Џесика
|
Јас до сега еднаш го „казнив“. Баба му се спремаше да оди во продавница и тој разбра, па и се запна да излезе и тој... арно ама, сака да оди надвор, ама не со неа, туку со мене. Јас убаво, и тоа неколку пати, му објаснив дека ако сака да оди да шета, нека оди со баба му, ако сака да седи со мама, нека остане дома. Ама не, он се запна да оди надвор ама со мене... во меѓувреме они тргнаа, јас се вратив, и кога примети дека ме нема, почна толку силно да писка, цело маало го дозна. Се вратив, го земав од улица и го внесов дома, и му реков дека штом не сака да шета со баба му, нема да шета...вриштеше, пустеше, се фрлаше, ама тоа е, ако не се разбира, ќе научи... мислам дека од време на време му треба некоја „морална“ казна, да сфати со тек на време дека некои работи не се можат... ми треба многу живци и трпение. Награди до сега не сум применувала, освен „браво“ и јас ко дете никогаш не сум сакала таква награда „кога ќе го направиш\ изедеш тоа, ќе добиеш тоа“ и никогаш не ми било нештото драго, нити сум го посакала, таква мотивација кај мене не палеше, само контраефект се добиваше... па сега ќе видам што карактер ќе извади Борјан
< Поракaта ја уредил Џесика -- 12.7.2011 12:33:41 >
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
|