|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Патнички проливи
24.6.2011 10:17:32   
Maca25
Патничките проливи или уште наречени и туристички дијареи, во последните години се во пораст, паралелно со порастот на бројот на патниците и туристите кои патуваат во други, првенствено во егзотични земји.

Етиологијата

Етиологијата на овие проливи не е потполно разјаснета, бидејќи во столицата на таквите болни само понекогаш се наоѓаат салмонели, шигели, ентамеба, дизентерија и вибрио колере. Според тоа, не се работи секогаш за патогени причинители, туку се во прашање повеќе бактерии и вируси кои не се сметаат секогаш за патогени. Во поново време е најдено дека некои видови на Ешерихија коли кои досега не се сметани за патогени, можат, под одредени услови да предизвикаат патничка дијареа.

Клиничка слика

Болеста најчесто се јавува после неколку дена од престојот во странска, првенствено недоволно развиена земја, а се карактеризира со појава на профузни проливи. Столиците се воденести, понекогаш содржат слуз, но никогаш крв. Во потешките случаи се јавува мачнина, повраќање, болки во стомакот и мускулите, па болниот е принуден да остане во кревет неколку дена. Болеста обично трае од два до три дена, но проливите може да се јават во атаки и да траат од една до две недели.

Терапија

Терапијата е симптоматска и се состои во рехидрација, вклучително употреба на синтетски антидијаретици, а антибиотиците треба да се употребат само доколку постои оправдана индикација.

Профилакса

Профилаксата се состои во употреба на вода за пиење само од затворени шишиња, избегнување на мраз кој е направен од обична вода, избегнување на термички необработена храна, во прв ред овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот треба да добро да се измијат пред конзумацијата.

Доколку нема можност да се конзумира вода од затворени шишиња, таа треба пред употребата задолжително да се преврие.

Антибиотиците и останатите хемотерапевтици не треба да се применуваат систематски во превенција на патничката дијареа бидејќи оваа профилакса не дава секогаш задоволителни резултати.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Патнички проливи
24.6.2011 10:34:22   
Maca25
Рингерајки, време е на летни одмори, жештини, патувања, освен што се грижиме за проливчињата на нашите најмили, треба да се грижиме и за себе. Затоа пред да тргнете на летен одмор, внимавајте секогаш со вас да имате доболно течности, по можност вода флаширана, линекс или нешто слично. И среќен пат! 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Патнички проливи
24.6.2011 12:23:45   
AnnaMolly RR
Многу ефикасен лек за пролив е чај од едно растение што го берат баба ми и дедо ми од село. Не знам како се вика, јас си ги викам „парички“. Таков е плодот, како суви метални парички user posted image
Секогаш кога имам проблем варам чај, пијам една-две шољи и како нова сум. Ќе се распрашам за името на растението и ќе пишам.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Патнички проливи
24.6.2011 12:25:33   
Maca25
Јас знам дека чај од сушена кора од калинка е многу добар против пролив, како кај деца така и кај возрасни.
Ако му треба на некој кора од калинка нека ми пише имам едн куп дома. За секој случај user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?