|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Старо ново кумство
2.6.2009 11:42:34   
mami
Како беше кај вас? имавте стари кумови- оние што биле кумови на вашиот сопруг или т.н. старо кумство или си најдовде веднаш нови? Кај нас прво се јави мм кај стариот кум да го праша дали ке сака да ни биде кум и нас, да ја продолжи традицијата  и откако овој љубезно го одби- си имаше причини човекот- баравме нов т.е. другар негов од војска со кој многу се дружат...
Некогаш по овој повод избиваат и кавги...како поминавте вие?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Старо ново кумство
2.6.2009 13:08:56   
Палешка РР
Ух,

Имавме стари кумови кои не венчаа и кога бев во 9 месец, дојдоа кај нас и го откажаа кумството со образложение дека ќе се селат во Германија, но вистинската причина беше нивниот развод. user posted image

И тогаш се најдовме во паника, детето ќе се роди, а нема кум user posted image
Но затоа се другарите, user posted image user posted image user posted image
Веднаш најдовме кум, кој ни го крсти Марио
Сега истиот е благовремено известен за кумчето кое е на пат и предупреден дека не смее да се разведува user posted image user posted image user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Старо ново кумство
2.6.2009 13:11:02   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image добро предупредување сте му далеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Старо ново кумство
2.6.2009 13:47:51   
Natasha5
Маж ми имаше стар кум.За свадбата го поканивме како што е редот(постара личност за разлика од нас) ама таков е редот нели?.Тој не сакаше да ни каже дали ке дојде, не викаше ниту ке идам ниту не идам,а свадбата се наближуваше.И што ке правиме?Не факаше паника зашто кум не се наога лесно треба и кумот да се спреми.Па ајде некако многу кратко пред свадба кажа дека не иде па ние ај по потрага  по нов.Се разбира другар од маж ми,млади луге наша генерација ,за срека прифати.Супер се.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Старо ново кумство
2.6.2009 14:09:11   
Julie1
Случај на мој братучед. За свадба си имаа старо кумство и кога им се роди синчето имаа желба да се вика Петар, арно ама кумовите сакаа Мартин и рекао ако не прифатите име Мартин откажуваме кумство. И братучед ми викаше тогаш ќе треба да се спремам за преговори како Македонија со Грција, и така си растурија кумство, најдоа нови кумови и си го крстија синчето по нивни кејф Петар. Ви се верува во 21 век што се случува...

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Старо ново кумство
2.6.2009 14:15:51   
mami
ајдееее...вакво нешто првпат слушам, мене ми е тоа глупаво...кумот треба да ти биде најдобар другар, човек со кого ке се посоветуваш, ке се разбереш а не да тераш инат...нашите знеја дека појма немаме какво ке биде бебето па со тоа и дека не бираме име, имавме неколку комбинации кои им се допаднаа и само кога требало да дојдат на мекици му се јавиле на мм да им каже име за да  не ја грешат работата, им кажал и коментарот бил- одлично име, нема потреба да се мисли друго..ама да растура кумство заради име???тоа ми е крајно бесмислено

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Старо ново кумство
25.9.2009 9:00:36   
mami
какво е вашето кумство? старо, наследено или ново, вие си почнувате традиција? какви се искуствата со старите а какви со новите кумови?


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Старо ново кумство
25.9.2009 9:08:44   
Еца
Старо кумство, но сега нас ни беа синот и снаата. Можеби да имавме некој другар повеќе ќе се гледавме, меѓутоа и тоа не е мерило. Знам еден случај најдобри другари, едниот му стана кум и потоа како се да се промени од корен, сега само се гледаат за родендени, слави и такви работи, па?user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Старо ново кумство
25.9.2009 9:14:46   
profesorica
Ново кумство.Другар-беќар на мм со кој многу добро стоиме.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Старо ново кумство
25.9.2009 9:35:33   
Cacko
Novo kumstvo.Ustvari mm im se javi na starite kumovi da pobara blagoslov za da imame novi kumovi(taka se pravelo).A inace kumot ni e najdobar drugar na mm uste od predskolska vozrast,znaci prijatelstvo koe trae preku 30 god i mnogu ni se super so kumata

