|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   HLA типизација
5.2.2010 8:52:41   
vezilka RR
The human leukocyte antigen system (HLA) е името на главниoт хистокомпатабилниот комплекс (MHC) кај луѓето. Суперлокусите содржат голем број на гени поврзани со функцијата на имунолошкиот систем кај луѓето. Оваа група на гени се наоѓаат во хромозомот 6, со шифрирана клеточна површина антиген-претставувајќи ги протеините и многу други гени. HLA гени се човечки верзии на MHC гените кои се наоѓаат во најголем број 'рбетници. Протеините на одредени кодирани гени се исто така познати како антигени. Најзначајно е нивното историско откритие како фактори во органската трансплантација. Главните HLA антигени се основните елементи за функцијата на имунолошкиот систем. Различни класи имаат различни функции.   HLA имаат различни улоги. Тие се важни во одбраната од разни болести. Тие можат да бидат причината за одбивање на орган при трансплантација. Тие може да  заштититат или напротив да не успеат да заштитат од рак . Зради нив може да се посредува автоимуна болест (примери: дијабетес тип 1).

Human leukocyte antigen system (HLA) претставуваат наследени карактеристики кои се наоѓаат на клетките. За разлика од крвните групи и Rh факторите кои се наоѓаат на црвените крвни зрнца (еритроцитите) HLA се присутни на белите крвни зрнца (леукоцитите). Постапката на утврдување на HLA се нарекува HLA типизација. Типизацијата се прави со примерок од крв и со неа се одредуваат антигени. Составот на HLA е најсложениот генетски состав во човечкиот организам сместен на пократкиот крак на хромозомот 6 и заради својата голема улога во генетската контрола на имунолошката реакција претставува важен дел од човечкиот геном. Гените кои се во составот на HLA, се организирани во класи. Класа I -гени од локусите HLA-A, HLA-B I HLA-C. Класа II – гени од локусите HLA-DR I HLA-DQ. Оние гени во класата II се се поврзани со развојот на автоимуните болест (како на пр. Дијабетис тип I). Испитувањето со кое се одредуваат антигените се нарекува HLA типизација. На секој локус со типизацијата се одредуваат две алеи, еден наследен од таткото, еден од мајката. Преклопувањето на локусите на партнерите кои се обидуваат да забременат, може да доведе до неплодност или најчесто до рани абортуси. Бременоста мора да биде препознаена како страно тело за да се активира имунолошкиот механизам. И затоа HLA копатабилноста игра важна улога во тоа препознавање (HLA-A, B, C, DR, DQ, i DP). Ако татковиот HLA премногу е сличен со оној на мајката, тогаш не доаѓа до тоа препознавање и се случува спонтан абортус или изостанивање на имплантацијата. HLA-G е единствен HLA кој излачува цитрофобластин клетки кој го сочинуваат внатрешниот слој на плацентата. HLA изотипот е важен за мајчината толеранциаја за фетусот и служи како имуносуперстант. Со други зборови служи како одбрамбен механизам заштитувајќи ја плацентата (ембрионот) од мајчините НК клетки (антитела или познати како Natural Killers односно клетки-убијци). Емриолошки татковите антигени го регулираат излачувањето на трофобластичниот HLA-G, кој го одржува балансиран односот меѓу TH-1:TH-2 излачувањето од страна на Т станицата (CD-4). Кога HLA-G го нема, тогаш нормалниот раст на трофобластот и имплантацијата на ембрионот не може да се случи. Кога мажот и жената делат неколку HLA антигени (на пр.HLA-A, B, C, DR, DQ или DP) тогаш TH-1домонира над TH-2. Тоа често предизвикува нагла неуспешна имплантација, најчесто во облик на спонтан абортус а понекогаш и како необјаснето неуспешно IVF.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: HLA типизација
5.2.2010 8:56:12   
vezilka RR
Епа мили мои да ви кажам дека и ова ми го открија. иначе ова било моооогу ретка појава за која и самите доктори не знаат многу, и нормално ние го имаме како пробле. Епа не можам повеќе...се што можеше да се појави како пречка во забременувањето, се ми открија..полицистични јајници, изостанување на овулација, полип и септум во матката, затнати канали и сега ова, и ах да заборавив и малку покачена АФА..ама баш се..уште да ми кажат дека имам рогови...user posted image user posted image user posted image user posted image

Немам веќе сили за нови изненадувања..

< Поракaта ја уредил vezilka -- 5.2.2010 8:59:08 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:03:52   
mami
везилке и сега чаре?? ти рекоа нешто? има некаква шанса нешто да се направи?

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:07:55   
mother 29
леле Везле,ти се молам ,немој мила да се нервираш.како не можешuser posted image
па ти си насилната жена на рр..... те молам немој да ми рушиш претстава..........
Везле...user posted image ....се ке среди!!!!!!!!!!!!!

