|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Рогам инјекција
10.2.2010 21:08:22   
lilit
Сакав да ве прашам дали знаете дали сега треба да ја примам Рогам инјекцијата или по породувањето.Инаку ова ми е втора бременост и сум 28 недела .Читав на интернет дека се прима во 30 недела а може и по породувањето.Ке ја прашам и докторката ако некој знае нека пише фала.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Рогам инјекција
10.2.2010 21:31:05   
jovanka
Se prima vo sedmi mesec i po poroduvanjeto vo rok od 48 casa se zavisno od krvnata grupa na bebeto.ja i so dvete bremenosti ja primiv vo sedmi mesec i po poroduvanjeto.
Vo slucaj i na abortusi taa se prima kako preventivno.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Рогам инјекција
10.2.2010 21:48:42   
mother 29
jAS  vo 26 nedela primiv Rh-imunoglobin(rogam) iako nemase potreba(mi bese 1  i imav uredni cooms testovi).Marko se rodi RH + I  vo rok od 72 h(kolku pobrzo tolku podobro,jas ja primiv istiot den,popladneto otkako se porodiv)  uste edna doza Rh -imunoglobini.Ja kupiv na privatno, i potoa so potvrda od remedika ,demek ja nemale na zAliha ,pa jas moralo da ja nabavim i potvrda od mat.ginekolog, fondot mi refundirase del od parite.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Рогам инјекција
10.2.2010 21:54:37   
lilit
Ви благодарам и на двете за одговорот.И мојот Марко е Rh +.A каде ја даваат на клиника или приватно можно е да се породувам приватно олколу 90% се шансите за Ре медика колку ја плати ти мотхер ако можеш да ми кажеш

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Рогам инјекција
10.2.2010 22:02:58   
Cacko
pri prva bremenost moze a i ne mora(jas ne ja primiv so Elena koga bev trudna  a ni koga se porodiv posto bese negativ Rh)
ama pri vtora bremenost bez ogled na kums testot mora da ja primis vo 27-28 nedela i vo zavisnost od krvnata grupa na bebeto po poroduvanje.

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Рогам инјекција
10.2.2010 22:05:33   
mother 29
лел да ме утепаш незнам колку беше точно....околу 4-5 илјади ,а рефундираа двеuser posted image така нешто...........мм ми ја купи од градска -Кочани и им ја однесе ремедика,тие ме боцкаа само...зашто знам ако ја земеш од таму (ремедика)не можеш да рефундираш..вака демек немале ремедика ,па ти на приватно од аптека си ја купила(така да си побараш,ако одиш таму да се порагаш,зашто тие во секој случај ке ти понудатод кај нив да ти ја наплатат).само побарај си ја порано...најди си пријател во аптека да ти ја чува и да очекува кое време ке му кажеш дека ке помине некој по неа..дека знам кога јас се порагав 2007 имаче дефицитна рогам!па ми ја чуваа во аптека

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Рогам инјекција
10.2.2010 22:08:57   
lilit
Фала на сите за одговоритеuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Рогам инјекција
12.2.2010 8:44:20   
gvenda
Sega mene nesto ne mi e jasno jas sum rh negativen i maz mi isto doktorot mi kaza deka nema potreba da pravam kumsovi bidejki sme negativ i dvajcata
e sega me interesira dali treba da primam inekcija i dali bebeto ima sansi da e pozitiv izgleda ne a?
Bidejki sum sega 27 nedela  pa se uspaniciv dali treba da primam ili ne
Ve molam objasnete mi kako na g...user posted image

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Рогам инјекција
12.2.2010 8:49:56   
mother 29
затоа што мм ти е рх -,нема потреба за кумсови ,нит за рогам....бебето може, иако многу мал е  процентот да носи др рх фактор(бо овој случај-позитивен),во тој случај ти ке примаш инекција..после породувањето ке му ја испитаат крвната груп и рх факторота(ако заборават ,ти потсети гиuser posted image )
ете јас на пр. носам рх фактор на баба ми , а крвна група на мајка ми.позззззззз и немаш место за паника 

(Одговор на членот gvenda)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Рогам инјекција
12.2.2010 11:17:50   
gvenda
Fala ti mnogu mother29 za superskiot odgovor  veke neznam so ovie ispituvanja samo nesto novo doznavam a tolku ne ise ide po lekari i ispituvanja neznam najverojatno od strav ama se nadevam se ke bide ok
Pozdrav

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Рогам инјекција
12.2.2010 12:00:52   
ananikol
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilit

Сакав да ве прашам дали знаете дали сега треба да ја примам Рогам инјекцијата или по породувањето.Инаку ова ми е втора бременост и сум 28 недела .Читав на интернет дека се прима во 30 недела а може и по породувањето.Ке ја прашам и докторката ако некој знае нека пише фала.


