|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Пнеумонија
3.6.2012 0:45:25   
Bela Bela
Moze nekoj da mi kazi zosto se koristi temjan na gradite (i od kolku vreme)i jagneska maramica za vreme na pneumonia,kako pomaga toa?I moeto dete imase pneumonia koga imase 14 meseci i toa cel mesec,posle sekoj zavrsen antibiotik pak go vrakase i taka 3 pati i ni kazaa deka toa mu e od sto koga pie tecnosti mozno e da mu odi vo plukata i taka mu se inficira.Od togas ne fati poveke pneumonia ama cesto potkasluva i isfrla slajm kako nekoj pusac da e.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Пнеумонија
12.1.2013 0:40:06   
paranoid
Welcome back ми фалеше разговорот на сајт од ваков тип... се враќам со нов ник.

Очајна сум!

Пред Нова година 2-3 дена (ден после денот поминат на планина) прво почна да го боли уво, почнавме со Зинат антибиотик, после 2-3 дена почна да поткашлува, и баш за Нова година се гушеше од кашлање, значи кашлање буквално до гушење. Тие денови 3 дена по ред одевме на детско одд. кај нас (не сум од Ск)и сите три различни д-р рекоа дека ништо немал. Дури и барав да го снимам на ренген, уредна беше снимката.
Во средата после Нова година го однесов кај д-р во Козле (едвај дочекав), ми рече дека е бронхопневмонија, со десно малку намалено дишење Едвај додржав да не се расплачам пред д-р, надвор додека чекавме резултати од анализи (леукоцити 10) убаво се исплакав и решив дека ќе барам од д-р да не задржи во болница. Така и сторив иако ни рече да ни даде Сумамед и за 2-3 дена да се вратиме на контрола, не сум од Скопје само ќе се мавам по патишта, ја замолив да не остави се јави на нејзин оддел ни најде место и не примија. Лежеме 6 дена до вторникот терапија Толикарт (барав не можев да најдам што лек е антибиотик? знае некој тука?), Урбазон првите денови, Вентолин инхалации, после Аеросол, за пак да не вратат еден ден на инхалации (во неделата се договоривме со д-р дека би можело да не пушти за Бадник, ама не беше уште добар) , и пак на Аерсол Вентолин. Во вторникот не прегледа рече добар е, доста е подобрено, ни ги воведе инхалациите со Пулмикорт повторно, Аериус антихистаминик за алергија, Тафен назал спреј за во нос, и три дена Аерсол Вентолин. Дијагноза: Бронхијална астма, Пневмонија обострана, VA- зголемени крајници, Воспаление на средното уво
Контрола на 30.01.2012. до тогаш ќе полудам.
Еве трет дена како сме дома јас сум целата во паника.
Немам сила за ништо, цел ден плачам.
Не јадам скоро ништо, не спијам до 4-5 часот, избувнувам за секоја ситница.
Се плашам пак од истото

(Одговор на членот Bela Bela)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Пнеумонија
12.1.2013 0:50:49   
kikicka
Ајде Параноид не паничи ќе се среде детето, му се собрало се. И него му е тешко дури и најтешко. Терајте со терапија како што ви кажале и гледај што повеќе овошје, зеленчук и течности. Здравата исхрана има големо влијание во текон на заздравување. Овој месец има доста дечиња кои ги знам во болница што се баш поради истата дијагноза.Еве разгледај овде некој алтернативен лек за пневмонија можеби и че ви помогне дополнително, зошто да не ако веќе имало ефект кај некој.

< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 12.1.2013 0:53:25 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот paranoid)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Пнеумонија
12.1.2013 11:04:47   
Maca25
параноид чим оди на подобро, не паничи. Детето е под терапија и нема потреба од плачење. Ти како мајка мора да бидеш прибрана и да имаш сила да го негуваш болното дете, а не да плачеш и да немаш сила за ништо.
Терапијата која ви ја пропишала докторката во Козле, инхалации, свежо овошје и зеленчук, домашна здрава храна, цедени сокови - ова се за зајакнување на имунитетот и детето ќе биде како ново. Скоро сите сме поминале еднаш/ или повеќе пати низ пневмонија или бронхитис. Има 3 страници наназад, прочитај ги, ќе видиш дека не си единствена мајка која поминала низ ова.