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Старо ново кумство
5.11.2009 12:07:00   
ananikol
Blazesi vi na site sto imate novi kumstva bidejki vie ste gi birale licnostite so koi ke gi pominuvate site veseli momenti vo zivotot.
Kaj nas za zal ne bese taka,se pojde kaj kumovite so nadez deka ke odbijat bidejki se nemaja videno mnoguuu dolgo vreme aj da ne kazam od krstevka.I, pazi prifatija,epa sto e- tuka e.Pomina svadba,pomina krstevka,gi vikame na PRVIOT rodenden za sinceto (togas ne bevme vo dobri odnosi so sveki) i so obrazlozenie deka da ne se naljuti sveki ako dojdat tie nema da dojdat za prviot rodenden nasvoeto kumce.user posted image user posted image user posted image .
Ajde kaj nas velat da ne se zameris so kumovite-necinelo,i gi pokaniv za imenden na kumceto-nedojdoa.Za vtoriot roenden nedojdoa,isto i za imendenot i za tretiot rodenden i imenden -istoto,mestoto na kumot prazno.I veke mi bese dosta rekov ako ima gospod neka gleda i neka sudi nee do mene nisto i od togas odluciv dek tie sigrno nema da bidat kumovi na sin mi kako ke dojdi vreme da se zeni,neka si odberi nekoj svoj drugar so koi ke gi deli site ubavi momenti od zivotot.

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Старо ново кумство
5.11.2009 12:15:35   
mami
е тоа е веќе претеризам...мене ке ми беше мило да прифатеа и старите кумови, бидејќи ги запознав уште пред да стане збор за свадба, ми се видоа многу фини, дружељубиви, керките се возраст на мм- така што немаше да биде непријатен јаз на генерации, но не прифатија, кум ни е на мм другар од војска и ги обожав и него и кумата

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Старо ново кумство
5.11.2009 19:41:30   
Bogdancanka
Ние имаме старо кумство кумовите ни се од Ск поточно од Марино,и баш ми е мило кумата е една година постара од мене а кумот неколку години постар од мм и супер се согласуваме.Исто така на нашиот кум родителите им биле кумовци на свекор ми....

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Старо ново кумство
6.11.2009 16:31:51   
nadica
имаме старо кумвство кое трае мн генерации се гледаме за слави имендени празници и толку

фини се добро стоиме но некако ја нема близината што би требало да ја има

ние сме кумови на наши другари(старите им откажаа) и тука е веќе поинаку се гледаме често децата ни се врсници се слушаме скоро секој ден ... супер ни е

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Старо ново кумство
12.11.2009 4:26:21   
mina_m

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Знам еден случај најдобри другари, едниот му стана кум и потоа како се да се промени од корен, сега само се гледаат за родендени, слави и такви работи, па?user posted image


i kaj nas e istiov slucaj....bog da cuva....nasiov kum voopsto ne ne ispocituva kako kumasini,koga prifati kumstvo mu bese namerata so eden udar dve muvi da utepauser posted image ,prifati kumstvo za da stigne vo mk so eden trosok i toj da se ozenel so nekoja koja 100god ne ja videl.posto kako mm si nasol nekoja a toj neuser posted image ,za svadbeni trosoci kumot sto trebase da plati nisto od toa...mada voopsto so mm i ne se zamaravme za toa,nego pred da dojde kumcevo vo sk zborel kuznae kakva seljanka nasol mm,ama luge koga dojde vo sk koga me vide poveke ne sakase da me pogledne,deka sosema sprotivno izleze od onoj film sto si go imal toj napraveno vo glavata,pa duri i majka mu nesakase da me pogledne so site se pozdravuvase taa samo mene me preripuvase mislam kulturna zenauser posted image ljubomora nevidena.koga ja donese i negovata tuka toa bese puvanje sto da vi kazam na gosti ni doagaat se drapaat se slapaat pred svekormi i svekrvami ko da ni dokazat deka stvarno se sakaat a koga site znaeme samo na kakov nacin se zemaauser posted image od koga taa ostana trudna nigde gi nemase se idea kaj zolva mi aj otkoga se porodi taa togas pocna da mi se javuva i pak nie so mm jovo nanovo aj se napravivme na budali,posle godina dena pak taa ostana trudna pak gi snema se porodi i ne ni se javija,sega e vo krugot na zolva mi i svekrva mi (protiv mene)posto nemame so mm nemame nikakov muabet so negovata familija,a mojata kuma znaese tocno sto ni se slucuva i toa go zloupotrebija so mazot i,a i mnogu drugi podmukli i glupavi raboti ni pravea sto tesko bi pominale preku toa pak,i zatoa sega neznaeme kako da gi otkazeme

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Старо ново кумство
12.11.2009 7:49:29   
profesorica
леле мина па ова е страшно, не ми се верува како можат такви луѓе да постојат.user posted image user posted image user posted image

откачете ги скроз на скроз штом така, не вредат.

