|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Студенски денови
19.6.2014 12:48:28   
Felly RR
Хехе, што убаво ме вративме и мене во студентските денови, а може па и сме се среќавале таму - Стив (менза - читална -диско) - ПМФ. Најубавите денови ми беа тоа. Живеев и во Стив и во ГОце, ама Стив дефинитивно најубавото дружење беше.
А одев и на ПМФ дури и на предавања. Не ми текнува кој предмет беше, 4 година ама професорот бараше редовност, и пушташе список, па јас одев со колегите од сестра ми, се потпишував за неа, и следев предвања.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Студенски денови
19.6.2014 12:55:24   
mama_06
Да, ги нема бараките. Секако дека сега имаат поубави услови ама тогаш Стив имаше х-фактор. Со цимерките и ден денес сме во контакт иако поминаа многу години. Бев на сите на свадба, а исто и тие.
Прв пат кога дојдов во Стив тато ме донесе. Влеговме внатре јас онемев. Ми вика ај чао, си одам јас. Јас по него со торбите....па плачки и рикачки. Одвај ме убеди да останам. Уште вечерта си се запознав до комшиките и супер ми почна студирањето. Првото одење дома ми беше спектакуларно. Не можев да и се изнарадувам на шољата во ВЦ, на топлата вода...
Ако може да се каже проблем, тоа беше што не разбирав што ми кажуваат на дијалект. Имав цимерки од Кавадарци и М.Каменица и ама ништо не рабирав. Толку беа стрпливи што за два месеци точно знаев да распознавам кој на каков дијалект зборува. Толку отидов далеку што дури и акцентот знам да го фатам на кавадаречки, мојот омилен дијалект даааа.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Студенски денови
19.6.2014 13:13:51   
princessa
Можно е да сме се сретнале, никогаш не се знае. Еве видиш сите на исти места сме биле, па пак се наоѓаме. Сега ме фати носталгија за тоа време иако само пола студентски живот таму го поминав, повеќе во сеќавање ми остана. Во стан е е некако поинаку, изолиран си, само дружбите на факултет остануваат. И мене ми се допаѓа карпош, таму цело време како студент останав, таму беше машински. Еххх камо да можев да тркнам до бифе на едно кафе или до драмски сеедно, да паднат некои заборавени муабети...

< Поракaта ја уредил princessa -- 19.6.2014 13:14:40 >


_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Студенски денови
29.11.2014 1:56:54   
caciana
Samo 5 meseci ne sum student ... i veke studentskite denovi zapocnaa da mi nedostigaat user posted image

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Студенски денови
29.11.2014 23:04:41   
mamicki
Ehhh, nostalgija me fati... odamna beshe, ama so zadovolstvo bi se vratila nazad niz vremeto do studentskite denovi, makar i vo najloshiot den od toa vreme.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Студентски денови
29.11.2014 23:28:47   
scared RR
Ех сега скоро поминаа студентските денови ама не беа исти како на почетокот, почетокот си имаше некоја посебна магија што би се рекло. Но сепак средношколските денови мене ми беа за нијанса поубави user posted image

< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 30.11.2014 10:55:13 >

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 31
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?