|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Млеко и млечни производи
27.6.2011 10:21:25   
anedespo
Млекото и неговиот состав (лактоза, белковини и масти)
Млекото е единствен производ кој во целост може да ги задоволи потребите на организмот и претставува основна храна за доенчињата, малите деца, болните и старите луѓе.  Под поимот млеко се подразбира кравјо млеко, додека за сите останати млека треба да е потенцира неговото потекло: овчо, козјо, хумано итн.
Млекото во желудникот, под влијание на ензимите и хлороводородната киселина се згрутчува, притоа грушот од хуманото млеко поради помалиот процент на казеин, е многу помек за разлика од млекото на домашните животни. Хуманото млеко коагулра во вид на ситни снегулки и затоа процесот на варење е побрз и се одвива во потполност, додека грушот од домашните животни е покомпактен и составен од крупни делови кои тешко се достапни на ензимите од дигестивниот тракт.
Лактозата од млекото се разложува под дејство на ензими (лактази)на гликоза и галактоза, кои после се ресорбираат во организмот. Дел од лактозата доаѓа во дебелото црево каде под дејство на микроорганизми ферментира до млечна киселина, која се соединува со Са(калциумот) од храната и гради соли Са-лактати. Оваа сол лесно се ресорбира, со што произлегува дека лактозата ја стимулира и подобрува ресорпцијата на Са(калциумот) внесен со храната, што е од големо значење за исхраната на лугето, посебно децата. Создадената млечна киселина одржува одреден однос помеѓу млечно киселите и трулежните бактерии во цревата, кој е резултат на создавање на поволна рН за размножување на млечно киселите бактерии кои делуваат инхибиторно на трулежните бактерии. Некои млечно кисели бактерии имаат специфично антагонистичко дејство на извесни патогени бактерии. Утврдено е дека со додавање на лактоза може да се спречат пореметувањата во дигестивниот апарат предизвикани од патогени микроорганизми. Веројатно тоа е една од причинате што проливите почесто се јавуваат кај деца кој не се доени.
Кај хуманото млеко односот белковини и лактоза е 1:2.5, што се смета за
идеален однос кој може да ја одржува цревната микрофлора во нормална
рамнотежа. Поради тоа се препорачува при хранањето на децата со кравјо
млеко додавање на вода и лактоза, со што би се приближило до хуманото
млеко.
Белковините од млекото спаѓаат во групата на протеини кои го поттикнуваат растот и овозможуваат регенерација на организмот. Големата хранлива вредност на млекото меѓу другото се должи на биолошко полновредните белковини богати со есенцијални амино киселини. Во млекото има три вид белковини од кои најзастпен е казеинот со 3%, лактоалбумините со 0,5% и лактоглобулините 0,05%.
Главни компоненти на млечната маст се триглицеридите, а во помал процент се застапени стеролите, фофолипидите и сфинголипидите, додека масните киселини се појавуваат при ендогентската и микробиолошката липолиза. Млечната маст се карактеризиара со висока содржина на нижи масни киселини и тоа од 6-10% од вкупната количина масни киселини.
Ако на тоа се додадат и незаситените нижи масни киселини тој процент би
достигнал до 15%. Ниедна друга маст од растително и животинско потекло
не содржи ни приближно толку многу нижи масни киселини. Точката на
топење изнесува 31-360С, што значи дека млечните масти на телесна темперартуа се во течна состојба и со тоа се овозможува полесна ресорпција во дигестиниот тракт.
Сфинголипидите кои се присутни во млекото имаат важна улога во одржувањето на структурата на клеточната мембрана при што вршат заштита од микроорганизми, микробиолошки токсини и вируси. Други здравствените ефекти на сфинголипидите се следните:
• намалување, па дури и елиминирање на создавањето на канцерогени клетки во дебелото црево
• влијае врз транспортот и метаболизмот на холестеролот (хидролиза на ЛДЛ)
• имаат функција на секундарни информатори на факторот за раст (создавањето на сфингозин 1-фосфат го стимулира растот)
Друга карактеристика во млечната маст е присуството на транс масни
киселини и CLA (коњугирана линоленска киселина) во количина од 4% и 1,5% од вкупната количина млечна маст. Најновите истражувања покажале дека CLA:
• покажува сигнификантно заштитен ефект против туморгенезата,
• делува како антиоксидант
• влијание врз имуниот систем
• CLA e во тесна врска со растот и развојот (намалување на телесните масти и зголемување мускулното ткиво).
• позитивно влијание на развојот на артериосклерозата (ја намалува количината на ЛДЛ - холестеролот во крвта, како и нивото на триглицеридите)
Млекото спаѓа во храна со средна содржина на холестерол 12 до 21 мг%, посното сирење 5 мг%, обраното млеко 0,5 мг%, путер 190-270 мг%. Млекото служи како извор на есенцијални и полуесeнцијални микро и  макроелементи. Особено езначајна високата концентрација на Cа (калциум) која се наоѓа во млекото во состојба која лесно се апсорбира. Содржината на бакар и железо е ниска па затоа децата овие минерали треба да ги внесувват преку друга храна. Млекото ги содржи следните витамини А, Д, Е, Б1, Б6, Б12 и пантоненска киселина, а содржи и многу ферменти, имуни тела и биоактивни компоненти.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Млеко и млечни производи
27.6.2011 10:30:51   
anedespo
Млекото и млечните производи во диеталната исхрана на болните
Кај болни со пореметувања во дигестивниот апарат, за да се обезбеди по-
добро искористување на протеините од млекото, истото се меша со минерална вода, чај, скробни материи, кафе,овошје и други материи кои условуваат згрутчување на казеинот во вид на ситни снегулки. Млекото делува како благ пуфер при зголемена киселост во желудникот. Затоа при хроничен улкус и гастрит млекото се препорачува за спречување на рецидивите.
Ако организмот не поднесува пресно млеко, може да се користат ферментирани киселомлечни производи или пак други млечни продукти. При
