|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Настинка (течење нос. кашлање)
23.9.2009 15:51:04   
BEBICA
Ovaa tema ja otvaram poradi toa sto ja barav na forumov i ne ja najdov.Jas včera i zavčera imav pekolni dva dena, poradi toa sto Monika mi se preladi.Prvo i tečeše noso, pa večerta kači temperetura koja dojde i do 39 i bevme včera na lekar i ni prepiša amoksicilin, poradi toa što ima crveno grlo, a nosot i go čisdtam so fiyioločki rastvor i eden spej za nos.Denes Monika e super nema temperatura i raspoložena e.Kako vie ja lečite prehladata, sem so lekarstva?Kako ja spuštate temperaturata?Jas inaku sum golema paničarka i včera se iynaplakav, poradi toa što Monika imaše visoka temperatura a nemoyev da i ja simnam.Inaku ova i e prvo razboluvanjeya skoro 1 dena.

< Поракaта ја уредил Elena -- 23.9.2009 17:45:02 >
Непосредна врска до пораките: 1
   Настинка (течење нос. кашлање)
23.9.2009 15:54:23   
mami
Бебице, во една тема немаме за се, но има посебна за температура кај децата
http://www.ringeraja.mk/forum/m_370/mpage_1/key_/tm.htm#370


< Поракaта ја уредил Elena -- 23.9.2009 17:45:19 >

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Настинка(течење на нос,кашлање)
23.9.2009 15:55:19   
profesorica
Бебица мила овде има нешто дискутирано околу зголемена температура


http://www.ringeraja.mk/forum/m_370/tm.htm

инаку и јас сум миле паника а и дамјан се разболе пред годинката прв пат и многу плачев, кутрата јас!!!

јас одам сега дома поздрав!

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 1.10.2009 10:54:31 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 3
   Настинка(течење на нос,кашлање)
23.9.2009 16:06:06   
BEBICA
Znači ja i ti sme istiuser posted image user posted image user posted image user posted image .

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 1.10.2009 10:55:14 >


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Натинка(течење на нмос.кашлање)
1.10.2009 10:39:19   
profesorica
На Дамјан вчера му се растече носот, незнам од штоuser posted image и му ставив синомарин ама се плашам да не е некоја настинкаuser posted image

< Поракaта ја уредил profesorica -- 1.10.2009 10:42:27 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Натинка(течење на нмос.кашлање)
1.10.2009 10:41:19   
BEBICA
Zlato samo cistimu go nosto so sto poveke fizioloski rastvor i ako imas aspirator za nos.Lele sram da mi e nikako da go slikam i da go pokazam kako izgleda.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Натинка(течење на нмос.кашлање)
1.10.2009 10:44:44   
BEBICA
I mene Monika taka mi pocna za eden den pocna naglo da i tece nosot i vecrta mi kaci temperatura no projde.Jas i stavav vo nosot navecer Operil sprej pred spienje ako posto noseto i bese zatnato i da moze polesno da spie.I eve sega pie sirup PROSPAN posto malku kaslase ono suvo kaslanje a doktorkata mi go preporaca poradi toa kaslanje e neproduktivno, t.e. sto bi rekle srbite bolje spreciti na vreme nego leciti.I eve tri dena go pie i nekasla a nosot i e odzatnat.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Натинка(течење на нмос.кашлање)
1.10.2009 11:05:37   
mis.
Еве тука имаме доста дискутирано на оваа тема
http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%97%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B5/m_14750/tm.htm

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Натинка(течење на нмос.кашлање)
30.10.2009 14:11:29   
mother 29
извор дневник

Акутните инфекции на горните дишни патишта се најчести заболувања во детската возраст. Најчести причинители се вируси, бактерии и микоплазма.

Акутното воспаление на лигавицата на ждрелото, носот и синусите, почнува со кијавица, бистра секреција од носот, а по неколку часа и подуеност на лигавицата на носот, што го отежнува дишењето. Секретот станува густ, гнојав, со жолто-зеленикава боја. Кашлицата е придружен симптом од првиот ден. Лекувањето почнува по прегледот - лекарот одредува кога треба да се дадат антибиотици. При чести воспалителни процеси на горните дишни патишта, крајниците се зголемуваат и го попречуваат дишењето. При акутно воспаление на третиот крајник, оневозможено е дишење на нос, а секретот се слева зад ждрелото и во долните дишни патишта. Воспалението е причинето од бактерии и вируси, а поретко и од алергиска природа. Лекувањето е со антибиотици, а во ретки случаи со оперативен третман.

