kikicka
|
Сензорната соба во пресрет на Светскиот ден на аутизмот - 2-ри април, ја пуштија министерот за образование и наука Панче Кралев и генералниот директор на Вип оператор, Никола Љушев. Сензорната соба, наменета за децата со аутизам кои својата редовна настава ја посетуваат во ова училиште, е во согласност со светските стандарди, а има за цел да им овозможи на дечињата соодветни услови за непречено посетување на наставата. Се применува на лица со сензитивни, конгитивни, физички и психички хендикеп. Создадена е за перцепции кои им се потребни на учениците во еден дел за забавна активност, друг дел овозможува мултисензорни активности, додека трет дел овозможува релаксација. Сензорната соба промовира релаксација низ контролирана употреба на арома, тактилна, аудитивна и визуелна стимулација, кои се неопходни за третман на лицата со аутизам. - Со отворањето на оваа просторија ќе постигнеме значаен напредок во работата со децата попречени во психофизичкиот развој. Сензорната соба која е опремена со спејс проектор, платформа за седење и душек, сад со водени ефекти и меури, фибер влакна и извор на лед влакна, претставува основа за стимулативни активности и искуства. Станува збор за специјално изолирана соба во која ќе се користат овие стимулативни активности со цел да се постигне зголемување на свесноста и да се поттикне позитивното однесување кај децата со дисфункција на сензорната интеграција. На прв поглед потсетува на дискотека или соба за релаксација каква што секој би посакал да ја има, но всушност се работи за тераписка соба кој истовремено ги стимулира сите сетила, изјави Мери Стојкова, директор на ПОУ „д-р Златан Сремец“. Средствата за сензорната соба беа обезбедени од страна на вработените на Вип кои ги откупија своите користени службени компјутери и одлучија средствата да ги донираат за опремување на сензорната соба. - Во низата хуманитарни активности во кои вработените на Вип активно и несебично учествуваат, задоволство ми е што повторно вбројуваме уште една иницијатива со која им помагаме на најмладите. Општествената одговорност е концепт кој е втемелен во стратегијата на Вип и во срцата на нашите колеги и ќе продолжиме да помагаме онаму каде помошта е најпотребна, обезбедувајќи притоа повеќе вредност за општеството, за најмладите, изјави Никола Љушев, генерален директор на Вип. Посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ работи според посебни планови и програми ревидирани од страна на Бирото за развој на образование при Министерството на Република Македонија, а прилагодени според индивидуалните можности и способности на секое дете. Министерот за образовние и наука кој беше присутен на отворањето на сензорната соба ја истакна својата поддршка за проекти од ваков вид. - Инклузијата на децата со посебни потреби зазема посебно место во настојувањата на нашето општество да обезбеди подеднакви услови за нивна целосна социјална интеграција. Силната корпоративна општествена одговорност на Вип која е изразена преку оваа донација ќе придонесе да создадеме подобри услови за децата со посебни потреби, притоа почитувајќи ги нивните индивидуални потреби, рече министерот Кралев. Во моментов, во ПОУ д-р Златан Сремец настава посетуваат 25 ученици со аутизам кои се распределени во различни паралелки. Извор:Курир.мк
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
(Одговор на членот plavi)
|