|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Прашања до Kris Thoelen и Krista Bynens - АБР...
10.6.2010 7:32:53   
beki RR
Драги родители , размислував нешто , верувам дека ќе го споделите мојот интерес.За да ни се олесни на сите талкањето и барањето начин да му го подобриме животот на нашите деца , да направами вака.
Од време на време ќе собираме група прашања па ќе му испраќам на личност која ќе може да ги одговори.
Бидејќи со АБР Белгија веќе соработувам, на Крис нема да му е му е проблем да одговори  на вашите прашања во врска со АБР терапијата.Во наредниот период поставувајте прашања , кога ќе собереме одреден број  , ќе му ги испратам .Кога тој ќе одговори , одговорите ќе ги поставам на рр.


< Поракaта ја уредил beki -- 11.6.2011 9:59:14 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
10.6.2010 13:19:09   
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Драги родители , размислував нешто , верувам дека ќе го споделите мојот интерес.За да ни се олесни на сите талкањето и барањето начин да му го подобриме животот на нашите деца , да направами вака.
Од време на време ќе собираме група прашања па ќе му испраќам на личност која ќе може да ги одговори.
Бидејќи со АБР Белгија веќе соработувам, на Крис нема да му е му е проблем да одговори  на вашите прашања во врска со АБР терапијата.Во наредниот период поставувајте прашања , кога ќе собереме одреден број  , ќе му ги испратам .Кога тој ќе одговори , одговорите ќе ги поставам на рр.




Поздрав за идејата! Поздрав и до Крис Тхоелен и благодарност за можноста да добиеме одговор токму од него!

< Поракaта ја уредил beki -- 10.6.2010 13:25:48 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
11.6.2010 19:29:02   
bato
Поздрав до неуморната Беки, и желби за понатамошен успех.
За идеата со прашањата би дал чиста петка, мислајки пред се на оние кои не можат да си дозволат АБР барем вака преку прашања на некој начин да им се олесне.
"БИДЕТЕ ХРАБРИ И РАДУВАЈТЕ СЕ НА СЕКОЈА НАСМЕВКА НА ВАШИТЕ АНГЕЛЧИЊА"

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
11.6.2010 19:46:14   
beki RR
Ти благодарам бато за ѕбавиот  епитет пред моето име.
Друга работа, се надевам само дека ќе имам сили и за тоа да го средам.
размислувам како АБР да стане подостапна за родителите.
Спремам терен за експериментална студија, па после со резултатите да видиме како да се добие нешто од нашиот драг и сакан фонд за здравство.Во данска, норвешка и холандија Фондот рефундира средстав за АБР а во италија во преговори се со фондот.Ако се успее со екпериментална студија ќе биде супер, ама за се сака време а тоа пустото никако да стаса.

А мислам дека ако с езголеми  бројот на пациенти уште ќе се намали цената. како и да е ќе видиме што ќе донесе идниниата.Поздрав до тебе бато.

< Поракaта ја уредил beki -- 1.9.2010 16:16:28 >

(Одговор на членот bato)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
14.6.2010 21:42:05   
bucko 1
zdravo beki eve edno prasanje
dali homeopatijata bi mozela da go podobri rezultatot kaj deteto zaedno so abr ili tie dva tretmana ne e pozelno da se rabotat vo isto vreme?

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
16.6.2010 12:54:29   
beki RR
 Благодарам за прашањето буцко.Се надевам ќе има уште неколку па ќе ги испратиме.Инаку ние вчера бевме на хомеопат.Мене сето тоа ми е чудно , морам да признам многу чудно,бидејќи прв пат се сретнувам во живо со хомеопат и со нивните лекарства.нејзинта претпоставка е дека дошло до прекин во рбетот на Ана при пораѓај.Тоа ми беше мене многууууууу чудно.......Па ќе видиме што ефект ќе имаат лекарствата.

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
22.6.2010 13:01:34   
beki RR
На прашањето од Буцко, дали АБР може да се комбинира со хомеопатски лекови одговорот е дека нема никаков проблем.АБР може слободно да се комбинира со хомепатски лекови, без никкави контраиндикации.Инаку АБР може да се комбинира со секоја друга терапија, единствено што може да ги намали резултатите од АБР се насилни вежби, претерано истегнување на детето и наметнување на положби.