Акутна инфекција на горните дишни патишта доведува до воспалителен процес на синусите. Примарно настанува вирусна, а секундарно бактериска инфекција. Најчести бактериски причинители на синузитот се стрептококи, стафилококи, хемофилус инфлуенце, брахамела катаралис. Симптом е бистар, слузав и гнојав секрет. Кашлањето е влажно и е "поагресивно" навечер. Се чувствува непријатен мирис од усната шуплина, а поголемите деца се жалат и на главоболка. Воспалителниот процес почесто е со хроничен тек.

Лекувањето во првите денови е со пеницилински препарат, а ако нема подобрување - со антибиотик со широк спектар. Се препорачува и активно дренирање на секретот од шуплините со локална терапија.

Акутното воспаление на крајниците е причинето од стрептококус бета-хемолитикус, а поретко и од некои респираторни вируси. Воспалението ги зафаќа крајниците и целата слузница на носната и усната шуплина. Има тешка клиничка слика - многу висока температура, болка при голтањето, отежнато дишење, главоболка, малаксаност и болки во зглобовите. На крајниците има гнојни слоеви, кои можат да се прошират и во усната шуплина. Ако не се лекува соодветно, воспалителниот процес може да премине во хроничен. Ако воспалението е хронично и е причинето од бета-хемолитичниот стрептокок, организмот одговара со заштитна реакција, создавајќи антитела за да ги врзе токсините што ги лачи стрептококот. Така се формираат имуни комплекси, кои може да се таложат и во виталните органи - срце, бубрези, мозок, во зглобовите и кожата каде што можат да предизвикаат посериозно оштетување. Препорака за вадење на крајниците дава само педијатарот, бидејќи крајниците се единствен продуктор на заштитните антитела, кои го штитат респираторниот тракт од инфекции и од алергиски манифестации.

Воспаление на лигавицата на ларингсот и на гласните жици - Акутното воспаление може да биде вирусно или бактериско, со многу тешка клиничка слика - знаци на гушење, засипнат глас и висока температура. Алергиското воспаление е повторувачко, со иста клиничка слика, но без покачена температура. При кој било тип воспалителен процес, родителот треба веднаш да го однесе детето на лекар. Родителите треба да ги контролираат условите каде што живее детето и да не пушат пред него. Важни се правилната нега и исхраната. Треба да избегнуваат контакти со болни лица и да го вакцинираат детето.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Натинка(течење на нмос.кашлање)
31.10.2009 8:48:44   
BEBICA
Зајакнување на организмот за одбрана во случај на грип И ЛАДНО  APIBRONHI - Душичке сируп е потполно природен препарат подготвен од висококвалитетен мед и диво цвеќе течен екстракт од пет лековити билки: . Диви мајчина душица (Thymi Herba), Европската Постариот (Sambuci flos), камилица (Chamomillae flos), Обично оригано (Origani Herba) и Липа (Tiliae flos).  Оваа комбинација на билки и мед е заштитен ефект против воспаление на горните респираторни патишта за децата и возрасните. APIBRONHI се препорачува за лица со слаба отпорност на инфекции, тенденција да се ладни и инфекции, за лица исцрпена по болест.
Медот е богат со многу хранлива и компоненти за заштита. Таа се користи како храна и лек во исто време. Се препорачува за јакнење на телото, за зголемување на отпорноста кон инфекции, за зајакнување на вкупната отпорност на болести.
Петте медицински билки: Диви мајчина душица, Европската постар, камилица, Обично оригано и Линден, традиционално се признати за нивните корисни дејства во спречување и ублажување на симптомите на разни заболувања на респираторниот систем: настинка и грип, кашлање, бронхитис, ангина и други .  На различни активни состојки присутни во овие билки, особено flavonic и flavonolic гликозиди, етерични масла и други, за олеснување на кашлање, олесни плаќа на слуз и да имаат против-воспалително и антисептично дејство на горниот респираторен тракт.
Индикација и за употреба:
Акутни и хронични болести на горниот респираторен тракт: настинка, грип, бронхит, ангина, pharingitis и други.
Дозирање:
Една лажица сируп од три до пет пати на ден пред јадење. Погоден за деца. Може да се користи како терапија за поддршка, заедно со лекови пропишани од страна на лекар.



