|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Што мислите за машките солзи?
16.5.2014 16:03:07   
Defne90 RR
Еве уште една тема и најдов инспирација за неа од мое лично искуство.Значи скоро секогаш се сретнуваме со оној израз биди маж и не плачи.Но колку тоа во практика е така.Дали мажите навистина не плачат или само не го прават тоа пред друг за да не мислат другите дека тие всушност се слаби на своите чувства.Еве да кажам.До пред некоја година мислев дека машките солзи се само одраз на патетика и дека мажите не плачат.Ама тоа се променик кога го видов мојот сопствен маж како плаче заради тоа што сите беа против нас и нашето неродено бебе и поради тоа што тогаш навистина се наоѓавме во една безизлезна ситуација.Е тогаш можам да кажам дека нешто се скрши во мене.Си помислив и тој знаел да ги наполни очите со солзи и да заплаче.И тој се наоѓа во една многу тешка ситуација и не се труди да ги сокрие солзите.И сватив.И мажите се луѓе со чувства и емоции како и ние жените и нивните солзи воопшто не мора да значи дека се всушност показател за тоа колку тие се емоционално нестабилни.И кај нив како и кај нас солзите се одраз на душата и на она што мажот го чувствува.Според мене слабак не е оној маж кој ќе заплаче и ќе ја покаже неговата чувствителна страна пред жената,слабак е оној кој се прави дека ништо не го засега и не го допираат никакви емотивни ситуации затоа што тоа во практика не е точно туку тој тоа го прави зарди неговото машко его ..Кое е вашето мислење за ова?

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Што мислите за машките солзи?
16.5.2014 17:51:06   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
Значи скоро секогаш се сретнуваме со оној израз биди маж и не плачи.Но колку тоа во практика е така.Дали мажите навистина не плачат или само не го прават тоа пред друг за да не мислат другите дека тие всушност се слаби на своите чувства.


,,Биди маж не плачи,, ова стварно мислам дека е изрека кај некои.Ете баш така и јас кажувам некогаш па на мало машко дете ,, не плачи голем си ,ајде машко си нетреба да плачеш,,. Колку несвесно и многу не намерно тоа им го пренесуваме.Се замислив одсега ќе пазам ,стварно нема логика. Децата се примаат па колку и да се мали тие во тој момет го сфачаат сериозно.
Па после такви изреки се користат и меѓу тинејџерите на шега ,ех и низ цел живот.

А зошто?Плаќењето е емоција и нема врска со полот.Па има доста жени кои знам дека ептен во некоја животна ситуација само би заплакале, зарем се слаби на чуства?
И друго велат машките солзи се тешки user posted image дека ако маж заплаче тоа во најголем број случаи било поради емоцијата љубовuser posted image ама притаено

Признавам дека и мм има заплакано пред мене и со зборови ,,ако не заплачам мисиш не ми е тешко,, а ако заплачам значи навистина ми е тешко

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што мислите за машките солзи?
27.11.2014 19:15:34   
caciana
Maskite solzi se isto kako i zenskite solzi, jas ne gledam nekoja razlika tuka. Postojat i zeni koi sto ne se placki, postojat i mazi koi sto se plackovci. Mojot decko e mn emotiven i redovno pusta po nekoja solza, od sreka , od taga... Jas prifakam deka moze i maz da zaplace , toa e izrazuvanje na emocii nisto stramno i strasno user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Што мислите за машките солзи?
28.11.2014 20:53:03   
scared RR
Иако ретко ги има, и ретко сум ги гледала, сепак мислам се искрени и исто толку болни како и женските..

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?