|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Истражи ја Македонија
29.6.2010 14:41:41   
Snowhite RR
Што мислите за овој проект? Дали мислите дека добро ја познаваме нашата земја и историјата на нашата земја? Дали сте се нашле во ситуација да некој роднина или пријател од странство или без разлика, некој странец ве праша нешто за некоја знаменистост и вие не знаете да мму дадете добар одговор? Дали имате посетено поглем дел од културното наследство на Македонија?
Мое мислење е дека не си ја знаеме доволно нашата земја и не довлно сме ја препатувале, исто така и дека не ја цениме доволно. Во Македонија има навистина убави места кои се интересни за туристите, но ете ние секогаш се стремиме на патувања во странство, а многу места во нашата држава се уште не сме ги посетиле. Јас имам во план еден ден да направам една екскурзија низ Македонија на места на кои не сум била до сега, па и на некои на кои сум била.
На ТВ Сител има емисија Истражи ја Македонија, мислам дека е убаво да се следи да се научат некои работи за сопствената земја.
Што мислите вие за сето ова?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Истражи ја Македонија
29.6.2010 14:49:49   
penelopa
Дефинитиво се сложува Snowhite не си ја познаваме доволно Македонијата, а има многу убави предели и услови за туризам. Кога сме кај екскурзиите ние лани направивме една мала по Источна Мак, тој дел воопшто не му беше познат...од Јоаким Осоговски, преку Кратово, Штип, Струмица, Водопадите па се до Дојран се спуштивме....навистина прекрасна авантура и што е најважно од се Македонија има дефинитивно најубава храна која за европски размери е сеуште многу ефтина.
Тука во Сло. има многу луѓе (колеги на сопругот) кои патувајќи накај Грција застануваат и се распрашуваат каде, што да посетат кога се на поминување низ Македонија. Повеќето имаат добро искуство и секако најмногу ја фалат храната.

Браво за проектот...штета што немам Сителuser posted image


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Истражи ја Македонија
29.6.2010 14:53:04   
Bitolcanka
Не ја имам видено таа ТВ емисија (скарана сум со ТВ user posted image ), но сигурно е добра според насловот. Имам посетено некои места низ Мкд, но тоа е ништо во споредба со оние кои не ги имам посетено. Имам направено еднодневна екскурзија низ југозападна Мкд, би требало тоа да го направам некогаш и низ источна и останатите. Нашите граѓани, повеќето, се срамат да кажат ако останат во Мкд и го поминат одморот (годишниот одмор) - летото во својата земја user posted image А има толку знаменитости, убави места со коишто можеме да се гордееме. user posted image за темата Snowhite - вреди да се замислиме за миг околу ова ...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Истражи ја Македонија
29.6.2010 15:39:43   
Snowhite RR
Има реклами од овој проект, за тие што не ги гледале, ќе се обидам накратко да ви прераскажам една. Имено една девојка седи во воз и доаѓаат и седнуваат наспроти неа двајца германци, ја прашуваат од каде е, а таа им вели Македонија и тие кога ќе слушнат, го отвораат лаптопот и и' покажуваат слика, како двајцата се сликани во Македонија, а таа им вели, „Убаво, каде е тоа? Во Германија?“ А тие и зачудени и' велат „Не, Македонија“ и девојаква се зацрвени од страм.
Мислам дека има вистина во оваа реклама

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Истражи ја Македонија
29.6.2010 15:47:05   
Viktori
вие сте ко Французите.. го имаат Париз, а јадни одат у Белгија, Холандија..пр. Ова го кажа една жена од европската комисија тука во Мк. Секој викенд одеа ваму, таму.
Имаме езера, реки, водопади, планини. Ама тоа ти е. Комплекси- првата фаза на  вулгарниот капитализам.