Му посакувам што побрзо оздравување на твоето детенце.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Пнеумонија
5.4.2013 1:04:54   
Acee
Да се приклучи и еден татко во дискусијата.

И мене ме интересира лекот со темјанот како се подготвува, дали е тоа оној темјан што се продава по Храмовите, која количина е потребна и слично. Ако може нешто подетално.

Инаку нашето бебенце со сопругата моментално се во Козле. Лековите 2 дена наместо во вена без да проверат му ги давале паравенозно и надвор од вена, затоа што му била изместена инфузијата. Раченцето му беше отечено. :(
Инаку дијагнозата ја смениа неколку пати.
Прво било вироза, па потоа демек имал и бактерија, па по најново нема бактерија.


(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Пнеумонија
17.10.2013 23:13:47   
eli07
Eve i nie da se prijavime tuka :(( Ni dijagnosticiraa pneumonija so bronho opstukcii (ali navodno poblaga forma na pneumonija i zatoa ne ne primija vo Kozle) Imame 15 meseci i ova ni se slucuva 3 pat.Prviot bese negde 10 meseci se izlecivme so Zinat, vtoriot pat zavrsivme vo Kozle i eve sega za 2 meseca sme pak bolni.Jas stvarno ne znam sto se slucuvauser posted image user posted image E sega ovoj pat imame druga maka.Pravevme analizi prvo bese virus.pa posle izleze bakterija.Pak sme na Zinat i inhalacii so Ventolin 3 pati dnevno.Veke pieme 3-ta doza na Zinat (go otruv deteto) i sme podobri no on seuste kasla i toa "zdravo" kasla.Ima slajm na veliko vadi pusti so drenazi,so aspiratori se probavme ama on pak se gusi (posebno naveser od slajmovi).Doktorkava nekako izgubena... Znaci 3-ta nedela sme na terapija i ne moze da se izlecime.DAli e toa normalno???Ve molam za sovet.... nekoja majka da ne e vo slicna situacija user posted image user posted image

(Одговор на членот Acee)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Пнеумонија
17.10.2013 23:30:01   
rina13
Ние пред 2недели имавме бронхитис што е ете да речам чекор до пневмонија.Антибиотици се утепавме пејќи првите 2 ги повраќаше па панцефот некако го изгуравме.Паралелно фати стомачен вирус,секое кашлање повраќаше комбинација за никаде.Сето тоа од градинка.(за нас градинка веќе е завршена мисија).Кога сме дома дали 2пати и има протечено нос.Поентата ми е ако идете во градинка паузирајте еден период да се обнови имунитетот,зашто при вакви инфекции ако го вратите пребрзо во изворот на заразата опасноста од секундарна инфекција е многу голема а и инфекцијата знае да биде потешка.

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Пнеумонија
25.11.2013 11:35:15   
mimi*
Здраво на сите
И ние имаме многу мака со пнеумонија и бронхит. Мојот сим има две години а се мачиме вака веќе една година. Секое течење на носето завршува со наод на градите. Ни една цела недела не издржува да е здрав. Од било која причина кога ќе почне да му тече нос завршува на плуќата. Цело време е со антибиотици. Некаков спас наоѓаме кај една стара жена која му вади шлајм со пердув. Сепак немам храброст да го оставам без антибиотици само на вадењето на шлајм со пердув, односно го носам на лекар и му ги давам сите препишани лекарства а пареалелно со тоа и го носам да му вадат шлајм со пердув. Прочитав погоре за некаква дренажа што ја прават во Козле. Знае ли некој да ми објасни што поточно е тоа и како ја прават.
Поздрав

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Пнеумонија
25.11.2013 11:43:38   
Mihaela 2010
mimi drenaza ti e tapkanje po grpceto,da ne se zadrzuva slajmot,kolku sto znam,bidejki nie pred dve godini isto zavrsivme vo kozle,pa znam sekoj den po dva pati doagaa i ja tapkaa,ja legnuvaa na grpce,potocno malku na strana i ja tapkaa,samo sto malava imase uplav od toa pa edvaj ja dodrzuvavme,posle tapkanjeto (mene povise na tepanje mi licese),i brckaa so stapce vo usta za da go povrati slajmot

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот mimi*)
Непосредна врска до пораките: 84
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?