JovanaJ
|
Еве ги карактеристиките на „злобните жени“ според хороскопските знаци ,па така ако знаете што е вашата свекрва во хороскоп лесно ќе ја „победите“. ОВЕН – Постојано е во движење и сака да наредува. Кога ќе се изнавика на сопругот и децата, вие доаѓате на ред и тука ви нема спас. Единствено што може да направите е да не и обрнувате внимание и да не дозволувате нејзиниот збор да биде последен. Не плашете се, гледајте ја во очи и купете си заштитна кацига, во случај работите да излезат од контрола. БИК – Оваа свекрва секојдневно околу вас ќе плете мрежи од кои нема да ви биде воопшто лесно да се извлечете. Ќе ви дава совети за храната, облекувањето па дури и сексот. Ќе ви вели дека сака се што саакте и вие, а потоа наоколу ќе кажува дека немате никаков вкус. Тврдоглава е и речиси никогаш не попушта. И се што ви преостанува е да се надевате дека Господ не и дал многу долг век. БЛИЗНАЦИ – Свекрвата Близнак има јазик, кој секој би извадил од памет. Прво таинствено ќе се прикраде и ќе набљудува, ќе ги најде вашите слаби точки, а дури потоа ќе нападне. Зборува без престан и се меша апсолутно во секој сегмент од вашиот живот. Од неа никогаш нема да добиете совет како се готви, пегла, пере... РАК – Под нејзината мајчинска слика се крие една од најстрашните свекрви. Со неа нема шега. Каде што таа ќе „удри“ таму веќе трева не расте. Најдобар начин да се справите со неа е да и се пикнете под кожа и да ја стекнете нејзината доверба. Кога ќе го постигнете тоа, може да правите што сакате. ЛАВ – Заборавете на демократијата и човековите права. Таа не прашува, таа наредува. Тера по свое, не обрнува внимание на никој, а најмалку на снаата. Но таа не го прави тоа од злоба туку спонтано. Доколку еднаш и покажете слабост готови сте, затоа од самиот старт покажете ги забите. Таа е се, само не е глупава и единствено што и треба е достоен противник. ДЕВИЦА – Таа е педанта и убаво воспитана свекрва, од која после седум дена заеднички живот загарантирано ќе ве заболи глава. За среќа, дискретна е и не се меша каде што не и е место. И што е најчудно со текот на времето сами ќе почнете да верувате во се што таа ќе ви каже. ТЕРЕЗИЈА – Оваа жена е една од најпрефинетите, но и најперфидни играчи. Секогаш изгледа беспрекорно. Целата пензија ја троши на козметика, па затоа постојано ќе ви префрла дека не сте доволно средени или дека не водите доволно сметка за нејзиниот син. Најдобро оружје против неа е целосното игнорирање. СКОРПИЈА – Со неа нема да можете лесно да се разберете. На моменти е нежна и искрена полна со желба да помогне, а потоа има потреба да сруши се пред себе. Не го штеди ни сопствениот син , а каму ли па вас што не сте и ништо. Со неа можете да бидете или пријател или непријател, но ви препорачуваме да го одберете првото, бидејќи во спротивно ќе ги изгубите сите битки. СТРЕЛЕЦ – Со ваква жена никогаш не е здодевно. Оваа свекрва постојано ги прераскажува случувањата од соседството, што е помалку иритирачки. За среќа, знае да запре кога треба. Свекрвата Стрелец ја почитува туѓата слобода . Немојте никогаш да ја избегнувате, бидејќи таа ќе ве пронајде каде и да сте. Кога ќе видите дека може да настане караница, вие смирено раскажете и некој сочен трач и се ќе биде под контрола. ЈАРЕЦ – Пред вас е силен, тежок и упорен противник. Тешко ќе можете да и ја пронајдете слабата точка. Кога во животот на вистина ќе ви треба помош, таа ќе биде тука за вас. Но немојте да помислите дека може лесно да ја искористите. Ако сакате да ја победите само кажете и дека лошо изгледа и дека со неа нешто не е во ред. Тоа добро ќе ја раздрма. ВОДОЛИЈА – Необична и весела свекрва. Повеќе ја интересираат проблемите со јужноафриканските верверици отколку што ќе јадете утре. Немојте да и пречите и вашите односи ќе бидат како од бајките. Ако сакате да ја оддалечите од себе, одлучете се за некој облик на студена војна, бидејќи силата неа не и може ништо. Сепак, бидете внимателни. РИБИ – Кога во домот имате свекрва во знакот на Риби, тогаш слободно може да се каже дека имате сериозни проблеми. Толку го разгалила својот син, што тој и сега како возрасен човек ќе бара од вас да го негувате како неговата мајка. Значи, доколку сакате да го делите животниот простор со неа, мора да станете нејзина копија.
|