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 5.2.2010 9:08:27 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:08:08   
vezilka RR
епа шансите за природно зачнување се 1%. Ми препорачаа IFV, кое исто така има шанси да не успее односно да има спонтан..требало многу добар имунолог за соодветна терапија ..за да се спремел мојот организам и да не го исфрли ембрионот..:(

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:10:26   
BEBICA
Of lele duso mojauser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ajde ne gubi nadez se ke se sredi.Znam deka ovie sborovi vo monetov nisto ne ti znacat.No nadezta posledna umira i te guskam siiiilnouser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:10:56   
mami
Значи сега бараме Најдобар имунолог во земјава? Ајде сите што имате некој доктор давајте предлози. Да го најдеме, да оди наша Везилка таму и да ја пишеме во список на трудници, доста одеше така, да види малку со меше како е да шеташ..И ти немој да ми се нервираш...тој 1% ке те направи најсреќна на светот ке видишuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:11:09   
topce
нема предавање.јас имам во моја близина една пријателка која до нејзини 38 години не можеше бремена да остане.ма каде се не одеше по америки по германии и сите и викаа нема шанси имаш незнам што се.
се отвори Систина кај нас и почнаа со инвитро и женава решена ќе проба, првите 2 пати и беа неуспешни 3 пат буквално го лежеше и се фати и еве малото е 5 годинки и сите се среќни и весели.за се има чаре или лек, нема откажување.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:27:50   
vezilka RR
мили мои..фала ви за поддршката. Еве јас едно 3 дена сум како во бунило не можам да се приберам. Со мажле само се гледаме и се чудиме. Тој се обидува да ме развесели, ми вика ај ич не се секирај со ваква компатибилност на гените можеме да си мењаме коскена срж..user posted image Денес денов ми е посветен во потрага по некаков си детски аспирин заради покачената АФА а за кој патем речено кој ми рекоа дека немало шанси да сум го нашла во МК? Да не знае некој дали е тоа вистина???

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:33:39   
Katuska
И јас пред некој ден слушнав една вистина за 1% што ми ја кажа една пријателка. Неколку години по ред не можеле да имаат дечиња и кога докторот и кажал дека не постојат шанси да остане трудна по природен пат, таа со плачење и рекла на сите дека конечно чувствува олеснување што конечно и кажале дека неможе да остане трудна по природен пат, а не само и давале надеж. Истата вечер се опуштиле а после неколку дена отишле на одмор и кога се вратиле решиле да направат инвитро, дента кога отишла да ги направи првите испитувања и кажале дека е трудна. Така да 1% е многу во споредба со нула нели??
Ослободи ја мислатааа и се ке се среди...

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: HLA типизација
5.2.2010 9:44:28   
BEBICA
Draga vezilka dali go znaes poniot naziv na lekot aspirin koj e za deca.Mozam ovde da go pobaram vo Belgrad.Ako nesto ti znaci.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Katuska)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: HLA типизација
5.2.2010 10:05:12   
arh_diz
Vezilka ne se sekiraj za pokaceni AFA i jas imam pokaceni AFA pa zasega odis e dobro fala na gospost ti treba dobar ginekolog koj se zanimava so taa problematika
Sto se odnesuva do detskiot aspirin znam za nego se vika trombo as
od 50 mg nee nisto strasno sto go primas
prati mi vo PP telefon ili tvoja adresa jas ke ti go pratam


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: HLA типизација
5.2.2010 10:14:42   
arh_diz
Vezilka znam mnogu zeni koi so pokaceni AFA ostanale bremeni i rodile deca. Dokolku AFA e pokacena se pokacuva i D_dimeror i vo bremenost se primaat Kleksan inekcii . Na forumot imame tema za Kleksan inekcii A za ova sto ti nasle na tebe mila prvpat susam.Ne se sekiraj nemora da e se taka kako sto ti rekol doktoprot

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: HLA типизација
5.2.2010 10:43:30   
vezilka RR
ех, мила и јас пред три дена прв пат слушнав за тоа. Иначе било ептен ретка појава и до скоро не зе ни знаело за ова. Мислам дека прочитав дека прв пат се констатирал овој проблем во 2006 година, а матичниот ми кажа да вакви испитувања во Мк почнале да се прават ептен од скоро. Па сега јас се чудам далии воопшто има некој тука кој има доволно познавања за сето тоа да го изведе, дури и да останам бремена. Кога бев на клиника со упатот, таа таму докторката се чудеше кој ме пратил, вика кој знае за ова испитување???????

Иначе многу фала за понудата да ми пратиш лекот. Сега викендов таткото на колешкава моја ќе оди во Грзија, па ќе се обиде таму да го најде..ако не успеам, ќе ти пишам. Фала уште еднаш и тебе и на Bebica..

