|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   K15 во приватните фирми
30.5.2014 10:47:20   
Dilina
Според сегашните пресметки, на околу 300.000 вработени во приватниот сектор им следува регрес за годишен одмор од околу 8.500 денари, кои треба да ги добијат од 1 јуни до крајот на годинава

Работниците во приватниот сектор од понеделник треба да почнат да добиваат регрес за годишен одмор, таканаречен К15, чија исплата од годинава е задолжителна и произлегува како обврска за работодавците од Општиот колективен договор за стопанството. Со тој договор висината на регресот е утврдена на 40% од просечната републичка нето-плата за претходниот месец и според сегашните пресметки, изнесува околу 8.500 денари.

Регресот во таа висина им следува на сите вработени во приватниот сектор, кои ги има околу 300.000, без разлика колкава плата примаат. Услов е само да се биде вработен во конкретната фирма најмалку шест месеци. Рокот за исплата на К15 е од 1 јуни до крајот на годинава. Доколку работодавецот ја избегне оваа обврска, ќе плати парична казна во висина од една до четири илјади евра во денарска противвредност. Кој исплатил К15, а кој не ќе се знае до крајот на годината, но трудовите инспектори и синдикалците веќе се мобилизираат. Од Сојузот на синдикати на Македонија веќе најавија кампања за запознавање на работниците со нивните права, а некои грански синдикати веќе контактираат со работодавците за да ја согледаат состојбата на терен.
- Веќе сме активни и ќе чекаме да истече рокот за исплата на К15, па ќе ги тужиме работодавците кои нема да ја исполнат оваа обврска - вели Ангелко Ангелковски, претседател на Синдикатот на текстилците.

Во текстилниот сектор се вработени околу 50 илјади работници, претежно жени, а нивните законски утврдени минимални плати се пониски од пресметаниот износ на К15. Но, Ангелковски вели дека синдикална заштита ќе им следува само на оние работнички кои се членови на ССМ, а тоа се околу 5.000 или само 10% од вкупниот број вработени во секторот.

Сумата од 8.500 денари што работодавецот има обврска да им ја префрли на сметките на работниците до крајот на годинава влегува во признаени трошоци на компанијата за плаќање данок на добивка. Дел од работодавците, претежно во големите фирми, со години наназад им го исплатуваат овој регрес на своите вработени, и тоа некои од нив и во поголем износ. Дел од македонските бизнисмени, пак, откога К15 стана законска обврска, се пожалија дека немаат доволно пари и дека тоа е дополнителен трошок за компанијата.

Извор:press24.mk


Ајде мамички што работите некој дали слушнал нешто околу ова, колку приватниве зборуваат околу ова и дали ќе се почитува? Сепак 8500 се некој денар плус, зошто да не ги добиеме?

(ако не одговара темава овде се извинувам) user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: K15 во приватните фирми
30.5.2014 11:28:19   
miana
Јас мислам како и се до сега така и ова ке функционира,а тоа подразбира дека работодавците нема да ни ги дадат овие пари,м односно дека законски ке ни ги дадат но ке ни ги земат!!!
Повекето фирми вработуваат на најниска плата па додаваат кеш на вработените , е во овој случај наместо кешто ке им речат ете имате цела сума на с-ка или пак ке им речат да ги извадат и да им ги вратат парите... Тоа сум сигурна!! Е сега, постојат и фирми, оние големите коишто ке го почитуваат ова, но помалите фирми каде што ке се преродиш за да избоксуваш некоја нормална плата - тешко дека ке пуштат срце и да дадат к-15.. Јас сум сигурна дека наместо кешто ке добијам к-15, па дури и за наредниот месец кешто ке влезе тука ( барем дел ) !!!!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: K15 во приватните фирми
30.5.2014 13:56:35   
Snowhite RR
Баш сабајелво читав повеќе околу ова и мислам дека баш поголемите фирми нема да исплатат К15 зашто казните се многу мали, па повеќе им се исплаќа да ја платат казната отколку да исплатат К15, а во помалите што вика миана сигурно ќе ги вратат парите. Плус како што читам ако не им го исплатат К15, вработениот има право да си ги бара преку Суд, ама претходно да ги пријави во Државниот Инспекторат и во Синдикатот и ако преку нив работодавачот не си ја исполни законската обврска тогаш ќе треба работникот да си го оствари правото преку Суд, па не верувам дека некој ќе тужи за 8500 ден, освен ако не планира после тоа да се враќа на работа во фирмата


