|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   конизација
17.5.2009 1:59:20   
eve79
здраво  така сега во јануари на пап тестот ми  рекоа дека имам  рак на грлото ма матката во СК бо дрзавна ми правија биопсија и ми рекоа дека е карцином ин ситу и дека треба да ми прават конизација.Во март ве правив и конизација  на отпусната листа ми излезе дека’излегува во здраво‘.Ме интересира дали  тоа .’ракот’ исчезнал сега или што? а  бидејки усте немам деца  па тоа ме плаши нај многу  дали ке мозам да ги имам?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: конизација
17.5.2009 7:13:52   
Еца
Кај млади жени кои немаат родено, ако туморот е ограничен и не е навлезен во лимфните јазли и крвотокот, конизацијата, покрај дијагностичка може да биде и конечна оперативна терапија. Во понатамошен период се неопходни периодични гинеколошки прегледи.

Со други зборови, доколку се работи за т.н микроинвазивен рак и ако конизацијата е „во здраво“, т.е не преминува преку границите на резот, и станува збор за жена која нема родено, тогаш таа конизација е терапевтска.

Видот на операцијата зависи од возраста на пациентката, па така, доколку се работи за помлада жена кај која сеуште не завршил фертилниот период, се применува: конизација (отстранување на дел од грлото на матката, во вид на конус), ампутација на цервиксот или ласерска терапија. Кај овие пациентки потребни се редовни контролни прегледи, поради постоењето на опасност од рецидив.
За пациентки што не го имаат завршено фертилниот период, рационален пристап е и опсервацијата, по конизација во здраво со инвазија помалку од 3 mm и ако лимфатичните и крвните садови не се зафатени.

Пациентките треба да доаѓаат на редовни контроли, по завршувањето на иницијалниот третман. Така пациентките се контролираат на секои три месеци во текот на првата година, на секои четири месеци во текот на втората година, и на шест месеци во третата година и во зависност од симптоматологијата.

Рутински прегледи се: клинички преглед, земање на цитологија од грлото на матката и вагината (Пап тест), Папаниколау тест.

Се прегледува комплетна крвна слика, со електролитен статус, со испитување на нивото на уреа и креатинин и хепаталните трансаминази во крвта.



Од сето ова можеш и самата да заклучиш дека деца можеш да имаш,затоа немој да се плашиш и само позитивни мисли,инаку ти пишав и како треба да се првават редовните контроли и немој да си пропуштала,зошто тоа е најдобрата заштита за твоето здравје,редовно контролирањеuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: конизација
18.5.2009 18:39:36   
eve79
 mnogu ti blagodaram sto mi odgovori  mnogu mi znaci  bidejki  tolku mnogu bev isplasena so duri odev i na psiholog sega malku poveke imam sila porano pusev cigari sega veke  tri meseci ne pusam pijam caevi po cel den opsednata sum  so zajaknuvane na imunitet pijam aloe vere gel  apcinj vitaminski a tn.Ti blagodaram.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: конизација
18.5.2009 18:47:09   
Julie1
Eve79 само продолжи со здрав живот и здрави навики. Многу насмевки секојдневно на лицето, дружи се со позитивни луѓе и се ке биде како што треба. А можеш да приметиш дека ние на Рингераја сме многу позитивни user posted image user posted image user posted image  се дружиме и си помагаме како што едно семејство тоа го прави.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: конизација
18.5.2009 18:51:39   
eve79
se  trudam kolku so mozam da  ziveam zdravo  a za stranicata super e jas  skoro doznav za  taa stranica   i stvarno site se pozitivni


(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: конизација
10.12.2009 18:34:56   
Anushka
главата горе, само позитивно: јас после конизација и операција на матка (миом), си родив ќеркичка. БЕЗ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ. Само со розови мисли.