На прашањето како АБР може да му помогне на деца со аутизам и АДХД, и зошто АБР може да помогне кога не се работи за моторен проблем туку за ментален еве го одговорот

Ограничувањата на фината моторика кај овие деца го  имаат во сонова иститот проблем како другите АБР деца,а тоа е слабост на внатрешниот тонус на телото.Таа слабост е исто така присутна и во главата.
Нашето искуство со деца со Аутиазам и Адхд покажува дека со помош на АБР се зголемува концентрацијата, и со дологорочна примена на АБР децата се смируваат, се социјализираат добиваат пошироки погледи и сваќања за себе, за светот околу нив и за животот воопшто.






(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
27.9.2010 13:52:53   
blue_blue
Beki, дали АБР помага кај деца кои имаат проблем во развој кој не е од физичка природа? На едни мои пријатели детето има 4 ипол години а уште не зборува. Физички проблем нема, ама зборува како дете од 1 година (мама, тато и толку). Го носеа на прегледи кај се не, викаат детево нема никаков физички проблем. На крај беа во Турција и таму му правеле некое снимање на мозокот и виделе дека делот од мозокот кој е задолжен за говор не му е развиен т.е. како да нема никаква активност таму. Им дале некаква деите и толку..Може ли АБР да помогне во вакви случаи?

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
27.9.2010 16:51:34   
beki RR
блуе-блуе, пренеси им на родителите да дојдат на информативната сесија и да се запознаат со АБР.АБР решава проблеми со говор и може многу да им помогне.
проблемите со говрот не доѓаат само од мозокот.Ние имаме апарат за говор кој е составен од грлкан, гласни жици, душник, бели дробови, усна и носна празнина, носни синуси, граден кош, мускули на лицето... Ние на крајот на краиштата не зборуваме со мозокот и многу е погрешно целата вина да се префрла на мозокот.
Ако родителите се заангажирале и отишле дури до турција , верувам нема да им е тешко да дојдат и до охрид.Ќе слушнат што е АБР, и ќе можат да поразговараат со гостите од Белгија за нивното дете и тие да им кажат што и во кој смисол може да се помогне.

Еве јас си зедов за право да го одговорам прашањето место Крис.
Имам спремено и еден текст баш за АБр и говорот па ќе го поставиме во наредните денови на рингераја.
Поздрав.


(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
28.9.2010 9:46:05   
blue_blue
Beki, фала многу за одговорот. Кажи ми точно кога е средбата во Охрид и каде. Дали треба да се регистрират некаде или може само да дојдат. ФАЛА МНОГУ!

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
28.9.2010 12:32:38   
beki RR
Информативанат сесија ќе се одржи во Охрди, на 8 Октомври, петок, во хотелот Royal view со почеток во 19 часот.Хотелот се наоѓа на кеј, во близина на хотел Милениум плаце, и хотел Тино Барав од заинтересираните да се пријават, за да знам која сала да ја спремаме, помалата или поголемата. Информативната сесија е бесплатна.Важно ми е да се запознаат рдоителите со АБР, па натаму сами ќе си одлучат дали вреди да пробаат или не.
Имам и некои планови за во иднина, околу поголема достапнопност на АБР за родителите, но за се треба време и работа.Ова е сепак почеток.

За АБр и говорот имам тука КЛИК

< Поракaта ја уредил beki -- 28.9.2010 18:55:27 >

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
28.9.2010 14:55:00   
blue_blue
Беки фала ти многу. Ќе може ли информацијата да ми ја пратиш во ПП пошто не можам да го отворам линкот. ФАЛА!

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Информативанат сесија ќе се одржи во Охрди, на 8 Октомври, петок, во хотелот Royal view со почеток во 19 часот.Хотелот се наоѓа на кеј, во близина на хотел Милениум плаце, и хотел Тино Барав од заинтересираните да се пријават, за да знам која сала да ја спремаме, помалата или поголемата. Информативната сесија е бесплатна.Важно ми е да се запознаат рдоителите со АБР, па натаму сами ќе си одлучат дали вреди да пробаат или не.
Имам и некои планови за во иднина, околу поголема достапнопност на АБР за родителите, но за се треба време и работа.Ова е сепак почеток.