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: K15 во приватните фирми
30.5.2014 14:37:23   
sasaiciko
Devejki bi sakala da prasam sto bi se slucilo dokolku rabotodavecot napravi odjavuvanje i utredenta povtorno prijavuvanje na rabotnikot se so cel da nemozat da se isponat tie 6 meseci koi sto mora da bide prijaven rabotnikot za dago ostvari pravoto za islata na k-15? sto se slucuva togas?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: K15 во приватните фирми
30.5.2014 17:14:05   
Melanija RR
Работава не умри магаре на зелена трева.Ова е смешка на годината ,па некои газди плати не даваат редовно па не К15.И да го пријави па одјави што има врска па иста фирма е .Ако нешто сака да се донесе и исполни тогаш треба со асални прописи и големи казни.Ова е нереално во чудесна Македонијаuser posted image
Чест на исклучоци user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: K15 во приватните фирми
30.5.2014 17:41:36   
Dilina
Немам огромно искуство, освен во последнава фирма каде што сум и сега, плата редовна и задоволителна, ниеднаш не каснеле, па се надевам дека и за ова ќе биде ок... можно е да ни намали или скрати, ама ништо не му значи 8500 во годината, со однос на тоа колку заработуваат... ама секаде си е различно

Знам дека 80% од газдиве ќе ги вртат парите, ама и ние сме си криви за тоа. За минимална плата може да се работи било каде денес, и баш поради тоа не треба да се плашиме од бркање. Се додека се тресеме вака, ќе ни се удира од глава...


Е сеа незнам дали ќе важи (ако важи) ова и за трудниците кои се на боледување? Сигурно би требало да важи затоа што и јас во случајов сум враб. во таа фирма....user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: K15 во приватните фирми
31.5.2014 22:54:14   
mommy_angels RR
ама и ние сме си криви за тоа.

Дел од нас на пример не се плашат дека ќе бидат избркани,баш затоа што знам дека сум здрава,права и физички способна да најдам работа за оваа плата.Арно ама не сме си криви ние,каде и да отидеш истото ќе се случи,социјализмот одамна умре ,а со него и К15 за работниците.Ниту еден приватен сопственик ТВРДАМ дека нема да исплати.Баш како што вика Миана тие што земаат дел во ќеш нема да им се исплати ќешот ,а на нас другите ако воопшто ни ги префрлат,ќе ни ги бараат назад.И тука ќе бидеме исправени пред Соломоново решение-Дали да не ги вратам и веќе не работам во таа фирма??? или отидам во друга фирма каде ќе ме чека истото??? user posted image
И се согласувам се дури не се донесат закони за подобра заштита на работниците ова нема да профункционира.Драги мои во држава во која неделата е неработен ден ама ако си плати фирмата дозвола на државата ,може да работи.Исто во држава во која имаме годишно околу 50-тина празници(неработни денови), газдите може да платат и добијат дозвола за работа , К 15 е научна фантастика

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: K15 во приватните фирми
2.6.2014 8:50:30   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dil


Е сеа незнам дали ќе важи (ако важи) ова и за трудниците кои се на боледување? Сигурно би требало да важи затоа што и јас во случајов сум враб. во таа фирма....user posted image



И на чиј терет би било тоа, оти во тој период кога ѕтеба да се исплати регресот ние сме под фондот, тој ни исплаќа надомест заплата. Кој ќе го плати регресот, фондот или фирмата?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: K15 во приватните фирми
2.6.2014 23:00:27   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sasaiciko

Devejki bi sakala da prasam sto bi se slucilo dokolku rabotodavecot napravi odjavuvanje i utredenta povtorno prijavuvanje na rabotnikot se so cel da nemozat da se isponat tie 6 meseci koi sto mora da bide prijaven rabotnikot za dago ostvari pravoto za islata na k-15? sto se slucuva togas?


