|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 13:15:22   
Julie1
Уште едно потсетување дека во организација на Јога сојузот на Македонија и Рингераја денес во 17:20 во просториите на на Јога сојузот ќе се организира средба на бремени жени со специјалистот по гиникологија и акушерство Снежана Панговска. Доктор Панговска ќе одговара на прашања на идните мамички, како и ќе советува што да очекувате и како најдобро да го поминете чинот на породувањето. Сите идни мамички од Рингераја се поканети да бидат дел од овие дискусии и советувања. Ајде да се појавиме и ние од РР на ова советување. Локацијата на јога сојузот е во Тафталиџе 2, кај последна 24, улица Женевска 43. Се гледаме!

_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 22:34:15   
Julie1
Средбата на Доктор Панговска и идните мамички од Јога сојузот одлично помина. Се разговараше за зголемениот ризик од проблеми при забременување после 35 години, потоа за предностите кои ги има 4 Д снимката во однос на 3 Д: При 4 Д сликата се прикажува во 4 рамнини, преносот на сликата е со побрза фреквеницијата и со тоа сликата е поквалитетна и некои работи кои неможат да се видат со 3Д можат да се видат со 4Д.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 22:39:23   
Julie1
Една од идните мамички во петок има краен термин за спонтано породување. Беше уплашена дека е  е веќе 40 недела бремена нема контракции и мора со таблета да се предизивика отвара. Преку прашањата на Др. Панговска дознавме дека плодот се покажало дека е во ред, главчето е добро поставено, грлото на матката е зрело а со тоа и се ќе биде во ред со мамичката и бебенцето. И посакуваме убаво породување.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 22:45:46   
Julie1
Беше поставено прашање дали породувањето мора да биде во лежечка положба или дозволено е и стоејќи или клечејќи. Одговорот беше дека природата така направила да породувањето е можно стоејќи или клечејќи. Имено беше даден пример дека нашите баби кои раѓале во полиња доволно било да се фатат за некое дрво и самото бебенце кое е свртено со главчето кон земјата како потешко по сила на земјината тежа излегува од мајката. За жал кај нас само во одредени болници може доколку се побара од трудницата да се породи стоејќи или клечејќи.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 22:57:13   
Julie1
Доктор Панговска во тек на усовршувањето имала можност да види како во болница во Лондон на бремените жени им е овозможено породување во базент. При што дететот излегува природно во водата и продолжува да си плива како во стомакот на мајката. При тоа се оди спонтано и опуштено. Др. Панговска потенцира на фактот дека персоналот треба да е добро обучен и чинот на породување да го направи да биде што е можно поопуштено за мајката, не набрзина, бебето да го остави некој минута на градите или стомакот на мајката, при што интересен е фактот што каде и да се постави бебето тоа инстиктивно се подава по градата на мајката за да почне да цица.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 23:00:02   
Julie1
Дали сте знаеле дека процесот на отварање пред породувањето трае 18h? Често се случува отварањето да не боли во првите часови при што бремената жена не знае дека процесот на отворање е започнат.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 23:03:04   
Julie1
Интересен беше и фактот кој го дознавме дека татковците имаат се поголема улога при одгледување на бебенцата, се поголем број на татковци ги бањаат бебенцата наместо старото правило тоа да го прават бабите. На шала беше речено кој поправилно ќе се грижи за бебенцето таткото за своето дете, кој е може да се информира како тоа исправно да го прави или бабата која има притисок и се тресат рацете ...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Настани под организација на Рингераја
1.4.2009 23:08:03   
Julie1
Се дискутираше и за тоа дека треба да се воведе родителско породилно отсаство од работа а не само мајчинско. Мамички заклучија дека на татковците им е многу потешко бидејќи цела вечер не се наспани од плачот на бебето а утредента треба да одат на работа.
Имаше и еден интересен пример кога бебенцето постојано многу плачело и мамичката побарала помош од сопругот. Се договориле да се грижат за него во смени, мамичката до полноќ а после полноќ таткото. И ете до полноќ се обидувала мама да го смири да го ниша и во 00 си легнала. Бебенцето почнало да плаче и таа му вика на сопругот гобуди да стане да се погрижи бебето д ане плаче а то и одговара не се секирај спи тоа плаче во моја смена user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Настани под организација на Рингераја
2.4.2009 15:17:14   
vesna_kr
Samo da se nadovrzam na temava, poglednete poroduvanej vo voda i zenata peeuser posted image user posted image user posted image

http://video.aol.com/video-detail/natural-water-birth-at-home/1434710599/?icid=VIDURVENT01

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Настани под организација на Рингераја
2.4.2009 21:54:45   
Еца
И јас имам една пријателка од Хрватска која пред неко месец се породи во вода и презадоволна еuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Настани под организација на Рингераја
2.4.2009 21:56:48   
Еца
И баш ми е жал што вчера не бев присатна,а требасе, во последен миг маж ми ми кажа дека има состанок од работа во 17.user posted image Се надевам ќе има уште вакви настани и советувања.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?