|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Св. Валентин или Св. Трифун
27.1.2010 19:33:16   
caci20
Sto slavite toj den? Go obelezuvate li nekako? Mene iskreno i dvata mi se ubavi i povrzani. Ljubovta i vinoto odat zaedno.

< Поракaта ја уредил Enika -- 27.1.2010 21:44:54 >
Непосредна врска до пораките: 1
   Св. Валентин или Св. Трифун
27.1.2010 19:35:27   
Sandric
Ич не го сакам Валентајнuser posted image много ми е искомерцијализиран некако.....а плус и не е наш празник

< Поракaта ја уредил Enika -- 27.1.2010 21:45:15 >

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
27.1.2010 23:49:23   
Anushka
на 14 февруари, јас си славам годишница на брак. Инаку, прво (цел ден) Св. Трифун, а после, при легнување, Св. Валентин.

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
27.1.2010 23:54:28   
jovanka
srekna godisnica Anuska
da si go pocituvame toa sto e nase hristijansko

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
27.1.2010 23:56:48   
S*B*
и јас сум за тоа што си е наше наше сие .

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 0:02:25   
Annabel
ММ го слави Св.Валентин - он купува поклон, а јас Св.Трифун - јас купувам виноuser posted image

(Одговор на членот S*B*)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 8:45:38   
vezilka RR
Јас го почитувам Св. трифун, овој култ влече многу стари корени во Македонија, уште од антиката кога на овие простори бил многу силен култот кон Дионис кој бил заштитник на виното. Св Валентин нема корени на овие простори, но поводот за славење е многу привлечен па затоа луѓето го прифатија. Иначе ние тој ден имаме роденден на моето зетче, и секоја година на тој ден сме таму на частенка..

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 9:05:01   
Еца
Пред да го запознаам мм ги одбележував и едниот и другиот, но сега само Св.Трифун. Обавезно му подарувам вино и му кажувам да ни се трупа уште многу љубовuser posted image Сепак на вљубените - изгубенитеuser posted image Св. Валентин им дава нова искра во љубовната врска. Потсетете се само додека сеуште бевте во врска колку ви значеше да добиете подарок од дечкото,а овој ден им е создаден за тоа. Сепак со време сфаќаме дека наше си е наше и традицијата останува да си го славиме нашиот убав празник Св.Трифун и тоа излезени со сопругот некаде на вечера, а со неа добра чаша виноuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 9:07:58   
profesorica
со мм не одбележуваме ни едно ни друго

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 9:17:17   
arh_diz

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

со мм не одбележуваме ни едно ни друго

Potpis

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 15:49:57   
kopriva
Ич не го сакам Валентајнuser posted image много ми е искомерцијализиран некако.....а плус и не е наш празник



во право си дај држете се до традицијата св.Трифун се знае што треба да се  слави


(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 15:58:26   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Јас го почитувам Св. трифун, овој култ влече многу стари корени во Македонија, уште од антиката кога на овие простори бил многу силен култот кон Дионис кој бил заштитник на виното. Св Валентин нема корени на овие простори, но поводот за славење е многу привлечен па затоа луѓето го прифатија.


потпис

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
28.1.2010 23:35:48   
Bogdancanka
mm slavi sv.Trifun a jas nistouser posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
31.1.2010 16:01:23   
angels
user posted image hihihi od dvete po mnoguuuuu.....i mnogu ljubov a da ne zboruvame za pienjetohahahaahahahhahah

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
31.1.2010 16:05:04   
melody
Ovaa godina samo Sv.Valentin.Dojam seuste i nesakam da pijam alkohol.

(Одговор на членот angels)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
31.1.2010 16:10:23   
Bitolcanka
Лани бевме на почеток од нашата врска и имав подарок за дечко ми, но тој искоментира дека не го смета Св.Валентин за наш празник, така да оваа година не му купувам ништо. Ќе си го прославиме заедно св.Трифун user posted image сами или со дрштво. Инаку иако не е наш празник, мене ми значи. Има убав повод и зошто не би примениле нешто ново user posted image Ако гледаме така и 8 март е празник на жената/мајката (не на девојката), па му се придава големо значење кај нас и се подарува на секоја припадничка на понежниот пол, без разлика дали е девојка или жена. Значи, не мора да има посебен повод и причина да покажеме љубов, внимание или да подариме нешто. Убаво е кога секому, со или без причина подариме user posted image Не не чини ништо, но многу значи (и најтврдокорниот човек знае да возврати).

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот angels)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
31.1.2010 16:22:58   
pacuvce
Ние на овој ден пред 9 години си разменивме прстени со мм и си дадовме збор...user posted image Па јас си го славам тоа...Значи ниту Св.Валентин,ниту Св.Трифун...

