Hopeful RR
|
Девојки, сакаме да ставиме посебен солар само за нашиот стан. Вчера гледавме во Меркур многу добри системи, и тоа по пристапни цени. Ни рекоа дека за нашето семејство доволен е 150л бојлер, кој како цел систем кошта 18.490 ден. Монтажа е плус, од 5-7000 ден, што исто не е страшно. Бојлерот е иноксен, има гаранција од 5 години, а електрониката од 1 година. Доброто е што не работи само како систем што претвора сончева во топлинска енергија, туку светлосна во топлинска, што значи дека дури и во денови во кои нема сонце, а се ведри (кога не е лето), дека грее до кај 20-30 степени, што е супер. Исто така, се изненадивме од фактот дека има и термостат и функционира и како класичен бојлер по потреба, односно во зима или кога ти треба повеќе вода, може да се вклучи да догрее. Па така, се мислиме ич да не ставаме класичен бојлер, ем ќе го растеретиме купатилото, ем ова поевтино доаѓа. Може да се спроведе и во кујна, па не треба ни мало бојлерче плус. Дали некој има искуство со овие системи? Денес ќе го контактираме монтерот за да дојде и да види што како може да се спроведе, па ќе ви пишам пак.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|