појавување на алергија од млеко од еден вид животно, може да се употребува млеко од друга вид. Покрај тоа со преработката се менуваат особините на протеините во млекото, па алергиите не се јавуваат со конзумирање на млечни производи. При пореметување на микрофлората во цревата и развој на трулежни наместо млечнокисели бактерии, диетата со ферментирани киселомлечни производи многу често успешно ги воспоставува нормалните  односи во цревната микрофлора и доведува до оздравување. Со додавање на антибиотици доаѓа до пореметување на микрофлората и затоа се препорачува напоредно консумирање на кисело млеко.
Поради високата содржина на метионин, млечните протеини се заштитна материја на црнодробните клетки. Затоа, при појава на хепетитис и цироза се препорачува конзумирање на млади сирења. При хипертензија се препорачуваат млечни протеини бидејки протеините од месото сти-
мулираат создавање на хормони, што највероватно е разултат на различниот
аминокиселински состав на овие протеини.
Со испитувањата на млекото е докажано дека свежата сурутка содржи една специфична материја која ја дефинирале како оротинска киселина (орос-сурутка), која покасно е утврдено дека е урацил 4- карбонска киселина. Оротинската киселина е основен градивен материјал за урацилот, кој
што како што е познато учествува во пиримидинските бази на РНК. Урацилот е неопходен за целокупниот процес на синтеза на протеини и всушност тој
е “помошен код” во бескрајниот ланец на РНК. Перманентното внесувањето
на урацил му обезбедува на организмот градивен материјал кој е неопходен за целокупната размена на материите.
Хуманото млеко, посебно колостралното кое се излачува во првите две недели од лактацијата е богато со оротинска киселина, со што новороденчето  природно се обезбедува со градивни материјали во доволни количини, со што и се осигурава нормален раст.
Сензационалното откритие дека овчото млеко и овчото сирење се многу богати со оротинса киселина(324 мг), допринело да се развие тезата дека консуматори кои редовно користат овчо млеко се многу здрави и имаат долг живот. Исто така важи и тезата дека “популација која во текот на целиот живот внесува доволни количини оротинска киселина (посебно во првите денови од животот) осигурува постоајна регенерација на протеините”. Козјото и кравјото млеко содржат многу помалку оротинска киселина за разлика од овчото (150мг и 50 мг).
Карактеристика за козјото млеко е поголоемата сварливост во однос
на кравјото и овчото, а децата хранети со козјо млеко имале побрз раст,
поголема телесна маса и подобра минерализација на коските од нивни
врсници хранети со кравјо млеко (повисоко ниво на тиамин, рибофлавин,
вит.А и др.). Капронската и каприлната киселина, како и масните киселини со
средно долг синџир во козјото млеко покажале добри резултати во лечење
на различни пореметувања: мала цревна апсорпција, цревни пореметувања,
срцеви болести, детска епилепсија, фиброзни цисти и болести на жолчка-
та. Се смета дека капронската, каприлната и капринската киселина имаат
заеднички метаболитички особини заради истовременото осигурување на
организмот со енергија и инхибиторното делување врз ослободувањето на
холестерол. Козјото млеко содржи поголема количина селен (1,25мг/100мл),
што е многу значаен показател затоа што селенот е антиоксидант и преве-
нира заболување од рак и кардиоваскуларни болести.
Постојат податоци дека млекото го заштитува организмот, поточно желудникот од појава на канцер. Овие податоци се добиени само врз основа
на анамнеза.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Млеко и млечни производи
27.6.2011 10:37:51   
anedespo
Хранливи и диететски својства на ферментираните млечни производи
Ферментираните млечни производи ги содржат сите состојки од млекото,
меѓутоа тие се наоѓаат во облик кој полесно се ресорбира, па поради тоа,
ферментираните млечни производи почесто се препорачуваат за исхрана
на луѓето.
Со процесот на ферментација кој што е предизвикан од страна на микрорганизми, доаѓа до промена на некои состојки во млекото и создавање
на нови компоненти, така да ферментираните млечни производи добиваат
нови квалитети. Количината на лактоза се намалува за 20-30%, а се зголе-
мува количината на млечна киселина која во млекото ја има малку. Создадената млечна киселина ја поттикнува перисталтиката на цревата, па така и ја зголемува ресорпцијата на Са(калциум) и П(фосфор).
Преку користење на различни млечно кисели бактерии се постигнува
разложување на лактозата, а добиениот производ може да го консумираат и лактоза интолерантни лица.
Со селекција на поедини микроорганизни во состав на стартер културите,
може да се добијат продукти со различен процент на млечна киселина Л(+) и Д (-) облик, што според новите истражувања е многу значајно во хуманата медицина.
Млечната киселина ја продолжува трајноста на производот, а создадените диацетил и ацеталдехид дават специфичен вкус. Протеините во киселомлечните производи се делумно разградени до аминокиселини, кои лесно се ресорбираат и се по пристапни за организмот. Мастите во киселомлечните производи имаат иста хранлива вредност, а до нивна делумна хидролиза може да настане со липолитичка активност на млечнокиселите, а со тоа и ослободување на масни киселини.
Во текот на производството на киселомлечните производи минералните
материи остануваат скоро непроменети. Ферментираните производи како
и млекото се сиромашни со железо и јод, а се богати со калциумови соли
(претежно во облик на Cа-лактат), потоа фосфорна, лимунска и др. кисели-
ни. Во текот на ферментација доаѓа до разложување на аскорбинската ки-
селина, витамините Б6 и Б12, додека витамините А и Д остануваат непро-
менети.
ЈОГУРТОТ е производ кој го користеле старите номади, a старите воини пред борба користеле јогурт за да ја зголемат својата сила. Се сметало дека јогуртот може да ја врати силата и да го продолжи животот. Во источните
земји уште пред 2000 години, жените го користеле јогуртот како средство за
добивање на посветол тен на кожата на лицето. Во Индија јогуртот го вика-
ле “храна за боговите”. Римјаните кои биле вистински уметници во кулинарството, од јогуртот правеле разни кисело млечни напитоци, додавајќи
им зачини, миризливи треви, мед или овожје.
Јогуртот освен нутритивна има значајна диетеска вредност.