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: конизација
16.1.2010 1:28:21   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: dona

јас несмеев да станувам од кревет а и немозев месец ипол само до тоалет и ако не се дрзев за несто пагав ме облекуваа ме банјаа,после усте еден месец немозев убаво да се двизам се осекав како да проодувам спиев со три перници под глава треба да биде во полулезацка состојба несмее да седнува и многу ослабев.нормално е крваренје само мене не ми престана секој месец бев на лекар и ме убедувасе др дека крварам од односи а немав отидов кај матицната она па водни цисти ме труесе со хормонски апцинја и отидов приватно ми вика какви цисти тоа ти е од конизацијата,ми го исекле грлото на матката не ме направиле како сто треба и ми се собирало крв цела година од тоа настанувало и неплодност,пред 2 месеца ми направија дилатација.витамини и обавезно брокула.ја има мојата подрска и побрзо да закрепне


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: конизација
19.1.2010 13:36:53   
mother 29
Конизација - кога, како и зошто се изведува


Конизација е хируршки зафат со кој се отстранува вагиналниот дел на грлото на матката во облик на конус или купа. Првата конизација ја извел Dr.Listranc во 1815-тата година. Термините конизација или конусна биопсија на грлото на матката често се користат како синоними за интервенции со различен опсег, и тоа од биопсија во форма на конус на грлото на матката, па сè до ампутација на вагиналниот дел на грлото на матката.
Со конизацијата мора да се отстрани целиот заболен дел од грлото на матката. Во зависност од проширеноста на промената (лезијата), варира и длабината на конусот (до потполна ампутација на грлото на матката). Индикации за конизација:
  • Цитолошки наод (позитивен ПАПА тест) кој укажува на малигнитет, а со колпоскопија тој неможе да се види, односно неможе да се открие лезијата.
  • Цитолошки наод кој укажува на поекстензивна промена од онаа која е оценета со колпоскопскиот преглед или со биопсијата.
  • Сомнеж за постоење на микроинвазивен карцином, врз основа на цитолошкиот или колпоскопскиот
  • Сомнеж за постоење на микроинвазивен карцином, врз основа на цитолошкиот или колпоскопскиот преглед, или врз основа на хистолошкиот преглед од биопсијата.
  • Цитолошки наод кој укажува на атипичност на цилиндричните клетки.
  • Позитивен наод од ендоцервикалната киретажа.
  • Промена која се шири во цервикалниот канал (каналот на грлото на матката), а која неможе во целост да се утврди со колпоскопијата.
Конизацијата е истовремено и дијагностичка и тераписка процедура. Таа е дијагностичка процедура, бидејќи со хируршкото отстранување на промената и со хистолошки преглед на променетотот ткиво на матката може да се одреди хистолошкиот тип на малигниот тумор, степенот на диференцираноста на туморот (градусот - G), и зафатеноста на хируршките (ресекциони) ивици на конусот. Доколку се хируршките извици интактни, односно, доколку не постои лезија на базалната мембрана и зафатеност на крвните и лимфните садови со туморот, оваа хируршка интервенција е истовремено и тераписка. (слика 1, 2 и 3). Кај млади жени кои немаат родено, ако туморот е ограничен и не е навлезен во лимфните јазли и крвотокот, конизацијата, покрај дијагностичка може да биде и конечна оперативна терапија. Во понатамошен период се неопходни периодични гинеколошки прегледи. Со други зборови, доколку се работи за т.н микроинвазивен рак и ако конизацијата е „во здраво", т.е не преминува преку границите на резот, и станува збор за жена која нема родено, тогаш таа конизација е терапевтска. Како се изведува конизацијата - техника на изведување Оптимална конизација подразбира отстранување на целата промена која е видена со колпоскопијата (односно со Луголовиот раствор на јод, пред започнувањето на ексцизијата), отстранување на зоната на трансформација и барем една третина од цервикалниот канал (каналот на грлото на матката). Кога не е видлива горната граница на промената, или кога постои зафатеност на жлездените крипти, врвот на конусот може да биде премногу низок или е конусот недоволно длабок за да се во целост отстрани лезијата. Тогаш, резидуалната (заостанатата) промена постои на остатокот на грлото на матката, кој не бил оперативно отстранет со конизацијата. За да се избегне оваа компликација се оди кон отстранување на поголем дел од ткивото, во вид на цилиндер. По конизацијата се прават сериски пресеци на отстранетото ткиво и со микроскопски хистопатолошки преглед се анализира интактноста на базалната мембрана и евентуалната зафатеност на крвните и лимфни садови со малигното ткиво. Компликации од конизацијата Компликациите од конизацијата се интраоперативни и постоперативни. Најважна интраоперативна компликација е крварењето. Во постоперативни компликации спаѓаат: крварење, стеноза (стеснување или затварање) на цервикалниот канал, компликации во бременоста и инфекции. Аменореја Аменореја (латински - amenorrhoea) е состојба која се одликува со изостанок на менструација во тек на најмалку 6 месеци. Таа може да биде физиолошка и патолошка. Физиолошката аменореја е нормално изостанување на менстрацијата во периодот пред пубертетот, во текот на бременоста, за време на доењето и по менопаузата. Примарна аменореа настанува кога кај физички и полово зрели девојки првата менструација (менарха) не се јави до 16 –та година од животот. Присутна е кај 1% од женската популација. Секундарната аменореа претставува немање на менструација во тек на 3 циклуси или во тек на 6 месеци која жени кои веќе имале менструација. овој вид на аменореја се јавува кај приближно 1% од жените. Патолошката анемореа кај ракот на грлото на матката се јавува како последица на стеснување или затварање на отворот на грлото на матката, поради ширењето на туморот или нигов притисок врз каналот на матката.. А може да се јави и како последица од конизацијата, која доведува и до насобирање на крвта во шуплината на матката (хематометра), бидејќи таа неможе да истекува надвор поради затворениот цервикален канал. Хематометра Хематометра е насобирање на крв во шуплината на матката, поради неможно истекување низ стеснетиот или сраснат канал на грлото на матката. Поради сраснувањето на отворот на грлото на матката, пациентките воошто не крварат од вагината (аменореа), што е пропратено со болки во долниот дел на абдоменот. Со инфицирање на насобраната крв во телото на матката може да се развие гноен процес (пиометра), кој е пратен со јаки болки и висока телесна температура.


