|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
3.12.2009 22:23:52   
ripce
Поплавувањето, претераната влажност и застојаната вода може да придонесат за појава на мувла во вашиот дом, што може да биде опасно за вашето здравје и за здравјето на вашето семејство. Кога ќе се вратите во вашиот дом, обрнете внимание дали има видлива мувла или дали мириса на влага. Веројатно ќе се појават големи наслаги на мувла ако куќата била поплавена подолго од 2 дена. Пред да го испланирате чистењето, запомнете дека не е секое лице погодно да работи во влажни и можеби мемливи услови. Проверете дали членовите на семејството и доброволците што се нудат да помогнат се чувствителни на мувла.

Што е тоа мувла?


Мувлите се еден вида на габи (како печурките) што во мали количества се присутни речиси насекаде во куќата и надвор од неа. Луѓето се секојдневно изложени на мувли без да имаат никаква штета од тоа. На мувлите им требаат органска материја (на пример, лисја, дрво, хартија или прав) и влага за да растат. Мувлата често има зелена, сива, кафеава или црна боја и произведува мемлив мирис. Најчестите видови куќни мувли се Alternaria, Cladosporium,
Penicillium и Aspergillus. Мувлите ослободуваат безбројни ситни и многу лесни спори што се пренесуваат низ воздухот. Тоа се случува кога мувлите
се активно вознемирени (при чистење) или во суви услови (кога куќата се суши). Ако материјалите и предметите на кои се нафатила мувла не
се отстранат или добро не се исчистат, големите количества спори од мувла што се присутни во воздухот може да станат опасни за здравјето на членовите на семејството што се чувствителни на мувла кога тие пак ќе се вселат во куќата.

Кој може да биде чувствителен на мувла?

Мувлата може да предизвика напад на астма и да влоши некои други болести на дишните патишта и алергии. Знаците зависат од количеството спори во воздухот на кои е изложено лицето, како и од тоа колку е лицето чувствително на мувла.
Следните лица треба да избегнуваат да бидат присутни кога се вршат расчистувања или поправки после поплава:
• Деца (помлади од 12 години, особено бебиња)
• Бремени жени
• Луѓе постари од 65 години
• Лица на кои им е ослабнат одбранбениот систем на
телото, лица со алергии, со тешка астма, со хронични,
опструктивни или алергиски белодробни заболувања.

Можни штетни последици по здравјето поради изложеност на мувла

Луѓето може да бидат изложени преку јадење, дишење или допирање на спори од мувла. На луѓето што се чувствителни на мувла може да им се растече носот, да им се надразнат очите, да почнат пискливо да дишат
или да им се надразни кожата. Кај луѓето што се алергични на мувла може да се јават тешкотии при дишењето и губење на здивот. Кај луѓето на кои им е ослабнат одбранбениот систем на телото и кои страдаат од хронични белодробни заболувања како што е опструктивното белодробно заболување, може да се развијат инфекции со мувла во белите дробови. Ако кај било кое лице се појават здравствени проблеми откако било изложено на мувла, побарајте лекарски совет.

Дали треба да извршам проверка за мувлa?

Не. Подобро е да претпоставите дека внатрешноста на некоја зграда е зафатена од мувла ако:
• Зградата била поплавена подолго од 2 дена.
• Се создале видливи големи наслаги од мувла (поголеми
отколку пред поплавата).
• Има видливи оштетувања од водата или има силен
мемлив мирис.
За да се спречи растењето на мувлата, најважно е куќата да се
исчисти и исуши колку што е можно поскоро (во рок од 24 до
48 часа).

Што треба да носам за да се заштитам од мувлата?

Ако само наминувате во вашата куќа за да си ги земете работите, да видите колкава е штетата или да извршите некое основно расчистување во текот на кус временски период:
• Носете цврсти обувки и гумени или кожени ракавици.
• Најдобро е обувките да бидат водоотпорни и да имаат гумени ѓонови.
• Обично не е неопходно да носите маска за дишење
освен ако сте чувствителни на мувла.

Чистење на мувлата

Ако планирате да останете некое време внатре во куќата, или ако намеравате да ги чистите мувлосаните површини, носете и капа за туширање, очила и специјална маска за дишење (респиратор) за да го спречите вдишувањето на спорите од мувлата. Ако боледувате од астма а намеравате да чистите, постојано имајте ги при рака вашите лекови против астма. Ако почувствувате било какви знаци на астматичен напад, веднаш побарајте лекарска помош.

Што ако носам маска за дишење (респиратор)?