(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Млеко и млечни производи
27.6.2011 10:44:46   
anedespo
Пробиотици
Терминот пробитик значи жив микробиолошки препарат, кој го подобрува здравјето со одржување на природната микробиолошка популација во гастринтестиналнио тракт. Еден пробиотик мора секогаш да биде одреден бактериски вид или комбинација на познати видови чиј состав останува стабилен. Редуцирањето на процесот на трулење во дебелото црево прет-
ставува цел на многу терапевти,применувајки го режимот на диетална храна. Од таму, пробиотичките видови како интестинална микрофлора, со своето докажано дејство на инхибирање на развојот на патогените и трулежните микрорганизми, секундарно го спречуваат нивото на трулење во интестинумот, а со тоа го прават витален гастринтестиналниот тракт и го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Други научно евидентирани особини за пробиотиците се следните:
• пробиотиците делуваат пробиотички
• “ин витро” антимикробиолошко активни (го спречуваат растот на голем број патогени микроорганизми
• се сметаат за секундарен имунолошки систем
• “ин витро” отпорни на жолчен сок, хлороводопродна киселина и панкреасов сок
• антикарциногено активниво клиничките истражувања
• имаат способност да создаваат биоактивни материи.
• нема алергии и други инфламаторни показатели дека пробиотиците делуваат штетно - патогено врз организмот или врз органите кај животните и човекот
АЦИДОФИЛНО МЛЕКО претставува кисело-млечен напиток кој содржи 1,5-2% млечна киселина. Ферментацијата на млекото се одвива под дејство на бактеријата Lactobacillus acidofilus која е способна да се развива и одржува во гастро-интестиналниот тракт. Оваа бактерија има способност да произведува витамини, фолна киселина и антибиотци.
Денес ацидофилното млеко се уптребува како диететски препарат и лек
бидејки:
• ја одржува рамнотежата во цревната микрофлора
• ја намалува опасноста од вирусни заболувања
• спречува појава на дијареа кај децата
БИФИДО МЛЕКО - ферментирани киселомлечни производи добиени со Bifidobacterium bifidum. Поседуваат неколку предности:
• производот содржи микроорганизми кои што нормално се наоѓаат во
дебелото црево,
• во производите преовладува Л (-) облик на млечна киселина.
АБТ ЈОГУРТ Киселомлечен производ добиен со додавање на јогуртни
култури со комбинација од Lactobacillusacidofilus и Bifidobacterium bifidum
КЕФИР Основна микрофлора на кефирните зрна се бактериите на млечно- киселата ферментација, бактерии на оцетно-киселинската ферментација
и квасци. Според некои научници микрофлората на кефирот ги инхибира колиформните бактерии, а исто така и не е забележан никаков раст на
шигела и салмонела во присуство на кефирни зрна. Нучниците тврдат дека
конзумирањето на кефир директно и индиректно влијае на рамнотежата на
цревната микрофлора, го подобрува варењето, ја подобрува перисталтиката на тенките црева и го јакне имунолошкиот систем на човекот. Предмет на научна расправа и итражувања, сеуште се неговите антибиотички својства кои според одредени научници се многу слични со кумисот, посебно антитуберкулозните својства, а според некои дури и антиканцерогени својства.
Кефирот се препорачува како пробиотичен производ за здрави и единки
со одредени пореметувања во гастроинтестиналниот тракт.
КУМИСОТ е ферментиран млечен производ добиен со ферментација на
кобилско млеко. Најпознат е по медицинската примена во исхраната на човекот.