< Поракaта ја уредил Еца -- 31.10.2009 9:34:54 >


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Натинка(течење на нмос.кашлање)
31.10.2009 13:06:09   
mother 29



Настинките или акутните вирусни респираторни инфекции, се меѓу најчестите инфекции кај хуманата популација и на нив отпаѓаат над 50% од сите акутни заболувања. Инциденцата на акутните респираторни заболувања се движи од 3 до 5,6 инфекции по лице годишно. Стапката е највисока кај децата до едногодишна возраст.


    Настинките се причина за 30% до 50% отсуство од работа кај возрасните и за 60% до 80% отсуство од училиште. Употребата на антибактериски агенс во третманот на овие вирусни заболувања е главната причина за неадекватното користење на антибиотиците.
    Проценето е дека две третини до три четвртини од сите акутни респираторни заболувања се од вирусно потекло. Повеќе од 200 различни вируси од 8 рода се опишани како причинители на акутните респираторни заболувања.
    Неколку од вирусите кои предизвикуваат настинка се: риновируси (20-40%), корона вируси (10-20%), респираторен синцицијален вирус (РСВ е најчест респираторен патоген кај малите деца и најчест причинител на долнореспираторните заболувања кај доенчиња.), аденовируси, параинфлуенца и др.
    Најголемиот број вируси предизвикува горнореспираторни(нос, грло, средно уво, дишник) заболувања, но можно е да биде зафатен и долниот респираторен тракт(бронхи, белодробни крила), особено кај помлади пациенти.
Начин на пренесување на инфекцијата.
    Се пренесуваат преку директен контакт со инфицираните секрети, најчесто респираторните капки. Во студии спроведени на волонтери, најчестиот пат на пренос бил ракување, со последователна самоинокулација(самонанесување) преку конјуктивите или носната слузница. Во други студии е покажано дека е можен пренос и преку партикули од аеросол или со употреба на контаминирани крпи или раствори за очи. Вирусот може да се изолира и од пластични површини на кој бил нанесен и до три часа претходно. Заморот, недостатокот на сон и изложувањето на ладно немаат толку голема улога во настанувањето на настинката, како што е општо прифатено.
Клинички манифестации кај настинката.
    Болеста е со бениген(не опасен) тек. Болеста почнува со течење на нос и кивавица, а потоа е придружена со затнување на носот. Честопати се јавува болно осетливо грло, а понекогаш тоа е и првиот симптом. Можна е и краткотрајна температура која реагира на антипиретици. Системските симптоми се ретки (на пр., слабост, главоболка, гадење, Болки по мускули, зглобови, високи температури) и невообичаени. Болеста трае 4 до 9 дена и поминува спонтано, без да остава секвели. Ретко кај деца може да се јават и бронхитис, бронхиолитис и бронхопневмонија.

Дијагноза.
    Се поставува претежно врз основа на клиничката слика. Специфично докажување на вирусот не е потребно заради лесниот тек на болеста.
Терапија.
    Доволно е мирување, пиење на што повеќе течности (чаеви, супи, природни сокови), витамини, лесна храна и евентуално парацетамол за температурата. Настинката е самолимитирачка и самиот организам се бори против вирусот со формирање на против тела. Доколку симптомите не поминуваат, а болеста е се потешка, потребно е да консултираме лекар. Користење на антибиотик е апсолутно погрешно, непотребно и штетно. Превенција со антибиотик, од типот "да не се искомплицира настинката или да не настинеме" не постои. Единствената заштита од настинка е добар имунитет и одбегнување на луѓе со симптоми на настинка.

