Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Патничките проливи или уште наречени и туристички дијареи, во последните години се во пораст, паралелно со порастот на бројот на патниците и туристите кои патуваат во други, првенствено во егзотични земји.
Етиологијата
Етиологијата на овие проливи не е потполно разјаснета, бидејќи во столицата на таквите болни само понекогаш се наоѓаат салмонели, шигели, ентамеба, дизентерија и вибрио колере. Според тоа, не се работи секогаш за патогени причинители, туку се во прашање повеќе бактерии и вируси кои не се сметаат секогаш за патогени. Во поново време е најдено дека некои видови на Ешерихија коли кои досега не се сметани за патогени, можат, под одредени услови да предизвикаат патничка дијареа.
Клиничка слика
Болеста најчесто се јавува после неколку дена од престојот во странска, првенствено недоволно развиена земја, а се карактеризира со појава на профузни проливи. Столиците се воденести, понекогаш содржат слуз, но никогаш крв. Во потешките случаи се јавува мачнина, повраќање, болки во стомакот и мускулите, па болниот е принуден да остане во кревет неколку дена. Болеста обично трае од два до три дена, но проливите може да се јават во атаки и да траат од една до две недели.
Терапија
Терапијата е симптоматска и се состои во рехидрација, вклучително употреба на синтетски антидијаретици, а антибиотиците треба да се употребат само доколку постои оправдана индикација.
Профилакса
Профилаксата се состои во употреба на вода за пиење само од затворени шишиња, избегнување на мраз кој е направен од обична вода, избегнување на термички необработена храна, во прв ред овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот треба да добро да се измијат пред конзумацијата.
Доколку нема можност да се конзумира вода од затворени шишиња, таа треба пред употребата задолжително да се преврие.
Антибиотиците и останатите хемотерапевтици не треба да се применуваат систематски во превенција на патничката дијареа бидејќи оваа профилакса не дава секогаш задоволителни резултати.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Рингерајки, време е на летни одмори, жештини, патувања, освен што се грижиме за проливчињата на нашите најмили, треба да се грижиме и за себе. Затоа пред да тргнете на летен одмор, внимавајте секогаш со вас да имате доболно течности, по можност вода флаширана, линекс или нешто слично. И среќен пат!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Многу ефикасен лек за пролив е чај од едно растение што го берат баба ми и дедо ми од село. Не знам како се вика, јас си ги викам „парички“. Таков е плодот, како суви метални парички Секогаш кога имам проблем варам чај, пијам една-две шољи и како нова сум. Ќе се распрашам за името на растението и ќе пишам.
Јас знам дека чај од сушена кора од калинка е многу добар против пролив, како кај деца така и кај возрасни. Ако му треба на некој кора од калинка нека ми пише имам едн куп дома. За секој случај
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...