|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Насилство во училиште!!
24.2.2011 11:19:37   
Nade
Пред се да ви се извинам доколку ова е веќе претходно опфатено или дискутирано, бидејшки јас колку што успеав да видам мислам дека нема.
Инспирирана бев да поставам ваква тема од секојдневните настани па ме интересираше вашето мислење.

Како вие би се справиле со насилството на училиште пред се зборувам за осново училиште кога сметаме дека дечињата се мали беспомошни во нова средина а она што се случува е страшно, замислете, 10 годишно дете со ножици прободело свој соученик односно го расекло над устата user posted image , и коментарот бил несакајќи!!!!!!! Замислете!!!

Каков е вашиот став имате ли вие некакви примери и како мислите дека ние како родители би можеле да им помогнеме на сопствените деца да имаат поздрава образовна средина?Колку идеалистички звучи user posted image

П.С.на родителска во прво одделение каде што учат 6-7 годишни деца учителките велат - безобразни, невоспитани, користат погрдни зборови, со чест на исклучоци се разбира........       ...... кога попрво успеале user posted image


_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 11:43:49   
Pepelaska *
Темава е стварно деликатна и има многу да се пишува за неа, да сведоци бевме на секојдневни вакви настани пренесени од медиумите , е сега нели има ознака скоро на сите тв програми наменети за ... публика, за вестите велат дека се за целата публика дете од 7 8 години треба да слуша како се убиваат , како се тепале децата? па мислам дека и тоа ќе земе нож ќе се тепа за утре да го кажат на тв. Може не сум во право ама мислам дека родителите мноооогу треба да внимаваат што гледаат и слушаат нивните деца и оние игрите значи се се со насилство и ние бевме деца па игравме ластик и криенка. Сега се им е дозволено и пак им е малку, а за наставничките што користат такви зборови Срам да им е  и после се жалат децета не биле мирни , епа не се треба да се пази малку кому му се дава такво работно место, треба образование ,култура многу треба за да се спречи насилството меѓу децата.  И мене ме погодува што се повеќе и повеќе гледам насилни деца

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 11:56:23   
strelec 8
strasno...a kogo treba da obvinivame:roditelite,nastavnicite,televizijata,filmovite,internetoto,video igrite.
koj e vinoven?spored mene roditelite ne obrnuvaat vnimanie na svoite deca.ne razgovaraat so niv,ne znaat so koj se druzat,sto pravat vo slobodnoto vreme.da se bide strog ne znaci deka deteto ke bide pomiren.mozebi doma ke bide najmirnoto dete ama nadvor veke e sosema drugo.samo razgovor so niv i pogolema komunikacija megu roditel -nastavnik

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 12:06:12   
Nade
Се сложувам 100% и стојам на тоа дека родителите се првите виновници, од нас ги учат емоциите од нас учат пред се , училиштето доаѓа нешто подоцна.
А за учителките не сум се изразила веројатно добро сакав да ви кажам какви се 6-7 годишните деца , дека јас имав прилика
да ги видам како се однесуваат тоа што го кажаа учителките е факт и самите се чудат како може толку мало дете да биде безобразно и да користи таква може да претпоставите каква терминологија, значи се сложувам дека учителките имаат многуууу големо влијание, но јас го кажав во контекст дека толку мали а такво однесување такви изрази страшно нешто, а што е пострашно тие деца утре ќе пораснат во комплицирани тешки личност а институцијата не може да ги заштити останатите деца од деликвенти бидејќи МОРА да завршат основно user posted image тажно нели

Мислам дека треба да почнеме од самите себе, на што личи тоа, моето дете е најдобро, моето дете не греши, не повичувај тон на мое дете, се е тоа во ред ама авторитет мора да постои а сметам дека денес скоро и да го нема user posted image


_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 12:31:42   
Nade
Да во право сте јас се сложувам дека се почнува од нас од родителите, ние ги учиме децата на емоции, на однесување на се, училиштето доаѓа нешто подоцна.Училиштето има многу важна улога во изградбата на личноста на нашите деца но ние ја даваме основата.
Што се однесува до коментарот за учителките можеби не сум се изразила добро, мојот став не беше упатен кон нив, беше упатен кон децата толку мали а така да се однесуваат, зборувам за првооделенци значи учителките беа стаписани од нивната терминологија и тоа го категоризираа како безобразни, невоспитани, што е факт.