Е значи вакво нешто само во Македонија може да се помисли и да се направи, само дупки во законите да се бараат ццц
Законот вели 6 месеци во иста фирма, што значи ако нема прекин повторно си во истата,така да мислам дека ова не може да се оствари, освен ако не направи прекин

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: K15 во приватните фирми
22.6.2014 21:05:38   
kapina
Sramota pa neli site rabotnici se isti zalno za nas vrabotenite vo tekstilniot sektor pa neli treba na site da bide ista minimalnata plata pa koj mu cine neka rabote koj ne neka ja zatvore firmata

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: K15 во приватните фирми
23.6.2014 19:10:28   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dil


Е сеа незнам дали ќе важи (ако важи) ова и за трудниците кои се на боледување? Сигурно би требало да важи затоа што и јас во случајов сум враб. во таа фирма....user posted image


Mислам дека фирмата е обврзана да го плати к15 без разлика... незнам ај да се јавам во социјално ќе дознаам и ќе ви кажам...


И на чиј терет би било тоа, оти во тој период кога ѕтеба да се исплати регресот ние сме под фондот, тој ни исплаќа надомест заплата. Кој ќе го плати регресот, фондот или фирмата?


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: K15 во приватните фирми
23.6.2014 20:44:57   
kapina
Sramno I zalno nekoj ke zema k15 8500 den a nekoj ke nema ni minimalna plata tolku kakvo e ovaa ponizuvanje za nasod tekstilniot sektor neznam kade go ima ova odredeni vraboteni da zemaat em minimalna plata sto e odredena samo za niv em nisto drugo da ne gi sleduva

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: K15 во приватните фирми
24.6.2014 13:49:00   
sandriana RR
Утрово газда разговараше со сметководителката за спремање и префрлање на средства за К15 - да ни ги исплати заедно со Јунската плата,
Искрено, позитивно ме изненади муабетот.
Ќе пишам инфо ако и кога ќе се реализира ова (би требало најдоцна до 1ви Јули).

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: K15 во приватните фирми
24.6.2014 18:01:28   
Snowhite RR
Браво сандриана за твојот газда, нашиов абер си нема или се прави на мутав, а и јас не сум му спомнала ништо за законов

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: K15 во приватните фирми
24.6.2014 19:14:58   
nataly86
Не дека тој не знае за законот само сигурно чека да се смени нештоuser posted image

Инаку мене ме интересира дали на мене бидејќи сум на боледување ми следува к-15?
Нема толку некоја РР книговодителка или несшто слично да ни ја реши дилемата да чекаме пари или неuser posted image

_____________________________

5 год. обиди, 4 циклуси со кломифен \ 5 неуспешни инсеминации, оперативна хистероскопија отсранување на септум, 1 ИВФ успешно, user posted image user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: K15 во приватните фирми
24.6.2014 19:50:19   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Не дека тој не знае за законот само сигурно чека да се смени нештоuser posted image

Инаку мене ме интересира дали на мене бидејќи сум на боледување ми следува к-15?
Нема толку некоја РР книговодителка или несшто слично да ни ја реши дилемата да чекаме пари или неuser posted image


Кај мене во фирма за плата и финансии се мн коректни, ама табу тема е да се спомуваат ваквите работи.... и мене ме интересира, ако некој знае. Вчера пробав да се јавам во социјално на отворената линија ама слабо некако креваат на тел....

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: K15 во приватните фирми
24.6.2014 23:16:18   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Не дека тој не знае за законот само сигурно чека да се смени нештоuser posted image

Инаку мене ме интересира дали на мене бидејќи сум на боледување ми следува к-15?
Нема толку некоја РР книговодителка или несшто слично да ни ја реши дилемата да чекаме пари или неuser posted image