извор.жолта

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Настинка кај бебињата
6.1.2010 21:53:18   
pacuvce
НАСТИНКА КАЈ БЕБЕТО

Настинката е нешто вообичаено. Според некои статистики, во првите 2 години од животот бебето просечно прележува 8-10 настинки. Она што ја разликува насинката кај бебето од таа кај возрасните, е тоа што за бебето таа може да биде понепријатна. Често пати настинката кај бебето може да биде пропратена и со инфекција на увото.
Настинката е многу непријатно искуство и за бебето и за родителите. Иако најчесто нема да остави некакви последици, гледањето на тоа како страда бебето е тешко за неговите родители. Бебето може да има затнат нос, потешкотии во дишењето, ако му е затнат носот нема да може нормално да цица и т.н. Сепак бидете храбри, за неколку дена настинката ќе помине.
Немојте да му давате на своја рака никакви лекарства, знаејки дека секое лекарство може да има штетни последици . За секое лекарство задолжително консултирајте се со неговиот лекар.
Ако бебето има температура, не јаде, губи интерес за околината, постојано плаче, кашла, ако има зелен секрет од носот и сл. задолжително однесете го на лекар. Особено ако се работи за бебе помало од 3 месеци.
Иако наситнката обично е безопасна, кај мали бебиња ако не се третира соодветно може да премине во посериозни инфекции, како воспаление на белите дробови.
ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА НАСТИНКАТА
Настинката како што кажавме најчесто е предизвикана од вирус. Имунолошкиот ситем на бебето се уште не е целосно развиен и работи со само 60% од неговиот капацитет. Тоа го прави бебето посклоно кон разни инфекции, меѓу кои и настинката.
Вирусот може да се пренесува преку физички контакт или преку дишење. Внимавајте на хигиената и на тоа бебето да не доаѓа во контакт со заболени лица. Ако Вие самите имате настинка, мијте ги рацете што почесто, а задолжително после бришење на носот.
СИМПТОМИ НА НАСТИНКАТА КАЈ БЕБЕТО
Карактеристично за наситинката кај бебето се: температура 38 степени или повеќе, кашлање, течење од несот, болно грло, зацрвенети очи и сл. Исто така бебето може да биде нервозно и да има намален апетит. Затнатиот нос ќе биде пречка во нормалната исхрана.
Веројатно ќе имате непроспиени ноќи заедно со него.
Малите деца не можат да го издуваат носот, па ќе треба да обратите внимание на тоа носот да му го бришете почесто.
Симптимите на настинката обично трааат 3-10 дена, иако кај мали бебиња можат да продолжат и до 2 седмици.
КАКО ДА ЈА ИЗБЕГНЕТЕ НАСТИНКАТА КАЈ БЕБЕТО
Доењето на бебето е најдобриот начин да го заштите здравјето на Вашето бебе. Преку доењето бебето прима од Вашите антитела и тоа му дава поголема отпорност. Симптомите на настинка кај доените бебиња вообичаено се поблаги од оние кај бебињата хранети со вештачко млеко.
Немојте да дозволувате бебето да престојува во просторија кај што се пуши. Децата чии родители пушат, почесто заболуваат од наситинка и наситинката трае подолго.
Обидете се да ја намалите можноста бебето да дојде во контакт со настинати луѓе. Доколку е болен некој член од семејството, обратете посебно внимание на хигиената.
ШТО ВИЕ МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА НАСТИНКА КАЈ БЕБЕТО
Вие не можете да направите многу за да му помогнете на бебето да оздрави, но има некои работи со кои ќе можете да му ја олесните ситуацијата:
  • Ако бебето има затнат нос, поткренете му ја главата на 1 или 2 крпи. Немојте да користите перници, затоа што може да дојде до гушење на бебето. Ако бебето плаче затоа што му е затнат носот, земете го во раце во полуисправена положба. Тоа ќе му го олесни дишењето.
  • Давајте му доста течности, ако го доите давајте му почесто да цица.
  • Бришете го почесто носот на бебето. Во консултација со лекарот можете да побарате да му препише благи капки (солен раствор), кои ќе му ги ставате 15 минути пред доењето. Тоа ќе му помогне на бебето да може да дише низ носот додека цица.
  • Во купатилото можете да ја пуштите жешката вода за да се направи пареа и да го држите бебето таму, да дише околу 15 минути. Потоа преслечете го во суви алишта.
  • Собата нека биде пријатно топла. Не дозволувајте воздухот во собата да биде сув. Ако греете, ставете садови со вода или влажни крпи околу грејните тела за водата да испарува и да го влажи воздухот.
  • Немојте да му давате никави лекарства, ако не се препишани од лекарот.
  • Немојте да дозволите пушење во просторијата каде што е бебето.
  • Ако Вашето бебе има затнат нос, но нема други симптоми, проверете да не има ставено некој предмет во носот.

