|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Кариера vs мајчинство
5.12.2014 14:25:22   
Kvisko
Еве јас сум од тие што би сакале двете паралелно да ги тераат.

Сега за сега имам супер кариера, мака мачам да добијам дете. Делумно е и заради кариерата. И јас и мм тераме кариери и сме баш зафатени. Имаме иста кариера и максимално се поддржуваме еден со друг.
Мене кариерата ме исполнува. Благодарејќи на кариерата патувам, гледам нови места, запознавам нови луѓе, откривам нови работи, баш ми е динамично. не можам себе си да се замислам во улогата исклучиво на жена која „одгледува“ деца без разлика дали оди на работа или не оди. Имам и такви примери во околина и јас мислам дека имаш баш „досаден“ живот во кој секој ден е истата приказна и се се врти околу децата, некако како да се заборава на тоа која сум јас.

Кога ќе имам деца се надевам дека ќе можам да балансирам зашто имам колешки што ги балансираат двете работи и баш им е убаво. Не викам дека децата ќе ми ги чуваат други или нема да ги сакам. Ќе ги сакам премногу, ама ќе балансирам со работните обврски. Децата ќе имаат и татко кој ќе учествува подеднакво во нивното одгледување.
За мене кариерата е битен апсект од исполнетиот живот.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Кариера vs мајчинство
5.12.2014 14:41:25   
Mihaela 2010
Имам и такви примери во околина и јас мислам дека имаш баш „досаден“ живот во кој секој ден е истата приказна и се се врти околу децата, некако како да се заборава на тоа која сум јас.

znaci jas sum so striktno rabotno vreme od 8 casa,si imam stabilna i sigurna rabota,si rabotam po struka i doma sum sekoj den vo isto rabotno vreme,i mozam da kazam deka nemam dosaden zivot bidejki nema podobro da dojdes doma i da ti se strca dete uste dur si na vrata i da te gusne i baci..toa pravi da ne zaboravam vsusnost koja sum jas..
mm mozam da kazam deka e povekje karierist od mene bidejki ustvari takva mu e rabotata i mu nalaga da se nadgraduva za da bi mozel da napreduva a seto toa go pravi ustvari za dobroto na familijata
kade i da odime i kerka mi ide so nas,pa duri i do prodavnica,a i nema koj da ja pricuva,ama i da ima mene mi e zadovolstvo da si ja zemam,inaku bi mi falela

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Кариера vs мајчинство
5.12.2014 19:27:57   
niki
kon rabotata imam odnos kako kon kariera, nikogas ne sum imala standardno stabilno rab. vreme, nikogas ne sum gledala samo da odrabotam i da si odam, nikogas ne mi bila vazna samo platata sto ja zemam tuku celokupnite pridobivki sto rabotata mi gi dava i zaradi toa otsekogas se trudam i nadvor od rabotno vreme da se zanimavam so aktivnosti koi bi me napravile podobar rabotnik i bi me stavile vo podobra pozicija i bi mi donele novi pridobivki
i dosega se sto pravam za rabotata mi se isplatilo, mozebi ne vednas no so tek na vreme srekata me nosi tamu kaj sto sakam da bidam
vo meguvreme dobiv i dete i nego si go vklopiv vo vakviot rezim na ziveenje, normalno koga bese taa pomala malku so zastoj no generalno gledano balansiram i imam cuvstvo deka uspesno go pravam toa sive ovie godini iako porano ne mislev taka i nekoi fakti me razocaruvaa
deteto si go sakam i ne mislam deka mu odzimam nesto davajki se na rabotata tuku smetam deka dobiva primer deka so pogolemo zalaganje poveke se dobiva za vozvrat

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Кариера vs мајчинство
5.12.2014 20:28:36   
Hopeful RR
Kvisko и niki, гледам на иста линија сме со размислувањата.

За мене е незамисливо не само да не работам, туку и работата/кариерата да не ми биде битен дел од животот и идентитетот. Отсекогаш сум била многу амбициозна и досега сум многу задоволна од мојот професионален живот. Секако, тоа во ниеден момент не го исклучува семејството. И додека се обидувавме, и сега кога ги чекаме бебињата, работата останува исклучително важна, не само заради мене, туку и заради нив - и во финансиска смисла, но и во социјално-културолошка смисла, односно преку личен пример да сфатат колку е важно човек да работи и да напредува.