(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Млеко и млечни производи
27.6.2011 10:47:21   
anedespo
Пребиотици
Улогата на пребиотците е да ја подобрат активноста на пробиотиците. Како на пр. инсулинот и олигофруктозата кои и природно се наоѓаат во дебелото црево, пожелно е да се користат како пребиотици, односно активатори на бифидобактериите. Во ферментираните млечни производи пребиотиците можат да се комбинираат со пробиотски култури, при што се овозможува сим-
биотско дејство помеѓу пребиотиците и пробиотиците .
Инулинот и олигосахаридите не се разложуваат под дејство на ензимите во гастринтестиналниот тракт, а притоа добро ги поднесуваат технолошките операции при производство на прехранбени производи. Нивната употреба во млечната индустрија е се поголема, а и добиените млечни производи имаат подобри органолептички својства. Тие се вбројуваат во категоријата функционална храна бидејки:
- овозможуваат правилен развој на цревната микрофлора,
- ја намалуваат рН на изметот
- го намалуваат холестеролот во крвта
- ги намалуват липидите во крвта
- го подобруваат метаболизам на мастите, и го подобруваат односот помеѓу ХДЛ и ЛДЛ
- значајно го подобруваат искористувањето на Са и други микро и макро елементи во организмот и др.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Млеко и млечни производи
27.6.2011 10:52:31   
anedespo
Сирење
Зрелото сирење претставува траен млечен производ кој има голема енергетска и биолошка вредност, Хранливата вредност на сирењето не се
должи само на присуството на млечни белковини, масти и нивните продукти
на разложување туку и на изобилството на минерални материи и витамини.
Со консумирање на 100 грама сирење можат да се задоволат 24-40% од днев-
ните потреби за протеини, 30-100% од калциум и 20-25% од фосфор.
Прехранбено значење на сиренарството
• Сирењето е високо вреден прехранбен производ богат со есенцијални
состојки – одлична храна и диетален производ
• Сирењето претставува концентрат на восоко вредни состојки.
• Содржи 20-30% белковини – казеин, и има биолошка вредност 80-85
– заради содржината на есенцијални АК. Со зреење на сирењата протеини-
те се разложуваат до амино киселини па организмот може лесно да ги ис-
користува.• Сирењето содржи млечна маст во облик на емулзија и неговата сварливост е 87-94. Исто така има и масни киселини неопходни за организмот,
потоа витамини р-рливи во масти, но и витамини растворливи во вода.
• Сирењето е извор на енергија – енергетска вредност на полномасно тврдо
сирење 16-19000 Ј полномасно полутврдо сирење 14-16000 Ј меко полномасно
сирење 8-14000 Ј
Според препораките на нутриционистите, секојдневната консумација на
сирење во зависност од возраста на човекот треба да биде:
Деца од 2-6 год. 20-30 грама
7-9 год.30 грама
12-15 год. 50 грама
Млади од 15 до 20 год. 50-80 грама
Возрасни 30-50 грама
Бремени жени 50 грама
Постари луѓе 30 грама

