни на младоженците да не мора да чекаат пред бараки пред распаѓање плус гужва до таму.
Инаку во Сло. одамна постои ваква можност и супер изгледа посебно на отворено во природа. Ние сепак се одлучивме да се "потпишеме" во официјалните простории на Љубљански град беше преубава церемонија и околина за супер фоткиuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 14:51:03   
arh_diz
Kaj nas maticarot dojde vo restoran mnogu golemo olesnuvanje e user posted image user posted image user posted image  site gosti prisustvuvaa na toj cin
Samo cenata sto ja ima pisano vezilka za Makedonija e premnogu , naednas sakaat da se zbogatat

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:21:23   
kikicka
супер е ова...ние сакавме ама тогаш немаше шанси,тетка ми беше матичарка па таа ни кажуваше.т.е се распрашуваше дали ке можи,што треба да се направи ама ништо,па така изгубивмедоста време таму.Инаку паметна работа,е сега претеруваат со цени малку.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:23:51   
Mihaela 2010
Kaj nas maticarot dojde vo restoranot,pravevme svadba vo Kaskada,i pola saat pred da dojdat gostite si dojde covekot,bez mnogu tegavenje si zavrsivme rabota,i da vi kazam odlicna rabota si e toa.Baska maticarov mi bil komsija,od Butel....Inaku malku se pritresuvase navodno ne bilo zakonski,ama si zavrsivme rabota..

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:24:22   
vezilka RR
Па во споредба со онаа регуларната цена што се плаќа, мислам дека јас платив некаде околу 150 денари беше, ама не се сеќавам точно, ова 6000 е навистина многу, ама па навистина скратува во времето возејќи се наваму, натаму низ градов.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:26:53   
Mihaela 2010
A da...ni pobara 3000 den,ama nie mu plativme 1000 ili 1500 den ne se sekjavam bas,znam se plakja neli za izvod na vencanite...sakase da ni kjari ama mnoguuu pobara

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:31:51   
vezilka RR
Вие Mihaela 2010 тоа сте го направиле веројатно пред да бидат донесени овие измени во Законот за семејство, каде се уредува склучувањето на бракот, оти сега со овие измени тоа и официјално е дозволено и не е противзаконски, и плус си има официјален ценовник и не може кој колку сака да побара. Се плаќа на уплатница.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:35:53   
Mihaela 2010
Epa sigurno,2009 pravevme svadba,znam togas deka ne se dozvoluvaa vakvi raboti

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:41:50   
Calypso
И сега многу бараат, и не верувам дека е оправдано тоа. Дневница им се плаќа или што? Максималната цена треба да биде 1000 ден. со оглед на тоа што ако се венчаш во матично плаќаш само 50 или 150 ден. веќе не ми текнува колку плативме. Добро е што може матичар да доаѓа на местото одбрано за венчавање, се заштедува време така, особено во Скопје.
Инаку, знам дека во Охрид ако се регистрираш во сабота или недела се доплаќаше, оти регистрациите таму се само во петок. А во Скопје исто е, без разлика во кој ден се венчаваш. Мислам дека така е подобро, не може мене општината да ми кажува кога да се венчавамuser posted image

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 15:42:03   
temjana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Kaj nas maticarot dojde vo restoranot,pravevme svadba vo Kaskada,i pola saat pred da dojdat gostite si dojde covekot,bez mnogu tegavenje si zavrsivme rabota,i da vi kazam odlicna rabota si e toa.Baska maticarov mi bil komsija,od Butel....Inaku malku se pritresuvase navodno ne bilo zakonski,ama si zavrsivme rabota..

Хихихихих Михаела истиот не венчал Цобе се вика матичарот и личи на Амди Бајрамuser posted image Инаку ние го фативме пред да го донесат званично законот и си плативме мислам дека околу 500ден. Он не заведе као демек сме се венчале во матичното во Бутел а ова беше повеќе као про форма ама искрено многу добро испадна. Бидејќи правевме мала весела со 20души многу беше весело и цело време имаше добацувања и шеги а башка и веќе бевме поднапиени ситеuser posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 19:17:44   
moni teo
на нашата свадба матичарот дојде во ресторантот и си плативме 6.100ден. бидејќи било одалечено од просториите на матичното повеќе од 5км user posted image

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 20:29:48   
Ikana
И нас истиот не венча ахахах не ми се верува!!!
Инаку и ние бевме во матично, тоа ни беше венчавката всушност тогаш, само се регистриравме, не правевме свадба, ама сега ќе си правиме венчавка во црква и бидејќи сме веќе регистрирани нема да го викаме Цобе!!! user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Kaj nas maticarot dojde vo restoranot,pravevme svadba vo Kaskada,i pola saat pred da dojdat gostite si dojde covekot,bez mnogu tegavenje si zavrsivme rabota,i da vi kazam odlicna rabota si e toa.Baska maticarov mi bil komsija,od Butel....Inaku malku se pritresuvase navodno ne bilo zakonski,ama si zavrsivme rabota..