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Истражи ја Македонија
29.6.2010 22:45:42   
Snowhite RR
Еве гледав и на МТВ 1, го даваат проектот Истражи ја Македонија, тоа е проект на Владата и најверојатно на сите тв даваат кратки како репортажи со информации за определени знаменитости

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Истражи ја Македонија
9.7.2010 16:23:48   
jovanka
Под Солунска Глава има вода за пиење за половина Македонија

Глетката беше прекрасна. Има огромни количества кристално чиста вода. Нешто што не може да се опише. Во резервоарот со вода нуркавме околу 50 метри. До дното не дојдовме, велат македонските спелеонуркачи од Пеони" и Врело"

Македионско-белгиска експедиција во мешан состав од спелеолози и нуркачи минативе четири дена ја испитуваше пештерата лоцирана до изворите на река Бабуна, што се наоѓа под самиот врв на Солунска Глава. Според нив успешно поминале околу 350 метри во хоризонтала и 520 во вертикала, што е најмногу досега.
- Мислам дека експедицијата беше успешна, бидејќи поминавме добар дел од пештерата и се надевам дека повторно ќе се вратиме тука - рече Марк ван дер Мул, спелеолог од Белгија.
За првпат досега во оваа пештера влегле и двајца македонски спелеонуркачи. Велат дека глетката била фантастична. Пештерите се високи над 100 метри со прекрасни украси.
- Глетката беше прекрасна. Има огромни количества кристално чиста вода. Нешто што не може да се опише. Во резервоарот со вода нуркавме околу 50 метри. До дното не дојдовме, велат македонските спелеонуркачи од Пеони" и Врело".
Поради неочекувано високото ниво на подземните води спелеолозите морале да ги прекинат истражувањата на пештерата кај изворите на Бабуна по само четири дена и со истражување ќе продолжат идната година. Експедицијата потврди дека под планината Јакупица се наоѓаат огромни басени со вода кои се најголемите резерви во целиот регион и од кој со здрава вода може да се снабдува половина Македонија.
- Овој предел овде не за џабе го викаат Мокра Планина. Поради големите врнежи и варовничкиоот карактер на планината настанати се огромни басени кои можат без проблеми да ги снабдуваат со вода Скопје, Велес, Македонски Брод, Прилеп и останатите околни места - вели Иван Жежовски, претседател на спелеолошкото друштво Пеони" од Скопје.
Според одредени индиции до коишто дошла експедицијата, во овој регион има најголем пештерки комплекс и дека под Јакупица се наоѓаат најголемите резерви на високо квалитетна вода за пиење во Македонија. Инаку, од овој резервоар под Солунска Глава се напојуваат реките Бабуна, Тополка, Треска и други помали реки.
Градоначалникт на Чашка, Горан Пановски нагласи дека и понатаму ќе ги поддржува ваквите истражувања кои се во прилог на популаризација и претставување на убавините на Општина Чашка.
Македонска експедиција првпат учествуваше во истражување на оваа пештера, а тимот од Белгија трет пат ја истражува.


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Истражи ја Македонија
10.7.2010 2:06:06   
Snowhite RR
Еве за сите што сакаат да научат повеќе за нашата земја http://travel.arheo.com.mk/
А на јутјуб има клипчина од емисијата Истражи ја Македонија, еве едно http://www.youtube.com/watch?v=H7N90b01HLw
Пишете само „Мојата чудесна земја“ и ќе ви ги излиста сите

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Истражи ја Македонија
1.9.2010 22:14:37   
zlatko1
Дефинитивно не си ја познаваме сопствената држава. Имаме толку прекрасни места како Кокино, Стоби, Хераклеа, Цоцев Камен, Куклица, Каменииот град кај Конопиште (слично како Куклица), Вевчани, Дуфски водопади (Ростуше), манаститирите Пантелејмон, Рајчица, Бигорски ...

Во прилог на пораката на Showhite, страницата Travel to Macedonia (http://travel2macedonia.com.mk) на која потполно, е објаснето за секое место и знаменитост кое вреди да се посети.

А видеата Истражи ја Македонија се навистина прекрасни, со една забелешка - убаво би било да се пуштат и на странски телевизии со англиски јазик.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Истражи ја Македонија
2.9.2010 10:05:15   
beki RR
Истражи ја Македонија е прекрасна работа.Многу работи научив.Се засрамив од смаата себе колку места во Македонија никогаш во живот не сум ги посетила. Имам и доста посетено, но има и многу за кои прв пат слушнав.се надевам ќе имам прилика да посетам многу од нив.

