|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   дијабетис кај деца
30.9.2009 12:04:33   
big_mama817
Двојно повеќе деца во Европа помлади од пет години ќе заболат од дијабетис тип 1 во периодот од 2005 до 2020 година.
Ова го покажува истражувањето објавено од страна на он - лајн британскиот магазин „Д Лансет".
Кај шеќерната болест од типот 1, постепено пропаѓаат бета станиците на тироидната жлезда кои што произведуваат инсулин сè до целосна губење на инсулинот.
Дијабетисот од типот 1 поретко се појавува за разлика од типот 2 и процентуално го има од седум до 10 отсто во сите случаи на дијабетис. Кај децата тие размери се спротивни во поголем број држави.
Научници од Универзитетот во Печух, Унгарија анализирале 29 илјади случаи на шеќерна болест од типот 1 дијагностицирани кај деца помлади од 15 години во периодот од 1989 до 2003 година во 17 европски држави.
Научниците откриле дека вкупниот број на заболени расте за 3,9 проценти на година.
Истражувањето не ја објаснува тенденцијата на порастот, но научниците сметаат дека пребрзото зголемување на бројот на заболени може да им се препише на генетските фактори. Тие упатуваат на улогата на прекумерната тежина и сè поголемиот број на породувања со царски рез.
извор:а1

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 30.9.2009 12:06:12 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: дијабетис кај деца
2.11.2009 13:22:41   
profesorica
Состојка од грозјето го контролира дијабетесот

Новото истражување на научниците од универзитетот во Тексас покажува дека состојката од црното грозје, по име ресваратол може да го нормализира нивото на инсулин во крвта.


Научниците истакнуваат дека нивните тестирања се спроведени врз животни со примена на големи дози ресваратол и оти нема докази дека консумирањето црно грозје или вино може да го има истиот ефект врз дијабетичарите.

Како што објави стручниот магазин „Endocrinology", ресвератролот во мозокот го активира протеинот сиртуин при што се создава реакција слична на она која настанува при ограничувањето на внесувањето калории во организмот.
user posted image
Некои претходни студии покажаа дека ресвератролот може да доведе до продолжување на животниот век на животинските видови, а научниците веруваат дека причината за тоа може да се бара и во сиртуинот.

извор:ИДИВИДИ


< Поракaта ја уредил profesorica -- 2.11.2009 13:23:54 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: дијабетис кај деца
2.11.2009 14:51:29   
mother 29
Дијабетесот, или уште попознат како шеќерна болест, претставува хронично, неизлечиво системско пореметување на метаболизмот. Го карактеризира трајно зголемено ниво на глукоза во крвта.
Имено, храната преку системот за варење се разградува до шеќер кој се нарекува глукоза. Глукозата преку крвта патува до клетките и таму од неа се произведува енергија. За да може глукозата да влезе во клетката неопходен е инсулин. Инсулинот е хормон кој го лачи панкреасот. Ако не се произведува доволно, глукозата останува во крвта и така постојано расте нејзиното ниво.
ВИДОВИ ДИЈАБЕТЕС
Постојат два основни типа на дијабетес.
Дијабетес I – се појавува уште во детството (иако може да го развијат и млади, доколку процесот на уништување на панкреасот е бавно). Во овој случај телото не може да создава инсулин поради тоа што имунолошкиот систем ги напаѓа клетките на панкреасот (бета клетки) кои го создаваат инсулинот. Како тие клетки изумираат, така расте нивото на шеќер во крвта. Овие пациенти мора постојано да примаат инсулин.
Дијабетес II – ова е таканаречениот стекнат дијабетес. Телото или не произведува доволно инсулин или го користи неправилно. Се развива полека, кај возрасни и бара соодветен третман.
ПРИЧИНИ
Иако причините за настанување на дијабетесот сѐ уште не се разјаснети, мораме да имаме предвид некои ризик фактори, особено прекумерното консумирање на храна и преголема телесна тежина, генетските предиспозиции, стресот, хормонските пореметувања, бременост, седечкиот начин на живот без физички вежби, жени кои родиле деца потешки од 4.5 килограми, хипертензија, терапии со кортикостероиди, жени со синдром на полицистични јајници.
СИПТОМИ
Основни сиптоми на болеста се:

• често мокрење и пиење вода
• заматен вид
• постојан замор
• чувство на глад
• губење на телесната тежина
• јадеж и пецкање на стапалата и нозете
• рани кои тешко зараснуваат
• пецифичен мирис на урината