< Поракaта ја уредил mother 29 -- 19.1.2010 13:37:42 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: конизација
20.1.2010 18:33:31   
dona
Еца за крваренјето корен од капини-да се измие добро да се свари и по 1л на ден и престанува крваренјето.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: конизација
20.1.2010 19:11:43   
Еца
Леле Дона навистина благодарам за информацијата, а исто така дознав дека после конизација докторите даваат нели вагиналети од кантарион, но освен нив многу добро било науто и навечер да се премачкува жената со алое вера гел. Многу помагало при побрзо закрепнување.

< Поракaта ја уредил Еца -- 20.1.2010 19:12:04 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот dona)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: конизација
21.1.2010 19:19:35   
dona
ех еца јас многу лосо поминав во болница си плацев и викав од болки а др не излегуваа од соба и кога излегов од болница не ми дадоа никаква терапија,и ден денес си имам последици несмеа да дигам ако песацам многу осекам болка.а братуцеткати била приватно или во насиве дрзавни болници..

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: конизација
22.1.2010 9:48:40   
Mammy
Токму поради таа конизација, морав да се породам со царски рез. 5 месеци после породувањето бев на контрола и сега убаво се гледа дека конизацијата која ми е направена пред 4 години, е направена така што е извадено целото грло на матката. Тоа и кај мене јако се стиснало и немаше буквално како да се отворам.

Затоа апелирам до сите - редовно на гинеколог за да воопшто не дојде до конизација. Навидум лесен зафат ама може да искомплицира многу, како што и Дона напишала погоре.
Страшно е.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот dona)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: конизација
28.9.2010 11:44:26   
riba79
me intersira devojki vie koi pravevte konizaciaja kade ja pravevte i kaj koj lekar?moja bliska rodnina treba da odi..vi blagodaram

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: конизација
28.9.2010 15:13:28   
vesna1
I jas pravev konizacija pred 5 god. Dijagnozata bese carcinom in sity i za sreka nataka ne bese prosireno i pominav so toa. Potoa ostanav bremena  pred 2 god. I mi pravea amniocinteza i mi pukna vodenjakot. Koga otidov vo bolnica dr. mi rece deka sum otvorena 3 prsta 19 nedela i najverovatno poradi amniocintezata sum dobila kontrakcii i od sto sum bila otvorena puknal vodenjakot. I otide bebeto. Koga ostanav pak bremena otidov na serklaz a ne bev otvorena. Dr. me ubeduva deka nema potreba i jas mu vikam nemozam sekoja nedela da idam na pregled sto e sigurno sigurno e. I napraviv serklaz i si go rodiv bebeto.