Специјалните маски за дишење (наречени ‘P1’ или ‘P2’) се погодни за прочистување на спорите на мувлата од воздухот. Тие може да се купат во повеќето продавници за алат и опрема. Обичните хартиени маски за заштита од прав, џебните шамичиња или шамиите обично не се корисни за
прочистување на спорите на мувлата од воздухот. Пред да одлучите да ставите некаква маска за дишење, размислете за следното:
• Може да ви биде топло и неудобно додека ја носите маската.
• Ако маската не налегнува добро околу лицето и устата (на пример, кај луѓето со брада маската не може добро да налегне), тогаш нејзината ефикасност е многу помала.
• Маската за дишење не ги прочистува гасовите како што е јаглеродниот моноксид.
• Маската може да ви го отежне нормалното дишење, па затоа секое лице со претходно срцево или белодробно заболување треба да побара совет од лекар пред да користи маска.

Мерки за намалување на мувлата после поплава
Напорите за отстранување на мувлата треба да се сосредоточат на:
1. Отстранување на целата застојана вода или на прекумерната влага од домот.
2. Отстранување на сите мокри или од поплавата оштетени материјали и предмети, вклучувајќи ѕидни тапети, гипсени ѕидни табли, теписи, ќилими,
постелнина, душеци, мебел, полнети играчки, облека и други влажни или оштетени материјали што не можат на соодветен начин да се исушат или исчистат.
3. Отстранување на сите порозни материјали (на пример, материјали што се меки или лесно впиваат) на кои се појавила мувла.
4. Привремено сместување на оштетените или отстранетите предмети надвор од домот (на безбедно, чисто, суво место како што е шупата или гаражата)
5. Чистење и дезинфицирање на сите зафатени површининво куќата, вклучувајќи ги ѕидовите, подовите, кујната, бањата и пералната.
6. Овозможување куќата темелно да се исуши преку проветрување или преку активно сушење (на пример, со вентилатори или апарати за отстранување на влагата од воздухот).

Отстранување на мувлата
Прв чекор - чистење
Во многу случаи производите за чистење за домаќинството може да ја завршат работата ако се користат правилно. Проверете ја налепницата на производот за да видите колкаво количество да употребите, на кои површини може да го
употребувате, како и мерките на претпазливост при мешањето со други хемикалии Чистете ги собите една по една. Најефикасно е чистењето со две кофи: едната кофа користете ја за плакнење, а другата за средството за чистење. Плакнете ги сунѓерот, крпата за под или крпата за чистење во кофата со вода за плакнење. Цедете ги колку што можете повеќе и држете ги цврсто свиткани кога ги ставате во кофата со средството за чистење. Ако користите две кофи, најголемиот дел од валканата вода за плакнење нема да
стигне до кофата со средството за чистење. Менувајте ја често водата за плакнење. Нанесете го средството за чистење и оставете време да дејствува пред да го избришете со крпа или со сунѓер. Откако ќе исчистите една соба или еден предмет, пребришете го уште еднаш со средство за дезинфекција за да ги уништите клиците и за да ја отстраните миризбата од водата од поплавата. Ако средството за чистење што го користите не ја отстранува мувлата, обидете се со следниот раствор:
• 1,5 чаша хлор за домаќинството на 10 литри вода (колку што собира една кофа за домаќинството).

Втор чекор - дезинфекција

Дезинфицирајте ги површините со средство за дезинфекција. Или пак употребете:
• 0,5 чаша хлор за домаќинството на 10 литри вода (колку што собира една кофа за домаќинството).

Сушење на куќата


Кога ќе се вратите дома после поплавата, отворете ги вратите и прозорците за да овозможите куќата да се проветрува колку што е можно подолго.
Откако пак ќе имате постојана и безбедна електрична енергија, користете вентилатори и апарати за отстранување на влагата од воздухот за да ја исушите куќата. Климатизерите и централното греење користете ги само ако
не се оштетени и ако не биле загадени од водата од поплавата. Ако се
сомневате дека се загадени со мувла или со вода од поплавата, немојте да ги користите овие системи пред да бидат исчистени и проверени од квалификувано лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Никогаш немојте да го мешате хлорот со амонијак, со средства што содржат амонијак, ниту со било какво друго средство за чистење или прашок за перење. Немојте да користите раствор на база на хлор за чистење алуминиум, површини од челик што не рѓосува или линолеум. За нив користете прашок за перење за домаќинствата.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
13.12.2009 15:22:09   
mami
кај моите дома, од незнам што..во еден од ќошевите на мојата соба отсекогаш има мувла. Така е со години..што се не правеа, и го мачкаа ос незнам што, и го рушеа горниот слој, ама ете си стои и нема абер да се тргне, не ми сметаше, само што лошо изгледапа во тој ќош секога стоела некоја повисока полица или некои кутии..сега  почнала нагоре да оди па татко ми и се спрема летово да го отвори целосно тој ѕид и наново да реди цигли..

