|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Пролив
25.9.2009 20:07:41   
mis.
Колку често кај вашите најмали се јавува пролив и како се справувате со него?
Пред извесен период Стефан имаше пролив и му дадов чај од оние парички барем така го знам јас.Тоа е како ратсение како трн како да го опишам што се дава кај пролив и повраќање и кај нас се покажа како многу корисен.Веднаш му се стабилизира столицата.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Пролив
25.9.2009 20:23:28   
Еца
Кога и да има Мартина пролив чајот од паричките и помага, не и давам никакви лекарстав, повеќе супа, течности и ќе помине. Да паричките се всушност трн и неверојатно ефикасни против пролив. Треба да учиме малку повеќе од постарите за тоа како се лекувале некогаш.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Пролив
25.9.2009 20:46:27   
Палешка РР
Тие парички се викаат чалија и ги има најмногу во околината на Прилеп. Ако ви затребаат тука сум user posted image
А навистина помагаатuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Пролив
26.9.2009 12:34:25   
mother 29
jas mu davam lineks i od edna kapsulka mu pominuva,od kade znaete kolku od tie parickite da stavate za cajot?!

na kolku ml voda?!imase problem edna mama,si go bese predozirala deteto.....

mene,licno, takvi raboti mi e strav da mu davam,dodeka jas ne procitam upatstvo(kako,kolku),nema sansi!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Пролив
26.9.2009 12:35:50   
mami
абе чај како чај..колку ставате нане? има посебно упатство кога варите? или камилица? исто и со паричките, барем нас мајка ми така ни варела секогаш, а за Лука не сум сфарила до сега, нема потреба, но ако има некогаш исто ке ставам

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Пролив
26.9.2009 12:37:11   
mother 29
pa tie se vo filter vrekicki?!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Пролив
26.9.2009 12:37:52   
mami
не, зборував за обино, домашно сушено нане или камилицаuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Пролив
26.9.2009 12:39:57   
mis.
mother 29 и мене ми беше страв но му помина од него па си викам штом му помина зошто да не.Па отприлика ставам десетина парички на 200 мл вода а може и повеќе и не гледам некоја лоша реакција.А какви проблеми и се јавија?user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Пролив
26.9.2009 12:40:22   
Палешка РР
Јас ставам, одприлика, 2 парички во 100 мл. вода.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Пролив
26.9.2009 12:43:40   
mis.
аауу јас изгледа претерувам но со 2 како вода ќе биде

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Пролив
26.9.2009 12:44:52   
Палешка РР
Па за бебе кажувам...така и правиме на внука ми. Инаку за син ми ставам по 4 на 100 мл вода, ама тој е голем user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Пролив
26.9.2009 12:44:59   
profesorica
Јас одприлика ставам да ја покрие водата одозгора.Ваљда се околу 5 на 100 мл.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 26.9.2009 12:46:08 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Пролив
26.9.2009 20:12:40   
natasha
i jas go praktikuvam cajot od paricki,kako i cajce od kalinka,se pokazal kako dosta efikasen....

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Пролив
27.9.2009 15:20:49   
Tanja K.
Kade moze da se najde toj caj od tie paricki,I dali moze da se dava na bebe.od 40dena.Denes prv pat imame prolivce i zatoa cel den mi e taka kenkava.Sita,soblecena,suvai pak mi placese.Taa si imala maka.Ve molam za pomos,ako s epovtori pak.

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Пролив
27.9.2009 17:39:22   
Палешка РР
Мислам дека е многу мала за ваков чај Тања. Најдобро давај и од чаевите што се наменети за таа возраст. Ако ти треба за понатаму јас ќе ти испратам.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Пролив
27.9.2009 19:50:38   
Tanja K.
Fala paleska na informacijata.Inaku toj caj od koja vozrast se dava?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Пролив
27.9.2009 20:03:06   
mis.
Taња К. па јас на Стефан на 10 ипол месеци му дадов и нема никаква реакција а проливот помина.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Пролив
1.11.2009 10:43:26   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: anica

Роден првиот лек против дијареа кај деца

Од третиот месец од животот може да користи нов лек против дијареа кај деца. Се работи за интестинална антисекреторија на база на рацекадотрил, а се зема исклучиво на лекарски рецепт.

Лекот има многу брза реакција, и резултатите од употреба се одлични, како што беше потврдено од страна на француски истражувања, спроведени врз 172 деца погодени од акутна дијареа.

Според експертите, без оглед на добрита толерантност кон лекот, треба да се користи само во случаи на сериозни дијареи, и по консултација со лекар.

Извор: www.italiasalute.it


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Пролив
1.11.2009 18:13:23   
mother 29
вчера имаше малку поретко како,па помислив дека ке го фати проливче ама добро е ..ништо не му е .денес му е нормално

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Пролив
1.11.2009 23:07:04   
Tanjicka
edno prasanje, kakva stolica treba da ima bebe od nepolni dva meseca? Luka celo vreme ime tecna stolica, vo red li e toa, i dali toa se racuna kako prolivce?

