Софиленд
|
Нашата приказна е многу долга за жал и не знам каде е крајот... Софија почна да кашла веднаш штом се врати од градинка уште на 24.12.2009 и веднаш ја однесовме кај матичниот лекар. Направивме анализи и брис од нос и грло и се уредно. Претходно и течеше носот со недели и матичниот лекар ни викаше дека ништо нема, само да ја следиме. Не сакаше да ни даде ништо. Пак ни кажа дека ништо нема, следен ден се влоши пак ја однесовме, и од тогаш буквално секој ден сме по болници За два часа крена висока Т и едвај дишеше, се се случуваше премногу брзо, градите свиреа, кашлаше тешко. Ја однесовме во Козле и ни кажаа дека детето има пнеумониа и дека се слуша тоа од километри. Рентген, вентолин, урбазон, панцеф....секој ден тапкање, трауми...После 14 дена терапија со Панцеф и Вентолин, рекоа дека е добра. Општата состојба и беше подобра, но некако не бевме сигурни дека е излечена. Не и направија никакви анализи да се уверат дека навистина е во ред. Следниот ден веднаш почна да поткашлува. На контрола пак, и пак ништо нема. И пак следен ден со влошена состојба во Козле. Друг д-р на смена кој ни кажа дека има ларингит Нова терапија, нови паники...Пак кај матичната, секој ден контроли, анализи, боцкање, брисеви. За викенд пак и се влоши состојбата, повраќаше секрет, се исцрпи скроз, без храна во желудник, само на лекови. Овојпат ја однесовме на Клиника за детски болести да и стават инфузија. Д-р ни рече дека има фарингит. Нова терапија, претходната не важи. Утредента кај матичната по упат, таа пак вика ништо нема, направете пак крвна слика и брисеви. Овојпат најпосле посериозен пристап. Брисот најпосле испадна дека е позитивен и дека има бактерија streptococca pneumoniae, а крвната слика во ни еден момент не укажа на било каква инфекција, а температурата не се симнуваше цела недела. Мислев дека конечно сме на некаков пат и дека сега ќе знаат докторите што точно лечиме. Ми рекоа дека бактеријата не е задолжително причинител на висока температура, туку да испитаме дополнително. Не прати матичната на Клиника за детски болести, пак боцкање, анализи, вриштење до тресење веќе. Детето од највесело сонценце стана истрауматизирано кое се плаши на допир од родителите. И така прегледи од 6 доктори кои се сведуваа на слушање, грло и толку. Софија после преглед се фати за уши и (по)кажа дека ја болат. Дали ви се верува дека на ниеден доктор не му текна да ни даде упат за на ушно? А таа до тогаш не се пожали на тоа конкретно...Н крај видоа дека двете уши и се воспалени и тоа на сред терапија со антибиотик. Сакаа да не задржат, ама заедно со носители на секакви вируси, вклучително и свински. А таа е веќе со толку ослабен имунитет, што не знеме кој пат да го фатиме И така сега лечиме којзнае што, со којзнае дали точна терапија зошто сега се разбуди со болки во уво, ама фала богу се смири, повраќа секрет, кашла до гушење и не знам ни до кога вака, ни каде веќе... Пропуштив доста грешки на докторите зошто поракава ќе немаше крај. Поздрав до сите мајки и мали сонценца и чувајте се!
|