Felly RR
|
АЈде малце да ја активираме темава, веќе имаме и повеќе ученичиња на форумов, па со тоа и повеќе искуства, и повеќе совети. Јас веќе почнав да се загрижувам со М - многу тешко ни оди повторувањето дома. Воопшто не може да задржи внимание на нешто, кога учиме стихотворба таа обавезно прави и нешто друго, јас и објаснувам нешто, ја прашувам, таа скока по кревет, се занимава со нешто др, а никако да се внесе само во она што го работиме. Не дека имаме проблем, таа и на училиште ја научува пола стихотворбата дома треба само малку да се повтори за да ја знае убаво, ама и тоа малку повторување нејзе и е напорно. Воопшто нема концентрација, учиме денес на пр - помало за 10, поголемо за 10 (тоа работеле на училиште) и ја прашувам, кое е поголемо за 10 од 25 - одговара 35, потоа, кое е помало за 10 од 25 -и ми одговара единаесет и пет. Броевите што знаеше да ги пишува во градинка, сега и се заборавени, домашната гледа да ја напише во 5 минути, и да ги спакува тетратките, и ако ја натерам да вежба, одма се буни, и е тешко. Ако и речам со убаво, гледам дека си изморена, ајде остави сега, после кога ќе бидиш поодморена, кажи ми и ќе учиме тогаш - одма почнува со инает - неee ко ми велиш сега, мора сега да учиме, ајде прашувај ме... Имам пробано исто со убаво со тивко, не налутена, да и кажам, па добро, ако не ти се учи, ако не сакаш да бидеш одлична ученичка, не мора дома д а повторуваш, па не може сите ученици да бидат одлични. И пак никако не реагира, не и е гајле. Јас сега со мало бебе немам баш мн време да бидам нешто креативна, да смислувам како на поинтересен начин да ја заинтересирам, и да и всадам желба за учење. Затоа добредојдени ми се секакви предлози. Знам дека малце и од револт го прави тоа - кон бебето не покажува никаква љубомора, ама покажува револт кон нас, дека не сме ја пофалувале никогаш, дека не ни било грижа за неа, само бато сме го гледале (што нормално не е вистина). Денес дури и ја исплескав по газот, К плачи а јас и давам нејзе да јади, и ја облекувам. И исто како со учењето морам да ја викам на секој залак, и на крајот се налутив го тргнав тањирот, и и свикав, - бато плачи, искакан е, газето му се вцрвува, го боли, а јас го оставам него за тебе да ти дадам да јадеш и да те облечам, и после за кого не ми е грижа!!! Малку ги измешав темите, ама поентата ми беше дека и други работи што сама ги правела претходно сега мора некој др да ги прави за неа. Знам дека е уште мала, и дека е нормално играта да и е поинтересна од учењето, ама се плашам дека како што ќе почне, ќе и останат такви навиките, и ќе ни биде многу тешко да ги смениме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
|