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
24.12.2009 8:27:31   
ripce
Мувла – дамките од влага во вид на мувла треба што е можно побрзо да се отстранат.

Од кориците на книгите може да се отстрани со смеса на 10 gr хидроксид и 50 gr амонијак. Оваа смеса внимателно се нанесува на секоја дамка, а кога дамката ќе исчезне, исчистените места пребришете ги со крпче натопено во дестилирана вода.

Доколку мувла се појави во фугите на керамичките плочки, отстранете ја со течно средство за отстранување на печатни грешки во дактилографија. Секоја фуга премачкајте ја со мало количество од тоа средство – тоа делува брзо и брзо се суши. На крај плочките измијте ги на вообичаен начин.

Од тепихот ваквите дамки се отстрануваат со помош на вински оцет.

Од хартиените тапети дамките од мувла отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од мувла на прекривките за маса и ткаенините обидете се да ги отстраните со млеко. Потопете ја извалканата ткаенина или само тој дел кој е зафатен со мувла во топло млеко и оставете го да стои неколку минути. Потоа исперете го и оставете го да се суши.

Од свилата дамките од мувла се отстрануваат на два начина. Доколку свилата е обоена со постојани бои, дамките натопете ги со чист шпиритус во кој се става малку амонијак. На крај свилената ткаенина измијте ја со топла вода. Дамката од мувла истотака може да се отстрани и со благ раствор на амонијак.

Од мебелот од кожа дамките од мувла се отстрануваат со внимателно триење на извалканото место со стаклена хартија. Ако на кожата после чистењето остане посветло место, натопете го со вода во која претходно се вареле ореови лушпи.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
24.12.2009 10:53:05   
profesorica
леле и кај свекрва ми се јавува таа мувла на зидовите од влажност. и многу се оросуваат прозорите.лани кога зивеевме кај нив зимата се појави и свекрва ми многу се плашеше од тоа.заради Дамјан.

леле ова ме заинтригира ќе го препрочитам убаво кога ќе имам време.

рипче user posted image user posted image user posted image за темава.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
22.1.2010 17:13:04   
niki
 Мувла и влага, два збора од кои ми се крева косата деновиве. Немавме поплава, ама имаме влажна клима и во последните 10 дена секојдневни поројни дождови и само вчера малку сонце. Прво ми се појави влага во спалната соба, ја исчистив и ај таму ја очекував бидејќи спалната не ја топлиме. Денес, во собата на ќерка ми, на сите три ѕида капки вода ко да паднала роса и одвратен мирис, а по цел ден се грее собата само навечер откако ќе заспие го исклучуваме греењето. И тоа денес бришев, но се мислам какво решение да најдам, таа пак ќе се вратиuser posted image .
Гледав некои реклами за некој си апсорбирач на влага. Всушност ги има различни, во пластични кутии со некои кристали слични на морска сол кои ја апсорбирале влагата од воздухот или некои врекички со некои си топчиња којзнае од што ли се направени. И се прашувам дали вреди да се земе?! Не се скапи, но не ми се достапни, треба да ги нарачувам и сл.
Ако некој користел нешто вакво, молам да подели искуство, можеби има и некое друго решение.
Навистина сум на сто ума.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
6.2.2010 18:46:33   
delfinka
mnogu dobri informacii
jas primetiv kaj svekorot deka se pojavila muvla i bas sakav da otvoram tema ama vie ste biöe brzi:))

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
7.2.2010 21:46:48   
topce
јас имав мувла во собата, кај моите родители, од кога ги ставивме прозорците што дихтуваат.и мајка ми крена паника невидена.првата година мацкавме со мрсна боја, ништо не помогна само полесно се бришеше. наредната година направи целосна изолација со стаклена волна и со гипс на надворешниот зид и мувалата ја снема.Истиот проблем ни се појави и сега арно ама јас убаво си се рапрашав зашто собите ни се мали и не можевме да правиме целосна изолација со гипс.И дознав дека зидовите треба да се премачкаат со три раце хидро мал, така се вика средството и тоа прави изолација.Значи процесот е следен: прво се гребе зидот, за да се ичисти мувлата и потоа се мачка со хидро мал, се чека да се изуши, летно време за 2-3 саати е суво, не мириса, потоа се премачкува уште 2 пати.Е сега ако се мачкале хоризонтално потоа мачкате вертикално и пак хоризонтално.И потоа можете да варосате или пак може да ја зголемите изолацијата со 5цм стиропор кој служи како супер изолатор. Ова е пробано и функционира.Ама моја препорака е цели зидови да ги премачкате за влагата да не си најде пат па на средина на зид да излезе. Хитромалот оди со средство за растварање, како млеко е и 5л од млекото и 5кг хидромал чинат 2.500 денари.