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Пролив
1.11.2009 23:11:49   
Mila na mama
Душо,
Ако Лука и е само на доење тогаш столицата ќе му биде златножолта и полутечна. не се секирај тоа не е пролив.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Tanjicka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Пролив
2.11.2009 14:37:21   
mis.
Стефан како новороденче имаше доста течна столица и мислев дека е пролив и го однесов на педијатар бидејќи траеше доста долг пеиод а и патронажната сестра беше збунета.Ми кажа дека е најнормално.Така беше до неполни месеци кога почнав со сокчиња и му се норализира столицата.Така да тањичка не се секирај мислам дека е нормално бидејќи не си единствена со таква ситуација.  

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Пролив
16.12.2009 8:21:41   
Еца
Пред некој дознав дека чајот од лушпата на калинка неверојатно помага при пролив, како за деца, така и за возрасни. Кога ќе ја излупите калинката лушпата не фрлајте ја, туку оставете ја да се исуши и кога ќе ви затреба направете чај. Линекс не ви е потребен. Јас сум кога може за овие природни лекови, не сум многу за хемијаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Пролив
20.1.2010 20:12:46   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Пред некој дознав дека чајот од лушпата на калинка неверојатно помага при пролив, како за деца, така и за возрасни. Кога ќе ја излупите калинката лушпата не фрлајте ја, туку оставете ја да се исуши и кога ќе ви затреба направете чај. Линекс не ви е потребен. Јас сум кога може за овие природни лекови, не сум многу за хемијаuser posted image


Еца проверено дека делува user posted image Овие две недели кога не фати некој стомачен вирус прво мм сега и мене, да не смееш од дома да излезешuser posted image user posted image едно чудо лекарства испивме ама вирусот не сака така лесно да не остави. Варев чај од калинка и за него и за мене, само малку интересен вкус има јас се тегавам кога го пијам, не ми е баш по кеф, ама пусти маки мора се да правиш за да помине. user posted image user posted image user posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Пролив
20.1.2010 20:14:33   
ripce
Под акутна дијареја се подразбираат најмалку три течни празнења на цревата во период од 24 часа. Конзистенцијата на празнењата е многу поважна од бројот на празнењата, посебно во раната доенечка возраст, кога има празнење по секое хранење и детето добро напредува. Ова се т.н. постпрандијални проливи и не се заболување. Освен акутни проливи , постојат и хронични, кои траат повеќе од 3 недели.

Акутните проливи можат да бидат предизвикани од инфективни агенси (вируси, бактерии, габи, паразити), тоа се т.н. акутни инфективни проливи, но исто така можат да бидат и од неинфективна етиологија (хируршки болести, грешки во исхрана, инфекции на уринарен тракт, воспаление на белите дробови и др.) Дури до 80 отсто од инфективните проливи во детска возраст се предизвикани од вируси. Овој факт е многу значаен за терапија на акутните инфективни болести.

Акутните инфективни проливи во слаборазвиените земји се една од најзначајните причини за заболување и смрт на доенчињата и децата. Во тие земји, во летните месеци доаѓа до појава на летен бран на доенечки проливи (заради поволни услови за размножување и ширење на патогени бактерии). Во развиените земји овој летен бран на доенечки проливи не постои.

Акутните инфективни проливи почнуваат нагло или постепено, често и како тешко заболување. Основен симптом е појава на течни измети, кои некогаш може да имаат примеси на крв (дезинтерија) или на слуз. Поголем број од децата повраќаат, а тие што не повраќаат, одбиваат храна. Чест симптом е и надуен стомак (метеористичен), посебно кај малите деца. Инфективниот пролив може, но не мора да биде проследен со покачена температура.

Постојат две главни опасности од проливот: смрт и потхранетост (малнутриција). Смртта поради акутниот пролив најчесто е предизвикана од губење големо количество вода и соли од телото. Таа загуба се нарекува дехидратација. Телото обично ги користи водата и солите преку внесување напивки и храна. Кога цревата се здрави, водата и солите од цревото минуваат во крвта. При пролив, цревата не работат вообичаено. Во крвта поминуваат помали, а од крвта во цревата поголеми количества вода и соли. Тоа губење на вода и соли води до дехидратација. Таа настапува кога губењето е поголемо од внесувањето. Колку повеќе епизоди на дијареја детето има, толку повеќе губи соли и вода. Дехидратација може да настане и поради повраќање, кое често ја придружува дијарејата. Дехидратацијата настапува побрзо кај доенчиња и мали деца, во сува и топла клима и кога детето има покачена температура.

< Поракaта ја уредил ripce -- 20.1.2010 20:15:16 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?