Синдромот на полицистични јајници POS_Policistic Ovarian Syndrome е едно од честите хормонални пореметувања кај голем број жени во репродуктивната фаза (има цели студии и што се не на интернет, главно на англиски и хрватски јазик). Ваква дијагноза имав и јас и патем речено, се додека не се обидов да станам родител, истата воопшто не ме загрижуваше. Имено, познавав многу жени и девојки кои имаа ваква дијагноза, кои без никаков проблем станаа мајки, но тоа не беше случај со мене. Не можам да кажам дека имав долгогодишно искуство и долгогодишни обиди да забременам, но секако периодот од 2 години (обидувајќи се да станам мајка) за мене воопшто и не беше краток период.
Важно е дека УСПЕАВ, сега сум мајка на 11 месечно бебе, ќеркичка и мислам дека секоја секунда потрошена на обидот да станам нејзиното величество MOTHER, мислам дека вредеше за секој мој обид. И тоа замислете, како она од приказните, верував во чуда и чудото се случи- останав бремена по природен пат (без никакви IVF протоколи) и сл.
Имав многу безуспешни обиди да забременам во текот на 1 година од бракот, потоа уште една година бев подложена на разни протоколи за забременување (кломифени, пурегони, прегнили и сл), имаше овулација по вештачки пат, но бебе немаше

.
Потоа, јас работата ја зедов во свои раце, консултирајќи разни студии на Интернет, разни форуми и сл. и почнав (скоро целосно на своја рака) да пијам МЕТФОРМИН (лек за дијабетис тип II, иако јас не сум дијабетичар) кој ми помогна да си ги вратам овулаторните циклуси, и по 6 месеци пауза со секакви лекови (исклучиво метформин, намалување на телесната тежина за цели 10кг и пиење на чај ВРКУТА или МАЦИНА ТРАВА) јас останав бремена и ја имав најлесната бременост на свет и го родив моето најмило детенце.
Па, затоа драги пријателки, доколку на некоја од вас и треба било каков совет во врска со неплодноста поврзана со овој синдром РОЅ, би била повеке од срекна да ви помогнам.
Кога на свет ке донесете едно бебе,

се друго низ што сме поминале се заборава.
Поздрав до сите, се надевам дека како нов член не бев предолга и презаморна.
Димитрина