Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Ние ќе правиме крштевка во недела. Нашата кума не сака ништо ништо ама ич ништо. Не сакаме ни ние ништо за да не се троши. И на крај ќе видиме што ќе излезе работава, сигурно циркуз ќе бидеме и ние и она. Јас планирам да и купам еден убав новчаник и неприметно да и го ставам во ташна, а со мм се договоривме пошто не сака ништо, да му купиме на син и патики пошто кутрата само се жали дека од кога почна да вежба кошарка детево секој месец патики му купува. Инаку ние имаме прекрасен другарски однос со кумата, на мм му е најдобра другарка и многу не се замараме кој што како, ова се ќе биде онака чисто од душа и срце. Битно е сите убаво да си поминеме во недела.
Planirame da go krstime bebushov koga ke idame za MK.Togash on ke ima 3,4 godinki. Jas i mm sme krsteni, mm ne e mnogu zaiteresiran deka mora da se krsti a jas sakam. Moze i jas ke smenam mislenje do togash i ke ostavam na nego koga ke porasne da odluci,neznam sasega mislam da go krstime.Sto mislite vie kolku e vazna krshtevkata
Јас сум воспитана во духот на христијанската религија и според мене крштевката е важен дел од неа.Мислам на тоа и се темели христијанската религија де.На крштевањето.Ние и двете деца ги крстивме по поминувањето на неполн месец од нивното раѓање.Овде кај нас обично децата ги носат на крштевање откако ќе им падне папчето и секако ако не е ептен студено па да се одложи за некоја недела.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
Крштевката е важна и тоа многу.Тоа е првиот свечен и важен чин на секој човек.Тоа е првото свечено влегување во црквата на секој Христијанин.Потоа следуваат уште два такви важни моменти во животот на секој крстен човек.Јас сум за крштевање на детето,колку помало,толку поубаво. Двете деца ги крстив на 1 година.Но како што кажа Дефне има места каде што бебето се крштева веднаш по раѓањето,и според мене тоа е најдобро.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
За мене крштевката е многу убав чин. И двајцата со мм сме верници, крстени сме во црква, венчани сме, па така и синот си го крстивме на 6 месеци. Јас сакав и порано, ама девер ми не беше тука, а сакавме да присуствува. Правевме крштевка во ресторан, само со домашните, кумовите, старосватите и деверот од свадба. Во договор со нив, на кумот му купив часовник (5500 денари), на кумата кожна ташна и кожен новчаник (околу 5000), на ќерката нивна облека (3000 денари). На старосватицата и купив (знам дека не треба, ама ми беше желба) исто новчаник од Бата, а на старосватот и деверот им купив кожни ремени од Бата. Кумата ми даде пари, за јас да си го дотерам син ми како што сакам (беше преубаво дотеран од Окаиди), ми донесе златна алка за него, и торта. Сметам дека се треба да се прави со договор.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
Дали знае мамички некоја од вас колку се плаќа во црква за крштевање? Јас сакам што поскоро да си ја крстиме ќеркичката па прибирам информации :) Знам дека е можно секаде да е различно па затоа прашувам поточно за СК....
Најтазе чини 3.000 ден, поделбата е 2.000 родители и 1.000 кумот,но по мене се е работа на договр.Две бели свеќи од по 50 ден и една жолта 15 ден.За црква дар сапун,зејтин и пешкир.Тоа е се
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Најтазе чини 3.000 ден, поделбата е 2.000 родители и 1.000 кумот,но по мене се е работа на договр.Две бели свеќи од по 50 ден и една жолта 15 ден.За црква дар сапун,зејтин и пешкир.Тоа е се
Фала ти Меланија РР многу :) а зашто е сапунот? Онака некој адет или се бања детето со него, ако се бања да знам што да земам ... малце глупо прашање ама од кај да знам хехе
Планираме за брзо да правиме крштевка за малите...е сега за во црква знам дека треба крпа и сапун за попот, за кумавите дарови кога ке ги каниме...тоа е тоа или има уште?? за бонбончиња ме интересира ги порачувавте од каде колку или ги правевте сами???
Закажавме на роденден да правиме крштевка и сега се спремаме,облеката во црква ке си ја купам јас,и реков на кумата дека сум порачала за да не се натегаме зашто сакам сама да си одберам и се договоривме таа да си купи што сака друго,прашавме се плаќа 4000 и тоа 2500 родителите и 1500 кумот. Сега сум во дилема што да купам за дарување ,за кумата мислев некоја убава колекција со парфем и нешто слично или накит Сваровски а за детето некоја убава играчка (има две години) или евентуално нешто облека.Ако имате идеа добредојдена е
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
Деновиве има една актуелна тема, КЛИК тука, во однос на најновата забрана за крштевање на бебињата? Што мислите? Колку е важно ова за вас? Би се сложиле со ваквата забрана?
