baby_bump
|
За жал реалноста веќе ни е таква со се` повеќе насилство, а таа сурова реалност неминовно се одразува врз нашите а и врз животите на нашите деца. Најстрашното на што сум наишла во нашето образование е една чудна психологија кај некои од новопечените родители во стилот: само моето дете е во право, тоа во никој случај не е виновно, виновно е твоето, снајди се па живеј... или моето е најдобро по математика, што ако сите ги тепа? па оди на карате, мора некаде да тренира, ако твоето не може да се одбрани, тогаш ти погрешно го воспитуваш..... Да ви кажам порано, владееше навистина друг стил на воспитување, можеби беше строго, но беше поправедно, зашто мајка ми или татко ми кога ќе настанеше некоја гужва можеа да ме истепаат и мене и брат ми пред да прашаат кој е виновен, а денес, денес мајката на тепачот вели дека тој не е виновен и се заканува со тужба на мајката чие дете е истепано со раскрварена уста, а ако наставникот подвикне или не дај боже потчукне некое дете, тогаш може и работа да изгуби, зашто ги нарушува правата на децата. Е сега јас сум и родител и педагог и навистина ми е тешко да ја најдам средината, но мислам дека треба малку да си ги потстегнеме децата, бидејќи детето е 80% со нас, а верувајте влијанието на наставникот/професорот врз детето, не е толку големо за да може да изврши значајни промени на лошо или добро. Една општа констатација исто така е дека образовниот систем кај нас само сака да образува а многу помалку да воспитува, а тоа се должи на вмешаноста на политиката длабоко во образовниот систем. Е затоа некои ученици имаат секс бомби за учителки, или пак како што велеше една моја внука: мојата учителка секој ден има различен лак за нокти и чевли, мамо сакам и јас............значи детето само тоа успеало да го види кај наставничката, а не да научи некоја буква или песничка. На кратко проблемот има две страни, длабоко срозен морал и етика меѓу родителите од една страна и образовен систем пред распаѓање, не се знае кој што работи, нема правила, нема вредносен систем при вработување, нема казни, нема проверка и евалуација на наставниот кадар туку само партиска книшка. До каде ќе одиме вака не знам.........................
|