(Одговор на членот zlatko1)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Истражи ја Македонија
22.3.2011 16:39:19   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce

Здраво на сите рингерајки јас сум од Штип па отворив нова тема каде ке ви пренесам како кај нас во Штип се слави Младенци (четтерсе) како што го викаме ние Штипјани.
Значи на 22 Март Штипјани традиционално се искачуваат на градската гордост Исарот (Штип Градот под Исарот)- тврдина над Штип. Станува збор за една традиција која е уникатна и единствена во Македонија, која е причина повеќе градската крепост-Исарот да биде посетена како никогаш во годината. На тој ден, штипјани  се искачуваат на Исарот од каде фрлаат 40 каменчиња и според традицијата, последното, 40-тото го задржуваат за себе. Откако ќе се поздрават на симнување со 40 лица, последното каменче го ставаат под перница. Традицијата и обичаите велат дека ноќта ќе го сонуваа својот животен сопатник.
Дали имаме други штипјанки на форумот па да споделат и тие мислење како го доживуваат овој празник на градот, дали ке ги носат и тие своите дечиња, ќе ја пренесат ли традицијата и легендата за Исарот на своите дечиња.
А воедно да ги поканиме и другите рингерајки да дојдат и да го посетат Исарот и тие да бидат дел од традицијата.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Isabella

Koga go procitav naslovot se cudev sto e sega toa "Isrot". Pa ja otvoriv temata da citam za sto se raboti i gledam tocno napisano "Isarot" .
Treba da se popravi vo naslovot.


(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Истражи ја Македонија
22.3.2011 17:11:12   
Martins mom
И јас сум од Штип и оваа традиција ми буди многу убави спомени, посебно кога бев ученичка. Со душа го чекавме со другарките 22 Март. Прекрасно е да се доживее таа еуфорија во градот на тој ден ! Цел град е качен „горе“ на Исарот, а погледот кон целиот град и околината оттаму е фантастичен !!!
Да потпорасне син ми, обавезно ќе го носам, вреди да се види Штип на тој ден (покрај викендот кога е Макфестuser posted image user posted image )


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Истражи ја Македонија
22.3.2011 20:43:06   
Тања РР
Јас не сум од Штип но сум се качувала на Исарот за Младенци додека бев средношколка. Прекрасна традицијаuser posted image

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Истражи ја Македонија
26.4.2011 23:55:50   
Nadezna
Mal doprinos od mene kon Makedonija.
Izvolte mini vodic za setanje :)

http://nadeznan.blog.mk/2011/03/15/makedonija/

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Истражи ја Македонија
22.3.2012 12:26:08   
zapce
Ајде Рингерајки повелете на Исарот во Штип, денеска е денот кога се качуваме и фрламе каменчиња.

_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Истражи ја Македонија
20.4.2012 10:42:25   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: meU87

Почитувани РР , целта и замислата на оваа тема ми е да поставиме слики и опис, препораки, за места кои и не се толку атрактивни , а нудат многу.
Да си разменеме мислења за места кои не ги знаеме сите, а се дел од нашата МАкедонија, која има многу што да понуди.
Еве јас ќе ви покажам и предложам нешто од мојот крај, местата каде јас пораснав и кој за мене нудат неверојатна убавина, мир, спокој, релаксација...

Прво е Смрдлива Вода, на Кожуф планина.

Второ место би било манастирот св. Ѓоргија кој се наоѓа над Валандово
Во склоп на манастирот има направено како излетничко место, природата е прекрасна , а уште повеќе возбудува глетката кон градот.