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Млеко и млечни производи
11.6.2013 16:53:09   
Calypso
Оваа тема ми се виде како најсоодветна за да го поставам прашањето во врска со млекото за кое размислувам деновиве.
Имено, ние дома не пиеме млеко, никој од нас. Синко од време на време знае да касне бисквити со млеко, ама гледам дека ни тоа веќе не му е баш по ќеф. Единствено млекото го користам кога спремам нешто слатко, ако има во рецептот, или пак за да сварам гриз, палента, сутлијаш, такви работи. На мисла сум да земам растително млеко, конкретно сакав оризово млеко во прав, кое ќе го спремам во моментот кога ќе имам потреба од млеко за малиот. Ако купувам свежо млеко (најчесто на Здравје Радово), ми стои така во фрижидер, често му поминува рокот, па мора да го фрлам (не го фрлам, мачките го пијат). Често пати ми се случило да купам веќе расипано свежо млеко со валиден рок на траење, па ова растителново млеко ми се гледа како најдобра опција. Би правела јас дома бадемово млеко како најдобар избор за малиот, ама и тоа се расипува брзо ако не се конзумира, а не ми се исплати да правам мали количини. Што мислите, добро ли е да земам оризово млеко за малиот? Соино не доаѓа во предвид.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Млеко и млечни производи
11.6.2013 16:59:32   
Bethany
Калипсо, јас лично немам искуство, ама можеби сум грешка, нека ме исправат, колку што прочитав некаде дека такви оризови и бадомови млека всушност и немаат некоја посебна хранлива вредност?

