|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Што научив од родителите...
22.10.2009 11:43:49   
mother 29
Значи освен што не научиле да зборуваме, да јадеме, да одиме, да се облекуваме-соблекуваме, да се шминкаме, што ни останало од родителите како најдраг совет, животно школо, некоја мисла или поука од нивните искуства кои ни ги пренеле или на кои сме биле сведоци?


Добри нешта кои ни се врежале во глава, како трајни впечатоци, поучни случки кои делувале како совети...?

Или како лоши примери... какви не сакаме да бидеме, можеби...?user posted image

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Што научив од родителите...
22.10.2009 11:48:53   
mother 29
Ме научија да бидам своја, да се прифатам себеси таква каква што сум, а не каква што другите сакаат да бидам...
ме научија дека ништо во животот не се зема здраво за готово, туку дека мораш да бидеш цврст и да не потклекнуваш пред искушенијата со кои што секојдневно се среќаваш...
од нив научив и дека не е убаво да се успее со помош на лага и газење преку лешеви за да го добијам она што го сакам - кога тогаш, казната те стигнува...
научив дека е важно да се образувам, да учам, да работам, дека не е срамота да работиш било што се додека заработуваш на чесен начин; и дека од зборови нема многу фајде, побитни се делата...

Им замерувам што ме научија да не ги покажувам чувствата - тоа е добро ако не сакаш другите да знаат колку ти е тешко или колку те повредиле, ама пак не е секогаш добро да затајуваш како навистина се чувствуваш - и се трудам тоа да го променам - засега добро ми оди..

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што научив од родителите...
22.10.2009 14:34:22   
mother 29
вие што мислете?
јас се факам во ситуација кога многу потсекам на мајка ми.....ми се чини како одминува времето,јас се повеке личам на неа?!


а?

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Што научив од родителите...
22.10.2009 14:42:19   
zami
Me naucija deka:
*zborot neznam nepostoi user posted image
*mora da se uci user posted image
*mora da se raboti user posted image
*mora da se slusaat i pocituvaat postarite user posted image
*ne smee da se laze user posted image
* za kradewe, pa duri i pozajmuvawe da ne pravime ic muabet user posted image
* ....

I so sestrami pred nekoe vreme ni pukna filmot i ja sednavme i i kazavme ,,Pa dobro bre morase li sve taka da ne naucis, pa sega da sme crnci na rabota, i sekoj sto ke kaze nie samo da slusame i usta da ne otvarame,,

Se nadevam deka ke uspeam sin mi da go vospitam taka kako sto me vospitale i mene


< Поракaта ја уредил zami -- 22.10.2009 14:43:40 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Што научив од родителите...
22.10.2009 14:52:24   
Лејди
Научив многу:

-Да бидам борбена, да стигнам до посакуваната цел и ништо да не дозволам да ми застане на патот.

-Да им одолеам на пороците

-Да бидам свесна за квалитетите кои ги поседувам и никогаш да не се потценувам.

-Принципите кои ќе ги изградам во животот да не дозволам некој да ги згази по секоја цена.

-Да го ценам секој денар кој е чесно заработен

-Ме научија како по безболно да станувам по секоја сопка и да продолжам понатаму и никако да не се откажам.

Им замерувам само што ме направија преозбилна мнооогу рано.
За се друго сум им благодарна.

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Што научив од родителите...
22.10.2009 16:38:49   
vezilka RR
се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..

(Одговор на членот Лејди)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Што научив од родителите...
22.10.2009 16:42:40   
Bogdancanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..

потпишувамuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Што научив од родителите...
22.10.2009 18:00:08   
Еца
Многу работи научив од нив, многу.Но најблагодарна сум им што ме научија да бидам ЧОВЕК. Ме научија дека на парите треба да гледам како средство за егзистенција, а не  нешто за што треба да газам се пред мене. Ме научија дека животот не е розев,но дека после лошото секогаш доаѓа убаво, ме научија да бидам своја и за секоја моја одлука тие само потпис ставаа иако секогаш не се сложуваа со мене,но ме оставаа да погрешам за да научам. Им благодарам што ми беа мои најдобри другари и секогаш тука за мене. Ме научија дека треба да простувам и да ги сакам дури и оние кои ме повредиле, бидејќи и јас некогаш некого ќе повредам и ќе барам втора шанса.

Единствено за што им замерувам е што ме научија дека не треба да се карам со постари и  да молчам, и да молчам, што во последно време го менувам и тоа наголемоuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Што научив од родителите...
23.10.2009 15:14:35   
kiki_riki
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..
иако некои работи денес се товар а не доблест (чесност, почит на постар исл.)


_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Што научив од родителите...
21.1.2012 12:14:16   
Pepelaska *
научив дека животот не е лесен но дека со оптимизам и позитивна енергија се постигнува се што сакаш

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Што научив од родителите...
21.1.2012 14:06:38   
miana
Od majkami nauciv mnogu raboti..Seto rabotno iskustvo sto go imam e blagodarenie od majkami.Od nea nauciv deka ne treba da se otkazuvam lesno vo zivotot,tuku da bidam uporna i deka koga se saka se moze..

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?