Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Дали и колку сте сентиментални? 15.4.2013 15:26:09
masa
Ау,јас си бев сентиментална,ама после првата бременост па ептен.Тогаш се за нешто си плачев и детето порасна јас уште се расплакувам на филм или на убава или лоша вест и што нема врска со мене.Многу и ме погодуваат работи,мразам неправди,а се радувам за цел свет!Прееска се расплакав кога читав за вчерашната акција за Најден и така секој ден си пустам по некоја солза на некоја вест
RE: Дали и колку сте сентиментални? 15.5.2013 22:59:30
miana
мојава сентименталност,дефинитивно ке ме убие Ае ја носам керками на забно за потврда за прво одделение,леле очиве насолзени,ке пукнам...Секој збор настрана,ме повредува...Аман веке !!!!!
RE: Дали и колку сте сентиментални? 15.5.2013 23:04:31
Палешка РР
Некако се поретко сум сентиментална. заради тоа имам донесено многу погрешни одлуки, имам премолчено доста работи...некако во последно време се контролирам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Дали и колку сте сентиментални? 15.5.2013 23:09:27
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Некако се поретко сум сентиментална. заради тоа имам донесено многу погрешни одлуки, имам премолчено доста работи...некако во последно време се контролирам
RE: Дали и колку сте сентиментални? 15.5.2013 23:14:34
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
А како успеваш да се контолираш?
Учиме на сопствените грешки. На пример при расправија со некого (најчесто на работа) знам дека моите солзи ќе бидат злоупотребени и не покажувам слабост. Од многу попуштање некако на глава ми се качија многумина, па морам да ги симнам. Мислев дека сентименталност не е = наивност, ама изгледа е.
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 15.5.2013 23:15:07 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Дали и колку сте сентиментални? 16.5.2013 0:36:15
niki
sum sentimentalna, otsekogas sum bila uste od najmala vozrast placam na knigi, filmovi, tazni zivotni prikazni, i togas si se se pustam ne se ni trudam da se kontroliram koga nekoj ili nesto ke me povredi zavisno od situacijata i kade se naogam gledam da se iskontroliram i generalno mi uspeva, iako sum imala situacii vo koi ednostavno ne sum mozela da se vozdrzam deteto, nejzinite dostignuvanja, skolski priredbi, pofalbi od ucitelkata redovno mi predizvikuvaat gordost i silni emotivni cuvstva, radost sreka i redovno mi nasolzuvaat ocite i tuka isto taka tesko se vozdrzuvam i mislam deka e podobro toa otkolku ladnokrvno da gledam i da nemam nikakva reakcija, covek sum majka sum, srekna sum poradi toa i ne gledam zosto toa bi trebala da go krijam od svetot mm isto taka reagira koga e deteto vo prasanje, generalno e laden i krut i ne pokazuva mnogu cuvstva, ama deteto mu gi nasolzuva ocite redovno
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Дали и колку сте сентиментални? 30.5.2013 10:47:00
miana
Леле луѓе утре е завршната приредба на керками,па капи,па диплмоми..Уште сега ми течат солзи,како ке идржам утре? Кажете некој "допинг" за да издржам А после приредба сум на испит и таман пролигавена ке се појавам
RE: Дали и колку сте сентиментални? 23.6.2014 15:16:49
Mila mamicka
Многу сум сентиментална и голема плачка сум. Често плачам од радост и среќа. А откако го добив син ми, па скоро секој ден пуштам по некоја солза радосница. Редовно плачам на венчавки, на детски родендени и сл. Понекогаш се мразам оти сум таква, ама нема лек. Таква и ќе си останам.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
RE: Дали и колку сте сентиментални? 30.11.2014 18:39:54
Defne90 RR
Sentimentalna sum epten mnogu i ponekogas duri ne sakam da sum do tolku.Sekoja sitnica me razneznuva ili rastazuva do solzi.Ama toa e takov karakter sum.Ne mozam da si pomognam.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!