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Млеко и млечни производи
11.6.2013 17:15:30   
Calypso
Бадемовото млеко е похранливо и поздраво од кравјото.
„Бадемот ги зајакнува нервите и мускулите, поволно делува на нервниот систем, за цревата е антисептик, го снабдува телото со многу минерали (калциум, калиум, цинк, железо), го забрзува варењето.

30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците и за децата.

Бадемовото млеко е вкусен и здрв пијалок кој освежува и го јакне организмот.

Содржи витамин Е, витамин Д, калциум, магнезиум, селен. Бадемовото млеко претставува моќен антиоксидант. Тоа е одличен извор на протеини и влакна. Нема холестерол и заситени масти како што има во кравјото млеко. Ова млеко не содржи лактоза и казеин.“


(преземено, бидејќи не се дозволени линкови)

За оризовото не знам, затоа и прашувам, искуство, совети...

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Млеко и млечни производи
20.8.2013 15:17:47   
vezilka RR
Откако го тргнавме шишето, Никола многу го намали внесот на млеко. Колку треба да внесува две ипол годишно дете? Тој, сега пие наааајмногу 300 грама, а често и помалку. Некои денови, јаде сиренце или кашкавал, ама тоа не е секој ден.

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Млеко и млечни производи
20.8.2013 15:25:38   
Mihaela 2010
I nie sme isti so mlekoto,deka od caska i po slabo mi go pie,so cevka i stavam pa znae da ispie 200-250 ml..mislam deka na nivna vozrast do 500 ml treba da pijat

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Млеко и млечни производи
5.1.2014 15:44:20   
Felly RR
Мамички, какво млеко давате на вашите деца? Јас и давам Битолско свежо, не од трајното, а никакво друго свежо млеко не можам да најдам по продавниците. Кај нас во маалската продавница, која е поприлично снабдена и голема, има само битолско свежо, исто и по другите маркети немам начекано друго. За трајно млеко има избор голем а за свежо, само битолско. Во Кам марект имам видено од јока, и тоа не во тетрапак туку со кесички спакувано. Не знам кое е подобар избор. Што давате вие?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Млеко и млечни производи
5.1.2014 15:49:33   
Martins mom
Исто Фели,свежо битолско и најубаво е.На работа користевме и од Здравје радово и од тоа јока и затоа знам дека битолското е со подобар квалитет

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Млеко и млечни производи
5.1.2014 17:00:38   
Defne90 RR
I jas isto na pomaloto mu davav bitolsko svezo do godinka.I jas mislam deka toa e so najdobar kvalitet.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Млеко и млечни производи
5.1.2014 17:06:53   
Defne90 RR
A sega i na dvajcata im davam kravjo domasno deke pedijatarot mi rece domasnoto bilo najdobro,si zemame sekoj den po kilo i si pie pogolemoto no ne poveke od pola kilo ponekogas ni tolku zatoa sto pedijatarot ni rece deka ne bilo dobro da se pie mleko vo pogolemi kolicini.Sepek po pola kilo e sosema dovolno.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Млеко и млечни производи
5.1.2014 19:11:09   
Snowhite RR
И јас почнав на Јана да и давам битолско свежо млеко, од 10 и пол месеци почнав во кашичките да и ставам а откако направи 11 месеци и давам да пие ама разредено со вода уште и давам. А најубаво е свежо кравјо ако имаш познат да ти носи и ако си сигурен дека е со добар квалитет, ама јас немам таков човек и некако не верувам многу, сепак друго е во фабрика со Хасап систем и под инспекциска контрола произведено

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Млеко и млечни производи
6.1.2014 13:07:09   
Hunny
Е ова ми е најголем проблем. Ќерка ми откако престана да цица (14 месеци), воопшто не пие млеко. И правам млечни каши колку да внесе млеко, или палента со млеко, а вака да пие нема шанса. Јогурт секој ден пие или попара и правам, јаде сиренце, кашкавал, па се надевам дека колку толку ги задоволуваме потребите од млеко.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Млеко и млечни производи
6.1.2014 17:11:23   
Defne90 RR
Hunny ne se sekiraj stom si pie jogurt i si jade drugi mlecni proizvodi i da ne pie mleko ne e strasno.Eve i kaj mene maloto ne saka ni da go pomirisa no taka so biskvidi go jade isto i jogurt pie.Mene maticnata duri mi rece deka bilo podobro da pie jogurt i da jade sirence i kiselo mleko otkolku da pie svezo mleko.Sekako deka e zdravo no stom decata ne sakaat nisto strasno sigurno nema da gi forsirame.Nekoi luge ednostavno ne go sakaat mlekoto i toa e toa.Pa site mozat da bidat zdravidokolku ja izbalansiraat ishranata i ja zadovolat potrebata od kalcium so voveduvanje na drugi namirnici namesto mlekoto.Pozz i imaj ubava vecer.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Млеко и млечни производи
8.1.2014 6:17:52   
bucko mal
M ne mi jade pavlaka,krem sir,jogurt.Bas mi e krivo,kako i da mu gi dadam ne gi jade.Seushte pie ad-mleko, jade kashkaval i po malku sirenje.
Za mene mlecnite proizvodi se mnogu vazni produkti vo ishranata ama ete dete ne saka da gi jade.Mozebi deka jas mnogu gi sakam pa zatoa mislam i decata mora da gi jadatuser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Млеко и млечни производи
8.1.2014 8:37:50   
vezilka RR
Никола пак откако му го тргнавме шишето, значи од летово навака млеко скоро и да не пие ич. Внесува по малку повеќе од половина чаша со корнфлекс, ама тоа не е секој ден нели, и некогаш пие од оние чоколадираните млекца. И толку. Значи има денови кога не се напил ниту голтка. Кашкавал и сирење јаде, ма исто не е секој ден нели, како се погоди. И навистина ме загрижува ова. БАш од денес решив, сабајле, пред да одиме во градинка даму давам, па колку испие толку. Денес испи пет-шест голтки.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 8.1.2014 8:38:46 >

