LoveableMe RR
|
Крајно време беше да запее нова песна, инаку Македонија потоп ја чека "ПОСЛЕ "ВРНЕ, ВРНЕ" ВРЕМЕ Е ЗА СОНЦЕ Сара Мејс: На Макфест ќе пеам песна за убав ден! Сара Мејс, после успешното претставување на "Скопскиот фестивал", во чии рамки ја испромовира "Врне, врне", која периодов поради обилните врнежи стана метеоролошка химна и вистински хит на социјалните мрежи, на барање на сите фанови сними нов сингл во кој пее за убаво време и сонце. Имено, станува збор за песната "Денот да е убав", која ќе ја промовира на Макфест" идната недела. "Снимив една весела песна за на "Макфест" и едвај чекам да и ја презентирам на јавноста. Станува збор за песна во која се пее за еден убав ден. После "Врне, врне", еве нешто поживо од мене што носи сончева порака", низ насмевка коментира младата пејачка, која се потпишува како комплетен автор на песната. Освен подготовките околу "Макфест", таа постојано е затворена во студио, каде што работи на снимање нови песни кои треба да се најдат на нејзиниот албум-првенче, за кој се надева дека ќе излезе наскоро. Интензивно работам и на нови песни, кои, здравје, планирам да ги спакувам на еден носач на звук. Но, не сакам да најавувам албум и да прецизирам датуми, бидејќи не знам што може да се случи, па затоа не сакам да давам ветувања кои подоцна не би можела да ги исполнам", вели Сара, која периодов е преокупирана и со настапи и свирки. "Низ дома шетам со тефтер во рака и запишувам во колку часот што треба да направам. Пребукирана сум, но не можам да се пожалам. Ми годи тоа и навистина уживам во мојата работа", додава пејачката." Извор: ВЕЧЕР
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
|