Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 8.10.2015 18:24:50
tincule
Дали знете кога се следните уписи за во градинка зашто ние ги пропуштивме овие во Септември пошто моментално татко ми ја чува па имаше натегања да оди да не оди ама како поминува време изгледа ќе мора да ја давам во градинка. И не знам кога имаат уписи кои периоди зашто сега кога бев пред Септември таа директорката една арогантна едвај влегов не сакаше првин апликација да ми даде а не па да ми објасни нешто ама тоа ти е. Гледав и по приватниве ама некако многу ми се скапи бре ќе треба да се стискам за леб при крај на месец .
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 8.10.2015 18:33:26
lukajana RR
Мислам дека нема уписи во градинките ,само одиш и поднесуваш апликација и после чекаш една година да те викнат ,барем во нашата општина така е . Ако планираш да носиш бебе од девет месеци во градинка кога ке останеш бремена прво одиш да го запишеш во градинка па одиш на гинеколог да потврдиш бременост
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 8.10.2015 18:34:10 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 8.10.2015 18:43:24
tincule
Ахахаха ме изнасмеа бре. Значи аплицирам и да чекам ако се ослободи место, или Септември или врски четврто нема. Инаку сме 15 месеци веќе и почнавме и да одиме е не јадеме сами уште. Ама јас не ги сваќам ако аплицирам сега со овие информации а детето ми го запишат за од Септември и ете пишам дека му треба помош при јадење и други такви информации или ете сега нема на ништо алергии а ми реагира после на нешто нели е малку безвезе. Пошто за една година таа апликација не вреди ништо, ако ја дадам сега. Не ми е логично ама ај. Фала ти слатко ме насмеа да ми разбиеш монотија на работа пукнав
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 8.10.2015 22:53:37
Melanija RR
tincule апликација ко апликација ич не се мисли мислиш прв ден кога ја носиш треба дете само да јаде.Тоа тогаш си кажуваш на воспитувачката и дали на нешто има алергија.И на пролет се почнува па ти однеси ја сега апликација и ако сакаш нагласи дека сакаш од таму мислам март беше да почне и да те известат и кажи им дека ти редовно е им се јавуваш инаку сешто е можно
Гардениа како е сега малата?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 9.10.2015 9:30:39
Gardenia
tincule нема врска кога ке ја поднесеш апликацијата,а ако имаш па и врска ќе ти ја примат и за 24 часа,така да поднеси си и сега Меланија,добра е таман се навикна,па сега дома седи со мајка ми,дека некој вирус ли фати или заби незнам,па не спие и кога ноќе ми качува температура,па некој ден ја носам некој не,ама воглавно викаат дека била супер,си јадела,си спиела,не плаче нешто ,само кога ја оставаме
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 9.10.2015 9:45:27
tincule
Епа ништо ако не идам да земам апликација па ќе видиме, јас и не би ја давала сега ама немам ни нерви веќе да се расправам кој кога треба да доаѓа и да ја чува и такви мити некои работи Фала ви во секој случај па ќе видиме како и што ќе биде.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 10.10.2015 9:07:03
Snowhite RR
tincule запиши ја и фаќај врски ако можеш побрзо да ја примат, подобро и за детето, ќе си има ред, дисциплина, ќе си игра со други дечиња, а и за вас, мирна глава, нема да секој ден да се нервираш, да се организираш кој да ја чува, па како ја чувале, па утре да ти прекаруваат како тие ти го пораснале детето Инаку посекако кога ќе почне да оди во градинка детето се пополнува нова апликација и тогаш ќе си ги напишеш реалните податоци за детето
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 27.10.2015 18:23:51
marchi
И јас би го поставила прашањето кога има уписи во градинките, веќе подолго време се убедувам да го запишам но секогаш се плашам од тоа како ќе ја прифати новата средина а и мене ми е малку потешко да го оставам, цело време сме заедно вистина знае да ми го крене притисокот ама не ми се остава
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 28.10.2015 11:29:31
sandriana RR
Конкретно време за упис нема - поднесуваш молба, па потоа одговорните те контактираат кога ќе има место да почне во градинка. И обично се проблем јаслените групи, таму има најмногу гужва. Веќе во групите над 3 години не е многу проблем да се вметне 1-2 дечиња.
Инаку, со малово уште имам проблем наутро кога ја оставам во градинка. Оди веќе 4 полни месеци, и упорно секое утро плаче. Велат дека бргу се смирува, но мене маката ми останува дека сум ја оставиле уплакана.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 28.10.2015 17:58:28
marchi
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR.
Инаку, со малово уште имам проблем наутро кога ја оставам во градинка. Оди веќе 4 полни месеци, и упорно секое утро плаче. Велат дека бргу се смирува, но мене маката ми останува дека сум ја оставиле уплакана.
И јас баш за тоа се мислам. Знаеш неубаво е тоа чувство да си го оставиш детето уплакано. Обично поголемите дечиња побрзо и полесно ја прифаќаат новата средина
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 9.11.2015 12:29:48
Gardenia
Еве да кажам дека Б многу брзо се прилагоди во градинка,не плаче веќе ни кога ја оставаме,одма ги подава рацете кај негователката,си јадела се,дури кога имало отсутни и го давале и нивниот дел од оброкот ,спиела и негователките велат дека е многу умна, си играла цело време.Чудно е плаче само кога ќе ме виде кога ја земам,дали од радост или страв да не ја оставам таму ,ама одма е радосна кога се спремаме за одење,вика,цика,смешки е.