|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Панорама од Македонија
25.6.2010 17:59:03   
jovanka
Со оваа тема сакам што подостојно низ слика и некој ваш коментар да ја претставиме нашата Македонија,сите места кој можат да се посетат и места кој вас лично ви оставиле впечаток дали се работи за некој манастир,споменик,природни убавини и се што е интересно за ден поминат надвор од нашите домови.
Св. Пантелејмон (1164 година), Горно Нерези

Mанастирот "Свети Пантелејмон" со истоимената манастирска црква се наоѓа во с. Горно Нерези, на планината Водно, на осум километри југозападно од Скопје. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.

Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен (1081 - 1118). За подигањето на црквата во 1164 година сведочи натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, а чија содржината вели:

"Се разубави овој храм на светиот и славен Великомаченик Пантелејмон со средства на господинот Алексеј Комнен син на перфирородна госпоѓа Теодора во месец септември индикт 13 година 6673 (=1164), при игуменството на Јоаникиј монах"
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Панорама од Македонија
25.6.2010 18:00:35   
jovanka
Кањон Матка

Кањонот Матка зафаќа површина од околу 5.000 ха и се наоѓа 15 км југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми - десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропаста со длабочина до 35 метри. Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни. . Од вкупниот број на 1000 растенија 20 % се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). На локалитетот Матка се откриени 2 нови видови на вистински пајаци и 5 лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперуди. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балканско ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Панорама од Македонија
25.6.2010 18:04:23   
jovanka
Манастир Свети Архангел Михаил
Првата манастирска црква во Берово е изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Осветена е во 1818 година, а на нејзиното осветување присуствувал и македонскиот христијански просветител Јоаким Крчовски.

За градењето на црквата и манастирот нема посигурни историски податоци, но едно е сигурно: градењето на црквата се одвивало под многу тешки услови. Еве што ни кажува една од легендите:

Во почетокот на XIX век Берово било селска населба со околу двесте куќи и само со една мала и дотраена црква. Затоа тогашните поугледни беровчани решиле да изградат нова црква на местото наречено Могила. Парохискиот свештеник, поп Пецо, бил задолжен да обезбеди дозвола за градба од Уќуматот што се наоѓал во Радовиш. Валијата дал дозвола за градба, но под многу тешки, речиси неостварливи услови. Имено, црквата да биде изградена ниско под нивото на патот и да не се гледа, градењето да заврши за четириесет дена, а поп Пецо, најмалата своја ќерка, Султана, да ја даде во харемот. Условите не ги обесхрабриле беровчани во нивната намера. Со голем труд и пожртвуваност на верниците црквата била изѕидана и покриена со камени плочи за четириесет дена. За да не биде забележлива, надворешниот ѕид бил премачкан со саѓи и со вар. Кога видел валијата дека црквата е изградена над земјата по истекувањето на рокот, многу се налутил, и наредил тројцата црковни настојници веднаш да бидат убиени пред црквата, а бидејќи Султана избегала во Ќустендил, поп Пецо бил затворен. Тој бил пуштен од затвор по три години, а неговата ќерка се вратила во Берово кога разбрала дека комитите го убиле валијата.

Темелите на првиот женски манастир во Берово се подигнати дваесет години по изградбата на манастирската црква (околу 1840 г.). Првите калуѓерки во манастирот биле снаата и ќерката на поп Ристо, зет на поп Пецо. Тие се замонашени со благослов на игуменот на Рилскиот манастир. Прва игуманија на манастирот била Евгенија I, втора Евгенија II, трета Евгенија III, а четврта игуманија е Евлампија, произведена во чин игуманија во 1958 година од првиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј. Во својот најголем подем, а тоа е во првата половина од XX век, манастирот броел и до шеесет монахињи, со развиена богата економија, богословско училиште, ткајачница. Првата монофазна хидроцентрала во овој крај била манастирската.
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Панорама од Македонија
25.6.2010 18:07:12   
jovanka
Национален парк Галичица

Националниот парк Галичица се наоѓа на истоимената планина која припаѓа на Шарско-Пиндскиот планински систем. За национален парк е прогласен македонскиот дел од планината во 1958 година поради особените природни убавини и исклучително богатата и ендемична флора и фауна.

Паркот е сместен помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и има меридијански правец на протегање. Зафаќа површина од 227 кмІ.

Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници дебели од 500-550 м, со сунѓереста структура и голема порозност.

Масивот има развиен релјеф со големи и длабоки долови и широко планинско било кое во јужниот дел на Галичица е со височина поголема од 2000 м. Таквиот релјеф и близината на двете езера овозможува посетителот за цело време да има извонредно долги и убави визури.