Грешката кај родителите јас ја гледам чшто не признаваат кога детето греши или несоодветно се однесува и наместо да постои соработка меѓу учителките и родителите  одредени родители им даваат крила на сопствените деца user posted image

И што се случува понатака тие деца прераснуваат во деликвенти но институцијата училиште не може да ги зачтити останатите деца бидејќи основното образование е задолжително user posted image

А што се однесува до телевизијата во право сте и доколку сте приметиле и тие ограничувања некогаш не се ставени соодветноuser posted image замислете долина на волците реклами 100 пати на ден и токму со нај добрите сцени страшноооооо

Навистина сметам дека имаме голем проблем user posted image




_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 12:36:46   
Nade
Извинете за двете пораки со слична/иста содржина имав проблем со интернетот user posted image

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 13:13:20   
Viktori
За насилство во училиште имаат голем дел вина и наставниците и целиот систем над кој сега е поставено образованието.

Професорици по одделенска настава што завршиле факултет во нечиј партиски штаб, без тронка познавање на педагогија и психологија, со желба само први да дојде и плата да земат. Школи без дежурни наставници, оти нели они сега се професори и знаете што, децата мои не пцујат, воспитани се, ама џабе е кога немаат саглам наставник во школо.
Син ми има една порно мега стар наставничка со ци*ките стегнати до брада и со кожен садо мазо комплет, поради која со закон треба дрескод да се воведе....

За какви родители има не ни сакам да коментирам, ама факт е дека тоа што го зборат дома родителите, зборам за оние нормални родители што сакаат децата да им се воспитани,  некој треба да го продолжи и тие 6 саати додека се децата во школо. Ама таму нема никој, сите се на пауза, буквално сите....

Пушење забрането со закон, секаде освен во школото, се кријат по кабинети. Што ќе му пренесат на детето??? Се криеме од родителите ваши?
Јас сум многу разочарана од како функционира школово барем ова кај децата мои што учат... Имаат една директорка што не смее да им зуцне затоа што е одделенска наставничка, а и не се знае кој ќе победи на следните избори и дали ќе остане директорка. Па си се штитат меѓу себе, баш се солидарни...

работат по 3 саати и плус се повикуваат на правото на пауза. Немаат ниту систем за картици и мерење на работно време ниту ништо. А на Бобо лепотицата прегледуваше тестови по математика 1 недела.  Се прекрши јадната...

Родителите не ги учат децата да се поддржуваат, дружат, помагаат, туку да се гребат, лигават, газат, снаоѓаат.
Телевизијата не сакам да ја спомнам. Далечинскиот е кај родителите. Ама шо ќе го исклучат телевизорот кога и они гледаат, па не можат комодитетот сопствен да си го нарушат.

И во целиот тој хаос децата единствено што учат е: Снајди се, згази, улизи се, скриј се ако можеш, издади некој за да пројдеш ти.


< Поракaта ја уредил виктори -- 24.2.2011 13:22:51 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 13:29:39   
ben10
se soglasuvam so viktori za zal taka e vo site skoli

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 14:00:36   
stojanoskad
Temava posebno me trogna a ke napisam i zosto.
Mojot postar sin lani bese prvace, i cela godina imavme problem od tipot fizicki maltretiran od 'drugarce'.Bese mltretiran "blagodarenie"na edna moja reakcija ili potocno vo znak na odmazda.Samo nakratko;znacii reagirav normalno so zborovi,koga se najdov vo edna situacija koga dve deca od klasot na sin mi drzea edno dete za da moze treto (vo slucajov bar za mene nasilnikot), da go istepa.I veruvajte mi i uspea dobro go istepa ne gledajki kaj go mava,dodeka toa placese i normalno molese za pomos.
Od toj den natamu zrtvata bese sin mi.
Cela godina reagirav kaj nastavnickata,potoa i kaj majkatano razultati nemase.Imase samo prazni vetuvanja, i normalno modrinki i grebanici kaj sin mi.
Koga go pocnaa vtoroto oddelenie i koga se smeni nastavnickata na prvata roditelska go iznosiv kako problem MOJOT PROBLEM.Ovoj pat tuka bese tatkoto na deteto.Dobiv konecno odgovor. Citiram;AKO TVOJOT SIN NE E SPOSOBEN DA SE ODBRANI JAS DA NE TREBA DA TI GO NAUCAM.MOJOT E MASKO, I NEMAM NAMERA DA GO UCAM POINAKU.
Ovoj pat jas ostanav bez ogovor.Odgovor imase mojot soprug sto verojatno znaese kako da odgovori maski.
Decata se nase ogledalo.Steta sto toa ponekogas se rasipuva i krsi.