Исто како niki, мојата работа не е нешто што го правам за пари, и не гледам да дојде саат и да си отидам дома. Имам нестандардно работно време и редовно останувам прекувремено доколку има потреба од тоа, работам за викенди, а и од дома. Сатисфакцијата што работата ми ја дава е голема и иако знае да биде напорна, си ја сакам мојата работа. Моите колешки со деца работат исто како мене - ниту ги запоставуваат, ниту работат реда ради. Секако дека детето е прв приоритет, но не сум некој што би потфрлил професионално заради тоа. Мислам дека со волја, енергија и посветеност, и најважно со разбирање и поддршка од сопругот, се може да се организира и избалансира.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Кариера vs мајчинство
5.12.2014 21:50:41   
Палешка РР
Мене ми е нехумано овие две работи да ги ставам на вага.
Како да споредувам баби vs жаби.

Мајчинство - со ништо неспоредливо животно искуство, кое од ниедна друга животна опсесија/професија не може да биде засенето.
Кариера - можеби откако малово ќе ми порасне, па ќе имам време да се посветам доволно и целосно на она за што изгледа ме бива.

Сега засега одам на работа, балансирам колку што можам и неможам и уживам во тивката кариера која ме исполнува со енергија потребна за да постигнам се што треба.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Кариера vs мајчинство
5.12.2014 23:30:09   
mamicki
Навистина, се согласувам со Палешка. Нема споредба. Дали да се откажам од кариера за да бидам мајка, или од тоа да бидам мајка, во име на кариерата?
Ако морам, би избрала да бидам само мајка, но би била ужасно исфрустрирана и несреќна, па не знам колку добра мајка би била. Ако пак се реализирам во областа која ја работам, а немам деца (поради личен избор), тоа исто така би направило да се чувствувам фрустрирано и несреќно. Да се биде жена е вистина тешка задача. Но, на сите мајки од срце им препорачувам- нека не се одложуваат себе во име на децата. Подобро нека размислуваат како да најдат решение без да мислат дека немаат алтернатива.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Кариера vs мајчинство
6.12.2014 16:38:24   
tincule
Еве јас само што почнав да идам на работа а малата нема ни 5 месеци, морав а инаку сакав да почека бар дур е малку поголемка ама работата не прашува. Би сакала да бидам поамбициозна и да можам како и колешките да гурам повеќе работи ама неможам, сопругот работи нонстоп дури и дома и прекувремено и за викенди амбициите му се колку палфонот дома user posted image user posted image го подржувам во секој поглед и толерирам многу работи поради неговата карирера ама јас мојата морам да ја гурам тивко, ова дете неможе само да се расте. Јас сум тип на човек што во никој случај не би ја ставил работата и желбите пред детето ама не сакам ни дома да седам закована, сега за сега имам некој баланс и ми е ок а за понатака здравје па ќе видиме. Инаку се да одфрлиш и само со детето дома па што знам ногу депримирачки ми делува, кој може психички да издржи алал нека му е од мене има едно големо БРАВО. И оние мајки кои се одлучиле да се грижат само за децата според мене ја имаат најтешката работа на светот и не се за потценување во никој случај. Но сепак тешко е да ги споредиш а во игра се многу фактори за што и да се одлучиш, и вака и така не е лесно.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Кариера vs мајчинство
26.6.2015 13:58:29   
vezilka RR
Mинистерството за финансии отвора сопствена градинка

Министерството за финансии отвора градинка за децата на своите вработени. Ова не е идеја, туку план кој веќе почнува да се реализира. Кој се сетил да се отвори градинка, дали таа ќе биде наменета само за децата на вработените, дали ќе ја плаќаат дополнително, колкав капацитет ќе има и слично, од Министерството вчера не сакаа да одговорат.

Накусо само рекоа дека таа ќе се отвори „во насока на подобрување и олеснување на условите за работа на вработените“. „За повеќе детали, јавноста ќе биде известена наскоро“, изјавија од Министерството за финансии, пренесува Утрински.
Инаку, се чини Министерството за финансии ќе биде првата институција во државниот сектор која ќе отвори градинка за своите вработени. Ова Министерство веќе е лидер меѓу администрацијата по иновативни идеи, кои на запад се практика, а кај нас за некои се' уште табу-тема. Не е тајна дека во Министерството за финансии за вработените се организираат часови по јога, предавања од областа за здрава храна и слично. Сето тоа е дел од проектот за тим-билдинг „Ручај и учи“ со кој се организираат работилници, предавања и други активности. Дали сето ова што во некои развиени држави е потреба, а не луксуз, ќе стане реалност и кај нас во другите институции, времето ќе покаже.