На Галичица владее блага умерено континетална клима, која е под влијание на големото количество вода од двете езера и топлите субмедитерански влијанија кои продираат преку релативно ниските планински превои во Албанија.

Покрај особените природни убавини и естетски вредности за Галичица е карактеристично тоа што претставува простор со еколошка интеграција од повисок ред и со се уште добро сочувана природна растителност во некои екосистеми.

Растителниот свет во Националиот парк Галичица е претставен со преку 800 видови , од кои голем број реликти и ендеми, чија крајна граница на распространување е токму планината Галичица. За одбележување е присуството на 11 досега откриени локални ендеми кои можат да се сретнат исклучиво на падините на Галичица, што претставува јасен доказ за специфичниот флористички состав на оваа планина. Треба да се истакне дека во моментов интензивно се вршат проучувања врз флората во националиот парк и постојат индиции дека бројот на ендеми е уште поголем.

Фауната на Галичица е исто така богата и разновидна. Точен податок за бројот на видовите на без'рбетници нема. 'Рбетниците се претставени со 170 видови од кои 10 водоземци, 18 влекачи, 124 птици и 18 цицачи.
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Панорама од Македонија
25.6.2010 18:08:38   
jovanka




Смоларски Водопади - близу Струмица
Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска река, десна притока на реката Струмица, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Панорама од Македонија
25.6.2010 18:11:00   
jovanka
Радовиш - Света Тројца - Црква

Црквата "Света Тројца" во Радовиш Македонија, (на половина пат помеѓу Штип и Струмица) е уште еден доказ за нашата љубов кон Господ. Црквата е изградена во последниве седум години, а е финансирана од страна на Македонскиот Бизнисмен Ристо Гуштеров. Црквата и дворот зафакјаат околу 5,000 метри квадратни. Фреските на црвата се изработени од Украинскиот професор, сликар Анатолиј Гајданака, а се базирани на Македонската Црковна Традиција
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Панорама од Македонија
25.6.2010 22:49:19   
Тања РР
Последните три ги имам посетено. Останатие би сакала да ги видам.

За Галичица немам зборови. Нејзината убавина кон крајот на мај го одзема здивот. Тогаш таму е рана пролет, вегетацијата е неверојатна, а ендемските видови растенија беа причината за мојата посета на оваа убавица. По неколкучасовно пешачење успеав да се качам на врвот каде сеуште имаше снег. Прекрасно!

Смоларските водопади- што да кажам за нив, често ги посетувам. Идеално место за да се избега од горештините.

Црквата во Радовиш искрено е премногу накитена за мој вкус. Но, тоа е само мое мислење. Треба да се погледне па да се суди.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Панорама од Македонија
26.6.2010 14:39:35   
jovanka
Пелистер - Национален парк

200 годишно Моликово стебло кое може да го видите на панорамата. Пелистер е името на највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2601 метар надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Република Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Според планинскиот врв Пелистер, е именуван и најстариот национален парк во Македонија кој го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.

Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древно (античко) македонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од рамнината Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“.

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно добро во Република Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 m). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав.

Со посебна природна привлечност се двете глацијални езера, Пелистерски Очи - Големото и Малото Езеро на Пелистер, исто познати како “Горски Очи”.

Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на НП Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - автохтон вид на петоигличест бор со терциерна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2200 метри.

Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од 'рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влечуги, 91 вид птици и 35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемична поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Панорама од Македонија
26.6.2010 14:41:09   
jovanka
user posted image
Св. Јован Бигорски - Манастир - посветен на Св. Јован Крстител

Св. Јован Бигорски - Манастир - посветен на Св. Јован Крстител

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Панорама од Македонија
26.6.2010 14:45:09   
jovanka
Свети Арангел (Архангел) 12 Век - Манастир - Варош, Прилеп

Сплотен и вгнезден во величенствениот гранитен камен над прилепскиот Варош, манастирот Св. Архангел се вбројува меѓу најубавите и најзначајните културни споменици и религиозни центри во Македонија.

Манастирскиот комплекс се состои од црквата посветена на свети Архангел и манастирските конаци коишто, изградени во XIX век од страна на прилепските еснафи, важат за пример на убавата стара градска архитектура. Во нив денес постои монашки живот. Во манастирскиот двор се наоѓа и светиот извор со лековита вода, посветен на света Богородица. Како негов ден се празнува првиот петок по Велигденските празници. Во манастирот, во неговиот двор и на тремот од црквата, откриени се траги од античко време. Исто така, на северниот каменен монолитен столб од споменатиот трем, се забележува натпис испишан со кирилски букви. Овој натпис, во кој се споменува смртта на Андреа, потекнува од 996 година и е втор по старост пронајден словенски натпис со кирилски букви. Најстариот е оној што бил врежан на надгробната плоча на родителите на цар Самоил. Тој е откриен во Преспа, а потекнува од 993 година.