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
8.2.2010 8:24:49   
niki
Топче, хидромалот го мачкаш еднаш за секогаш или на секое ново варосување треба да се премачкува одново?

Јас случајно најдов во супер маркет од тие апсорбирачите на влага и купив два. Полни се со некои кристали кои мирисаат на морска сол, демек ја собирале влагата и се топеле, кога ќе се истопат, се става ново пакување кристали. И сега чекам да видам дали ќе има некое подобрување.
Газдава вели дека куќата има изолација, но ние влага имаме. Секако многу голем удел има влажната клима, но подеднакво ме излудува и хидромал сама ако треба ќе премачкам за да го решиме ова.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
8.2.2010 8:38:41   
topce
го мачкаш еднаш за секогаш.зидот станува црн, сив од него кога ќе го премачкаш па затоа мора и да варосаш.изгледа како бетон.ние дома не ставивме стиропор и не е тој дебел 5цм тоа сум го утнала, нема ни 2 цм, и еве цела зима супер испадна.во план ми е летово и другата соба исто да ја направам чисто превентивно. user posted image user posted image user posted image .значи можеш и сама да го средиш нема некоја филозофија не мора мајстори да чекаш, ама препорака е зидот да биде сув значи на лето на олку влажно време ништо нема да постигнеш и со хидромалот.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
8.2.2010 9:14:05   
niki
За стиропорот знам, татко ми лепеше и потоа и стиропорот се варосува, па не се забележува, само мали деца го чепкаат и ронат па од тој аспект треба претпазливо со него. Да е моја куќава и јас би излепила, но бидејќи не се знае до кога сме тука не би се впуштала во таков подвиг.
Едвај чекам да дојде март и да се качат малку температурите, до тогаш ми нема никаков спасuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
4.4.2010 8:21:02   
nataly_13215
bravo za temava se zapisav me izvadi od tak ova muvlata i pokraj toa sto ne se pojavila 4 godini sea so bebusov se pojavi na celata strana kaj sto ima prozori me izlude epten

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
4.4.2010 9:00:01   
caci20
Ne e reklama ama na Ajde doma gledav deka vo kompanija Velkovski ima nekoe sredstvo sto se macka kako boja i toa sprecuva muvla.

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот nataly_13215)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
27.5.2010 9:50:48   
Палешка РР
Имате слушнато за поплава во зграда на 2 -ри спрат? Е тоа го има само во Прилеп user posted image
Од толку фушарски што ја направиле зградата, вчера од што миев чинии им се поплави кујната на два стана под мене user posted image Па сега треба да стружат, да варосуваат, да перат...а мене ми е срам пред очи да им се појавам, ни крива ни должна user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
27.5.2010 9:59:12   
niki
Хихи, ние сме на први спрат, не ги поплавуваме комшиите ама ние редовно си се поплавуваме. Грциве цевки за одвод  во ВЦ  прават од цевки за кафе изгледа. Ако се затуширам троа подолго немат капацитет да истече водата и обавезно излегува вода низ онаа дупката на подот, када ако наполнам за да ја испразнам мора само малку да ја отворам тапата иначе одма поплава. А и заби и раце кога миеш ако не затвориш чешма дур се четкаш или триеш со сапун пак поплава. user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
27.5.2010 10:21:13   
belabela
Investitorive denes stedat na materijal vo gradbite.
Tie namesto da stavat se kako sto treba se stedi i posle se javuva vlaga tece isl.
Materijal za hidroizolacija e bimizol no bidejki e dosta skap stavaat samo terplast kako poeftina varijanta a treba da se upotrebat i dvata materijali za hidroizolacija,a dokolku e nadvoresna se stava i i uste eden tip na materijal.
Ama toa e ne se odi na kvalitete se gleda sto poeftino da gi kosta gradbata a sto poveke pari da si zemat od m2 .

