|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Црвено - стоп, жолто - подготви се, зелено - ...
10.9.2013 21:18:25   
vezilka RR
Деновиве учиме со Никола кога се поминува улица. Му кажувам песнички за семафорот, читаме сликовници на таа тема, и најважно го учиме тоа и во пракса додека шетаме. И се супер, одлично ни тргна, ја свари поентата за неколку дена. Арно ама денес додека ние чекавме да се уклучи зелено, два тројца поминаа на црвено. И детево ме прашува зошто, јас му викам не се умни, може кола да ги згазне, и чичко полицаец ќе ги кара сега. Нешто не му беше јасно. Мислам дека остана во дилемата зошто некои поминуваат на црвено, а ние не.

Дали кога сте со децата секогаш чекате да се вклучи зелено, па да поминете? Како разјаснувате вакви дилеми? И на кој начин ја учите сообраќајната култура со вашите дечиња?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Црвено - стоп, жолто - подготви се, зелен...
10.9.2013 21:47:56   
Felly RR
Секогаш на зелено, јас и сама да сум, чекам. Ако има некој што на црвено преминува и кажувам и јас дека тој не е умен. Веќе си има научено дека само на зелено се преминува, и ако на сред улица се смени црвено, застанува и вика: Стоп, сега е црвено.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Црвено - стоп, жолто - подготви се, зелен...
10.9.2013 21:50:44   
niki
ha hah, isto kako kerka mi
me prasuva sto znaci znakot na kukata sproti nas
velam zabraneto parkiranje
a taa, a ovie motorive zosto gi parkirale
pa koj go stavil znakot i zosto ne go pocituvale
i odi ti pa objasni

druga nepravda
ja ucime pred da premine da pogledne levo pa desno i pak levo
i taa a zosto dva pati levo a ednas desno, nema li da se luti desnata stranauser posted image

ucime niz primeri i pozitivni i negativni
citavme i edna enciklopedija sega skoro so soobrakajni pravila
tatko i e poveke zadolzen za ovaa tema, dodeka se vozi so nego toj i kazuva koj sto pravi vo soobrakajot i sto e ispravno
inaku taa ni e sovesta vo kola, redovno ne opomenuva da se vrzeme site




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Црвено - стоп, жолто - подготви се, зелен...
11.9.2013 9:57:00   
AnnaMolly RR
Ова Филип го научи во градинка.

Си пее една песничка и секогаш кога ќе видиме семафор ја пее.
Вака некако е рефренот:

Прво око значи стој,
да не биде после ој.
Второ око спреми се,
тргни сега на мој знак.
Трето око тргни ти,
нека ти е среќен пат.

:)))))

Инаку исто така сме виделе некој на црвено да помине и цел збунка беше. Исто како тебе Везилка му објаснив, дека тие не се умни и дека ќе ги кара полицаецот.
За семафор знае дека треба да се чека, туку јас не можам да го научам да не излетува на улица без да погледне дали иде кола. Тој ќе се стрча на сред улица и тек после ѕирка дали има кола :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Црвено - стоп, жолто - подготви се, зелен...
11.9.2013 23:52:19   
vezilka RR
Хе, хе, да и нам Никола ни е совеста во кола. Тој кажува кога ќе смени во зелено, демек срга можеш да возиш тато, му вика полека ќе.се судриме, не се вози бргу, се вози полека. Кога вртиме го прашува возчот, дали дал жмигавец, хе, хе ова често ни се случува во такси. Ги заклучува вратите. Е со врзувањето некогаш имаме проблем, некои денови, баш никако не прифаќа да се врзи. И тоа мора некако да го средиме.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Црвено - стоп, жолто - подготви се, зелен...
28.11.2013 19:11:31   
Mihaela 2010
Ova ni e oddamna poznato. uste lani i kupiv kniga so soobrakjajni znaci so pomesruvanje na koli i signslizacija. koga trgna vo gradinka ucea pesnicka semafor i ucele za znacite. a i koga odime so kola so komentira za semaforite koga cekame

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Црвено - стоп, жолто - подготви се, зелен...
28.11.2013 23:17:16   
Felly RR
Ние кај мајка ми имаме една наша книга за сообраќај, и во последно време сака да и кажувам што се случува. Со основните сообраќајни правила сме запознаени од поодамна, ама сега и е поактуелно дека и во градинка истото го учат, еве денес правеле семафор во градинка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?