Црквата Св. Архангел е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и отворен трем со камбанарија на западната страна. Својот денешен изглед, во голема мера, таа го добила во 1861 година, кога била обновена. Се претпоставува дека првичната црква била изградена во втората половина на XII век. За нејзиното подигање, како и за подоцнежните обновувања и доградби, постојат различни мислења и тези околу кои полемизира научната јавност.

Во внатрешноста на овој божји храм, во наосот, пронајдени се остатоци од фрески на кои биле претставени ликови на архиереи и остатоци од ѕид со фрески со насликани владетелски портрети. Се претпоставува дека тие, како и фрагментите од живописот од олтарната апсида и нишите од проскомидијата и ѓакониконот, потекнуваат од XII век. Во западниот дел на црквата откриен е и портретот на нејзиниот ктитор, монахот Јован.

Меѓу народот кружи легендата дека манастирот е изграден од страна на Крале Марко и неговиот татко Волкашин. За ова зборува и песната Волкашин и Марко.

Но, поради тоа што Марко ги градел црквите со големи зулуми, манастирот го фатила клетва и тој се разурнал. Една вечер на чесната жена Марија и дошол на сон свети Архангел и и наредил да го подигне манастирот. Така, легендата раскажува дека во 1861 година тој повторно бил обновен, а во работата на чесната Марија и помогнал народот варошки и прилепски.
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Панорама од Македонија
26.6.2010 14:52:38   
Viktori
Галичник- и се е кажано.....user posted image

< Поракaта ја уредил виктори -- 26.6.2010 14:53:16 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Панорама од Македонија
26.6.2010 17:55:03   
Martins mom
Манастирот Свети Јоаким Осоговски се наоѓа на околу 3 km североисточно од Крива Паланка, во прегратките на дабовата шума на Осоговските Планини, посветен е на пустиножителот и чудотворец св. Јоаким Осоговски. Основан е уште во XII век, познат и по името Сарандапор. Токму во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век живеел испосникот шсв. Јоаким Осоговски. Тогаш во овие краишта се подвизувале и прочуените св. Јован Рилски, св. Прохор Пчински и св. Гаврил Лесновски. Во непосредна близина на Крива Паланка (2 km од центарот) се наоѓа познатиот македонски манастир Свети Јоаким Осоговски, кој е стар 1003 години и е позната и доста посетена туристичка атркација. На 28 август секоја година во манастирот се одржува традиционалната прослава на верскиот празник Света Богородица на која доаѓаат и повеќе од 20000 луѓе од градот, околината и други градови од државата. Осоговието пред основањето на манастирот
user posted image

user posted image

user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Панорама од Македонија
8.7.2010 10:57:33   
jovanka
Плаошник - Св. Климент и Пантелеимон

Во близина на ранохристијанската епископска базилика во месноста Плаошник, на 11 август 2002 година свечено беше осветен новоизградениот храм Светите Климент и Пантелејмон. текст за легенда: Новоизградената манастирска црква Светите Климент и Пантелејмон според проектот на Тања Паскали од Заводот и Музеј на Охрид. Археолозите на Заводот и Музеј на Охрид планираат во Плаошник да ги продолжат ископувањата во текот на XXI век. Тие овој комплекс го сметаат за еден од најзначајните археолошки локалитети во Охрид и во Македонија и за едно од најсветите места кај целиот Словенски род. Плаошник во Охрид е археолошки локалитет кој припаѓа на разни периоди кои можат да се поделат на: Климентов, Предклиментов и Поклиментов период. По 530 години овде повторно се пренесени моштите на св. Климент Охридски, прв словенски епископ во 893 год. и основоположник на Македонската православна црква. Овде се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу македонските Словени, ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и "Пофалното слово за Кирил", ремек -дело на средновековната словенска книжевност. Меѓу археолошките остатоци во Климетовата црква Св. Пантелејмон се наоѓа и гробницата на свети Климент Охридски. Според житието на архиепископот Теофилакт за Климент Охридски, големиот словенски просветител оваа гробница ја направил со своја рака во која бил погребан во 916 година. Народното предание дека на ова место постои Климентова црква и неговата гробница, беше потврдено по првите археолошки ископувања во 1943 година, кога проф. Димче Коцо ги откри темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на св. Климент Охридски. Врз темелите на ранохристијанската базилика, од која се зачувани остатоци, била изградена црква со триконхална форма (лист на детелина), архитектонски облици какви што биле негувани во Климентовото и Наумовото време. Црквата била обновена во XII век, а потоа уште еднаш во XIII век. Понатака кон оваа црква биле доградувани капели, а во XIV век припрата и надворешна припрата со камбанарија. Фреските од првобитната Климентова црква од IX век не се зачувани. Фрагментите на пронајдените фрески, во текот на археолошките истражувања, им припаѓаат на три различни периоди на обновувањето и проширувањето на Климентовиот манастир. По доаѓањето на Османлиите, Климентовата црква била претворена во џамија, позната под називот Имарет џамија, која повеќе не постои. Врз археолошките остатоци на најстариот словенски манастир Св. Пантелејмон, кој во 893 година го изградил св. Климент Охридски, се наоѓа новоизградениот храм. Завршните ископувања во Плаошник во Охрид, археологот Маленко ги почна есента 1999 година по отстранувањето на остатоците на Имарет џамија. Целта беше да се овозможат услови за возобновувањето на Светиклиментовиот храм. Тогаш археологот Маленко ја откри крстилницата на петтокорабната базилика со кукасти крстови (свастики) на мозаичните подови кои потекнуваат од периодот меѓу IV и VI век. Се претпоставува дека ова ранохристијанска базилика во Плаошник врз која бил изграден Климентовиот манастир во IX век била посветена на Апостол Павле. Во Лихнид, денешен Охрид апостолот Павле Христијанството го проповедал во I век од нашата ера.
user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Панорама од Македонија
8.7.2010 10:58:55   
jovanka
user posted image
Струга - Црква Св. Богородица и Св. Петар
Струга - Црква Св. Богородица и Св. Петар

