|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Покани за свадба
8.10.2009 9:28:37   
mami
какви беа вашие покани? сами ги дизајниравте, одбравте од каталог? Свечени, обични, матирани, златни...денес има толклу голем избор...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Покани за свадба
8.10.2009 9:32:24   
mami
ние нашите ги правевме комплет сами...беа на дебела хартија во прљаво жолта боја, како оние старине писма знаете, порано што ги одвиткувале, со некој стар кириличен фонд напишано, во печатница само ни ги испечатија со црни букви и делуваа баш онака како што сакавме- старо, интересно, после само ги виткав во ролна и си врзував со тегет машничка. Баш беше интересно кога ги делевме, онака ко тутурутки свиткани, како во старо време кога пренесувале важни поракиuser posted image user posted image user posted image

user posted image

нешто како на сликава што е лево поканата без сликата од десно, деновиве ке ја скенирам и ке ви ја поставам


< Поракaта ја уредил mami -- 8.10.2009 9:42:31 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Покани за свадба
8.10.2009 9:49:17   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

поканите си ги правевме сами.Мм има пријател со печатница и купивме само хамер шампањ боја, тој ни ги штампаше без пари, текстот на поканите беше со златна боја и на крај секоја покана со машничка беше врзана.

Ден денес имаме урамена покана од свадбата која стои на полица да не потсеќа на прекрасната свадба што ја имавме.


ке видам сега ако имам некоја слика user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Покани за свадба
8.10.2009 11:05:34   
penelopa
Поканите беа приказна за себеuser posted image ...бидејки ние правевме и за регистрацијата и за свадбата посебно имавме и две врсти поканиuser posted image ...првите беа во бело шампањ боја со многу убав текст што сами го избравме...а другите во потемна шампањ на извлеквање со бела машна и бисерuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Покани за свадба
8.10.2009 11:06:16   
penelopa
Аха заборавив....и двете ги нарачавме од Делта прес во Скопје.

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Покани за свадба
9.10.2009 8:43:48   
profesorica
Еве како изгледаа напите покани за свадба

user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Покани за свадба
9.10.2009 9:41:53   
ripce
Еве ги и нашите покани, доста слични со оние на професорица колку што можев да забележам.
[URL=http://img134.imageshack.us/i/pa090170.jpg/][IMG]http://img134.imageshack.us/img134/3056/pa090170.th.jpg[/IMG][/URL]

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Покани за свадба
9.10.2009 9:43:19   
ripce
  • UploadMy ImageShack »
  • My Images
  • Videos
  • Albums
  • Slideshows
  • ImageShack Drive
  • Friends
  • Preferences user posted image [img=http://img134.imageshack.us/img134/3056/pa090170.th.jpg]

    < Поракaта ја уредил mami -- 9.10.2009 9:45:26 >

    (Одговор на членот ripce)
  • Непосредна врска до пораките: 8
       RE: Покани за свадба
    14.11.2009 19:26:54   
    mami
    “Поканата е нешто со кое идните гости за првпат се соочуваат со свадбата која сакате да ја приредите. Впечатокот што ова парче хартија ќе го остави на поканетите гости може значително да влијае на односот на гостите кон Вашата свадба”. Затоа внимателено со поканите!

    извор- Во бело

    (Одговор на членот ripce)
    Непосредна врска до пораките: 9
       RE: Покани за свадба
    17.2.2010 20:40:24   
    mami
    Нас голем проблем да речам ни беше текстот на поканата. Бидејќи сами си ги правевме немавме баш некоја претстава. Како гласеше текстот на вашите покани за свадба? Ајде да им дадеме идеи на идните невести и младоженци

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 10
       RE: Покани за свадба
    17.2.2010 20:42:52   
    April
    нашата покана беше како флаер за журка...многу интересна

    инаку мене многу ме нервираат правописните грешки кај поканите...user posted image

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 11
       RE: Покани за свадба
    24.10.2010 11:19:10   
    Natuska85
    Нашата покана ја правевме во Белла Вита во Мавровка и излезе баш како што си замислував.Еве да ја видите.......Моментот е запросувањето на гондолаuser posted image

    Кликни на лицата на луѓето за да ги означиш. user posted image

    < Поракaта ја уредил Natuska85 -- 24.10.2010 11:22:32 >

    (Одговор на членот April)
    Непосредна врска до пораките: 12
       RE: Покани за свадба
    24.10.2010 15:57:07   
    AnnaMolly RR
    Нашата беше ептен едноставна, таква сакавме. Беше крем боја, се отвараше и внатре имаше некакви шари со сребрено и со сиви букви пишуваше: Има денови кои траат кратко, но се паметат вечно. Ве покануваме заедно да ја прославиме венчавката на Ирина и Дејан на ден 19.09.2009. Ресторан Бисера. Прием на гости од 19-19:30. Толку. 