Иако Ви е тешко, имајте впредвид дека настинката ќе помине. Не значи дека секоја настинка во иднина ќе биде со истата јачина на симптомите. Понекогаш симптомите може да бидат многу благи. Една позитивна страна од наситинката е што му помага на имунолошкиот систем да зајакне за во иднина.

< Поракaта ја уредил pacuvce -- 6.1.2010 21:54:19 >


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Настинка кај бебињата
8.1.2010 12:12:21   
mis.
Кашлица
Според статистичките резултати на британските научници,кашлицата е една од најчестите здраствени тегоби заради кои децата одат на лекар.Кашлањето не е болест туку природен рефлекс со која телото реагира на различни дразби и промени,како и симптоми на различни заболувања.Кашлањето претстваува силно и брзо исфрлање на воздух низ дишните патишта и усната празнина.Кашлањето може да биде послидица на потреба да се исфрли вишокот секрет од дишникот и бронхиите,потреба за исфрлање на мало страно тело, како што се ситни парчиња храна кои залетале во дишникот,вдишување на гасови или пареи кои ги дразнат дишните патишта или како резултат на силен емотивен стрес.Има различни облици на кашлица и толку видови на кашлање е важен за да се утврдат и отстранат пречките кои го предизвикале.
Сува и продуктивна кашлица
Видовите на кашлање се одредуваат во зависно од присуството на секрет.
Кај сувата кашлица не доаѓа до искажлување на секрет,меѓутоа многу често постепено преминува во продуктивна кашлица.Ако сувото кашлање е често,го попречува спиењето и вообичаените дневни активности на детето,тогаш може да се ублажи со лекови кои се добиваат без лекарски рецепт.
Продуктивната кашлица најчесто е последица на воспаление на дишните патиштапри кои се создава прекумерена количина секрет.Со продуктивното кашлање организмот се обидува да се ослободи од густиот секрет и затоа не треба да се настојува нагло да се отстрани кашлицата.Во случај на продуктивна кашлица најдобро е да се користат препарати кои го разредуваат секретот и го олеснуваа искашлувањето.
Покрај тоа што кашлицата е симптом,ако трае подолго може да стане и причинител на бројни тегоби како болки во коските,појава на хернија(кила),неконтролирано мокрење,повраќање,несоница.
Најчест причинител на кашлицата кај децата се настинките.Децата не знаат да го исфрлат насобраниот секрет во задниот дел од грлото и како резултат на ова се активира рефлексот кашлање.Кашлањето најчесто се јавува кога детето е опуштено во лежечка положба, а се смирува кога носот ќе се ослободи од вишокот секрет.Ова е нормална појава и може да се ублажи со затоплување и топли напитоци.
Во одредени случаи е неопходна посета на лекар:
- ако се сомневате дека детето проголтало некој предмет
- ако детето е на возраст од неколку месеци
- ако забележите отежнато дишење и по чистењето на носот
 ако детето дише брзо и испрекинато и кога не кашла
- ако кашлањето има невообичаен звук
- ако при кашлање детето ја губи свеста
- ако се промени бојата на усните
- ако има зголемена температура
- ако детето го губи апетитот и слабее
- ако во искашланиот секрет забележите траги од крв

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 14:39:51   
**Tedi**
Moze li nekoj od vas da mi pomogne?Angela od prosliot petok pocna po malce da mi kasla,imase suva kaslica i davav sirupce od bel slez za da ja smiri malce,koga vo ponedelnikot mi se javuvaat od gradinka i mi vikaat dojdi da si ja zemes ima temperatura 38 so 5,se izvadiv od pamet ja odnesov nasmeana se smiri malku so kaslanjeto si vikam aj sigurno so zabite ima problem.Si dojdovme doma i dadov jadese i merev tem.i dadov eferalgan sirupce i zaspa ,super bese do sabajleto stanuva place koga gledam prolivce.Ja spremiv i ja odnesov na lekar i kazuvame da doktorkata sto e ni dade uput i na infektivno,zakacila nekoj virus i plus i zagnoilo grlceto (fatila gnojna angina)ne zadrzija ni dadoa 1 infuzija i ne pustija,uste ne e podobra od vcera porucek nema tem,ama sega prodolzuva da ne jade dehidrira ima uste prolivce i slajmot nemoze da go isvrli,ja teram da povrati ama nemoze pa zatoa VE MOLAM ako znaete da mi kazete kako da go isfrli slajmot ili da go povrati za da pocne da jade,se macime 4 dena ni jade ni pie,se plasam da ne zavrsime na klinika

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 14:45:47   
caci20
Tedi, probaj so caj od bel slez. Ako ne ima eden doktor, ne mi teknuva imeto, kaj pazarceto Bunjakovec, velat za toa bil ekspert. Ti pokazuval kako i kade da ja potcuknes i da go vadi slajmot.

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот **Tedi**)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 14:48:38   
mami
Теди, млеко со прегорен шеќер проба? На тоа од Лука му се подобри грлото и го повраќаше шлаемот. И потопло млеко за да го стопи...
Или мачкај и свинска маст на градите- тоа ќе го олабави исто

(Одговор на членот **Tedi**)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 14:51:26   
mami
Аааа Цаци тоа се потчукнува со дланката свиена како С, и кога ја потчукнуваш да прави како вакум на грпчето и на тој начин го тера шлаемот да се одлепи. Најубаво е да ја легнеш преку колена, на меше и да ја потчукнеш

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 14:51:41   
big_mama817
а да пробаш со проспан сируп или да изрендаш кромид и од сокот да и даваш

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 14:52:45   
caci20
Da nesto taka bese user posted image

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 14:57:44   
Adrijana
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Аааа Цаци тоа се потчукнува со дланката свиена како С, и кога ја потчукнуваш да прави како вакум на грпчето и на тој начин го тера шлаемот да се одлепи. Најубаво е да ја легнеш преку колена, на меше и да ја потчукнеш


ubavo ti pisala mami, i koga ke ja stavis preku kolena, mozes pernica prvo da stavis, za da ne i e tvrdo, i glavceto da i e na ponisko. Go znam ova zasto imam lezano bronhopnevmonija, edno ceeelo leto, i me ubija od vakvo potcuknuvanje, ama pomaga, i plus da pie mnogu tecnosti, toa go omeknuva slajmot i polesno se isfrla.

_____________________________



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
19.2.2010 15:00:34   
mami
течности обавезно, ние си имаме секогаш проблем со шлаемот па тие денови е само на густи сокови и млеко топло...

Пробај густи сок од кајсија, некој домашен тие се погусти..мојон од таков одма повраќа се што има...па мајка ми му чува неколку шишиња за лекuser posted image


< Поракaта ја уредил mami -- 19.2.2010 15:01:19 >

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
21.2.2010 20:32:18   
Еца
Леле луѓе Мартина почна многу да кашла, дури и со опструкции, така да утре ке ја носиме и во Козлеuser posted image Ако издри, како кашла, може уште вечерва ќе отидемеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
21.2.2010 21:02:48   
mami
де ма еленче...аман веќе...ако ти треба некој да ја чува Мила кажувај, слободна сум цела недела...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
26.2.2010 22:09:38   
mother 29
и ние кашламе ,.не многу лошо.ама имаме црвено грлце...и си пиуцкаме лекоклар(так ни рече Др).....
цела зима издржавме,на крајот не фатиuser posted image брееееееее

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Настинка (течење нос. кашлање)
26.2.2010 22:12:23   
BEBICA
Of lele bre mother 29.Aj ke mu projde.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?