(Одговор на членот ben10)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 14:37:56   
Nade
Се сложувам виктори,во право си, вината е на двете страни апсолутно, но за среќа во училиштето каде што учи мојот син имаме слух од наставничките од кадарот, се прават реформи, и во однос на облекување, и во однос на пристап и во однос на дежурства наставничките и после настава од целодневна остануваат до 16 часот а потоа до 17 одат кај дежурен децата кои остануваат подоцна.И многу ми е драго што кај нас, родителите имаат влијание имаме состаноци еднаш месечно и се обидуваме да ги решиме проблемите, но има родители кои не сакаат и не ги интересира каде учат нивните деца, што прават и сл.

Домашното воспитување треба да се продолжи на училиште, но за жал невоспитувањето надвладува а нема механизам да се спречиuser posted image станува збор за ДЕЦА

Еве еден пример освен униформи за кадарот сакавме и униформи за децата и тоа се усвои, но еден господин стана и рече а каде мојот син ќе гради имиџ ако вие воведете униформи, што се тоа глупости, мојот син нема да носи.
И јас така фино му се обратив и му реков дека имиџ на училиште со гардероба не се гради, униформата покажува припадност на одредена институција, а ви се молам му реков како ќе се чувствувате ако вашата ќерка гради имиџ со градите надвор спуштени пантолони и тангата на видик, тоа ќе ви се допаѓа??? и господинот не продолжи а имаше уште еден коментар против униформи,еден господин рече зошто да им правиме илузија на децата дека се исти, тие не се истиuser posted image
Епа јас стварно не ги сфаќам луѓево, кој сака да каже дека се исти, зарем децата од старт незнаат кои се и од каде доаѓаат, униформата ќе ги направи исти, мислам со вакви размислувања меѓу другото незнае човек што да прави.

Сакаат да си го почитуваат само она што им одговара, па ако треба и на штета на сопственото дете, замислете една госпоѓа рече јас сум против униформи за тие пари ќе им купиме телевизор на децата......

Немам коментар

А што се однесува до стојаноскад , јас несфаќам како тоа господинот на родителска така се изразил? И остана на тоа??
Родител да поттикнува насилство мислам ова е веќе.......


_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 14:54:43   
stojanoskad
Za zal ne ima sekakvi neli.Veke pisav i pogore, jas ostanav bez komentar iznenadena, i poveke iskreno izrevoltirana.
Pisav i toa .Problemot go resi mojot soprug,MASKI neli!
Ostana samo na zakani, a veruvam ke odese i podaleku.
Za zal toa bese i edinstvenoto resenie.

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 14:55:23   
mila mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: stojanoskad

Temava posebno me trogna a ke napisam i zosto.
Mojot postar sin lani bese prvace, i cela godina imavme problem od tipot fizicki maltretiran od 'drugarce'.Bese mltretiran "blagodarenie"na edna moja reakcija ili potocno vo znak na odmazda.Samo nakratko;znacii reagirav normalno so zborovi,koga se najdov vo edna situacija koga dve deca od klasot na sin mi drzea edno dete za da moze treto (vo slucajov bar za mene nasilnikot), da go istepa.I veruvajte mi i uspea dobro go istepa ne gledajki kaj go mava,dodeka toa placese i normalno molese za pomos.
Od toj den natamu zrtvata bese sin mi.
Cela godina reagirav kaj nastavnickata,potoa i kaj majkatano razultati nemase.Imase samo prazni vetuvanja, i normalno modrinki i grebanici kaj sin mi.
Koga go pocnaa vtoroto oddelenie i koga se smeni nastavnickata na prvata roditelska go iznosiv kako problem MOJOT PROBLEM.Ovoj pat tuka bese tatkoto na deteto.Dobiv konecno odgovor. Citiram;AKO TVOJOT SIN NE E SPOSOBEN DA SE ODBRANI JAS DA NE TREBA DA TI GO NAUCAM.MOJOT E MASKO, I NEMAM NAMERA DA GO UCAM POINAKU.
Ovoj pat jas ostanav bez ogovor.Odgovor imase mojot soprug sto verojatno znaese kako da odgovori maski.
Decata se nase ogledalo.Steta sto toa ponekogas se rasipuva i krsi.



