Палешка РР
|
ШТО Е ТОА БАЗАЛНА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА Базалната телесна температура не е исто што и нормалната температура. Базалната температура е температура на телото, кога тоа се наоѓа во мирување. Односно за да измерите базална температура, потребно е да имате барем 3-4 часа непрекинат сон. Мерењето на базалната телесна температура е најсигурниот знак по кој можете сами да познаете кога се случила овулацијата, иако како метод во медицината денес е застарен. ПРИНЦИП НА РАБОТАВо текот на еден месечен циклус кај жената постојат 2 фази: предовулациска и постовулациска. Во текот на пред овулациската (фоликуларната) фаза доминантен хормон е естрогенот, кој има способност да ја намали телесната температура. Во постовулациската фаза се создава т.н. жолто тело, кое почнува да го лачи хормонот прогестерон. Прогестеронот е доминантен хормон во втората фаза (после овулациска или лутеална фаза) и има способност да ја покачи телесната температура. Значи заради дејството на прогестеронот, после овулацијата Вашата телесна температура ќе биде нешто повисока во споредба со онаа пред овулацијата. На тој начин, преку секојдневно мерење на базалната температура може да се увиди кога и дали се случила овулацијата. КАКО СЕ МЕРИ БАЗАЛНАТА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРААко е можно набавете специјален термометар за мерење на базална температура (базален термометар), но ако не можете да го набавите, можете да користите и обичен живин термометар. Еве неколку препораки околу мерењето на базалната температура: - За да ја одредите овулацијата мерењето на базалната температура треба да го почнете од првиот ден на Вашата менструација и да го правите секојдневно.
- Базалната телесна температура секогаш се мери наутро пред да станете од кревет. Значи пред да се напиете нешто, пред да запалите цигара или пред да појдете во тоалет. Запомнете дека било какви активности можат да Ви ја покачат температурата и да добиете непрецизни резултати.
- Многу важно е да ја мерите температурата сегогаш во исто време. Вие одредете си кога, но секој ден нека биде во истот час. На пример во 6.00 или 8.00 часот наутро.
- Откако ќе ја измерите температурата веднаш забележете ја на парче хартија.
- За мерењето да биде точно, претходно треба да имате барем 3-4 часа непрекинат сон.
- Мерењето на базалната температура се врши орално, но може и вагинално . Важно е секој ден во текот на целиот циклус да биде на исто место, затоа што вагиналните температури се нешто повисоки од оралните. За повеќето жени позгодно е оралното мерење.
- Термометарот нека Ви биде спремен, истресен од претходната вечер и чувајте го на дофат на раката. На овој начин нема да треба да станувате од кревет за да го дофатите.
- Секогаш мерете ја температурата со истиот термометар, затоа што два различни термометра можат да покажат различна температура. Имајте впредвид дека значајна може да биде и разлика од само 0.1- 0.2 степени целзиусови.
- Ако негогаш сте морале да прекршите некое од правилата за мерење на температурата, внесете белешка за невообичаената ситуација.
- Измерените вредности внесувајте ги во график на кој на х-оската ќе бидат прикажани деновите од циклусот, а на y-оската ќе бидат вредностите на температурата. Можете да видите пример од цртежот подолу.
KAKО ДА ГО ТОЛКУВАТЕ ВАШИОТ ГРАФИКСо мерење на базалната температура нема да можете однапред да ја утврдите овулацијата, туку ќе може да се потврди нејзиното случување откако веќе ќе се случи. Сепак со мерење во текот на неколку циклуси ќе забележите некој шаблон по кој ќе се случува тоа. Како што кажавме, во предовулациската фаза доминира естрогенот, кој има способност да ја намали температурата. Во постовулациската фаза доминира прогестеронот, кој ја зголемува температурата. Како резултат на тоа во Вашиот график ќе треба да бидат видливи 2 фази на температурата. Во првиот дел од циклусот мерените температури ќе бидат пониски во споредба со оние во втората фаза, односно после овулацијата. Таа разлика може да биде различна, најчесто е од 0.2-0.6 степени целзиусови. Кога Вашата темратура ќе скокне, тоа е знак дека овулацијата се случила најчесто претходниот ден. Продолжете со мерењето на температурата. Кога три дена по ред ќе добиете покачени температури во споредба со првата фаза, ќе знаете дека овулацијата поминала. Кај некои жени најниска температура се добива токму на денот на овулацијата, кога е највисоко нивото на естроген. Ако не дојде до зачнување во циклусот, температурата на крајот на лутеалната фаза паѓа и тоа значи дека веројатно истиот или наредниот ден ќе добиете менструација. Доколку дошло до зачнување температурата ќе остане покачена, а менструацијата ќе изостане. Доколку не можат да се увидат 2 температурни фази после 3-4 мерени циклуси, консултирајте се со Вашиот гинеколог, можно е да се работи за ановулаторност, односно отсуство на овулација. Не се вознемирувајте, нормално е кај секоја жена да има 1-2 ановулаторни циклуса годишно. Доколку сепак се работи за пореметување на овулацијата, лекарот ќе Ви препише терапија за регулирање на истата. Доколку втората фаза е пократка од 10 дена, исто така е препорачливо да се конслултирате со Вашиот гинеколог. Во овој случај се работи за т.н. дефект на лутеалната фаза. Ова може да биде проблем при зачнувањето, затоа што ембрионот нема време да се вгнезди во матката и да почнe да го лачи хормонот, кој ќе ја сопре следната менструација. Во многу случаи на дефект на лутеалната фаза помага витамин Б6 во доза од 50 мг дневно. ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА МЕРЕЊЕТО НА БАЗАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРАСо мерење на базалната температура не може да се предвиди однапред кога ќе се случи овулацијата, туку се потврдува накнадно. Освен во случаи кај жени кај кои на денот на овулацијата се случува пад на температурата. За да можете да ја предвидите овулацијтата однапред, добро е мерењето на базалната температура да го комбинирате со следење на цервикалната слуз. Како се наближува овулацијата, така плодната слуз станува пообилна, прозирна и растеглива, односно има изглед на белка од јајце. Откако ќе се случи овулацијтата и ќе се покачи базалната температура, ќе забележите дека цервикалната слуз ја губи конзистенцијата на белка од јајце и станува погуста или пресушува. Комбинацијата на следење на базалната температура и цервикалната слуз може да Ви биде од голема помош во одредување на плодните денови. За да ги зголемите шансите за зачнување препорачливо е да имате односи секој ден или преку еден ден откако ќе приметите дека се јавила слузта со конзистенција на белка од јајце. Доколку се работи маж со послаб спермограм се препорачува апстиненција од 3-5 дена и односи што е можно поблиску до овулацијата. Извор: Твое бебе
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
|