Јас сум книговодител nataly86, ама да ви кажам ќе ве излажам, дека и немам ваков случај кај мене во фирма и не сум се заинтересирала, ај баш ќе го побарам законот да го прочитам и ќе ви кажам
А ти на трудничко си така? До кога ти завршува?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: K15 во приватните фирми
25.6.2014 8:39:15   
AneLav RR
По закон мислам дека мора у наредниве шест месеци да се даде К-15 т.е. до нова година. Така да мм сигурно ќе ми префрли К-15 на сметка. Ако не си знае што го чекаuser posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: K15 во приватните фирми
25.6.2014 10:03:38   
nataly86
Не сум на породилини...патолошка бременост и потоа здравје продолжувам за пододилно затоа не знам како е за ваков случај како менеuser posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: K15 во приватните фирми
25.6.2014 10:22:39   
sandriana RR
Денес стигнаа вирманите за К15 + за персонален за истото (го плаќа фирмата) - ама не се наеднаш сите предвидени минимални средства (8500), туку дел сега, а дел до крај на годината. Се надевам нема да бидат пребиени од кешотuser posted image .
Како и да е, ќе бидат добредојдени, колку се толку се - не сакам да помислам дека би не зезнал со пребивање ....

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: K15 во приватните фирми
27.6.2014 9:48:22   
Dilina
Ова право се вгради во последните измени на Општиот колективен договор за стопанството, кои стартуваа од 1 јануари годинава, а се со важност од две години. Според нив, надомест ќе можат да земат само оние лица кои работат кај ист работодавец од приватниот сектор најмалку 6 месеци во една календарска година. Значи вие имате право на регрес.

Им пишав на правдико и ова ми го вратија. Значи и нас трудниците не следува исто :) Ајде да си се надеваме, еден ден кога ќе видиме повеќе на сметка ќе знаеме од кај се...

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: K15 во приватните фирми
7.7.2014 23:21:28   
Snowhite RR
еве и јас да ви κажам се ρаспρашав, Κ15 им се исплаќа на сите вρаботни и тие што се на боледување зашто и тие се вρаботени во фиρмата, што значи деκа сите што сте на поρодилно или на било κаκво дρуго боледување ви следува ρегρес.
инаκу јас пρед една недела му спомнав на газдата деκа ќе тρеба да им исплатиме κ15 на вρаботените и почна да ми κажува неκој сκеч од зевзеκманија и деκа и ние сме можеле од таму нешто да научиме и таκа сега смислува начини κаκо да го исплати ама да го вκалκулиρа во бонусите и додатоците
А κај мм паκ им κажаа деκа ќе им исплатат, ама сега им воведоа неκои постρоги пρавила и највеρојатно ќе ги κоρистат да можат да κазнуваат и да си го вρатат назад :)

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: K15 во приватните фирми
7.7.2014 23:38:34   
mommy_angels RR
Za ova K15 veke se iznaslusav eden kup raboti.Na nekoi im kazale deka ke im prefrlat,a tie da gi izvadat i da gi vratat,drugi sopstvenici na firmi pak presmetale deka poveke im se isplaka da platat kazna ,otkolku da im isplatat na vrabotenite,na treti im namalile platata,pa taman so K15 ke se pokrijat itn itn Kaj nas seusete e shtama na ovaa tema,ama se se reshava vo pet do 12 ,pa taka i ova....nekako mi mirisa deka nie ke sme vo onie prvite

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: K15 во приватните фирми
20.9.2014 17:55:14   
nataly86
Здраво

Дали некоја мајка што е на породилно или на боледување земала к -15? Кај мене во фирма им исплатија к-15 но мене НЕuser posted image user posted image како што читам погоре ми следува...јас бев 9 месеци на боледување (патолошка бременост) па сега веќе 2 месеци на породилно дали нешто тоа има врска...
Поздрав

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: K15 во приватните фирми
20.9.2014 19:03:20   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Здраво

Дали некоја мајка што е на породилно или на боледување земала к -15? Кај мене во фирма им исплатија к-15 но мене НЕuser posted image user posted image како што читам погоре ми следува...јас бев 9 месеци на боледување (патолошка бременост) па сега веќе 2 месеци на породилно дали нешто тоа има врска...
Поздрав


Moра да ти исплатат затоа што ти си сеуште вработена во нивната фирма, а к15 се исплаќа на сите вработени, пишав погоре ми се чини, праќав меил на правдико и ми вратија дека и оние жени кои се на породилно ги следува. Да си ги потсетиш, зашто на крај системски ќе ги чешлаат и ќе си јадат казна.... кај нас на крај на година рекле дека ќе пуштаат...

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?