Lele se naeziv od postot user posted image   Strasna rabota! Se zgroziv! Celoto opstestvo ni e poremeteno. Koga roditelite ne prevzemaat odgovornost za odnesuvanjeto na sopstvenoto dete, od kade togas fondacija za dobro vospituvanjeuser posted image
Sepak mislam deka za da ima disciplina treba da ima i sankcija: brkanje na nasilnicite od ucilisteto i premestuvanje vo drugo, cesti razgovori so psiholozi i pedagozi, individualni sovetuvanja i grupni - zaedno so roditelite na problematicnoto dete. Tesko e mnogu da se vovede sankcija zatoa sto celiot sistem funkcionira na principot na korupcija i politicka sila. Ucilisteto kako institucija e del od toj sistem i ne moze da se bori bez poddrska na istiot. No ako roditelite se slozni, ucitelite se hrabri, mozebi i ke moze da se razdvizat rabotite na podobro. Sepak i sedmata sila (novinarite) bi mozele da podpomognat za dobrata idnina na nasite deca. Eve kako pocnuvaat javno da zboruvaat za problemite vo zdravstvoto, bi mozelo nesto da se postigne i na poleto na obrazovanieto.


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот stojanoskad)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Насилство во училиште!!
24.2.2011 15:23:52   
baby_bump
За жал реалноста веќе ни е таква со се` повеќе насилство, а таа сурова реалност неминовно се одразува врз нашите а и врз животите на нашите деца.
Најстрашното на што сум наишла во нашето образование е една чудна психологија кај некои од новопечените родители во стилот: само моето дете е во право, тоа во никој случај не е виновно, виновно е твоето, снајди се па живеј... или моето е најдобро по математика, што ако сите ги тепа? па оди на карате, мора некаде да тренира, ако твоето не може да се одбрани, тогаш ти погрешно го воспитуваш.....
Да ви кажам порано, владееше навистина друг стил на воспитување, можеби беше строго, но беше поправедно, зашто мајка ми или татко ми кога ќе настанеше некоја гужва можеа да ме истепаат и мене и брат ми пред да прашаат кој е виновен, а денес, денес мајката на тепачот вели дека тој не е виновен и се заканува со тужба на мајката чие дете е истепано со раскрварена уста, а ако наставникот подвикне или не дај боже потчукне некое дете, тогаш може и работа да изгуби, зашто ги нарушува правата на децата.
Е сега јас сум и родител и педагог и навистина ми е тешко да ја најдам средината, но мислам дека треба малку да си ги потстегнеме децата, бидејќи детето е 80% со нас, а верувајте влијанието на наставникот/професорот врз детето, не е толку големо за да може да изврши значајни промени на лошо или добро.
Една општа констатација исто така е дека образовниот систем кај нас само сака да образува а многу помалку да воспитува, а тоа се должи на вмешаноста на политиката длабоко во образовниот систем. Е затоа некои ученици имаат секс бомби за учителки, или пак како што велеше една моја внука: мојата учителка секој ден има различен лак за нокти и чевли, мамо сакам и јас............значи детето само тоа успеало да го види кај наставничката, а не да научи некоја буква или песничка.
На кратко проблемот има две страни, длабоко срозен морал и етика меѓу родителите од една страна и образовен систем пред распаѓање, не се знае кој што работи, нема правила, нема вредносен систем при вработување, нема казни, нема проверка и евалуација на наставниот кадар туку само партиска книшка.
До каде ќе одиме вака не знам.........................

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?