Lilit,jas sum sega 27 nedela(vtora bremenost),no uste na pocetokot na bremenosta mi bese kazano deka vo 30-tata nedela ke go primam Rhogam bez razlika kakvi ke bidat rezultatite od ispituvanjata na krvta koi ke gi napravam slednata nedela (28 nedela).

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Рогам инјекција
12.2.2010 21:20:18   
Sandric
Ne moze deteto da e RH- ako i ti i maz ti ste Rh- 

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Рогам инјекција
11.3.2010 22:34:18   
ananikol
Vcera ja primiv Rhogam vo 30 -tata nedela i  sega ke ja primam i po poroduvanje do 72 casa.

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Рогам инјекција
17.5.2010 16:34:01   
Sandric
Jas sakav da prasam dali i posle raganjeto ja primi inekcijata?

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Рогам инјекција
17.5.2010 17:15:40   
riba79
jas sum rh - a mm e rh + koga bev trudna (pred 6g) rogam inekcija primiv vo bolnica vo rok od 72 casa zasto malata e rh+.
ako zenata e rh- i mm e rh- ne treba da se primi taa inekcija.pozdrav se nadevav vi pomognav malku.

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Рогам инјекција
11.12.2014 14:09:56   
lolla RR
Се сеќава ли нкоја дали за повраток на средства до ФЗО за оваа инекција треба извештај од трансфузиологија? На тој образецот го пишува и тоа (извештај од специјалист), а вчера кога прашав на трансфузиологија ми рекоа тоа со матичен гинеколог. Од кај гин ми дадоа потврда дека морам да ја примам и сум ја примила, и имам фискална и сметкопотврда и дали ке е тоа доволн?

Инаку примив Имунорхо 300 инекција, цената и е 2868 денари и ја има во Зегин и Виола.

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Рогам инјекција
12.12.2014 19:55:43   
lolla RR
Само да си пишам дека од ФЗО ме вратија од шалтер, дека од скоро барале и извештај од трансфузиолог за повраток на пари за инекцијата. Па сега уште да видам дали може тоа да ми го дадат од трансфузиологија, се надевам дека нема да имам проблем. Ако не, здравје боже. Може и така ке ги поднесам ако не успеам да земам извештај, па како биде така.

Ако во меѓувреме некоја има друго инфо, пишете.


(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Рогам инјекција
18.12.2014 13:55:21   
lolla RR
И да надополнам конечно, за во ФЗо треба и извештај од трансфузиолог дека препорачува инекција и плус треба картонче од крвна група или тестот копија. Искрено мислев да баталам за 2500 денари ама ко за беља испадна пак да морам да одам па зедов и тоа.

Морам да ги пофалам од трансфузиологија како излегоа во пресрет, ги контактирав преку контакт форма и беа многу услужливи, алал да им е.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Рогам инјекција
18.12.2014 15:12:13   
Melanija RR
Зошто да не,таа инекција одсекогаш ја покрива здравството .Одлично инфо за некој ако има потреба

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Рогам инјекција
18.12.2014 16:14:05   
gina
za sto se prima ova inekcija dali ima vrska so krvnata grupa

lolla kako kontakturase so transfuziologija ?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Рогам инјекција
18.12.2014 16:18:26   
lolla RR
gina, таа инекција се прима во 28 недела доколку си РХ негативна крвна група а мажот ти е позитивна крвна група.

Трансфузилогија имаат свој сајт и таму има контакт, па таму им пишав. Не ми се верува сеуште дека толку излегоа во пресрет.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Рогам инјекција
18.12.2014 17:16:19   
gina
lolla moze li stranicata da mi ppratis vo pp i taa sto bese za zdrava bremenost nisto ne mi stigna

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Рогам инјекција
19.12.2014 9:50:43   
Malecka23
A moze info kolku se plaka sega na transfuziologija.Mene pred dve god mi napravija problem posto imav kr.grupa veke odrena pa se nategavme pa pominav taka.Ama ne bev vo FZO za refundiranje na parite.Sega treba da odam posle n.godina me interesira so se krvna grupa so se kolku se plaka i kolku vreme se ceka za termin

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Рогам инјекција
19.12.2014 10:33:43   
lolla RR
Malecka, мислам беше 290 денари без разлика дали ти одредуваат и крвна група или не, мене првиот пат не ми ја одредуваа а вториот пат замолив за потврда, и исто платив.

За термин се чека околу месец (барем кај мене беше така), ама може и со приоритетен, пак не е проблем.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Рогам инјекција
23.6.2015 16:58:08   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30

Здраво женски, незнаев каде да го ставам постов па си реков ај тука,но можеби ке треба и нова тема да отвориме под наслов ЖАЛБИ И ПОФАЛБИ НА НАШИОВ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ.
А и, уште од одма да ви Се извинам за постов бидејќи ќе биде долг.
Еве вечера ми прекипе ми идеше да мавам некој со стап, ама хормониве што вријата во мене само ме тераа на user posted image .