За АБр и говорот имам тука КЛИК


(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
28.9.2010 18:54:50   
beki RR
Блуе-блуе ти пратив пп.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
11.6.2011 2:02:31   
EvaNella
Zdravo na site i pozdrav do moderatorot user posted image . Jas su nova ovde na RR i nekoi raboti ne mi se sosema jasni user posted image ...gledam deka ovaa tema ne e odamna aktivna..pa sakav da prasam dali seuste funkcionira nacinot na postavuvanje prasanja i dobivanje odgovori od Kris Thoelen...i ako moze nesto poveke za ABR...kakov vid na terapija e toa? i dali nekoj vo Mk ja izveduva?
vi blagodaram
pozzz


(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
11.6.2011 9:55:54   
beki RR
Здраво Ева Нела. Добро ни дојде на форумот. user posted image
Прашања може да се поставуваат , одговор ќе добиете. За жал не од Крис, веќе еден месец не е меѓу нас. Некогаш најдобрите меѓу нас, најбрзо си заминуваат. како на пример Тоше-загина во сообраќајна несреќа, Крис-загина во авионска несреќа. За нас тоа беше голем шок, многу родители го доживеаа тоа како лична трагедија. Не сакав да го менувам името на темата, затоа што имав огромна почит кон тој човек.
ЗА АБР може повеќе да најдиш тука КЛИК . Во Македонија има 2 групи, октомвриска и мартовска. Во однос на дијагнозите, имаме деца со церебрална парализа, аутизам, даунов синдром итн...За повеќе информации можеш да ме контактираш преку приватна порака или на маил.
Те поканувам на останатите теми, да ги разгледаш и да оставиш твој коментар или да го споделиш со нас твоето искуство.
Поздрав и добро ни дојде уште еднаш.user posted image


< Поракaта ја уредил beki -- 11.6.2011 10:02:40 >

(Одговор на членот EvaNella)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
11.6.2011 13:06:54   
temjana
јас навистина незнам баш дали постов мој е за овде но верувам дека модерторите ќе средатuser posted image Дојдов сосема неочекувано до контакт од еден многу познат имунолог србин чии пациенти се многу видни фигури од американската политичка и вип сцена. Има излечено млад човек кој боледува од паркинс познаник мој , моментално на еден мој пријтел баба му болна од рак од која што и докторите кренаа раце после 2 месеца терапија тумор маркерите и се на 0.Доколку некој има потреба од контактите од докторот ќе му пратам пп без проблеми, јас сега ќе си порачам лекарства за превенција и за зајакнување на имунитетот, најважно од се е тоа што сите лекарства се на билна база, и тоа што не станува збор за надри лекар туку за доктор имунолог кој што видел дека медицината е немоќна многу често, и ја споил природата со медицината. Многу логично затоа има и резултати и кај болести за кои сме сигурни дека нема лек. Ви посакувам убав ден на сите ррuser posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
17.6.2011 0:34:53   
EvaNella
Beki ti Blagodaram za informacijata..no nie seuste nemame dijagnoza za da moze da se odredi treapija...sepak fala..se citame povtorno na forumov so novi informacii...
pozz

Temjana..zdravo :) bi bilo dobro ako sakas da ja spodelis so nas ostanatite ;) kontakt informacijata za srpskiot imunolog..
ti blagodaram,pozdrav

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
17.6.2011 8:34:39   
temjana
eva nella ти испратив пп бидејки политиката на странава не дозволува јавно да се даваат такви информации, т.е телефонски броеви. user posted image Поздрав

(Одговор на членот EvaNella)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
29.8.2011 15:26:16   
merci
kako da mu se pomogne na dete koe od majka mu nasledilo paranoidno rastrojstvo.deteto e 10 godini i e odlicen ucenik mo pokazuva pasivno agresivno odnesuvawe.majkata e so visoko obrazovanie i visok iq.postoi li medikamentozna terapija i terapija protiv prerana demencija.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
29.8.2011 15:43:23   
beki RR
Мерци, ќе го пренесам прашањето до Криста, па ќе напишам што ќе каже. Таа има искуство со многу деца, многу често се случува да добива совети од неа кои немаат врска со АБР. Значи штом добијам одговор ќе го постирам . Поздрав.

(Одговор на членот merci)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
26.9.2011 12:39:11   
Natashka
Temjana ili merci, molba do vas ako moze da mi ja ispratite kontakt informacijata od srpskiot imunolog. Blagodaram..

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Прашања до Kris Thoelen - АБР Белгија
26.9.2011 14:13:09   
beki RR
Natasha ti prativ info vo pp.

(Одговор на членот Natashka)
Непосредна врска до пораките: 22
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?