Мое мислење е дека крштевањето е избор на родителите и е важен чин во бракот, веднаш после венчавката во црква и мене не ми е логично да им се забранува на родителите да ги крштеваат детето. Навистина можеби кога ќе пораснат можат да одлучат дали сакаат да останат во таа вера или да преминат во друга, но сепак религијата е личен и интимен избор и не знам што им требало тука да се мешаат. А поготово пак уште повеќе ме нервира што се ограничиле само на христијанството, а знаеме дека во Европа живеат и луѓе со други религии. Што не им забранат нив да прават обреди од нивната религија за кои треба детето подоцна да одлучи во животот?
Јас сум за крштевање на децата, сметам дека е тоа важен чин и сум против оваа забрана.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Јас не сум претерано религиозна но основните христијански обичаи и големи празници си ги терам како што ме воспитале. Воспитана сум во христијански дух. И јас си ги крстив децата точно на годината.И според мене оваа одлука треба да биде на родителите, па децата кога ќе бидат полнолетни можат сами да си одлучат дали ќе останат во таа религија или не. Ако е така како што се пишува дека со самото тоа им наметнуваме религија , ние како родители им наметнуваме и храна и начин на облекување и начин на живот, а кој би ако не ние додека не ги осамосталиме. Според мене ова е жива глупост и мислам дека не треба да биде прифатена.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
Еве од моја гледна точка, јас да си напишам како атеист мое мислење. Син ми е крстен (а ние со мм сме венчани во црква затоа што тој си е верник и му беше многу важно). Воопшто не ми пречеше да го крстиме во црква, зашто и јас сум крстена, па понатаму избрав да станам атеист. Да потенцирам дека не сум антихрист, никогаш не сум му зборела против тоа да верува, татко му го носи во црква, му збори за дедо боже, исто така и моите и неговите родители му зборав за вера и слично. Никогаш не сум ги прекинала или, пак, да ги карам или да го зборам спротивното.
За мене лично крштевката не е важна, ама доколку за верниците е важна, секако дека во никој случај не поддржувам нејзино забранување. Всушност, не поддржувам забранување за ништо што е нечиј личен избор.
imam slusano deka koga nekoj saka da se venca vo crkva baraat krstenice od site vo familijata.nie sme vencani samo vo maticno.i sega ako e taka koga ke dojde vreme deteto da se venca tatko mu na 0 god ke se krsiti? ili pa nie dvajca pravoslavn i deteto ke cekame da porasne da si izbere religija? spored mene nema smisla toa sto go kazale tuku aj.
Не бараат за цела фамилија, само за младоженците. А и не бараат документ, туку само прашуваат.
Во однос на моето мислење за крштевка - мислам дека ако веќе се прави, барем да се почека додека е детето доволно големо за да му биде интересно и да памти, да може само да учествува во церемонијата. А не вака, кумот го држи во раце, го брцкаат во вода, па плаче... Некако ми е ко за туѓ мерак, штознам.
Јас имам комплексен однос кон верата, не би навлегувала, и сега за сега не планирам крштевка, посебно не додека се бебиња. Не сакам драми и свечености, трошоци и про форма работи, фрлање пари и ставање други луѓе во була... Ако се одлучам за крштевка, здравје понатаму, ќе смислам начин како тоа да биде симболично и симпатично, а не како мини свадба.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
A zasto kako na svadba i sestra mi i deverot koga pravea krstevki na decata im bevme samo najbliskite i kumovite i tolku krstevka vo crkva i posle bo restoran na rucek i tolku i taka jas mislam oti e najubavo
Hopeful RR и првиот роденден е некаква свеченост и секако на него ги каниме најблиските членови од семејството и некои поблиски пријатели и повторно изгледа како мини свадба. А за да избегнеме дупли трошоци обично крштевката и првиот роденден ги правиме заедно така да исто ти се фаќа. Дали е како свадба , со трошоци, без трошоци(секој носи поклон колку што му се можностите),сепак мораш да ги поканиш најблиските. А чинот крштевање според мене треба порано да се направи ако веќе се прави, не знам што би им било интересно на децата доколку се поголеми, дури и од попот можат да се уплашат.Според мене глупост е и правење роденден во игротека на деца до 3 години. Колку може дете до три години да игра во игротеката и да ја иживее треба по него и до него да си.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
Деновиве има една актуелна тема, КЛИК тука, во однос на најновата забрана за крштевање на бебињата? Што мислите? Колку е важно ова за вас? Би се сложиле со ваквата забрана?