    _____________________________

    Live and let live

    (Одговор на членот Natuska85)
    Непосредна врска до пораките: 13
       RE: Покани за свадба
    12.9.2012 19:59:16   
    babyblue
    e pokanite bea obicni zosto ni trebaa mnogu a bea skapi, pa zemavme edni so srebrena ramka vo plikce i na niv pisuvase toa sto nie sakavme znaci samo ke ni pretstavuva zadovolstvo ako prisustvuvate na veselbata po povod stapuvanjeto vo brak na ...itn. e ubav detalj bese sto kupiv dve srebreni penkala i iminjata na gostite i brojot na masite go pisuvavme so srebrena boja ista kako pokanite.

    (Одговор на членот AnnaMolly RR)
    Непосредна врска до пораките: 14
       RE: Покани за свадба
    12.9.2012 21:16:08   
    kikicka
    user posted image
    Eве ги нашите покани,јас сакав да бидат убави,цената беше ОК и сите ги бендисаа!

    _____________________________

    Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

    (Одговор на членот babyblue)
    Непосредна врска до пораките: 15
       RE: Покани за свадба
    13.9.2012 8:24:00   
    miana

    ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

    Еве како изгледаа напите покани за свадба

    user posted image


    Profesorica,kade e slikata ?Nemozam da ja vidam ????

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 16
       RE: Покани за свадба
    13.9.2012 8:26:01   
    miana

    ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

    Нашата покана ја правевме во Белла Вита во Мавровка и излезе баш како што си замислував.Еве да ја видите.......Моментот е запросувањето на гондолаuser posted image

    Кликни на лицата на луѓето за да ги означиш. user posted image

    Nasite bea vakvi,samo bez gondola i materijalot i bukvite bea razlicni...
    Materijalot bese nekoa metalik,sampanj boja a bukvite ne znam kakvi bea ( ama ne bea crveni - sivi ili nesto taka) ,ke ja skeniram i ke vi ja pokazam.

    (Одговор на членот Natuska85)
    Непосредна врска до пораките: 17
       RE: Покани за свадба
    16.5.2014 8:50:03   
    Mila mamicka
    Нашите покани беа преубави. Беа во форма на ковчеџе, со бисер таму каде што треба да се отвори, и кога ќе ја отвориш поканата како на постоље стоеше парче хартија, свиткано и врзано со сребрено машниче. Такви покани прв пат ние порачавме затоа што беа нови, а богами и доста скапички (50 ден). Текстот јас сама си го смислив и беше нешто вака - Животот е како танго, само треба да го најдеш вистинскиот партнер и да знаеш како да го одиграш. Ние партнерот го најдовме, а нашето прво заедничко танго ќе го одиграме на ... ден и после податоци за ресторанот. Морам да кажам дека кога ги делевме поканите, сите беа воодушевени и од поканата и од текстот. А за кумовите, старосватите и деверот имав смислено посебен текст. 

    _____________________________

    Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

    (Одговор на членот miana)
    Непосредна врска до пораките: 18
       RE: Покани за свадба
    14.6.2014 0:37:19   
    Melanija RR
    user posted image
    user posted image

    _____________________________

    3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
    3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
    user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

    (Одговор на членот Mila mamicka)
    Непосредна врска до пораките: 19
       RE: Покани за свадба
    2.11.2015 15:22:07   
    Sunshine88
    Сами си ги направивме, како влезници за на концерт, театар....кој како сака...со дел кој се кине нели нормално...Имавме и наш бар код, пишуваше на нив се, кој каде треба да седи, локација на настанот, организатор итн. на делот кај што се кине, името на гостите, повторно местото, датум и време, и пиење и храна на наша сметка..А од другата страна им пишав текст, дека треба дотерани и со насмевка да дојдат...и дека секое ненавремено пристигање и недоаѓање е неоправдано

    (Одговор на членот Melanija RR)
    Непосредна врска до пораките: 20
    Страница:   [1]
    Страница: [1]
    Оди на:






    Анкета

    За доилки.
    пеперутка16

    Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?