Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Екологија, загаденоста на нашата околина и ко... 13.1.2012 18:10:28
Pepelaska *
После два дена поминати во Скопје гледам дека само се гради и гради, значи сегде бетон, нигде парк , зеленило. Колку е нашиот воздух прочистен? Што дишиме ние и нашите деца? Мислите ли дека треба да се инвестира и во зеленилото малку? Фрлате ли ѓубре на улица?
Јас никогаш не би го сторила тоа, а и многу сум разочарана на оваа тема, не само Скопје туку и кај нас тука ако гледаш од повисоко место над градот има облаци од прашина? Што би промениле доколку би можеле?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 13.1.2012 19:02:31
AnnaMolly RR
Јас сум голем еколог, барем така се сметам себеси. НИКОГАШ не фрлам отпадоци на улица, си ги носам во џеб додека не најдам канта. Се ужаснувам кога ќе видам како некој фрла хартивче или некоја обвивка од јадење на улица. А најмногу ми се лоши кога некој плука и ’рка по улица. Јас и кучето кога го шетам си носам кесиња во џеб и собирам по неа.
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 13.1.2012 19:21:55
Snowhite RR
Леле и мене колку пати ми се случува дома да ги празнам џебовите од хартија или обвивки од нешто што сум јадела. Сепак мислам дека во последно време ситуацијата се менува, барем во нашиот град, мислам дека има дефинитивно поразлична слика во споредба пред неколку години, повеќе паркови, зеленило, чистење од пикавци, сончоглед и друг отпад, поставување канти на повеќе места. Ова зборувам за во центарот, е дефинитвно посреден, е сега за поодалечените места, може да се каже дека горе долу е слична ситуација.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 17.6.2015 13:12:49
vezilka RR
Во ситуација кога ни „снемува дрвја“ ќе се носи закон за урбано зеленило. Законов еднаш беше одбиен во 2013, да видиме сега што ќе се слуќи. Се уште е во процедура. Откако ги исекоа дрвата, сега ќе се грижимекако да ја озелениме, урбаната средина.
Според официјални податоци (ГУП 2013), Скопје во 2011 имало 12,17 м²/жител зеленило (според пописот од 2002), односно 9,18 м²/жител (сметано на 550.000 жители). Како проекција за 2020 е предвидено 18,5 м²/жител, или околу 17 м²/жител според реалниот број жители.
Во законот внесен е стандардот од 25 м²/жител зелена површина, за сите идни Генералниот урбанистички планови како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од 10 до 30%, зависно од намената и локацијата. Во веќе изградени блокови се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста.
Не знам каква е ситуацијата во другите градови, ама на Скопјево итно му треба дрвја!!!!
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 17.6.2015 15:44:38
LoveableMe RR
Ние во РМ општо (јас не сум во тие), не ја почитуваме воопшто животната средина и зеленилото, зошто нит разбираме што е екологија, чист воздух итн. Важно е само дома да е чисто, дворот потсреден, а надвор по улиците и на други места баш ти е гајле.
Татко ми посади во населба борови и сам ги полева со години, многу од комшиите си оставаат коли под нив, им држи сенка, а никој не се запрашува чекај бе на ова дрво му треба вода за да преживее.
Еколошки организации речиси и немаме, со сечава на дрва се пореметуваат многу процеси во природата, гавраниве стануваат агресивни напаѓаат луѓе и еден куп други работи заради немање зеленило, а за загадувањето поради немање зеленило да неп равиме муабет....нема кој да излезе и да направи анализа на ТВ кои се предносите и зошто треба да имаме зеленило во избилие и какво зеленило треба да се сади на кои места, согласно просторот/загадувањето/климата и сл........
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 18.6.2015 10:45:23
sandriana RR
Зеленило, те, зелена површина, и дрва - не е исто. Предвиделе зелена површина, но тоа не подразбира дрва, туку паркови со трва и цвеќе. А тоа пак нема ист капацитет како исечените дрва на чија сметка се градат бетонски зданија, каде ќе живат 300души. Паркчиња со базенчиња, лични аранжмани на цветичи и фенси трева во никој случај нема функција колку што имале исечените 10-25 дрва на тоа место. Ќе се гушиме во сопствените издишни гасови, ќе ни фали кислород, ќе имаме деца со хронични алергии. На Скопје ОЧАЈНО му фалат дрва!
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 18.6.2015 11:09:50
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Зеленило, те, зелена површина, и дрва - не е исто. Предвиделе зелена површина, но тоа не подразбира дрва, туку паркови со трва и цвеќе. А тоа пак нема ист капацитет како исечените дрва на чија сметка се градат бетонски зданија, каде ќе живат 300души. Паркчиња со базенчиња, лични аранжмани на цветичи и фенси трева во никој случај нема функција колку што имале исечените 10-25 дрва на тоа место. Ќе се гушиме во сопствените издишни гасови, ќе ни фали кислород, ќе имаме деца со хронични алергии. На Скопје ОЧАЈНО му фалат дрва!
Да бе баш тоа ми падна во очи. ВО прилог на објаснувањево на ова зошто бараат нов закон имаше некои статистики за метри квадратни зеленило по жител, по општини, и вели во Општина Аеродром оваа бројка најдобро котира и се вбројува во најзелените општини во државичкава ни. И веројатно паркчињава новоизградени со ич дрва, и само трева го прават просеков.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 19.6.2015 9:57:07
Kvisko
Е баш нема да има нов закон за зеленило. Пак го одбиле. И за честитка што го одбиле направиле масакр на дрвата карши Нова Македонија ( не сакам ни да го споман името на она Не-Министерство што сега се наоѓа во таа зграда). Срамота е пова веќе. Изжживување со сите и со се. Бескрајно задоволување на сопствени фрустрации и бекрајно покажување на моќ. Не знам само што им се виновни дрвјата и што сакаат себе си да си докажат.
RE: Екологија, загаденоста на нашата околина ... 19.6.2015 13:27:50
vezilka RR
Само што прочитав за новата дрвосеча и се изнервирав. Си реков, ајдееее ќе носат закон за урбано зеленило, а уочи тоа сечат нови дрва. Ами тие си знаеле што прават, нема нов закон, овј ни е арен, си ич дрва, дас е угушиме ако може.
И за ова имаше вистинска граѓанска иницијатива, иницијативата на паркобранителите, но и тоагш немаше доболно „дрвољубци“ за да стане успешна.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!