Мое мислење е дека крштевањето е избор на родителите и е важен чин во бракот, веднаш после венчавката во црква и мене не ми е логично да им се забранува на родителите да ги крштеваат детето. Навистина можеби кога ќе пораснат можат да одлучат дали сакаат да останат во таа вера или да преминат во друга, но сепак религијата е личен и интимен избор и не знам што им требало тука да се мешаат. А поготово пак уште повеќе ме нервира што се ограничиле само на христијанството, а знаеме дека во Европа живеат и луѓе со други религии. Што не им забранат нив да прават обреди од нивната религија за кои треба детето подоцна да одлучи во животот?
Јас сум за крштевање на децата, сметам дека е тоа важен чин и сум против оваа забрана.
Навистина не ја разбирам потребата од ваква забрана, прво зашто и да не се крсти детето во црква, ако родителите се христијани, тие повторно ќе му ја наметнат религијата, ќе му зборуваат за верата и религијата во која веруваат, само што нема да може во црква да го носат. Второ, зашто ако детето кога ќе порасне сака да ја смени верата, може тоа да го направи, да се крсти во друга вера, односно да премини во друга вера која сам ќе си ја избери
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
hmm ne znam kako tocno da se izrazam ama ova mi doaga kako demokratijata da ne gi uskratuva demokratskite prava da si se izrazuvame kako sto ni e volja dali ke go krstat decenceto roditelite ili ne toa e nivno pravo na izbor. jas sum za krstevanje na dete , sinko go krstivme na 9 meseci ubavo si pominavme maliov bas i ne placese saka kapenje , e sega momentot koga go izvadija od voda si poplaka ama nisto strasno, si bevme najbliskite, nashite roditeli, braka-sestri, kumot, deverot ,prvi bracedi i 3 parovi nashi prijateli.. okolu 50tina gosti imavme vo crkva bevme site, i posle si bevme na rucek vo restoran, sekovme torta i tolku doma si imav namesteno masa kako za mini zakuska pa od kafana dojdoja 10tina gosti na kafe i taka... ne beshe kako za svadba ama imashe troshook, iako gledavme da skratime kolku sto se moze i pak plativme okolu 1000 evra (mozi i ekstra nesto plus ) , boze zdravje i za vtoroto si sakam pred godinata da napravam krstevka.
Зошто само Света тајна од Христијанството се смета за наметнување на религија не некој што не може да избира? И кога би се дозволило - во полнолетство? Во црква не смеат да вршат кршевање на малолетници? Тогаш не смеат да присуствуваат ни на литургии, служби и сл. церемонии? Тогаш да се забрани и сунет, обрежување и сите останати церемонии што се вршат врз малолетници и во другите религии.
И таман ќе помислиш од сите глупости направија закони,тие еве ти ги ,инвентивни мајката,измислуваат глупост над сите глупости. Прво како што викаат другите членови,ќе треба да се забранат сите религиски обреди од сите вери,а и друго кој може да му забрани на детето да смени вера кога ќе стане полнолетно? Јас сум верник,но не тврдокорен,имам проблем со начинот на кој се поставени одредени работи во црквата,но сепак крштевањето ми е една од најубавите и најсветите обреди во христијанството.И мислам дека никој не смее да им го скрати правото на родителите да го воспитуваат детето така како што тие сакаат и мислат дека треба.Кога тоа ќе стане свој,самостоен човек секако му останува можноста да избере како и во што ќе верува во животот. И друго,што правиме со тоа дека некрстен човек ,не треба да влегува во црква?!? Ќе чекаме 18 години за прв пат да влезе ?!? Е така не се негува ни христијанството,ни било која друга вера
Крштевањето е првиот свет чин кога мало дете за првпат влегува в црква и ја прима религијата на своите родители.И никако не треба да се забрани и да се скрати тоа право на родителите.Значи родител е затоа, одговорен е за своето дете не само за крштевањето туку буквално за се.И воопшто не го сметам за наметнување на религија тоа што родителот ќе си го крсти своето дете и ќе го учи да ја нагува онаа религија на која и самиот тој и припаѓа.Ако е така значи треба да се забранат сите религиски обреди и тоа не само во христијанатвото туку и во другите вери.Што секако според мене нема никаква логика.Убаво е напишано погоре, детето откако ќе наполни осумнаесет години никој не може да го спречи да си ја смени својата вера и да се оддаде на друга религија.Според мене тотална глупост е ова и се надевам дека нема да стапи во сила овој закон.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!