Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Што е важно да знаете пред да забремените 12.3.2009 7:25:58
Еца
Sto treba da proverite pred da pocnete so pravenje bebe: 1. Dali ste otporni na rubeola(ako ne ste mozete da se vakcinirate) 2. Ima li vo vaset_o ili semejstvoto na partnerot nasledni bolset_i 3. Boluvate li od bilo kakvi hronicni bolesti 4. Dali zemate kontracepciski tableti,i dokolku da potrebno e da pominat barem tri ciklusi 5. Dali na rabotnoto mesto ste izlozeni na nekoi stetni vlijanija 6.Kolku ste teski 7. Dali se hranite zdravo? 8. Piete ili pustite
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 24.5.2013 20:28:30 >
Рубеолата е заразна болест што може да предизвика сериозни дефекти кај нероденото бебе. Голем процент на бебиња чии мајки се заразиле од рубеола во текот на првите осум до десет недели од бременоста имаат значајни оштетувања. Може да биде оштетен слухот, видот и мозокот кај бебето, а се зголемува и ризикот од спонтан абортус или раѓање на мртвородено дете.
Дали сте имуни на рубеола може да се провери со едноставен тест на крвта. Ако немате имунитет, може да се вакцинирате против заболување - но тоа мора да биде пред да забремените. Ако сте жена на возраст кога се планира раѓањето деца и не сте вакцинирани, препорачливо е да побарате од својот доктор да ве вакцинира пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Кога ќе се роди бебето, се препорачува да го вакцинирате против сипаници, заушки и рубеола (MMR) на возраст од 12 месеци. После одредено време се дава и втора инекција со MMR на возраст од четири години.
moze ke vi zvuci smesno, ama sakam da prasam, dali nas ne vakcinirale od rubeola kako malecki? ili ako sme prelezale dali imunitetot e dozivoten? mene mi e strav od toa cudo..
Da kaj nas e zadolzitelna taa vakcina,samo treba da se proveri dali ste vakcinirani,na 14 god e revakcinata,i toa samo za zeni.A dokolku e prelezana togas imunitetot e dozivoten.No eve bas ovaa vakcina mojata Martina seuste ja nema primeno zosto so alergijata na hrana imunologot ne dozvoli zasto mozese da ima posledici od nea,sega denovive ke previme nekoi ispituvanja za da vidime dali kie ni dadt zeleno svetlo za da ja primi vakcinata.A deka e opasna rubeolata za zenite toa e tocno i za strav e da ti kazam,se veli izumreni bolesti,aha kako ne,eve gi zauskite epidemija nevidena,pa nemoj da voskresne uste nekoja vakva....Cuvaj boze
Мислам дека е небитно дали мајката (која е бремена) прележала рубеола или не. Ако дојде во контакт со лице кое е заболено од рубеола, тоа може штетно да влијае на плодот и тоа само во првите три месеци од бременоста.
Да Палешка можеби си во право, но знаеш како викаат страв лозје чува, па што треба да се заврши на време, а тоа дека ништо денес не есигурно, со тоа се согласувам.
мојата другарка кога мајка и била бремена фатила сипаници, кои многу му наштетиле на плодот и морала да го абортира што резултирало со ризик за следно бебе.Не ги знам деталите многу како се, знам дека кога после 3 години повторно останала бремена се породила во 8 месец и едвај останале живи и двете...среќа нема последици ни за едната ни за другата.. затоа проверете си се пред да се пуштите во акција, за доброто на бебето но и за ваше добро
Една моја комшивка во 8 ми месец бремена фати сипаници (варичела)цела беше нафрлена со брунчиња и др и кажа дека не е страшно нисто иако и плодот има брунциња.имало некој ризик во првото тромесечје но понатака не.Роди мачко здраво право надносено со супер килажа.Се е индивидуално.
Да ја надополнам Елена,важно е и да имате направено микробиолошки брис за да бидете бактериски здрави да не биде после работата спонтан па некоја бактерија па антибиотици .......Оваа е задолжително.
Јас прележав РуБеола на 18 години. Кога го проверивме картонот за вакцинација во Струмица, излезе дека токму тој ден пред меколку години, не сум била на школо, кога се примала вакцината за Рубеола..И после тоа дали од немарност или страв, не сум отишла, ниту пак некој од болницата евидентирал па да ми јави... Така да не е лошо да проверите дали сте вакцинирани.. Мислам дека во истата вакцина против Рубеола била и вакцината против заушки.
Секоја брачна двојка и секоја жена во одреден миг од животот посакува да има потомство. Зачнувањето на бебето претставува значаен пресврт во животот на жената. Поради тоа, пред зачнувањето се препорачуваат одредени подготовки со цел побезбедна и полесна бременост и здраво бебе. Кога ќе решите да забремените, пожелно е да направите некои рутински анализи и проверки, кои ќе Ви обезбедат посигурна и поздрава бременост. Се препорачува најмалку три месеци пред планираната бременост да се употребуваат таблети фолна киселина, за правилно формирање на невралната цевка кај плодот, и тоа во доза од 400 микрограми дневно. Дури и ако сметате дека сте здрави, посетата на докторот пред да забремените е добра идеја. Поопширен преглед на гинеколог е сосема доволен за да утврдите дека се е во ред со вашето тело или да ве насочи каде и што да испитате пред да забремените. Прегледот ќе открие дали имате некоја сексуално пренослива инфекција како HPV инфекција, кламидија, трихомонијаза, генитален херпес, Хепатит Б, сифилис или гонореа и други. Ќе треба да го информирате гинекологот за вашата лична и семејна медицинска историја, лековите кои ги земате, претходни бремености и нивен исход. Може да ги споделите и информациите за вашиот животен стил, начинот на исхрана и сл. Особено важно е да се споменат консумирањето алкохол и пушењето како многу штетни фактори кои делуваат на плодот во тек на неговиот развој. Посетата на доктор е добра идеја и доколку боледувате од астма, длабока венска тромбоза, депресија, дијабет, епилепсија, срцево заболување, зголемен крвен притисок, бубрежно пореметување, пореметување на тироидната функција, автоимуни заболувања (системски лупус, ревматоиден артрит) и други. Дури и да имате некое од горенаведените пореметувања, може да забремените, само мора да се преземат некои дополнителни мерки на претпазливост. Најважно е пред да забремените да бидете информирани и да прашате за се што сакате да знаете. Лулка ќе ве информира и ќе одговори на сите ваши прашања.
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.