|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Фит Камп
9.8.2013 14:44:32   
sandriana RR
Дали сте слушнале за Фит Камп?
Дали некој од вас присуствувал на ваков вид вежбање?

Фит Камп е актуелна алатка низ светов за подигнување на нивото на свест кај луѓето за здравиот начин на живот.
Се организира од група на ентузијасти, која одржува тренинзи со оптимизирани вежби за секого (без оглед на кондициона способност, телесна конституција и сл.). Тренинзите преку лето се одвиваат на отворено: градски паркови, слободни тревни површини, градски плажи, а во зимските месеци во спортски сали. И што е најголема предност на овие Фит Кампови, е што се бесплатни.

Мене лично ми е супер активност, барем еднаш во неделата го посетувам, и се полнам со позитивна енергија user posted image

Дали вие, доколку не сте се сретнале со ваков тип на вежбање, би се приклучиле на настанот? Каков став имате по ова прашање?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Фит Камп
9.8.2013 15:16:43   
rina13
Секако дека би сакала да практикувам ваков вид на активност, додуша секоја активност која би била промена од секојдневаната рутина мене ми претставува задоволствоuser posted image user posted image user posted image . Со храната тешко ми иде ама за вежбање во прв ред сумuser posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Фит Камп
9.8.2013 16:12:04   
Bethany
Исто како Рина13 РР ќе речев user posted image
За вежбањето ок, ама да мора да си применувам некои посебно одредени режими на исхрана, ќе применувам, ама после извесно време ќе посустанам и одустанам сигурно. user posted image Освен да имам некој да ме држи одговорна, те. да имам својот личен тренер кој би ме надгледувал, па да сум дисциплинирана, тогаш подолго ќе бев посветена. Ама тоа само да сум ѕвезда со својот личен тренер нели user posted image


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Фит Камп
9.8.2013 17:40:27   
sandriana RR
Е Bethany, не си во право дека треба да си звезда за да имаш личен тренер user posted image Денес клубовите кои промовираат здрави животни навики, покрај изготвувањето на програмата за исхрана, нудат и рекреативно вежбање преку фит-кампот, но нудат и follow -up на клиентот кој е на соодветна програма, без посебен надоместок. Односно, развиваат грижа за корисниците/клиентите (било лично, било преку нет) user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Фит Камп
9.8.2013 18:01:48   
Bethany
ама под личен тренер, јас подразбирав ПОСТОЈАН надзор. Како некој залепен за мене user posted image
Сепак мислам дека никој нема да ти се посвети толку колку што јас ќе очекував, без да се дебело плати, како ѕвезди што имаат личен тренер, секојдневен нели? user posted image

Во секој случај, да навистина чувствувам потреба од целосно коригирана исхрана, која би секако значила огромна придобивка на мојата самодоверба преку физички изглед, сигурно дека би била повеќе посветена и јас самата. Ама сега за сега, се провлекувам, не дека не можам да се хранам дури и поздраво од сега, туку не сум мотивирана за некоја додатна корекција, за моментална ситуација зборувам. user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 9.8.2013 18:10:01 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Фит Камп
9.8.2013 18:25:39   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Исто како Рина13 РР ќе речев user posted image
За вежбањето ок, ама да мора да си применувам некои посебно одредени режими на исхрана, ќе применувам, ама после извесно време ќе посустанам и одустанам сигурно. user posted image Освен да имам некој да ме држи одговорна, те. да имам својот личен тренер кој би ме надгледувал, па да сум дисциплинирана, тогаш подолго ќе бев посветена. Ама тоа само да сум ѕвезда со својот личен тренер нели user posted image



Јас си најдов личен тренер, sandriana RR. Ми изготви програма за исхрсна и навистина добро се чувствувам. Добро, сега за сега, оти два дена сумна неа. Всушност тоа е тоа што и досегссум јадела, распределено на пет оброци. И sandriana ми е тука нон стоп.за консултации. Одлича варијанта.

Иаче сега во недела планирам за прв пат да посетам таков фит камп, па ќе пишам впечатоци. А во темата за слабеење, ќе пишам и резултати од сето ова.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Фит Камп
13.8.2013 23:12:31   
sandriana RR
Дечки, утре има Зумба Фит Камп на Градска плажа во Градскиот Парк (во Скопје).
Кој е расположен за вежбање - ајде бујрум. Термин е 19-20 часот и е бесплатно, за сите желни за забава и рекреација user posted image .

Инаку, и низ другите градови на Мк има организирани вакви настани - деновиве ќе добијам инфо, па ќе Ви пренесам.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Фит Камп
13.8.2013 23:29:56   
vezilka RR
Јас во неделата бев на Фит кампот и супер беше. Не беше тешко, штом улежана мецана како мене успеа да пофаќа во поголемиот дел, тогаш сите можат. Мене најмногу ми се допадна енрузијастичката атмосфера на учесниците. И уште една нишка, тоа е активизмот (мојата идеологија), меѓу народот надвор, да се пренесе идејата за здрав живот, да се придобие барем уште еден кој ќе се приклучи, оти време е да се вратиме на здравиот начин на живот, и здравите навики.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Фит Камп
14.8.2013 9:53:39   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Инаку, и низ другите градови на Мк има организирани вакви настани - деновиве ќе добијам инфо, па ќе Ви пренесам.

Ајде сандриана чекаме информација. Откако ја отвори темава, се мислев за кај нас дали има, ама не сум слушнала ништо.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Фит Камп
14.8.2013 13:03:13   
bucko mal
Mnogu sakam da odam na zumba,ne sum bila ni ednash a imam vo sklop na teretanava samo vremeto ne mi odgovara.A vo vrska so vezbanjeto ne deka slabeam nego ete mi pretstavuva zadovolstvo I toj saat sto sum tamu mi e licno za mene I se relaksiram.Epten ubavo se custvuvam koga ke izlezam od tamu.
Sto vika sandiana RR se polnam so pozitivna energija.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Фит Камп
14.8.2013 23:14:44   
sandriana RR
Луѓе, зумба фит кампот беше ЛУДИЛООО!
Обично не сум тип што пренесува воодушевување и задоволство на гласен и експлозивен начин, ама ова не можам да го премолчам - нема да биде фер од моја страна user posted image
Скопјанки, следна среда обидете се да го доживеете. Адреналин до небо, позитивна енергија, одлична музика, супер журка и мноооогу истопени калории user posted image

Инаку, во недела, во 12ч, во градскиот парк во Струмица има класичен фит камп.
За по другиве градови се уште немам инфо, како ќе дознавам, ќе ве известувам веднаш.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Фит Камп
15.8.2013 0:13:56   
Carrie RR
Леле Сандриана браво! Многу ми е криво дека не можев да дојдам, доаѓам на наредниот и чим не си тип што екплозивно раскажува доживувања, значи стварно било лудило ... сега ме настрви user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Фит Камп
29.8.2013 17:16:24   
sandriana RR
Дечки, да видите атмофера од вчерашниот фит-камп, да добиете претстава за што ви кажувам сево ова време user posted image
ЕВЕ ТУКА- ЗУ ЗУ ЗУМБАААe.com/watch?v=ZshIDCfO39I]ЕВЕ ТУКА- ЗУ ЗУ ЗУМБААА[/link]

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Carrie RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Фит Камп
29.8.2013 17:27:10   
Bethany
Зумба е супер! Многу сакам зумба! user posted image
Кога прв пат се сретнав со неа, многу ми се допадна, знам дома кога дојдев наоѓав на јутјуб песните што ги игравме, па ги играв сама со себе, ама после поради обврските престанав, а и станаа многу гужва, па почна да ме нервира недостиг на простор. Иако имаше неколку термини, сепак беше премногу луѓе за мој вкус.
Додуша, јас имав комбинирана програма, вежвав пилатес, антигравити јога и зумба, и сега од октомври планирам да се активирам пак, 3 пати неделно и ќе сум супер, навистина човек се празни од негативностите после вежбањето, а се полни со енергија и позитивен дух user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 29.8.2013 17:29:17 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?