богда чува се шлапале пред свекор ти и свекрва ти-па тоа е повеќе од вулгарно а за други погани работи да не зборам.многу ме нервираат вакви луѓе.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Старо ново кумство
12.11.2009 8:28:57   
mina_m
kazi be prof. ziv prostatulok,voopsto ni toj kako postar nitu taa sto se pravi tolku pametna a samo e mala vo mozokot ne im dolikuva,i samo nivniot muabet e ova:a beeee zlatoooo,pa nemoj taka sega,a be ligla nevidena,abe mislis DAMA IZ PARIZAuser posted image user posted image user posted image .
i toa sto vikas nema ni potreba da gi imenuvam kako moi kumoviuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Старо ново кумство
12.11.2009 9:34:34   
arh_diz
Novo kumstvo na mm drugar .Mnogu dobar covek a isto i negovata sopruga malku se postari od nas

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Старо ново кумство
14.11.2009 16:49:32   
mami
нешто интересно во врска со Кумовите

Како настанале: Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите времиња, кога младоженецот тргнува да ја "фати" невестата.Најчесто, неколку добри пријатели вклучувајќи и еден лидер го придружувале, добро наоружани. Овие така наречени "војници" го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак дури и против фамилијата на невестата од каде што таа требала да биде украдена.Како што минувале вековите и опасноста од киднапирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го придружуваат младоженецот за време на свадбата.Медениот месец пак, всушност започнал во периодот кога младоженецот морал да ја крие невестата додека нејзината фамилија не се измори барајќи ја!
извор- дали сте знаеле

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Старо ново кумство
27.1.2010 11:25:18   
@Mila@
Ovoj moment ni se nablizuva...normalno red bilo da se prasha stariot kum..oki neka go prashaat...ama spored mene kum ne e nekoj koj 20 god ne te videl..i ne osekam ni moralna ni nikakva pricina da baram od nego dozvola.Mojot kum e licnost sto na moite vo mnogu navrati im im pomognato na site bitni deshavanki se ima pojaveno i se ushte odrzuvaat super kontakti.Takov kum treba da se ima..a ne samo lice koe ke se pojavi na vencavka i ke go snema.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Старо ново кумство
27.1.2010 11:29:37   
mami
И ние прво го прашавме стариот кум, кој јас го запознав случајно дека бевме во Прилеп инаку ке го видев на свадбатаuser posted image Но тој откажа бидејќи немал финансии и не се чувствувал спремен за кум- што е фер- па си поканивме на мм најдобар другар од војска

(Одговор на членот @Mila@)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Старо ново кумство
27.1.2010 11:34:11   
BILE.F
Мислам дека кумот треба да ти биде еден од најблиските луѓе, што споделува со тебе моменти, убави и неубави од животот, како што веќе кажа Mila.
ММ нема стари кумови, одамна се заминати во странство, па за кум си го поканивме еден наш близок другар, со што сум многу задоволна!
А  да не било така, сепак би ја почитувала желбата на мм.

(Одговор на членот @Mila@)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Старо ново кумство
27.1.2010 11:36:13   
jovanka
Vo denesno vreme retko koj go vika stariot kum zatoa najdobro e nov kum onoj koj smeteate deka vi e najdobar drugar prijatel.Kumstvoto e ednakvo kako brat ,sestra a na deteto koga ke go krsti toj ke mu bide i duhoven vodac,staratel.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот @Mila@)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Старо ново кумство
7.12.2010 23:38:02   
suzeto
kum ne se otkazuva toa e najgolem grev,a kumot smee da otkaze
nasiot kum e od porano za svadbata nasa ne venca stariot kum toj bese na vozrast od 50 god sega e pokoen,neznam mozda i na mm go krstil toj,,,,kumstvoto go prezede negoviot sin,so nego ucevme vo osnovno zaedno a se gledavme i vo sredno i milo mi e sto ni se kumovi,kumata e prekrasna sto velat starite eden zbor eden altan,ne se gledame cesto samo 2 pati god.bideki se vo italija,ama stom dojdat obavezno idat kaj nas

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Старо ново кумство
7.12.2010 23:55:57   
mamicka_26
мм ги испочитува старите кумови и ги праша дали сакаат да ни бидат кумови,ама бидејки тие се постари се откажаа од кумството и ни дадоа благослов дека може да си најдеме кум кој што ние сакаме и го викнавме најдобриот другар на мм.

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?