|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Детски меморандум за родители
12.12.2009 21:48:59   
ripce
 1. Немојте да ме размазите. Многу добро знам дека не можам да имам се' што ќе посакам. Јас само ве искушувам.
2. Немојте да се плашите да бидете строги
. Тоа ми се допаѓа. Покажете ми каде е моето место.

3. Немојте со мене на сила.
Тоа ме учи дека единствено силата се почитува. Подобро ќе реагирам на совет.

4. Немојте да бидете недоследни.
Тоа ме збунува и ме тера да бегам од секоја обврска.

5. Немојте да ветувате.
Можеби нема да можете да го одржите ветувањето, па ќе ја изгубам довербата во вас.

6. Немојте да им верувате на моите провокации кога зборувам и правам работи само за да ве растажам
. Можеби се обидувам да дојдам уште до некоја "победа".

7. Немојте премногу да се растажувате кога ќе ви кажам дека ве мразам.
Не мислам сериозно, ама сакам да ви биде жал за она што сте ми го направиле.

8. Немојте да правите да се чувствувам помал отколку што сум.

9. Немојте наместо мене да правите работи што можам да ги направам сам.
Поради тоа се чувствувам како бебе, а може да почнам и да ве чувствувам како слуги.

10. Немојте да дозволите моите лоши навики да го обвземат целото ваше внимание.
Тоа ме охрабрува така да продолжам.
11. Немојте да ме корегирате пред други. Ќе бидам многу повнимателен ако со мене разговарате тихо и насамо.
12. Немојте за моето однесување да дискутирате за време на кавга. Не знам зошто тогаш слабо слушам, а не сум склон на соработка. Во ред е да се превземат неопходните мерки, но дискусијата одложете ја за подоцна.
13. Немојте да правите да имам чувство како моите грешки се всушност грев.
Морам да научам да грешам, а и покрај тоа да не се чувствувам злобен.

14. Немојте постојано да ми приговарате.
Ако тоа го правите ќе морам да почнам да се правам глув. Немојте постојано да барате објаснувања за моето однесување. Понекогаш навистина не знам зошто нешто сум направил.
15. Не ја преценувајте мојата чесност. Можам лесно да почнам да лажам.
16. Немојте да заборавате дека сакам да експериментирам. Јас така учам, па ве молам да бидете трпеливи.
17. Немојте да ме штитите од последиците.
Морам да учам и од сопствено искуство.

18. Не посветувајте преголемо внимание кога сум полесно болен.
Може да почнам да уживам во лошо здравје, ако ми овозможува големо внимание.

19. Не одбивајте да ми одговорите кога барам одговори на нормални прашања.
Ако ме одбивате, ќе видите дека ќе престанам да ве прашувам, а информациите ќе ги барам на друго место.

20. Немојте да ми одговарате на смешни или бесмислени прашања.
Ако ме одбиете, ќе видите дека само сакам да се занимавате со мене.

21.Немојте да ми кажувате дека сте идеални и непогрешливи
. Со такви луѓе тешко е да се живее. 
22. Немојте моите стравови да станат ваша тегоба. Тогаш уште повеќе ќе се исплашам. Покажете ми дека сте храбри.
23. Немојте да заборавите дека не можам да пораснам без многу разбирање и поддршка:
заслужената пофалба знае некогаш да изостане од ваша страна, ама критиката никогаш.
24. Третирајте ме како свој пријател, па и вие ќе бидете мои пријатели.
25. Запомнете:
повеќе учам од примери отколку од критики.



< Поракaта ја уредил ripce -- 12.12.2009 21:50:25 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Детски меморандум за родители
12.12.2009 21:52:11   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image колку прекрасно вклопено...само би ставила во насловот и поздрав до бабите и дедовцитеuser posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Детски меморандум за родители
12.12.2009 21:53:42   
ripce
Со кои од наведените точки се согласувате, со кои не?
Дали можеби применувате некои од точките во односот со вашето дете? Кои се тие?
Дали можеби некоја од овие точки вашето дете ви ја предочило дека сака да ја применувате во вашиот однос кон него?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Детски меморандум за родители
12.12.2009 21:55:24   
mami
се согласувам со сите горенаведени...прекрасно е напишано до ззборче, а и ке се трудам да ги почитувам сите..сега во рамки на можностите и моментот

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Детски меморандум за родители
12.12.2009 21:58:14   
Еца
11. Немојте да ме корегирате пред други. Ќе бидам многу повнимателен ако со мене разговарате тихо и насамо.
Проверено и делува. Кога ќе го направам пред луѓе зема уште повеќе сила и продолжува со она што го намислила.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Детски меморандум за родители
13.12.2009 1:15:49   
Боцко
фантастично!
ќе и го покажам на жм па ќе си разработиме стратегија да ги вклопиме и примениме и оние малку преостанати точки.
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Детски меморандум за родители
13.12.2009 1:35:08   
nadica
се согласувам со сите горенаведени...прекрасно е напишано до ззборче, а и ке се трудам да ги почитувам сите..сега во рамки на можностите и моментот


потпис

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Детски меморандум за родители
13.12.2009 10:53:44   
nana
Баш убаво напишано, некои од точките ќе си ги штампам и ќе ги закачам на видно место да се потсетувам во моментите на нервоза user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?