Mila mamicka
|
Луѓето што ме познаваат велат дека сум најорганизираната личност што ја знаат, па кога не можат да се снајдат со нешто, ме викаат на помош, за јас да организирам. Зборувам за секаков вид организација. Уште во школо, за се јас бев организатор, собирав пари, купував подароци за родендени и сл. Баш, минатата година, кога славевме 10 годишнина од матура, двајца школски си правеле муабет, и се прашале, а кој ќе организира од нашиот клас, и двајцата во исто време рекле, се знае Верица. И така и беше. На работа исто, другите колеги не се ни замараат да прашаат за нешто, знаат предвреме дека мене ми е веќе организирано, дали се работи за седенка, за собирање пари за подарок по некој повод и сл. Еве последно, ја организирав цела фирма и собравме многу пари со кои купивме разни продукти за донациите за поплавите. А за домашните обврски, се ми е организирано предвреме. Па дури и прошетките, излегувањата од дома, одењето по гости, и пречекување на гости, активности за време на викендите, се. Да не испадне дека сум некоја супер жена, ама организираноста ми е една од главните особини, што дури некогаш и ми преставува товар. Ама, не можам да се сменам, таква сум. Се е тоа во гените. Иста сум како мајка ми.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
|