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: конизација
28.9.2010 15:25:36   
taci83

ИЗВОРНА ПОРАКА: eve79

здраво  така сега во јануари на пап тестот ми  рекоа дека имам  рак на грлото ма матката во СК бо дрзавна ми правија биопсија и ми рекоа дека е карцином ин ситу и дека треба да ми прават конизација.Во март ве правив и конизација  на отпусната листа ми излезе дека’излегува во здраво‘.Ме интересира дали  тоа .’ракот’ исчезнал сега или што? а  бидејки усте немам деца  па тоа ме плаши нај многу  дали ке мозам да ги имам?
zdravo i jas pravev konizacija pred 1 god i 4 mes vo sk vo drazavna jas imam kerka 3 god i koga ja rodiv mi otktija i posle 2 godini pravev konizacija sega planiram 2 dete pravev pap test sega na 19 oktomvri imam zakazano mikrobiologija pa posle ke vidime dali moze da se fatimi za rabota ili da cekam uste.A tebe koj doktor ti pravese konizacija

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: конизација
28.9.2010 18:22:35   
Julie1

ИЗВОРНА ПОРАКА: riba79

me intersira devojki vie koi pravevte konizaciaja kade ja pravevte i kaj koj lekar?moja bliska rodnina treba da odi..vi blagodaram


За конизација и интервенции поврзани при ЦИН промени велат дека голем стручњак е Др. Костадинов од Систина.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: конизација
27.4.2011 19:52:35   
eva3
jas pravev konoozacija pred 3 g.  posle toa  mi se zatvori grlot i stalno odev na pregled i se mi vikase doktorkata " pa moze go gubis " a jas togas ne bev tolku informirena kako sega   posle edna godina i otidov s tamu so boln.upot i so dosta visoka tem.
a  na kon. pred toa bev  2 meseci pred  da se sluci seto toa . i koga me vide se strese pa na kraj    tubite mi bea zagnoeni  blagodarenie  na dok. so  vreme samo za tel. imase  pa  neli mene me boli  i ednata tuba mi ja izvadoa  a drugata mi  ja ostavija  isto taka ne sposobna , i mi rekoa ha  da se cuvam  od prirodna bremenost ,samo na invitro  moze i taka pomina edna godina od  toa pa jas i invitro pravev  i mi izleze ne uspesno .....
VE MOLAM SITE STO PRAVITE  KONIZACIJA  birajte si lekar   prasuvajte  dajte pari ako treba  toa   velat deka ne e nisto  ama  e pocetok i bes kraj.
Toa vi e mjata zivotna prikazna   seto toa mi seluci pa na kraj  koga na soprugot doznaa (negovite)sto mi se slucuva   skapea trudejki se da go ubedat  deka ne sum jas vistinskata za nego  no na kraj nie izlegovme   od tamu  i sega  na nas ni e super samo gospod sreka i zdravje da ni dava

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: конизација
5.10.2011 10:04:36   
ketrin 77
Откако ми беше најден ЦИН 3 и ме извадија од памет во 2007 година,и баш ми кажаа кажаа на денот кога ми беше роденден,после сите потребни испитувања отидов кај др.Маријан Стојовски од ГАК го најдовме со врски,и откако ми ја направи конизацијата и ми даде соодветна терапија,после кај кој и да отидев гинеколог додека да си најдам матичен сите ми викаа дека подобра конизација не виделе во живот.Во 2008 останав бремена и бидејќи не сакав да ми прават серклаж ветив дека ќе лежам дома сепак не успеав да го одржам ветувањето до крај па се породив во 34 недела и тоа пак ме спаси истиот доктор.Сега сум бремена со второ дете но незнам каде да го најдам зошто го фатија со мито пред 2 години па незнам што се случи,мечутоа цел живот ќе му бидам благодарна и ќе се потрудам и за второто дете да го најдам.

