Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Значи освен што не научиле да зборуваме, да јадеме, да одиме, да се облекуваме-соблекуваме, да се шминкаме, што ни останало од родителите како најдраг совет, животно школо, некоја мисла или поука од нивните искуства кои ни ги пренеле или на кои сме биле сведоци?
Добри нешта кои ни се врежале во глава, како трајни впечатоци, поучни случки кои делувале како совети...?
Или како лоши примери... какви не сакаме да бидеме, можеби...?
RE: Што научив од родителите... 22.10.2009 11:48:53
mother 29
Ме научија да бидам своја, да се прифатам себеси таква каква што сум, а не каква што другите сакаат да бидам... ме научија дека ништо во животот не се зема здраво за готово, туку дека мораш да бидеш цврст и да не потклекнуваш пред искушенијата со кои што секојдневно се среќаваш... од нив научив и дека не е убаво да се успее со помош на лага и газење преку лешеви за да го добијам она што го сакам - кога тогаш, казната те стигнува... научив дека е важно да се образувам, да учам, да работам, дека не е срамота да работиш било што се додека заработуваш на чесен начин; и дека од зборови нема многу фајде, побитни се делата...
Им замерувам што ме научија да не ги покажувам чувствата - тоа е добро ако не сакаш другите да знаат колку ти е тешко или колку те повредиле, ама пак не е секогаш добро да затајуваш како навистина се чувствуваш - и се трудам тоа да го променам - засега добро ми оди..
RE: Што научив од родителите... 22.10.2009 14:42:19
zami
Me naucija deka: *zborot neznam nepostoi *mora da se uci *mora da se raboti *mora da se slusaat i pocituvaat postarite *ne smee da se laze * za kradewe, pa duri i pozajmuvawe da ne pravime ic muabet * ....
I so sestrami pred nekoe vreme ni pukna filmot i ja sednavme i i kazavme ,,Pa dobro bre morase li sve taka da ne naucis, pa sega da sme crnci na rabota, i sekoj sto ke kaze nie samo da slusame i usta da ne otvarame,,
Se nadevam deka ke uspeam sin mi da go vospitam taka kako sto me vospitale i mene
< Поракaта ја уредил zami -- 22.10.2009 14:43:40 >
RE: Што научив од родителите... 22.10.2009 16:38:49
vezilka RR
се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..
RE: Што научив од родителите... 22.10.2009 16:42:40
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..
RE: Што научив од родителите... 22.10.2009 18:00:08
Еца
Многу работи научив од нив, многу.Но најблагодарна сум им што ме научија да бидам ЧОВЕК. Ме научија дека на парите треба да гледам како средство за егзистенција, а не нешто за што треба да газам се пред мене. Ме научија дека животот не е розев,но дека после лошото секогаш доаѓа убаво, ме научија да бидам своја и за секоја моја одлука тие само потпис ставаа иако секогаш не се сложуваа со мене,но ме оставаа да погрешам за да научам. Им благодарам што ми беа мои најдобри другари и секогаш тука за мене. Ме научија дека треба да простувам и да ги сакам дури и оние кои ме повредиле, бидејќи и јас некогаш некого ќе повредам и ќе барам втора шанса.
Единствено за што им замерувам е што ме научија дека не треба да се карам со постари и да молчам, и да молчам, што во последно време го менувам и тоа наголемо
RE: Што научив од родителите... 23.10.2009 15:14:35
kiki_riki
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..
иако некои работи денес се товар а не доблест (чесност, почит на постар исл.)
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
RE: Што научив од родителите... 21.1.2012 14:06:38
miana
Od majkami nauciv mnogu raboti..Seto rabotno iskustvo sto go imam e blagodarenie od majkami.Od nea nauciv deka ne treba da se otkazuvam lesno vo zivotot,tuku da bidam uporna i deka koga se saka se moze..