ТРЕТМАН
Во зависност од возраста, стадиумот и типот на болеста, постојат три основни третмани.
Инсулин (доколку станува збор за тип I) во комбинација со диета. Новост, дури и кај нас, е што пациентите кои сакаат можат да примаат терапија преку инсулинска пумпа која се поставува на надворешен дел од телото и се надополнува со инсулин на секои 4 до 5 дена со што се избегнува секојдневно боцкање.
Лекови (хипогликемици) во комбинација со диета.
Диета и телесни вежби – најзначаен дел од терапијата кој опфаќа 3 до 6 оброка, спречување на изоставување на оброците или нивно спојување, умереност на оброци, посебен состав на исхрана (55%-60% јаглехидрати, под 30% масти, зголемено внесување на протеини). Телесните вежби треба да опфаќаат барем 30 минути пешачење, лесни вежби, возење велосипед и пливање.
КОМПЛИКАЦИИ
Во случај на повисоко ниво на шеќер во крвта постои ризик од срцеви заболувања, слаба циркулација која ја отежнува борбата со инфекции, инфекции на стапалата поради исклучување на системот за болка, бубрежни проблеми, развивање на очна мрежа и други компликации со очите, па дури и слепило.
ФАКТИ

• дијабетесот I е покарактеристичен за луѓето од Северна Европа, афроамериканците и оние кои немаат хиспано потекло. Многу е редок кај луѓето од азиско потекло;
• дијабетесот I повеќе го добиваат мажите од жените;
• ризикот за добивање на дијабетес II е поврзан со годините. Расте од 45 години па нагоре, особено над 65 години;
• во Македонија има околу 100.000 заболени, од кои 20.000 ниту знаат дека ја имаат болеста, ниту се лекуваат;
• во развиените земји дијабетесот е петта причина за смрт.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: дијабетис кај деца
5.5.2010 13:47:23   
belcho
Bi sakala da zapocnam diskusija pomegju site roditeli koi imaat deca so dijabet a sekako i onie koi bi sakale da se pridruzat iako nemaat vakvi problemi.
Moeto since 4 godini ima dijabet tip 1 od pred 1 godina i bi mi bilo drago da najdam nekoj koj mozebi ke mi pomeogne vo negovoto odgleduvanje, no sekako i jas da pomognam na onie koi ke se sretnat so vakov problem vo zivotot.

Pozdrav i gi ohrabruvam site koi ke se pridruzat na diskusijava.user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: дијабетис кај деца
5.5.2010 15:07:36   
bucko 1
zdravo belcho kolku ti e poznata iris dijagnostikata.ako tvoeto dete moze da sedi mirno 20 sekundi so lupa da mu sirnat vo okceto ti go posocuvam doktor Conev,mozebi tamu ke najdete nekoj dobar sovet.kolku sto znam za deca za pregled ne naplaka.pisi na gogle iris dijagnostika i ke ti dade se za nego.ja so moite deca bev ama maloto ne dozvoli ima 2,7 godini ,a za pogolemoto se sto mi preporaca mi e ok.probaj ke vidis

(Одговор на членот belcho)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: дијабетис кај деца
19.6.2013 13:47:23   
Yummy Mammy
Me interesira kako i poradi sto se javuva dijabetis kaj deca?
Dali i kaj decata se dolzi na prekumerna ishrana, gojaznost... ili kaj niv e genetski nasleden faktor, ili hormonalno narusuvanje?!

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: дијабетис кај деца
19.6.2013 14:11:43   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Me interesira kako i poradi sto se javuva dijabetis kaj deca?
Dali i kaj decata se dolzi na prekumerna ishrana, gojaznost... ili kaj niv e genetski nasleden faktor, ili hormonalno narusuvanje?!

Кај многу мали деца дијабетот единствено е вроден - дијабет тип 1, кога има оштетен панкреас, неспособен за продукција на инсулин. Оштетувањето е автоимуно - односно, самиот организам не ги препознава како свои бета клетките на панкреасот, кои создаваат инсулин, па ги напаѓа и ги уништува. Така телото не е способно само да лачи инсулин, кој е хормон за поттикнување на метаболизмот на јаглехидратите (односно гликозата).
Прекумерна тежина/гојазност се причина за појава на дијабет подоцна, односно за стекнат дијабет.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?