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Млеко и млечни производи
8.1.2014 12:34:19   
sandriana RR
Кај деца кои веќе наголемо јадат цврста храна - 1,5 - 2 години, млекото не е задолжително. Напротив, кај многу дечиња има влијание на намалување на внес на друга храна ако продолжиле да пијат константно млеко - пр. по 1/2 литар дневно, и е причина за анемија. Убаво е ако детето се навикне да пие да речеме по 1 чаша (200-250 мл) дневно за појадок или вечера. Но немора - затоа што калциум внесува и преку другите видови храна, а млечните протеини (казеин на пр.) и млечни масти преку јогурт, к.млеко, сирење, кашкавал.
Откако Т прекина со цицање, не прифати друго млеко. А од бебе јаде секакви млечни производи. Конечно, пред 10тина дена почна да пие кравјо млеко 250 мл, навечер пред спиење, но тоа траеше само неколку дена. Едноставно не е љубител на млеко, а јас не форсирам. До сега, фала Богу, е здрава и права, во рамки за референците за нејзина возраст.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Млеко и млечни производи
8.1.2014 15:19:12   
elenak
Ј сеуште пие два пати во денот по 200 мл и тоа е тоа. Мислам дека ако и нудам повеќе и ќе пие повеќе ама сепак доста е. Инаку и од млечни производи јаде се, ние ден без јогурт,к.млеко не минуваме. Е сега од шише само млеко пие, за друго од чаша со цевка и баш тоа ме предомислува да и го тргнам шишето, дека можеби ќе се откаже и од пиењето млеко така.user posted image А како би ги мавнала тие цуцли, уфф.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Млеко и млечни производи
8.1.2014 18:26:44   
deluxe
Мојот син има 16месеци,пие млеко 2-3 пати во текот на денот.Инаку од млечни производи јаде скоро се,и баш си сака сиренце,јогурт итн.Но не знам дали пиењето на млеко во текот на денот до колку оброци да го сведеме?? дали е многу 2-3?или треба да намалиме?бидејќи тој веќе јаде се,тоа што јадеме ние јаде и тој,не готвам специјални храни за него.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Млеко и млечни производи
8.1.2014 18:36:28   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Е ова ми е најголем проблем. Ќерка ми откако престана да цица (14 месеци), воопшто не пие млеко. И правам млечни каши колку да внесе млеко, или палента со млеко, а вака да пие нема шанса. Јогурт секој ден пие или попара и правам, јаде сиренце, кашкавал, па се надевам дека колку толку ги задоволуваме потребите од млеко.



Хани јас со задоцнување ,ќе ти одговорам на твојата дилема.Јас сум иста ситуација како твоето дете.Значи млеко немам вкусено во моиве 29години.Единствено млеко ми било мајчинотоuser posted image Но не можам без јогурт,и сирење,ете тоа ми бара душата.Самиот организам си наоѓа друг извор на калциум и други хранливи материи што ги содржи млекото,и самиот организам тоа си го бара.До сега не сум забележала да имам некаков проблем со коските,единствено во двете бремености кога колкот почна да ме боли најверојатно поради зголемените потреби од калциум.Но со суплементи ги надополнив. Во глобала имам јаки и цврсти коски,(не сум имала скршеници до сега)иако пораснав без капка млекоuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Млеко и млечни производи
18.7.2014 0:03:27   
Melanija RR
Кое сирење за почеток?Дома јадеме на президент,бимилк сега пробавме и на екошарк, знам дека треба да се отсоли но дали вакви сирења се во ред за почеток.
Исто прашање т.е. мислење за други млечни производи како урда, јогурт... кој е изборот за бебе?
Друго во која се храна ги вметнувавте.
Палента со кисело млеко несака, јаде со АБЦ ,но следно со сирење или јогурт?Во што може да ставам кисело,урда,јогурт? Некако паушал имав одговор во зеленчукови каши но нешто не ми иде туку така се да мешам ,или грешам?user posted image
Значи каде се да се вметнат млечни производи кај бебе (11 месеци)?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?