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: конизација
25.2.2012 19:59:45   
lina8
KONIZACIJA


Vo 2007 god brisot mi bese CIN1 a biopsijata mi bese CIN2,odev na redovna kontrola na 3 meseci za bris (doktorot ne mi prepisa nisto za terapija, na svoja raka stavav vaginaleti od kantarion) brisevite bea dobri ne pokazuvaa nisto do 2008.posle toa nemav odeno na kontrola 2 godini.
Na kontrola vo 2010 brisovite bea dobri. Posle edna godina mi zedoja briz izleze karcinom in situ brisot pregledan vo bitola, a vo isto vreme mi zedoja bris pregledan vo Skopje izleze cin2, po 2 nedeli mi zedoja biopsija izleze cin 2 SO OVIE REZULTATI DOKTOROT MI VELI TREBA DA MI PRAT KONIZACIJA . IMAM 52 GODINI. MOLAM ZA VASE MISLENJE

(Одговор на членот ketrin 77)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: конизација
27.2.2012 8:34:56   
ketrin 77
Stom so biopsija ti potvrdile cin2,toa e,no ne e tolku strasno,i mene prvao mi rekoa deka nemam nisto pa odednas za 6 meseci najdoa cin3,sto e mnogu poloso od tvojot slucaj.Jas mislev prvo deka konizacija pravat za cin 3 samo a cin1 i cin2 mene mi rekoa deka moze da se sredi i so terapija.Megutoa moze pogolem del ti e zafaten pa ti predlozile konizacija.Za da si se osekas ti podobro napravi ja ne e voopsto strasno samo treba i dobar doktor da si odberes.

(Одговор на членот lina8)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: конизација
27.9.2012 10:00:43   
nadica
eve me i meneuser posted image
posle poroduvanje pravev ''redovni'' (1 na 2 godini) kontroli kaj ginekolog i PAP so ok rezultati, vo januar koga se vratija rezultatite dr. rece ke dojdes za 6 meseci povtorno rezultatite se vratija so cin2, na GAK vo sk pravea biopsija i se vrati rezultat so cin3
sega posle nareden ciklus imam zakazano konizacija ke ve informiram kako sum pominala


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот ketrin 77)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: конизација
7.4.2014 17:25:39   
Анаа
Здраво, нова сум на форумов,ќе ве молам за мислење...имам 26 год.на пап ми излезе цин1 хпв...со типизација се утврди хпв 53 високо ризичен..после 6 месеци терапија витамини и се друго пак резултатот ист..ми предложија биопсија...тоа е исто што и конизација или? Сум имала раничка од три мм па за посигурно да испитаат...дали со биопсија можат да ми зезнат нешто да немам деца недај воже или?? Ве молам за одговор

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: конизација
8.4.2014 9:01:54   
nadica
анаа биопсија е земање материјал од разболеното ткиво кое понатаму се носи на испитување па се продолжува со лекување по добиените резултати
всушност да проверат дали треба да се прави конизација и со биопсија мислам дека не треба да се плашиш од настанување на компликации за понатамошното имање на деца сепак консултирај се со својот гинеколог и прашај отворено за се што сакаш да знаеш и шѕо мислиш дека ќе го загрози твоето здравје
поз

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Анаа)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: конизација
8.4.2014 9:21:47   
sandriana RR
дали со биопсија можат да ми зезнат нешто да немам деца недај воже или?

Анаа, пред се добредојде на РРаја.
За твојот проблем не треба да се грижиш премногу, во смисла до момент немање деца. Твојата дијагноза, со ЦИН1 и високоризичен тип ХПВ ја има огромен % од женската сексуално активна популација (можеби речиси 50% по некои статистики).
Со биопсијата ќе се види до каде е инфекцијата - колку длабоко е навлезена, и ќе се одреди натамошна терапија. Нјачесто се интервенира со ласер на заболеното место, за да се изгори вирусот. Ќе внимаваш на исхраната и ќе го зајакнеш имунитетот, и не би требало да имаш посериозни проблеми.
Биопсијата како интервенција не е опасна воопшто.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Анаа)
Непосредна врска до пораките: 24
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali dobivte celulit vo bremenosta?

Da (80%)

Ne (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!