Се извинувам но незнам како да поставам слика(пробав , но не се снаоѓам)




ИЗВОРНА ПОРАКА: libra.n

Ej od koga mi kazuva mm za Smrdliva voda deka treba da otideme, i eve sega da se zatopli obavezno ke odimeuser posted image



< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 20.4.2012 10:44:22 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Истражи ја Македонија
20.4.2012 10:47:46   
Pepelaska *
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image

ova se slikite na meU87

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Истражи ја Македонија
21.4.2012 12:06:53   
kikicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: milijana

Makedonija vo srceto..na site nas.Mi se dopadna, mnogu.Jas sum covek koj go ceni secij trud.I ljubovta pobedila i se sleala vo nekolku sek.Toa e mojata Makedonija, toa e mojot narod.Jas ednostavno..mnogu si ja sakam zemjata i poddrzuvam ubavi i miroljubivi momenti od Makedonskiot narod.Pozz do site..


ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksandra

Mnogu mi se dopadnaa site spotovi sto gi napravija za MAKEDONIJA VECNA. Prekrasni se i sekoga koga ke gi vidam na TV po celo telo me lazat mravkiuser posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM

Спотовите се многу убави...многу ми се допаднаа....ураа...На Воислав омилена песна му е Македонија навива за вас...user posted image user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: cevlice

MAKEDONIJA ZASEKOGAS VO SRCETOuser posted image user posted image user posted image




< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 25.11.2015 14:57:35 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Истражи ја Македонија
13.6.2013 18:10:26   
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: ole2004

Нашата земја крие многу интересни места кои би сакала да ги посетам.Тука може да споделуваме места кои нас ни се допаднале.Јас ке го издвојам Скопје-Маткаuser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR

Смоларски и Колешински водопади - Струмица како и Пехчевските водопади


(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Истражи ја Македонија
13.6.2013 18:20:25   
deluxe
Sv.Naum vo Ohrid!! mi e najubavoto od Makedonija

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Истражи ја Македонија
13.6.2013 18:24:53   
sandriana RR
Се сложувам за Пехчевските водопади, Пелистер и Поречието ми се исто така фаворити

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Истражи ја Македонија
13.6.2013 20:28:16   
temjanuska75
Lani bevme vo Vevcani, manastirot vo s.Rajcica, Debar, vo hotel Tuto vo s. Jance. Beshe preubavo. Porecieto e isto taka preubavo. Tamu si odime sekoja godina. Godinava vo plan ni e jugot od MK da go vidime, Strumica,Dojran Gevgelija.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Истражи ја Македонија
13.6.2013 20:59:06   
Octavia
Јас баш си ја сакам земјичкава наша минијатурна и сакам да шетам (сега искрено многу многу ретко) низ неа. Охрид, црквите, Струга, Вевчани, Св. Јован Бигорски, Радика... па Маврово наше златно, Лешок, Матка (моето омилено место до Скопје), запуштениот Аквадукт...
Ама навистина секаде има нешто што ми оставило впечаток, манастирот Св. Јоаким Осоговски кој мора да се види, впечатливо чистото Кочани и Градче до него, Радовиш со импозантната црква (подарок од Гуштеров чинам беше), Смоларски водопади, раздвижената Струмица... Потоа и Гиновце, за опуштен ден со убава храна... Може сме мали, ама нема што немаме user posted image . Пред некој месец бевме и на кусо патување до винаријата Попова Кула, мене искрено ме воодушевија. Е не сум била да го видам Кокино, ама ќе причека засега.

(Одговор на членот temjanuska75)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Истражи ја Македонија
13.6.2013 23:21:26   
mami2
Не ја познавам доволно Македонија, и ја гледам емисиијата кога ќе ја начекам.
Сакам кога се враќам од Охрид да одиме преку Дебар. Патот околу езерото, Рајчица, покрај Радика, ми се омилени места. Матка во скопско, Говрлево исто така. Поречието со својата природа, а и Лазарополе, само што немам сместување таму, а сите ефтини капацитети ги затворија.
Слабо ја познавам источна Македонија, само неколку градови имам посетено, ама битно план за шетање натаму имаме. Видов баш во емисијата многу места што би сакала да ги посетам

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Истражи ја Македонија
25.11.2015 13:31:02   
marchi
ne ja poznavam dovolno nasata zemja i odlicen e proektot no ne e odlicno sto se snimeni samo malku emisii a uste mnogu gradovi sto bas ima sto da se vidi..niv gi nema.

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?