Vnimavajte od koj kupuvate stan.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
11.6.2010 10:33:24   
Maca25
Гледам дека во купатило по фигите на плочките се појавила мувла. Пробав со доместос да ја исчистам ама ништо, дел се тргна, дел остана. Ај некој ако знае да ми каже со што да ја исчистам. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот belabela)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
11.6.2010 10:38:41   
niki
Јас овде чистам со еден препарат кој е еквивалент на солна киселина, тој најдобро ми отстранува и нема потреба ни од триење веднаш ги трга флеките дури и на зид. Попрскувам, оставам минута и плакнам и бришам со сува крпа.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
11.6.2010 10:45:26   
Maca25
Треба да побарам по поголемиве маркети, сигурно има некое средство против мувла, ваљда измислиле такво нештоuser posted image . Сигурно ќе биде и многу скапо, ама пак здравјето на моето дете е бесценето.

Во куќата на моите многу често се појавуваше влага на прозорите, ама беше нова градба па требаше време додека се се стабилизира. Сега ја нема, но во спалната ма моите се појави мувла и тоа од еден ѕид кој бил изложен на дожд. Куќата има супер изолација, ама ете се случува  и тоа. Сега го санираа тој проблем.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
11.6.2010 11:11:21   
topce
SAVO за мувла, така пишува на него во тинекс маркетите за 255 денари.
пробано функционира топ прави цело купатило.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
11.6.2010 11:15:10   
Maca25
фала топче!!! Ќе го купам уште денес

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
19.1.2011 15:55:02   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: Adrijana

Ме интересира, дали сте имале мувла во домовите, по ѕидовите и ќошињата и како се справивте со ваквиот проблем?
Причината поради која прашувам е тоа што и ние го имаме истиот проблем. Нашата соба се наоѓа на северната страна и еден ѕид е целосно изложен на студот, а од внатре е доста топло, и тоа се идеални услови за кондензација и создавање на мувла. Пробавме да ја исчистиме со разни препарати за мувла, но дејството трае само неколку недели и потоа пак се создава. Не советуваа деловите од ѕидот кои фаќаат мувла да ги премачкаме со мрсна боја. Што мислите вие?


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
19.1.2011 16:01:33   
mila mama
Моја пријателка имаше ист проблем, на неа и беше фатено ќошето (дел од таванот и ѕидот. Знам дека ставија изолација од надвор (беа на најгорен кат па беше возможно), после го предлетуваа зафатениот дел и варосаа со 2-3 раце боја. Сега изолацијата не им дозволува повторна таква појава.


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
20.1.2011 8:24:27   
anedespo
Izmijte gi zidovite so rastvorena soda bikarbona. Samo toa. 

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
20.1.2011 10:00:39   
Maca25
Ова сигурно ќе им помогне на многу домаќинки. Јас го имам овој проблем со машината за перење, но еве најдов решение.

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта


Алиштата после перењето наместо убавиот мирис на прашокот за перење можат да имаат непријатен мирис на мувла, доколку таа се појавила во машината за перење. Како да се отстрани овој проблем и да се спречи неговата појава?
За отстранување на мувлата во машината за перење применете ја следната постапка: ставете ¼ шолја сода бикарбона во празна машина и пуштете ја на програма со најсилна температура (90°C). Сода бикарбоната и високата температура делуваат деструктивно на мувлата која се појавила во внатрешноста на машината. Ист ефект се постигнува и доколку наместо сода бикарбона ставите една шолја алкохолен оцет или белило.

Како да се спречи појавата на мувла во машината за перење?

Не ги оставајте испраните алишта подолго време во машината, бидејќи влагата во нив може да предизвика појава на мувла. Исто така, не треба да се оставаат да стојат нечисти влажни алишта долго време во машината.

Треба да се знае дека идеални места за појава на мувла се влажните и непроветрени места. После секое перење во машината се задржува одредено количество вода, кое во услови на отсуство на проветрување може да доведе до појава на мувла. Затоа, после секое перење оставете ја вратата на машината подотворена, за да се овозможи проветрување на внатрешноста

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 20.1.2011 10:02:12 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје
22.5.2011 22:25:56   
tinush
супер маркет од тие апсорбирачите на влага и купив два. Полни се со некои кристали кои мирисаат на морска сол, демек ја собирале влагата и се топеле, кога ќе се истопат, се става ново пакување кристали. И сега чекам да видам дали ќе има некое подобрување.

Ники во кој супермаркет се продаваат овие апсорбирачи и дали ти помогнаа?
Знае ли некој друг?

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?