Хихихихих Михаела истиот не венчал Цобе се вика матичарот и личи на Амди Бајрамuser posted image Инаку ние го фативме пред да го донесат званично законот и си плативме мислам дека околу 500ден. Он не заведе као демек сме се венчале во матичното во Бутел а ова беше повеќе као про форма ама искрено многу добро испадна. Бидејќи правевме мала весела со 20души многу беше весело и цело време имаше добацувања и шеги а башка и веќе бевме поднапиени ситеuser posted image


(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
26.4.2012 23:45:35   
Andriance
Znachi Cobe ne go mozam....kje se stepavme dodeka popolnuvav toa dokumetite...ne mi dade bre nisto da prasam...nas ni dojde fala bogu drug maticar i go plativme 3000...deka bese petok i deka bese blisku..posekako e podobro vaka zasto bas zaradi maticnoto mnogu lugje se resavaat da go napravat pred svadba..demek neli mnogu naporno da ne dojde....a ne go racunaat tuka trosokot deka posekako ides so bliskite na rucek neli...

< Поракaта ја уредил Andriance -- 26.4.2012 23:48:17 >


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
30.4.2012 9:58:24   
Maca25
Ние кога се регистриравме во 2008 уште немаше таква опција да ти дојде матичарот кај тебе.
А лани, на снаа ми сестрата сакаше матичарот да им дојде дома да ги регистрира ,ај што платиле 6100 ден. уште и превоз требале да му најдат и тоа барал младоженецот да го земе и да го донесе, затоа што со себе ќе ја носел матичната книгата (кај што се става потпис) и морала многу да се пази. user posted image

А иначе супер е тоа што не мора да се оди во матично, но мислам дека не е нешто што секој би можел да си го дозволи.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 16
   Место вие во матично, матичарот кај вас!
14.5.2012 0:22:55   
Леон
Ние ги имаве повикано матичарите во Ресторан, се поднесува барање, кај зградата на Нова Македонија, па зависно под кој реон ке правите свадба ви пракаат од таму матичари, ние плативме 3300 бидејки беше во работен ден, а викендите ако не се лажам беа 5000 + тие 300 административни трошоци што се.
Мене замислата не ми беше реализирана, свадбата ја правевме во Ореов Лад , не беше класична свадба, нешто како прием со 40 најблиски луге, ручек дадовме, без музики(имавме смртен случај) и поради самиот абиент сакав матичарите да ги викнеме и регистрацијата да биде во ресторанот бидејки имаат прекрасна тераса со зеленило, кој бил знае, за жал замислата не ми се оствари, временските услови не дозволија, па и се се случи на брзина и внатре, касневме од црква, за малку и ке ни заминеа имаа друга свадба одма после нас, а времето кое ти го посветуваат е половина час, така да кој планираат да ги викаат , нека ги стават во преден план.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
2.7.2012 14:58:47   
vezilka RR
Во саботата за прв пат бев на свадба каде матичарот беше „кај свадбата“. Во дворчето на ресторантот, покрај базентче, пијано во позадина..едноставно прекрасно!! Вреди за парите. Мислам дека беше најромантичниот дел од цела свадба.

(Одговор на членот Леон)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
31.8.2012 18:09:46   
babyblue
i nas ne vencavase cobe i toa dve nedeli pred da go donesat zakonot za iznesuvanje na maticnata kniga nadvor od prostoriite na maticnoto. plativme 2000 den, za vencavkata vo restoranot. jas sakav toa da go napravime pred da pocnat da doagaat gostite zatoa sto imase lufta ama moite gosti nadvor od sk dojdoa mnogu porano i na kraj ja napravivme vencavkata pred 300 svedoci. ama ubavo bese. cobe site garant gi prasuva kolku para konduri iskina za da ja fatis nevestata user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
5.11.2012 11:37:20   
sandra_
Малку ми е глупаво прашањето ама ај ќе прашам пак.Дали во матично ако се венчавате во ден недела се плаќа нешто дополнително или само административната такса,затоа што ми рекоа ако во недела се венчаш во матично плаќаш 3000 ден?

(Одговор на членот babyblue)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
5.11.2012 11:57:06   
miana
Mislam deka nema vrska denot,cenata e ista samo saboti i nedeli mnogu tesko se naoga sloboden termin...

(Одговор на членот sandra_)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
5.11.2012 21:50:35   
sandra_
Денеска бевме во матично и ни рекоа дека не се наплаќа за викенд.Инаку ние пак од прва најдовме слободен термин за недела и тоа во 18ч.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
2.12.2014 0:14:47   
scared RR
И кај нас матичарот ни дојде во ресторан, ама не плативме ништо зашто еден родител ми работи во матично, иначе немаше шанси да давам 100 евра за тоа, ќе си идев фино лепо во матично user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
2.12.2014 0:16:40   
caciana
Vakvo nesto prv pat vidov kaj bratucedammi na svadba.Neobicno,ubavo.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Место вие во матично, матичарот кај вас!
2.11.2015 14:48:13   
Sunshine88
Нас матичното ни беше во ресторан. И искрено многу е поубаво така. Јас не сакам кога матичното е друг ден, а целата свадба друг..па затоа и така си решивме. Завршивме со идење по ндевеста, црква и фото сесија и правец во ресторанот. За 10 мин готово, и одма почнавме со сликање со гостите. И пак касневме, а да почневме регуларно во 7 -пред 8и30 немаше да ја отвориме свадбата.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?