Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Во соба со мене имаше 5 албанки што не знаеја македонски и никој не ми правеше муабет. По три дена дојде една македонка, ама давеж жив, цела ноќ сакаше да прави муабет, а нас ни се спиеше. Ужас.
јас бев во соба со две девојки на моја возраст, сите со царски породени, си помагавме колку можеме една на друга, си разменивме броеви кога си одевме, си пишавме неколку пати после тоа и толку.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Jas sum seuste vo kontakt ona seporodi posle ednen saat isto carski dvete voisto vreme stignavme vobolnica ,i dvete imame kerkicki zlatni i TAKAA kolku mozam ke ostanam vo kontakt sepak super pominavme 5 dena dosadni vo bolnica
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
bev vo soba so makedonka turcinka i jas albanka mnogu ubavo si pominav na makedonkata i bese vtoro dete pa ne ucese nas pervi majki panicarki pa cela bolnica ni idese vo soba sto vije na vas sto prajte zurka i den denes kontaktiram so niv
Јас имав само албанки во соба со мене, не знаеја македонски и не ми зборуваа. А јас живеам во населба што е со над 90 % албанско население, па ќе морам да поднаучам малце и следниот пат ако ми се погодат пак албанки ќе знам да си помуабетам со нив
Јас и Felly RR сме пријателки од болница, лежевме 5 дена една до друга. Најинтересно од се е што заборавивме да си размениме телефони и по неколку месеци се најдовме на РР
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
за тебе пријателке! Од сите жени што беа со мене во собата, добив повеќе совети отколку од докторите. И благодарам на РР што повторно не спои! Иако Матеа е неколку саати постара од Миа, многупати овде гледав што ќе пише нејзината мамичка - кога почнала да ручка нешто ново, како го спремила нејзината мамичка и други такви работи, и многу ми помогна.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Јас останав во болница 10 дена и мнооогу жени пројдоа во мојата соба. Многу запознав ама останав во контакт само со две. Со едната се слушаме така само по телефон некогаш. Другата ја запознав еден месец пред да се породам во чекална во Авицена проверувавме скриен шеќер, а нели за тоа се окапува во чекална и така се запознавме, па се погодивме во болница во иста соба и после некое време се сртенавме некаде па се испостави дека мажле и нејзиниот сопруг се знаеле од некаде, па сега комуницираме на ФБ.
jas bev vo soba so dve albanki, ednata bese mnogu fina a drugata katastrofa. celo vreme se derese na mob do 2 navecer i mi go budese bebeto. toa mi e za pamet za ponatamu da si zemam apartman. sakav da go zemam brojot od finata za da si kontaktirame ama si zaminuvase vo ist den so ovaa nikakvava i ne spomnav nisto. koga ostanav sama vo soba i konecno imav mir i bebeto mozese da si spie konecno si dojdov na sebe.
Јас кога се породив уште на интензивна се спријателив со една жена од М. Каменица, цела вечер си правевме муабет, после еден ден бевме во различни соби, па пак не ставија заедно и така и ден денес комуницираме . Со другите иако бевме 6 во соба немаше некоја дружба
Имам и се дружиме речиси пет години. Се спријателивме така што и двете сме мајки на деца кои лежеа на Интензивна нега на Детска клиника подолг период. Се гледавме секој ден во терминот за посета, ние двајца и таа со мажот. Се тешевме, се храбревме, плачевме и се молевме заедно за нашите деца. Потоа бевме заедно на Неонатологија со бебињата, но во различни соби. Многу сме различни, во многу погледи (образовно, професионално, економски...ама ништо не е битно), но не врзува пријателство кое го немам остварено со многу послични луѓе. Семејство А.
Јас бев во соба со една девојка од тетово, супер си поминавме заедно таму, кога излеговме се слушнавме неколку пати, сменивме неколку пораки и толку. Кога не си од ист град да понекогаш да излезеш на кафе, контактите се губат за зал....
Јас супер си поминав во соба со една девојка од Тетово, после тоа се слушнавме неколку пати и толку. За првиот роденден на нејзиното девојче и звонев да и честитам роденден, го сменила бројот и тука заврши. А мајка ми има пријателка од болница што и е сеуште најдобра пријателка, се друзат 35 години. И мазите ги здрузиле па заеднички викенди, одмори.... нејзините деца и јас ги осеќам како братучеди. хахахаха
И јас имам една пријателка од болница, се уште редовно контактираме... На ист ден се породивме, скоро во исто време, бевме на бокс една до друга... Убави спомени... како уште една керќа да имам
Јас во соба бев со една жена Ромка, со трето дете се имаше породено.. ама така беше позитивна, и муабетџика што одма си се најдовме, по цели денови си се занимававме муабети едно друго .али неа ја пуштија еден ден порано, и едвај чекаше дома да си иде и така одма само излета од соба
И јас имам пријателка од болница и ако е од друг град се слушаме често,еднаш се имаме видено и пролетва планираме пак средба.Таа беше породена еден ден пред мене и си отиде порано а тоа попладне страшно ми фалеше.Вечерта донесоа друга која беше породена со царски и имаше и други проблеми,беше со болки кутрата и со лекови па скоро цело време спиеше,могу муабет не направивме,а и јас бев во еуфорија да си одам дома и не разменивме контакти.
Јас бидејќи се породив во Плодост со царски рез, само една вечер на интензивна имав цимерки две породени за сат до два после мене, и цела ноќ не спиевме, возбудени се изнамуабетивме, и потоа другите четири дена си одевме по соби на сокче :))) и денес сеуште си се дружиме, ги чуствувам блиски како цел живот да се знаеме, сепак заедно ги поделивме првите саати од кога станавме мајки, првите гушкања со бебенцата ...
So prvoto since si se porodiv vo rodniot grad i si bev sama vo sobata.A so vtoroto se porodiv vo Kocani i tamu vo soba so mene imase tri rodilki.Vo sekoe vreme imase so kogo i muabet i se napravis i voopsto ne mi bese zdodevno postojano si gi razmenuvavme iskustvata edna megu druga.So ednata od niv se uste sme vo kontakt si gi razmenivme mobilnite stanavme i fb prijateli i redovno se slusame.