Значи пред некоја недела (бидејки тогаш влегов во 28-ма), а сум Рх- добив приоритетен упат од мат гинек за 8-ми септември на трансфузиологија да направам Cooms - тест и да примам Иммуно ро инекција (Рогам или како и да се вика во зависност од производителот). Одам таму околу 9 ч гузва невидена еден куп старци во едно тесно чекалниче, без вентилација, времето жешко пекол, значи не се дише. Сетрата на шалтер ми вика дека сум со приоритетен упат, да почекам ако не дојде некој на закажан термин јас да влезам. И така јас си чекам едно 2 часа, брзина на преглед 1 пациент на 30 мин, и сите дошле на закажан преглед. Си викам ови стариве кој со мака, ама кој си дошол да си направи муабет со докторов. Мислам таму внатре нема никаква апаратура, освен анамнеза ништо друго не прави докторов, а прегледов по 30 мин, и така јас си чекам, па и ми се слоши бидејки како што кажав ние трудниците осетливи на миризба, а вентилација нема. Докторов само си излегува и си чита од списочево и си влегува, на крај ми прекипе и му викам дали може да ме прими бидејки веке два часа чекам, а он ми вика оди во следнава ординација кај колегата. Одам јас таму исто гужва пред врата, и пробувам да влезам кога една старка ми се испречи пред врата и почна да ми вика, дека неможело да влезам, дека она чекала имала закажано и на друго место ке пропуштела термин итн итн. И на крај останав да чекам уште едно пола час за на крај да се испостави дека докторов од вторава ординација преку сестринската соба си здувнал и никој нема таму, за џабе си чекаме. И после уште едно пола саат ме прими овој докторов од првава ординација, и после се останато по шалтери за плаќање, зимање крв заврши за 20 мин. Во 14 часот одам по резултати и право кај матичнава да ми аплицираат Иммуно Рхо инекцијата која приватно си ја купив од аптека околу 2900 ден.
Е ама сега за заебанцијата да биде поголема, за да рефундирам пари од ФЗО, освен фискалната и сметкопотврда од аптеката кај што сум ја купила инекцијата и потврда од кај матич гинек дека ми е аплицирана(вака беше пред 4 години со мојата прва бременост), требало да одам на клиника за гинекологија и таму да ми издадела некаква потврда-извештај. И така јас закажана таму во 17 часот одам и сетрата ми вика дека докторката без резултати од трансфузиологија нема да ме прими (a резултатите ми останаа во досие кај матичната), од тука пак се вратив кај матичната по резултатите и пак на клиника. Таму 18 часот живо пиле нема, почекав едно пола саат за да ме примат, а мислев само ке ми издадат потврда, ама не морало и на ехо пак да ме прегледаат (читај меѓу редови да ти земат 150 ден партиципација), а кај матичната пред неколку дена бев на редовен преглед. Ај бидна и тоа ми издадоа извештај дека сум Рх- и дека треба во 28-ма недела да примам РХ- профилакса (што всушност јас и ја примив веќе). Така значи цел ден од 09,00 до 19,00 јас си се акав по болници.
На крај ги спремив документите и ги поднесов Во ФЗО-Скопје , за вчера да ми кажат дека извештајот од гинекологија не бил добар бидејки докторката пишала дека треба да примам “ РХ- профилакса“ а требало да стои дека треба да примам “Рх (Д) имун глобулин“. И сега треба да ја барам пак на докторката на гинекологија и нејзина добра воља со пенкало да го допише ова што го бара ФЗО, да се потпише и да удри печат. Па мајку му што може да биде Рх- профилакса освен да примам Рх (Д) имун глобулин инекција , нема што друго да ми дадат. Мислам неписмени, како ги искомплицирале и избиократизирале процедуриве што да ви кажам, само за да не ти рефундираат пари. Па прашањето ми е зошто бе секој месец да ми одбиваат од плата за здравствено осигурување кое евидентно е дека не функционира. Незнам што е следно, мислат јас на моја рака си се боцкам со инекции, можеби треба и снимка од г*зот да направам како ми ја аплицираат инекцијава, случајно да не лажам вака најубаво ке им докажам дека сум ја примила инекцијава.user posted image
А и ова чекање по болнициве со секаква раја, па мајкуму како трудници треба да имаме некаков приоритет при прегледиве, не да се мешаме по чекалните со разни луге, вируси, бактерии.... Ама не стрикно они си се држат до е-здравство, треба малку флексибилност, а на овие старциве ако не им напишеш дека трудници имаат предимство, ќе те заколат по чекалниве ако им влезеш преку ред.

Поздрав и ви препрачувам на сите идни трудници да си се набилдате со трпение и челични нерви.




_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?