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Панорама од Македонија
27.4.2011 0:12:09   
Nadezna
user posted image user posted image
Манастир Успение на Пресвета Богородица -Матка Во 14. век, на левиот брег на реката Треска, на нејзиниот излез од клисурата е подигнат манастирот Матка. Името го добил бидејќи бил централен (матичен) за другите манастири и скитови што се наоѓале во овој дел од клисурата
Во црквата пред олтарот е поставена надгорбна плоча на христијанката Марија, со натпис од 1372 г. напишан на старословенски. Живописот е од 14. век, фрескописан од ученик на охридската школа. Над влезната врата има натпис во кој стои дека во 1497 г. г-ѓа Милица ја затекнала црквата без покрив, ја покрила, живописала, подигнала припрата и купила лозје за манастирот. Се споменуваат и нејзиниот упокоен сопруг Тошинко и синот Никола, како и тогашниот митрополит г.Атанасиј.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Панорама од Македонија
27.4.2011 0:15:01   
Nadezna
user posted image
STARA SKOPSKA CARSIJA

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Панорама од Македонија
27.4.2011 0:16:24   
Nadezna
 user posted image user posted image user posted image

На третата плажа во Градиште, Охрид, ме пречека Богородица. Затскриена убавина...

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Панорама од Македонија
3.8.2011 12:47:27   
zapce
Во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“ како и во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица, Дебарско.


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Панорама од Македонија
3.8.2011 12:54:24   
zapce
Археолошки локалитет Баргала-Штип
Баргала е еден од позначајните доцноантички градови во Македонија чие име етимолошки се врзува за реката Брегалница. Тој е лоциран на 12 км североисточно од градот Штип, во месноста Горен Козјак крај Козјачка Река во подножјето на планината Плачковица. Истражувањата на овој локалитет за првпат се започнати во 1966 год. под раководство на д-р Блага Алексова. Градот се развил од доцноримски воен логор (каструм), кој бил изграден како тврдина на граничниот појас меѓу провинциите Втора Македонија и Средоземна Дакија. По губењето на стратешкото значење Баргала прераснала во цивилен - епископски град. Во V век, а особено во времето на Јустинијан I (527-565), градот го достигнал својот врв, но кон крајот на VI век во неколку наврати настрадал од варварските инвазии кои го треселе Балканот. Градот не бил потполно напуштен меѓутоа опстојувал како неурбанизирана населба. Понатаму во средниот век се оформува нова населба чиј белег е црквата "Свети Ѓоргија" изградена кон крајот на втора половина на IX век. Околу црквата Св. Ѓорги е откриена некропола која според наодите егзистирала почнувајки од VII век.
Во текот на Втората светска војна најден е натпис на камена плоча во кој се споменувал градот Баргала и тоа биле првите почетни чекори за да се дојде до истражување на самиот град. Натписот, кој е латински, е датиран во 371 год. и содржи информација за градењето на градска порта во Баргала од страна на Антониј Алипиј, управник на провинцијата.



_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?