< Поракaта ја уредил pacuvce -- 31.1.2010 16:23:21 >


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
31.1.2010 23:20:58   
mami
Никогаш не сме го славеле Валентин, едноставно не е наш празник, и не се ни секавам дека од некој дечко претходно сум добила подарок на овој ден- тоа секогаш а и сега со мм е некое испиено вино- добро, порано беше повеќе виноuser posted image user posted image а сега си одиме на вечера или си ја правиме дома и си пиуцкаме винцеuser posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
2.2.2010 8:28:24   
natasha
Pa i dvata praznika na nekoj nacin vo sebe sodrzat ubavina ,blagodet..jas si gi praktikuvam i dvata

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
2.2.2010 8:37:17   
BILJANA_G
Ne proslavuvame ni eden od ovie praznici,no definitivno sum za Sv.Trifun sepak toj e fristijanski praznik.

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
2.2.2010 12:54:42   
Mammy
Сите празници се христијански, има само православни и католички..



_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
2.2.2010 13:29:22   
Bibi_S
На 14 фебруари јас и мм ја започнавме врската и многу ми значи тој ден, така да тогаш ги славиме двата празника.
Од љубов сме пијани user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Every cloud has a silver lining

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
2.2.2010 14:13:56   
BEBICA
Црвени шеќерни срца за Св. Валентин


Се ближи 14 февруари, ден кога некои ќе го слават православниот празник Св. Труфин, некои ќе го слават католичкиот празник на вљубените Св. Валентин, а дел ќе се обидат да направат спој. Ако вие сте од оние што ќе ја слават љубовта, сигурно веќе размислувате за подарок или изненадување за вашиот партнер. Ви предлагаме да направите црвени шеќерни срца и убаво завиткани да му ги подарите на вашиот сакан. Нема да погрешите ако ги искомбинирате со црвено вино. user posted image Црвените шеќерни срца со чоколадо се совршениот десерт за Св. Валентин. Состојки

3 шолјибрашно ¾ ч.л.прашок за пециво ¼ ч.л.сол 1 шолјапутер или маргарин (да не е солен) 1 шолјашеќер 1 ч.л.црвена прехранбена боја 1јајце (изматено) 1 с.л.млеко
шеќер во прав 100gбело чоколадо Подготовка

Оставете го путерот малку да омекне на собна температура. Промешајте ги во сад брашното, прашокот за пециво и солта. Оставете ги настрана. Во друг длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Мешајте со миксер додека смесата не добие светла боја. Додајте ја црвената прехранбена боја, изматеното јајце и млекото мешајќи. Потоа ставете го миксерот на помала брзина и постепено додавајте од смесата со брашното додека мешате. Ќе знаете дека смесата е готова кога ќе почне да се одделува од ѕидовите на садот. Поделете го тестото на половина, завиткајте ги двата дела во мрсна хартија и ставете ги да отстојат во фрижидер 2 часа. Напрскајте ја работната површина и сукалото со шеќер во прав. Извадете го едниот дел од тестото и сукајте го додека не достигне дебелина од 6-7mm. Често придвижувајте го тестото и не дозволувајте да ви се залепи (ако е потребно, дополнително напрскајте со шеќер во прав). Треба да бидете брзи, затоа што тестото не смее да се стопли (затоа го поделивте на два дела). Од тестото исечете парчиња со помош на калап во форма на срце (треба да добиете околу 35 колачиња). Поставете ги колачињата на плех обложен со мрсна хартија за печење и ставете ги во претходно загреана рерна на 200°C. Оставете да се печат додека не почнат малку да потемнуваат, но не дозволувајте да почнат да стануваат кафеави (потребни се околу 7-9 минути). Извадете ги и оставете да се изладат. Сега доаѓа интересниот дел. Стопете го чоколадото на пареа (или на тивок оган постојано мешајќи) и оставете го малку да се излади. Ставете еден дел од чоколадото во готварски шприц со многу мал отвор (ако немате, земете мала кујнска најлонска кеса и со ножица сечете многу мал дел од едниот агол – 1 до 2mm). Со нежен притисок нанесувајте од чоколадото врз колачињата. Можете да избирате помеѓу декорација во вид на напречни линии или декорација во вид на точки со различна големина (како на сликите). Ако имате наплив на креативност, испробајте и некоја своја идеја. Можете да користите и комбинација од бело и темно чоколадо. Пред да преминете кон консумација или виткање на подарокот, оставете го чоколадото да се стврдне. user posted image user posted image Совет Наместо прехранбена боја можете да користите поквалитетна боја за јајца од пореномиран производител. Ако сепак немате доверба во боите за јајца што се продаваат кај нас, тогаш побарајте прехранбена боја во некоја поснабдена слаткарница или во поголемите маркети.



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Bibi_S)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
2.2.2010 17:08:30   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
Инаку, прво (цел ден) Св. Трифун, а после, при легнување, Св. Валентин.


Хахаха така е најдобро...љубовта треба да се слави секој ден, а не само на 14 Февруари...порано разменувавме подароци, сега некако ми е подрагоцено ако е без повод.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Св. Валентин или Св. Трифун
3.2.2010 12:19:47   
ripce
Не славам ни Св. Валентин, ни Св. Трифун, ќе славам Прочка.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?