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: HLA типизација
5.2.2010 10:50:14   
arh_diz
Mozes da se konsultiras vo Sveti lazar okolu toa ispituvanje . Jas znam za tuka deka ima ginekolozi koi se specijalizirani za odreden problem kaj zenata i se odi kaj takvi ginekolozi . Tie te prakat ponataka dokolku treba da e napravi odredeno ispituvanje.
Nemoj da zemas se zdravo za gotovo nemora da znaci deka nema da mozes da zabremenis kako e gospod nikoj ne e
Apcinjata se avstrisko proizvodstvo LANNACHER (THROMBO ASS) ne se mnogu skapi okolu 100 denari na privatno se tuka
Treba da vnimavas na niv koga gi pies . Posle mesec ili dve nedeli da gi proveris AFA nesemejat da se pijat dolgo vreme bez proverka na krv. Moze da se javi krvarenje vo zeludnik ili kako menstruacija od niv. Tie se da ti ja proretcat krvta


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: HLA типизација
5.2.2010 13:56:43   
Bogdancanka
Везилка мила кажи ми кај го правеше генетското испитување сакам и јас да правам,може има нешто по три неуспешни инвитра а сега ќе се спремаме за ново па да си проверам и тоа.....поз мила ќе биде и за нас само позитивно......

Да прашам генетското испитување е само за жени или може и за мажите да се правиuser posted image Појма немам јас за ова....


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: HLA типизација
5.2.2010 14:12:42   
Палешка РР
Везилка, па ти не би била Рингерајка, ако се откажиш и разочаруваш. Ајде, главата горе, ќе видиш, ќе биде user posted image Сите навиваме за тебе и за сите мамички кои очекуваат user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: HLA типизација
5.2.2010 14:16:59   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Везилка, па ти не би била Рингерајка, ако се откажиш и разочаруваш. Ајде, главата горе, ќе видиш, ќе биде user posted image Сите навиваме за тебе и за сите мамички кои очекуваат user posted image user posted image user posted image


потпис 100%, само напред и без откажување

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: HLA типизација
5.2.2010 14:22:20   
Bogdancanka
Какво одкажување Везилка мила позитивно и само напред ќе се среди се ќе се радуваме и ние еден ден user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: HLA типизација
5.2.2010 16:13:49   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka


Да прашам генетското испитување е само за жени или може и за мажите да се правиuser posted image Појма немам јас за ова....



Значи HLA типизацијата се прави напоредно со сопругот. Се прави преку примерок од крв на атрансфузиологија или во некоја од приватните лаборатории. Не знам кои точно, јас прашав само во Авицена, ама бидејќи беше многу скапо отидов во државна на Трансфузиологија. Иначе не чекав многу завршивме работа за еден ден. Резултатите беа готови за неколку дена.

< Поракaта ја уредил vezilka -- 5.2.2010 16:14:14 >

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: HLA типизација
5.2.2010 19:13:54   
Enika
Мила моја Везилка...мн работи во животот не доагаат така лесно...ама мора да си силна и со голема врба....нема тука откажубања и никакви разочарувања..ние сме сите тука за тебе и ке бидеме за што и да е...а гспод е е ден и ке те израдува со слатко убаво бебенце...ете статијата за Британката си кажува дека ништо не е возможно...глава горе, опушти се, позитивни мисли и еве од мене за тебе една убава песна од моја омилена група

КЛИК ТУКА

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: HLA типизација
6.2.2010 8:14:39   
none
bogdance vikas treto in vitro seuste li e preku fondot besplayno ili ne pozdrav ,user posted image user posted image

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: HLA типизација
8.2.2010 9:35:24   
vezilka RR
Enika, фала мила за поддршката а и за посветата..и мене ми е омилена песнава...

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: HLA типизација
8.2.2010 9:40:01   
arh_diz
vezilka zosto mislis deka ke ti pravi problem toa sto ti go nasle vo bremenosta
Toa moze e samo problem deka nemozes da zabremenis
a vo bremenosta dali ke ti pravi problem nikoj neznae
mozebi ke treba samo da bides cela bremenost pod soodvetna terapija

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: HLA типизација
8.2.2010 14:36:43   
vezilka RR
Од тоа што прочитав на нет уствари ова прелкопивање во локусите на антигените најчесто предизвикувало проблем во бременоста, односно предизвикувало спонтани во раната бременост до 8-9 недела а поретко во процесот на забременување..јас го имам пореткиот проблем, во самото забременување, па си викам може дури и ако успеам да забременам може и понатака ќе ми прави проблем. Во секој случај јасно ми дека најверојатно ќе треба цело време да бидам под терапија. Како и да е да не импровизирам и измишљам ствари на 26 си закажав преглед кај спецјалист за неплодност па ќе видиме што тој ќе ми каже за да знам што понатака.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?