Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
ВЕројатно прашањето е за Скопје ама сеедно.Мислам дека се одлични и дека навистоина помагаат и при бременоста и при породувањето и плус бесплатни се.Барем овде кај што живеам јас.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
На ГАК кажаа дека се закажува во 28 недела од бременоста.И таа недела по 3 дена (контакт број на мобилен) се јави веројатно докторка која ми рече дека е во гужва да ја побарам после 13 часот. Се јавив пак и ми вика па оваа група вежбите почнаа ,јави се после 20 јуни. И викам ама јас ќе бидам 8 месец на време си се јавувам ако ми вика не е пробелем.Ќе се јавам пак на 20ти и ако ми врти има да ја средам со 5 збора
30.6.2013
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Апдејт на мојот пост со вежби на ГАК почнувам од 3 јули ,4 недели, по еднаш во неделата од 18 часот. Едвај чекам и тоа да го доживеам како и се ново во текот на бременоста.Се надевам ќе издржам цел јули по топлото да одима со мм. Како што излезе секоја група почнува на почеток на секој месец, така што и да не сте 28 недела јавете се околу 20 во месецот за ако има место следниот месец да почнете. Ќе пренесам импресии
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Нормално дека твојот доктор треба се убаво да ти објасни за породувањето за бременоста и мислам дека тоа е негова должност...Јас пошто сум вештачки оплодена и сакам ете се да си знам како оди, што оди, кој брис каков брис какво ќе биде породувањето и Др. Таше се убаво ми објаснува и презадоволна сум засега бременоста е супер се надевам и одсега...Пошто верувајте ми ептен се намачив да останам бремена
Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје ја најавува јунската бесплатна едукативна работилница „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“.
Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејство. Бремените жени и партнерите треба да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето (медицински, психо-физички, емоционални) и како да се заштитат себе си и своето бебе. Младите луѓе, пак треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.
Работилницата ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во понеделник, 30.06.2014 год. со почеток од 18:00 часот.
Извор:cooltura.mk/
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје
ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА И ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ( ЈУЛИ И АВГУСТ ) ВЕЖБИТЕ ЌЕ СЕ ОДВИВААТ НЕПРЕКИНАТО. ПОВЕЛЕТЕ ПРИЈАВЕТЕ СЕ! ВО ТЕК Е ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ!!!
Психички и физички добро подготвената идна мајка е секогаш подобро соработлив пациент поради добиените информации, техниката на дишење која се совладува преку овие предавања и вежби. Ве очекуваме! ПОСЕТУВАЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО Е БЕСПЛАТНО!!!
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
sunflower13 ако имаш фб побарај ги таму има информации и телефони а се пријавува кога ќе бидеш 28 недела
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Во четврток, 4.9.2014 година, со почеток од 18:00 часот во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ ќе се одржи едукативна работилница на тема „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“. Влезот на работилницата е бесплатен, а е во организација на Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“. Едукативната работилница е наменета за бремените жени и нивните партнери, со цел да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето, како и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање семејство, кои треба да се запознаат со основните информации за бременоста, за да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.
Пријавувањето за посета на работилницата се врши на bremenost.lulka@gmail.com или на телефонскиот број 078/377-791.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Женски, ај ако некој бил на овие вежбиве на клиника нека сподели дали мора да се почне од 28 недела? Вртам на тој бројот ама исклучен е, а гледам на фб, пишале дека од 1 декември има нова група. Така да валда секој 1ви во месецот почнуваат????? Може да се улета на пола месец?
И уште ова, само жени се дозволени? Мажите ваши одеа? Ова во насока на Ламаз часевите во странство.
Јас а и сите во групата одеа со партнери,и да мислам дека од 1ви заочнуваат.Мене ми се попгоди во 8ми месец да одам и да завршам со влез во 9ти
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Епа здравје и мене така ке ми се фати, ако почнат на време во Јануари. Ајде штом добијам некој на другата страна од телефонот, ке известам за ако има и некоја друга заинтересирана. Леле едвај чекам, мислам којзнае што таму ке ми кажат. И супер што и мажите смеат да одат.
Само да информирам дека сами ми се јавија од ГАК (возвраќаа повик, бидејки тој тел беше недостапен кога вртев), пријатно ме изненадија. Се пријавив за следната тура вежби од 7 јануари, 4 термина биле, секоја среда од 6-8 навечер. ЕДВАЈ ЧЕКАМ!!!
Прашав за тоа дека ке бидам 32 недела здравје и некој ден, рече нема проблем, така треба, пријавувањето започнувало од 28 недела за да може накај 30 веќе да се почне со вежбите. Сопрузите се добредојдени, ке имало посета на родилни сали, разговори со психолози, педијатар.... едвај чекам.
Ако испадне да не с епочнува на божиќ, ке се прејавеле. Да не има некоја друга што се пријавила? Групите биле по 20тина жени.