Извор: skopjeinfo.mk

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Кариера vs мајчинство
26.6.2015 19:50:53   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ova e za pozdrav :) Sakam da rabotam vo ova ministerstvo :)

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Кариера vs мајчинство
8.7.2015 15:22:12   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Mинистерството за финансии отвора сопствена градинка

Министерството за финансии отвора градинка за децата на своите вработени. Ова не е идеја, туку план кој веќе почнува да се реализира. Кој се сетил да се отвори градинка, дали таа ќе биде наменета само за децата на вработените, дали ќе ја плаќаат дополнително, колкав капацитет ќе има и слично, од Министерството вчера не сакаа да одговорат.

Накусо само рекоа дека таа ќе се отвори „во насока на подобрување и олеснување на условите за работа на вработените“. „За повеќе детали, јавноста ќе биде известена наскоро“, изјавија од Министерството за финансии, пренесува Утрински.
Инаку, се чини Министерството за финансии ќе биде првата институција во државниот сектор која ќе отвори градинка за своите вработени. Ова Министерство веќе е лидер меѓу администрацијата по иновативни идеи, кои на запад се практика, а кај нас за некои се' уште табу-тема. Не е тајна дека во Министерството за финансии за вработените се организираат часови по јога, предавања од областа за здрава храна и слично. Сето тоа е дел од проектот за тим-билдинг „Ручај и учи“ со кој се организираат работилници, предавања и други активности. Дали сето ова што во некои развиени држави е потреба, а не луксуз, ќе стане реалност и кај нас во другите институции, времето ќе покаже.

Извор: skopjeinfo.mk

Ova e za pozdrav :) Sakam da rabotam vo ova ministerstvo :)

Хихи вади книшка user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Кариера vs мајчинство
30.1.2016 18:13:14   
Estera
Немам никаков проблем со тоа што некои жени ке си одберат да работат. Мајка ми е исто работела и имала време и за нас и за домот.
Јас лично не работам, тоест немам стандардна работа како некои од вас. Порано работев како волунтер, но се одлучив да сум дома со децата, ги имам 4 па личнојас сакам да бидам и да иодгледам. Мм работи од дома, а има и некои проекти надвор од дома.
Јас сум срекна што сум дома со моите деца, интересно ми е и не ми е досадно. се сретувам со мајки кои имаат повеке деца, така да споделуваме фрустрации и се охрабруваме една со друга Ние многу често и патуваме, на конференции, си шетаме. Фала му на Бог за оваа можност да бидам дома и да имам доволно. Мојата кариера е да изведам 4 сина на добар пат, каде што ке ги почитуваат лугето и нивните разлики, да се борат за изнемоштените, осамените, злоупотребените....
Се надевам да успеам во тоа.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Кариера vs мајчинство
10.6.2016 13:52:47   
Палешка РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Мене ми е нехумано овие две работи да ги ставам на вага.
Како да споредувам баби vs жаби.

Мајчинство - со ништо неспоредливо животно искуство, кое од ниедна друга животна опсесија/професија не може да биде засенето.
Кариера - можеби откако малово ќе ми порасне, па ќе имам време да се посветам доволно и целосно на она за што изгледа ме бива.

Сега засега одам на работа, балансирам колку што можам и неможам и уживам во тивката кариера која ме исполнува со енергија потребна за да постигнам се што треба.

Хм. Од оваа временска дистанца, не се согласувам со своето мислење. Во меѓувреме детето ми потпорасна, добив ново работно место на кое му треба огромна посветеност и постојан ангажман дури и од дома, дури и во викенд. Нема класично работно време, обврските ти траат дури не ги завршиш.
Терам паралелно мајчинство и работен ангажман. Не би го нарекла кариера, бидејќи изразов ми е смешен за нашава маќедоња. Балансирам и му префрлам обврски со помалото дете на сопругот. Поголемото дете навелико си живее свој живот.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Кариера vs мајчинство
11.6.2016 11:59:15   
marchi
moeto dete e 3+ godini dosega kako majka mislam dobro se postaviv,sega detet kako dete ne saka doma saka vamu saka tamu a sam da go pustam nadvor uste e rano pa cesto se kavgame a doma si ima obvrski mislam deka sega mi e sansata da si se posvetam malku povejke na sebe da si gi dopolozam ispitite i da diplomiram a cekam i za nekoja nedela da me povikaat na probna rabota pred da se dogovorime za vrabotuvanje.
e sega koga deteto e pogolemo mene mi e zal ama i mnogu jasno deka si ima i svoi potrebi pa moram da go nosam vo gradinka,nemu normalno deka mu e po malku zdodevno so mene imame razlicni interesi vo tekot na denot.
i da ovie dve raboti ne se za sporeduvanje,se znae koga majcinstvoto e bas na prvo mesto i deka nekoj den ke dojde vreme da karierata se stavi nekade malku napred. decata rastat i koga ke stanat sposobni da se grizat za sebe nie majkite na sto bi se posvetile?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 163
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?