Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Акција и донирање за настраданите од поплавит... 17.5.2014 22:02:49
Melanija RR
Со почеток од 12 часот на пладне, утре на плоштадот Македонија ќе се одржи хуманитарен собир, инициран од група граѓани, со цел да се соберат што е можно повеќе донации за нашите соседи погодени од поплавите.Настанот ќе трае до 17:00 часот, по што собраните материјали ќе се пренесат до погодените подрачја.
Ова се пунктовите за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава: Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква Плоштад Македонија – 12 часот Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката) Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови) Битола – 12 часот, плоштад Магнолија Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите
Сите граѓани, корисници на мобилни комуникациски услуги, ќе можат да донираат по 100 денари плус 18 проценти де-де-ве со повик на следните телефонски броеви:
070 143 400 од мрежата на Т-Мобиле
077 143 400 од мрежата на ВИП
075 143 400 од мрежата на ОНЕ
Извор:Курир.мк
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 17.5.2014 22:04:39 >
RE: Акција и донирање за настраданите од попл... 19.5.2014 8:50:00
Felly RR
Денес од 10.00 час до 17.00 час на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во организација на Општина Прилеп и Општинската Организација на Црвениот Крст се организира хуманитарна акција за собирање на конзервирана храна, облека и храна за бебиња, постелнина и средства за хигиена за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. НАПОМЕНА: Сите оние наши сограѓани што не се во можност во предвидениот временски период да ја достават својата помош на поставените пунктови на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ можат пред 10.00 часот наутро и после 17 .00 часот попладне да се упатат во просториите на Општинската Организација на Црвениот Крст каде ќе можат да ја достават помошта.
Информацијата е преврземена од група на ФБ.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.5.2014 8:53:15 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Акција и донирање за настраданите од попл... 19.5.2014 13:42:55
Melanija RR
Хуманитарен концерт за нашите браќа и сестри жртви на поплавите од Србија и Босна и Херцеговина
Македонската продукција „Авалон“ организира голем хуманитарен концерт под мотото „Македонија за нашите браќа и сестри од Србија и Босна и Херцеговина“ следната среда, 28 мај, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Концертот ќе го отвори Кристина Арнаудова, потоа ќе настапат Тони Зен, „Ареа“, „Нокаут“, Каролина со проектот „Македонско девојче“, а концертот ќе го затвори Влатко Стефановски со неговото трио. Сите артисти ќе настапат со свои групи во живо.
Во продажба ќе бидат пуштени сите 10.000 влезници по цена од 500 денари од 21 мај (среда) преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“
Концертот е откажан
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 20.5.2014 22:30:06 >
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Акција и донирање за настраданите од попл... 20.5.2014 22:29:19
Melanija RR
Авалон продукција се откажува од организирање на хуманитарниот концерт кој што беше планирано да се одржи на 28ми мај.Се отстапува од најавениот концерт со желба на концертот што треба да се одржи во понеделник на 26 Мај да се соберат што е можно повеќе средства за помош на настраданите подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.
===========================================
Да се обединиме во хуманоста!
Владата на Република Македонија, преку Министерството за култура организира голем хуманитарен концерт, а сите средства кои ќе бидат собрани ќе се донираат за настраданите од поплавите кои го зафатија Балканот.
Концертот ќе се одржи на 26-ри мај (четврток) во СЦ „Борис Трајковски“. Мотото на овој настан е порака која треба да не води сите „Да се обединиме во хуманоста“.
Веќе е објавен рекламниот спот за овој концерт, на кој ќе пејат најголемите ѕвезди од Македонија: Каролина, Калиопи, Тамара, Тијана, Нокаут, Некст тајм, ДНК, Гиш, Дани, Миле Кузмановски, Џорлев, Ефто Пупиновски, Виолета Томовска, Сара Мејс, Ѓоко Таневски, кристина Арнаудова, Димитар, Елена и Бени.
Цената на влезниците е само 150 денари. Влезниците се веќе пуштени во продажба низ цела Македонија.
Извор:Курир.мк
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни